1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Незнам 2-3 пати сум го гледала на нет каталогот набрзина,ке видам сега ке ти пишам.Обично е 240 ден.јас го зедов заедно со пилинг-маската бидејки имаше мотивациска понуда.
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.152
    Допаѓања:
    89.077
    Пол:
    Женски
    Искрено се откажав веќе од чисто лице. Се што користам и што ми помага е само периодично. Задоволна сум од неколку производи ама само неколку месеци држат се под контрола. Втора туба од било кој производ за мене е невозможна мисија бидејќи лицето брзо ми се навикнува.
    Еве сега пак се нафрлам со големи и болни бубулици и повеќе ми е за болката него за игледот. Мачкам далацин ама не е дека многу ми помага.

    Ќе се помирам дека е до гените.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Можеби е само период , во тинејџерските години имаше ли вакви проблеми ? Познавам мн.луѓе што имаат дупчиња и флеки , лузни.Ти немаш на твоето лице барем таков проблем.Се надевам ке најдеш нешто што ке ти го смири.Инаку колку пати дневно го миеш , и не употребувај повеќе производи наеднаш може затоа ти се навикнува.
    @crazylady Го нема.Убаво го разгледав каталогот.Не верувам да го имаше а да не го видов.Сепак ти разгледај уште еднаш на сајтот.
     
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Го нема. Ќе почекам во следниот каталог се надевам дека ќе го има
     
  5. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Мора да го има нека ти одговори некој во соодветната тема дали ке го има , јас немам каталог.Си мириса на чај ама мн.убаво ја матира кожата штом во лето на жешкото не ми даваше мн.да се потам за во зима ептен супер ке е .
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JellenaR

    JellenaR Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    16
    Пробај со Миробакт, во Зегин е околу 270 ден. И мене Далацинот не ми помогна многу, па ме префрлија со Миробакт, појак антибиотик е. Битно е да ти биде намачкан на лице 24/7 инаку нема дејство.
     
  7. mimiblack

    mimiblack Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    здраво девојки.. јас имам чудна кожа, сува е но имам акни, односно флекички. подолго време го мијам лицето со чај од камилица и колку толку црвенилото се повлекува. но дали може некој да каже нешто што би помогнало за пократок период црвенилото да се тргне?
     
  8. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.723
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Откако ќе го измијам темелно лицето го нанесувам ова и таа рутина ја правам барем три пати во денот. Лицето многу ми се исчисти, некои ситни флекички останаа, но акните се повлекоа и црвенилото се намали. Кога ќе се разбудам сабајле лицето воопшто не ми е мрсно, а истовремено го хидрира. Веднаш се впива и остава како разладувачки ефект. Секојдневно го користам и под пудра. Омилен продукт ми е дефинитивно! Ќе си ги купам сите останати што ќе ги начекам од оваа линија :D
    Инаку го купив од Рамстор маркетот, 200 ден.
    [​IMG]
     
    На simoncelicius, Sexybaby86, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. stankica

    stankica Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Поздрав до сите еве и јас да се вклучам во темава.

    После породувањето повремено почнав да имам проблем со лицето ми се појавуваа мали акнички. Пробав неколку препарати и поскапи и поефтини, а најдобар резултат имав од авен клинанс гел.
     
  10. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    девојки, пред некое време побарав од вас совет за добар сет за справување со проблематична кожа склона на акни кој планирав да го нарачам од америка да ми го донесат. после долго време поминато на нет се одлучив за dermalogica производите за кои прочитав доста позитивни коментари. не знам зошто решив да се слушнам со мојот дерматолог, чисто сакав да се консултирам дали има слушнато за нив и што мисли за брендот и сега целосно ме збуни. неговиот коментар беше дека козметиката од америка (барем тоа што вредело) била доста скапа и ја земале со упат од лекар, и рече дека затоа во глобала ние сме им праќале од кај нас добра козметика со нормална цена. целосно ми ја отфрли идејата да нарачувам било што од таму.
    и сега не знам што да правам, дали да ризикувам и на своја рака да ги земам препаратите или да си терам со тоа што досега си корисев, се разбира по препорака на дерматологот.
    Btw лицето моментално ми е во најкатастрофална состојба после многу месеци, и некако уште повеќе се разочарав, почнувам да мислам дека спас за моето лице нема и дека чиста кожа без акни за мене е само мисловен поим :(
     
  11. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.475
    Јас мислам најпаметно ќе ти биде да си го смениш дерматологот, ако со месеци ти е лицето во иста состојба. Па после друг дерматолог да одлучи што да користиш. :)
     
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.886
    Допаѓања:
    13.438
    Јас мислам дека ти пратив да прочиташ за производи така?
    Имам читано толку многу убави работи за сите тие што беа предложени и верувам дека искрено помагаат затоа што многу луѓе имаа поставувано и слики, искуства и сл. Секако може за тебе нема да ти одговара нешто, ама кога се работи за акни мислам дека треба да се пробаат повеќе за да знаеш што ти одговара.
    А што е страшно кај нас е што има дерматолози што препорачуваат се и свашта за да имаат клиенти и промет. Нашата козметика сигурно не се споредува со таа ама ајде..
    Мене највеќе од сите ми имаат фатено око La Roshe-Posay и CeraVe,
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.496
    Пол:
    Женски
    upload_2015-9-10_2-6-3.png

    Mногу ефикасно, бесплатно и природно.Пробајте, па споделете ги резултатите. :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kate505

    Kate505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Незнаам каков ти е начинот на исхрана но доколку консумираш постојано чоколада, мајонези, јајца.... Можеби имаш влијание од храната и затоа така да ти се прават акни. Јас исто имав проблем со акните но кога ги отфрлив некои работи од исхраната повекје немам проблем со лицето
     
  15. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    2.579
    Пол:
    Женски
    Пишав во групата за Опаѓање на коса,но сакам и тука да ве прашам за совети и искуства со користење на Мерц дражеите? Бидејќи биле за кожа,коса,нокти. :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.102
    Допаѓања:
    56.359
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka, ме интересира што би препорачала за многу чувствителна кожа, во моментов со иритации и акни. Guinot не ми заврши работа, џабе толку пари. :( Хаушка ми е добра таа со роза кога немам акни, ама во моментов не ми одговара. Пoлесната крема во стаклено шишенце ми го суши лицето. Значи изборот е многу тежок. :D
    Aко не ти е тешко, препорачај ми нешто природно. Гледав Логона и Лавера, ама не знам кои се подобри.
     
  17. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Искрено можам да кажам дека поприлично внимавам на исхраната, што за проблеми со бактерии што имам во урината, така и за линијата и за проблемите со лицето.
    е сега изминатиов период бев на некој режим на исхрана што поприлично многу вклучуваше и јајца во исхраната, а јас јајца претходно воопшто не конзумирав сигурно повеќе од година дена немав ни пробано. евентуално можно е тоа да ја има предизвикано оваа рекација на лицето што ми се манифестираше, бидејќи наеднаш ми се нафрли да не можам крајот да си го најдам. а козметика воопшто не сменив, стандард тоа што си користам.
    а ти конкретно што исфрли од исхрана??
     
  18. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Daisy да на мене ми ја прати страната со козметиката, и искрено и на мене ми фатија око неколку добри производи, што навистина сакам да ги пробам. на други страни исто така читав за Clinique козметиката премногу ја фалат со 80% на успешност при користење, мислам дека во Америка тој бренд има уште подобра формула. посебно ми фати око еден серум што се става навечер за инстант третирање на акна што се формира, имаше девојки што кажуваа дека утрото немале ни траг од акната што се правела.
    Затоа и сакав да се консултирам со вас, некако овој дерматологот ме збуни што кажа дека убавата козметика не е достапна за нас, и дека се друго е онака. а јас првично планирав да си нарачам цела колекција од Dermalogica, ама можеби е подобро вака да земам нешто што најмногу го фалат и тоа од CLinique и таа кремата од La Roshe.
     
  19. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да отидеш на дерматолог, зошто можеби имаш розацеа, а можеби ти е и нешто трето. Ако се сомневаат на розацеа ќе ти дадат да провериш јајници, да не имаш некое друго жариште во организмот и да провериш да не имаш хеликобактер пилори. Сепак ти велам најдобро дерматологот ќе ти каже, а јас лично ти ја спомнувам розацеата, зошто имав слични симптоми и имав хеликобактер. Откако го излечив, симптомите доста ми се намалија иако не можам да кажам дека сосема ми исчезнаа. Јас одам на дерматолог кај Др.Христова во Јане Сандански.

    И на синот, кој сега има 15 години, му ја дадоа Скинорен за младешки мозолчиња кои ги имаше на челото и малку на грбот. По неколку месечно користење доста му се повлекоа, има само малку на слепоочниците. И него го носам кај Др.Христова!
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Женски имам невеново масло и ми рекоа дека било добро за акни. Мене ми излеваат пред циклус ама многу ме нервираат. Дали некоја користела невеново масло и на кој начин?