Не е ефикасен протиц комедоните, го нанесував само на воспалени места од акни. Тоа му е и намената пред се.
@Biodevojka може да ми кажеш според тебе кое подобро масло за комбнинирано проблематично лице, повремени акни, црвенила, кокосовото или масло од јојоба? Нема да ми пречи совет и од некој друг
@beautu17 Мој совет ти е масло од јојоба,мислам дека има антибактериски својства,додека кокосовото кај некои дури се покажало како комедогено,односно им предизвикувало акни,црнки итн. Сепак,најдобро ти е (според мене) да си земеш етерично масло од чајно дрво,тоа мислам дека е најделотворно против акни.Но,треба внимателно од него,да го разредиш во некое друго масло (пр.во една лажичка маслиново,неколку капки етерично масло од чајно дрво) и директно на мозолчето.
Здраво драга, според мене подобро е да пробаш јојоба. Може да додадеш и етерично масло од чајно дрво (како што ти советуваа погоре) во следниве пропорции 50 мл масло од јојоба со 6 капки етерично масло од чајно дрво. Ти го препорачувам маслото од јојоба на биокосмос 315 ден, кое е навистина чисто и етеричното масло од чајно дрво на ЕСИ 190 ден кое според мене е најдобро. Поздрав и за било што слободно пиши.
Девојки да ми препорачате некој тоник за чистење лице..Си го мијам лицето навечер со обичен сапун бекутан..Имам еден лосион за црнки за и кога ке поминам со тампончето и тоникот излегува сеуште нечистотија па сакам нешто што ке ми е навистина од корист..Исто така може да е некој за флеки и црнки..Имам 21 год а изгледам ко 30 навистина..Немам акни само по некоја но имам многу флеки од пубертетот и лицето ми е цело дупчиња црни..Ве молам секој совет би ми бил добредојден
@beautu17 јас имам комбинирана кожа и не го препорачувам кокосовото, на толку прочитани фалења за маслото го купив и лицето ми стана лом и со црнки и со мозолчиња.. Со месеци после тоа се чистев. И јас ќе го пробам маслото од јојоба се надевам исходот нема да биде ист како со кокосовото.
И мене не ми прија кокосово масло на кожата од лицето, ми предизвикува многу комедони. Меѓутоа, за областа под очите е феноменално! Немам веќе темни кругови и кожата не ми е сува и осетлива. Најверојатно ми била потребна некоја подлабинска хидратација. П.С. Каде да барам масло од јојоба? Јас планирав да земам од она маслото на Алверде со пипета, во мало шишенце (не знам какво е, ама знам дека некоја од колешките ми го фалеше, па љубопитна сум), ама зошто да не пробам и со ова. Сакам да користам масло како замена за ноќна крема, немам проблеми со акни во последно време, само хидратацијата ме мачи.
Здраво феминки, нова сум овде и лицето ми е преполно со акни. Пробав многу работи но ете не успева ништо.Дали некој знае како можам да го исчистам лицето најбрзо што може?Ќе ми биде мило ако споделите искуства
Читам дека активен кислород многу помагал.Ама не знам точно.Веќе не знам што да правам со лицево имам преемногу акни.Дај кажете ми што да правам сериозно е.Бев и на дерматолог, но кремите што ми ги даваа не помогнаа. А сум пробала многу и пак ништо..
Мене ми помогна, али треба постојано да се прскаш, барем 3 пати во денот. Исто правам природна маска од сода, мед и лимон. Рано е уште за уау резултати, така што ќе пишам за недела дена.
@Elence93 ама ми е страв да го купам оти читав дека предизвикувал рак па сега тоа колку е точно не знам.
Е тоа е страшно,кога за козметика,или било кој други производи,ќе се објави дека е опасно и предизвикува рак
@anaja1 Ама па еве се споделуваат искуства дека им делувало, а не предизвикувало рак. Сега на кого да се верува... :/
Да,те разбирам,ама паниката владее Јас многу се плашам,и се откажав од многу работи,кој се сомнителни
Јас не сум прочитала за ова, а искрено и да прочитам нема да верувам. Многу често се пишуваат такви работи за да се намали потрошувачката на некоја конкурентна фирма. А доволно е само да се пушти гласина, па после и да не е точно, луѓето ќе се скептични.
@Elence93, може ли да споделиш каков активен кислород користиш? Одиш некаде на третмани или станува збор за домашна употреба? Сакам да набавам нешто вакво за освеж. Како што заладува периодов, дополнителна хидратација ми е од многу голема важност.
Масло од јојоба на Биокосмос, 315 ден е 50 мл, имаш во -Центар, (зад Работнички универзитет) 02 240 3768, -Буњаковец (наспроти пазарот) 02 614 4966, -Зелен Пазар 02 322 1433, -Капиштец (т.ц. Беверли Хилс) 02 316 6135, -Аеродром (т.ц.Бисер) 02 2454 929 -Ѓ. Петров (кај пазарот) 02 614 7118 -на Водњанска (наспроти Државна болница) 02 3113 573 -Тафталиџе (внатрешно во СП маркет) 02 3065 999 -Драчево (наспроти пазарот) 02 274 4101 -Ново Лисиче 070 341 487 А и во Ла сои има масло од јојоба.
Девојки јас пред некој ден го земав активниот кислород 500 ден од аптека. До сега ставам само 5 дена, по 2,3пати на ден и разликата е огромна. Ситните брунчиња веќе се повлекоа, флеките пополека избледуваат, лицето е хидитирано, посвежо, помазно. Значи прво нешто што не ми се нафрлило лицето. Ставив и на др.делови, на грбот, на рацете, немате појма колку ми се зачисти само за 5 дена. Јас што не користев, од кремови од авон до медецински, до разни билки, третмани...Ова е нешто неверојатно. И сега кога читам дека предизвикувал рак, се уплашив, таман најдов нешто добро за моето лице и ќе треба да престанам...Можете да ми кажете на која страна го читавте тоа дека предизвикува рак, бидејќи јас читав разни рецензии пред да го купам и нигде не прочитав такво нешто..
@Biodevojka можеш ли да кажеш на нешто за активниот кислород? Мене многу ми одговара, прв пат нешто да ми одговара, ама сега се уплашив, не знам дали да продолжам да го користам... Ми треба вакво нешто во вид на спреј, за освежување на кожата, дезифенкција, и кислородот беше супер но не знам дали ќе продолжам, дали би можела да ми препорачаш нешто како спреј? Патем еве јас ова го најдов на нет, ако можеш да кажеш збор два за ова на еуцерин http://www.zegin.com.mk/home/products/product-detail.html?uuid=3587fe86-93ec-4985-b7e3-591963a9a9ba. Фала однапред. Нема да ми пречат препораки и од други
Благодарам @renata77 @Biodevojka @Babyby ќе го земам маслото од јојоба и чајно дрво, и ќе пишам за резултатите. Инаку јас имам читено за активниот кислород дека колку е добар толку е штетен. @Biodevojka во план ми е да земам темрална вода, дали тоа би штетело на лицето, дали е слично како активниот кислород или?