1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.907
    Допаѓања:
    103.083
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]

    Женски,збор два за кремиве? Сакам да пробам некоја од овие две , оваа на виши е поевтина а за другава чекам 30% попуст па да ја земам, вие што препорачувате , ги имате ли пробано? Инаку имам мрсно лице и 24 години :D
     
  2. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.968
    Пол:
    Женски
    Предлог поевтина крема за тинејџерки.Не можам да се решам никако. :lol:
    Иначе имам прилично мрсно лице, поготво Т-зоната.
    Моментално користам Дове, али е премрсна за мој вкус и потешко впива.
    [​IMG]
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Можеш да ги пробаш кремовите на Авон од линијата Naturals, 75 мл се а чинат околу 150 ден :)
     
  4. susi

    susi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Јас денес ја купив кремата на биотен за нормална до комбинирана кожа имам мрсна т зона мослам дека ми е погодена баш за моево лице дневна хидрантантна лесна не е мрсна и лесно се впива.:)
     
  5. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    114
    Луѓенца, кремава loreal triple active day има возрасна граница? одам во парфимерија прашувам и продавачката ми вика аа девојче таа не е за тебе и ми а покажува и гледам исто некоа loreal triple ама нешто за брчки беше. и викам ама не ја барам оваа, друга.ми вика епа нема таква, не постои. уф! :^)
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Има секакви видови од оваа линија, си пишува на кутивчето дали е со антиејџинг формула или не.
    Во Тинекс провери, најчесто имаат доволно залихи од кремава.
     
    На Butterfly.girl5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Очигледно не била информирана продавачката, овие четири креми можеш да ги користиш слободно во зависност од типот на кожа, немаат антиејџ состојки и се наменети за секојдневна употреба. Сто пати се подобри од Нивеа, Гарниер и сличните.
    Оваа ти е за сува и чувствителна кожа:
    [​IMG]
    За нормална до комбинирана:
    [​IMG]
    За многу сува кожа:
    [​IMG]
    За мрсна и комбинирана кожа:
    [​IMG]
    Иако пишува дека се дневни можеш и навечер да си ги користиш, а доколку купиш ноќна користи ја само навечер. Погусти се, похранливи и делуваат само навечер кога ќе заспиеш и ќе ти се опушти кожата на лицето како и сите ноќни креми.
     
    На simoncelicius и Butterfly.girl5 им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Најново користам од ЕВЕЛИН, презадоволна сум и со цена, хидратација, мирис, цена, ама баш со се. :)
     
  9. an4ii

    an4ii Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.907
    Допаѓања:
    103.083
    Пол:
    Женски
    Денес си се подновив со кремата Clinique Superdefense Spf 20 , ја земав 18 евра 30 мл , втор пат ја земам и сум презадоволна
    + ми дадоа тестерчиња , 1 сјај за уста и две креми , едната препоставувам е за под очите а другава за што е ако знае некоја да ме упати :D

    [​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Веќе неколку месеци ја користам L'oreal triple active anti-shine дневната крема за комбинирана до мрсна кожа па да споделам впечаток. Лесна крема, лесно и брзо впивачка. Многу е хидрантна, секундарно кога ќе дојде во допир со кожата одма си го осеќам лицето дека ми е навлаженето, омекнато и кожата ми го добива оној природен сјај.Нема потреба од нанесување на дебел слој туку доволна е сосем мала количина да се нанесе за кремава да си ја изврши функцијата. Мат ефектот кај мене со мојата комбинирана кожа не е целодневен, за 2 до 4 часа што е малку разочарувачки веќе се осеќа мала мрснотија на т-зоната на топло време, верувам дека на тоа поле на ладно време кремава многу повеќе ќе ми одговара. На пакувањето пишува дека може да се користи и како ноќна крема ама јас си ја користам исклучиво како дневна, а како ноќна крема си ставам кокосово масло. Сума сумарум убава задоволителна дневна крема, јас сум задоволна. Цената ако добро се сеќавам мислам дека беше 379 ден.

    [​IMG]
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.907
    Допаѓања:
    103.083
    Пол:
    Женски
    Женски , претходно пишав но никоја не ми одговори,оваа кремава на Clinique- moisture surge за која возраст е ? Да не е за 40+? Ми ја дадоа како тестер па ако не е за мене кеја дадам на мајка ми

    и нешто др сакам да прашам , кај ги чувате кремите за лице? Јас досега ги чував на собна температура значи не во тоалет , а прочитав декае подпобро во фрижидер да се чуваат несамо кремите туку се од шминка , па кажете баш што е подобро ако не да ја ставам во фрижидер :D
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас мислев да ти пишам ама изумив скорз. Нема возрасна граница кремата туку е за интензивна хидратација, ако не се лажам за сите типови на кожа одговара затоа што дава само хидратација не се замара со себуми и такви работи. :lol: Мислам дека има и смирувачко дејство, слободно користи ја не е за здрела кожа.
    Структурата и е многу лесни и супер брзо впивлива. Јас кога ја користев (исто од тестерче ко твоето) морав врз неа да ставам пак друга крема затоа што одма ми се упиваше, а кожата ми е и така сува.

    Јас целата козметика ја чувам во мојата соба, нормална собна температура до сега не ми се случило да ми се расипе или уништи нешто поради температурата.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.705
    Да ми препорачате крема за сува кожа,нека е и поскапа само да хидрира добро. На челото вчера си забележав линија,плитка е ама ме изнервира. :)
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Waka јас и ти исти маки си имаме :|
    И јас едно време си видов таква линија - брчка на челото и дигнав паника, појма немам од што ми исчезна затоа што нон стоп ги менував кремите тој период.
    Најсув дел од лицето ми е челото, на другите места ми е ок кожата онака нормална, а носот ми свети само. На челото последниве два месеци навечер нанесувам кокосово масло, не секој ден преку еден ден. Подобрување има, кожата ми е станата поеластична, помазна и не ми се лупи повеќе, сигурна сум дека може да помогне и против појава на брчки. Поробај со маслово.
    Општо со кремиве веќе им го изгубив редот, секој пат купувам некоја различна и ретко од која да не сум била задоволна и чудно ама сите ми прјаат на кожава и скапите и ефтините така да немам поим која да ти ја препорачам веќе... Во секој случај земи некоја хранлива масна крема и нека биде наменета против почетни брчки, ако несакаш ова со кокосот. :)
     
  16. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    8.861
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека веќе кога се појават оните тенки линии тешко дека ќе исчезнат со креми освен да се ублажи состојбата да не станат подлабоки :) , впрочем на чело па ретко кој нема линии, мора од некаде да се почне :D .
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.705
    Од сувоста на кожата веројатно ни се појавува. Мене кожата на челото ми е катастрофа,ептен ми е сува. Едно време мислев дека ми е од шампонот,па сега со детски се бањам.

    Ќе пробам со кокосовото масло,го користев едно време и прилично бев задоволна,ама фати лето и престанав.Ќе земам и некоја крема па се надевам дека ќе има подобрување некакво,зошто ме нервира да ја гледам. :|
     
  18. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_0115.JPG
      DSC_0115.JPG
      Големина на фајлот:
      123,1 KB
      Прегледи:
      213
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sinorinJa

    sinorinJa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Нивеа висаж
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Стави масло од невен (по можност домашно направено, а не некое фушерско), има да ти го препороди лицето.