1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    На ова гелче мислиш така? Единствено од морски алги за нормална ама и мешана кожа е ова. Или има некое посебно само за нормална?
    [​IMG]

    Јас го имам истото ама го користам само еднаш дневно, навечер кога ми е чисто лицето, со целосно отстранета шминка, инаку ми е многу млитаво :)
     
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Јас го имам користено гелов погоре и баш ми беше добар, инаку имам комбинирана кожа. Шминка отстрануваше многу лесно и не беше агресивен ниту ме правеше како зациментирана после тоа. Сепак не би го препорачала на некој со сува кожа затоа што нема да му одговара сигурно.
    Мирисот ми се допаѓаше многу, јас баш сакам така малку по тревкасти мириси, ме будеше наутро. Инаку дали суши бубулички не знам затоа што ретко ми излегуваат, но не ми создаваше нови сигурно.
     
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и на 50 години ќе пишувам во темава.
    Ај, бар мислат уште сум во пубертет и маслово ќе ми спречи јако брчкање, се надевам. :lol:
    Ова е моето свето тројство.
    IMG_20141202_173808.jpg
    Ги користам нешто повеќе од две недели, ама лицето ми е тонирано, избелено, порите смалени, и не ми излегла ниту една акна, иако сум во ПМС кога обично сум лом.
    Мицералната вода е најубавото нешто што го имам ставено на лице. Чисти ептен темелно и дава свежина. Тонерот страшно мириса на б'лгарска роза, ама одлично спречува мрсење. Се прскам насабајле и гајле немам после. Кремата малку знае да зачеша, ама го повлекува црвенилото и кожата ја прави мазна. Шуќур!
     
    На СлипингБјути, tinkerbelll, Libera и 8 други им се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    ги има во аптека овие производи?
     
  5. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Го разгледав твојот блог и сакам да те прашам од каде ја купуваш природната вода од роза и која цена е? Благодарам однапред :)
     
  6. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Да да, на тоа мислам. :D
    Јас пак дека не користам шминка, идеално ми е само за чистење од нечистотиите низ целиот ден.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125

    Од Струга ја земам и тоа ретко можеш да ја најдеш. Околу 200 ден беше :)
     
  8. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Штета, јас сум од Скопје....а баш ми изгледа како убав продукт :) И јас го имам истиот проблем со тониците, ме нервира што оставаат леплив слој и никако не можам да најдам некој што би ми одговарал. Сепак фала на одговорот :)
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Не знам за во аптека, можеби ги има. Јас од Космо ги земав.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Beti82

    Beti82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски

    Колку чинат овие производи?
     
    Последна измена од модератор: 17 декември 2014
  11. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Кој е расположен за совет нека помогне. Никогаш не сум имала проблем со кожата на лицето, напротив.
    Во последен период почнувам да забележувам темни кругови околу очите кои на слика делуваат жолти и даваат како да кажам болен изглед на лицето. Пробав со кремата на балеа за темни кругови околу очи и не ми помогна. Редовно го чистам лицето, не користам многу шминка, не секој ден но кога морам гледам да е сведено на минимум, но жолтиот предел околку очите останува. Не е само под окото, туку и од страна. Како што кажав, на слика делува страшно!
    Што би можело да биде? Производ кој препорачувате да го користам?
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    @zenska пред да купуваш било каков производ за овој проблем, оди на лекар и консултирај се со него.
    Да сум на твое место би испитала крвна слика и урина, чисто да знам дека жолтилото не е поради некаков здравствен проблем.
     
    На zenska и honey.bunny032 им се допаѓа ова.
  13. honey.bunny032

    honey.bunny032 Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Можно е да е причината поради некој хормон, најдобро оди на лекар, направи ги потребните испитувања и ќе видиш која е причината.
     
    Последна измена од модератор: 18 декември 2014
  14. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Што користите за ситните брункички? Ги имам многу на челото и нз што да и направам ..
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Мицералната вода е околу 850 денари, кремата е 1260 (округло ги кажувам цените, може да е +/- некој денар), а тонерот не знам, ми го подарија уз овие производи, мада пошто тој големиот чинеше накај 1300, по некоја логика иде дека штом мојов е пола количина од тие, ќе му дојде и пола цена т.е. од 600 до 700 денари некаде. За мојава кожа вреди за секој денар, ама би препорачала и консултација со дерматолог или бар со вработените пред да се купат производиве, сепак да не биде џабе фрлени 50ина евра.
    Јас пошто имам комбинирана кожа, од оваа крема ставам само на критичните делови, а за образите морам да ја користам Бекутан витаминската инаку отидов јабана. :nod:
     
  16. Kartman

    Kartman Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    [​IMG]
    Акцијава ја имате во Космо.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    1.990
    Нека не ве лажат дерматолозите дека акните се појавувале од храна, од чоколадо, од нерви од не знам шо..
    Бев на дерматолог минатиот месец, препорачан.. кога ми изваде листа не јади ова не јади она, од ова ти се, од она ти се.. ко и кажав дека јадам многу благо во несвест ќе паднеше..
    Еве ме периодов каков стрес и депресија претрпев, тоа нерви невидени имав друг да беше на мое место комотно ќе полудеше, колку благи и чоколади изедов една фабрика може да банкротира и еве ме мозолче немам, да не се зачерам ама стакло сум..
    А пред тоа ни на ум не ми паѓаше чоколадо а во лицето бев минско поле..
    Навистина можеби ете кај некој тоа може да е причинител, ама јас мислам дека нема врска храната и стресот, се е до организмот и хормоните. :)
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Храната влијае на хормоните.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    1.990
    Не сакам да те разочарам, ама ги користев истите прозиводи отприлика месец и пол.. (имам пишано наназад на темава) И јас како тебе во почетокот бев живи радости кога видов колку ми е мазно лицето, колку не ми се масти н т-зоната и не ми се појавила ниту една акна.. ама тоа сето да ти било затишје пред бура, по месец кога ми рипнаа гнојни акни колку една петлица не знаев што да правам ме фати паника, арно ама после прочитав дека уствари целта на кремот била да го извади гнојот на површина.. Муабетот ми е да ти кажам ако се случи тоа да не се зачудиш и испаничиш како мене, јас откако ми се доведе до таа состојба лицето почнав да ставам антибиотик и за две недели ми се среди па еве до сега немам ниту една акна.. Изгледа си ја заврши успешно работата кремот, засега ја користам само мицеларната вода за вадење пудрата, а и општо си го чистам лицето наутро и навечер од нечистотиите и му ставам антибиотик за сваки случај да не искрсне нешто.. Мој совет ако ти излезат такви акни да си ставиш антибиотик. ;)
     
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.