1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Јас знаете дека доста долго време бев активна по темиве со проблемот што слабо ми растеше косата,а сите анализи на крв беа во ред,немав некое заболување и повторно се случуваше истото.За еден месец косата расте нели 1цм до 2цм најмногу,а мене за 3 месеци 1цм едвај ако ми растеше.
    Откако престанав да ја третирам со спрејови од авон,па глис ли какви не сум користела, и слични тракатанци,и почнав да користам природни шампони од хера оние ако ги знаете со пантенол,почна да ми расте како што треба.Не 7 цм,за 1седмица :rofl:,ама 1 цм за месец ,т.е. колку што и е оптималниот раст.
    Почнав и мерц таблети да пијам,но ги пијам кратко,12 дена мислам и засега е прерано да се забележат резултатите, но ќе продолжам па ќе пишам ако има видливи резултати.

    Исто така и кокосово масло ставам,еднаш до двапати неделно,а ја мијам секој ден косата.
    Го оставам преку ноќ да стои,и следниот ден го измивам само со шампон.Од оние ефтините неоргански е ,на бонес фарм,по 50тина денари што е,но јас забележувам ефект,преку цела коса го ставам на сува коса,и за растот секако е прерано да има резултати,но после тоа врвовите се помазни,и целата коса е некако посјајна,поздрава.Така да јас за тие пари сум задовллна од маслово.
    И арганово масло од авон,после капење преку цела коса го ставам,и еве скоро 2ипол месеци ја немам скратено косава,а немам испукани врвови.
    Овие природниве шампони,хера на пр е 70-80 дренари 1л,иако ефтини ми се покажале како многу подобри од скапите и концентрирани,ајки шампони.Еве слика каков јас користам,од камилица зошто имам светла коса.
     

    Прикачени фајлови:

    На MamaYette, Lina Stojanoska и SnowQueen17 им се допаѓа ова.
  2. guardatela

    guardatela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    85
    гирлс кажете ми колку таблетки б6 да ставам во шампон за да ми расте нели побрзо???
     
  3. QueenElizabeth

    QueenElizabeth Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    http://www.biocosmos.mk/КОКОС еве кај го има..
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Go najdov vo apteka go koristam veke 2 meseci sepak fala...
     
    На QueenElizabeth му/ѝ се допаѓа ова.
  5. emse

    emse Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    @guardatela Stavi 6 ampuli b6 i 6 ampuli b12. Pomagaat mnogu mozhesh vo kombinacija so becutan shampon da gi iskoristish.
     
    На guardatela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Дечки, наминав само да ви кажам, а можеби и некој пред мене има споделено искуство, искрено не џзнам, меѓутоа, јас сум одушевена од шампонот со лук од Афродита. Содржи концентарт од лук,кој ја подобрува циркулацијата на скалпот, го зајакнува влакното и косата расне ко луда. Барем кај мене постигнува таков ефект. Никогаш повеќе израснат корен за месец дена не сум имала. Чудо ми се случи откако го користам шампонов и што е најбитно мирисот на лук воопшто не се чувствува, а шампонот е многу ефтин, некаде околу 100 ден. - 1 л. 1348678250697.jpg
     
    На Anna-Banana, Oscar Lady, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    И јас го приметив истото со шампонов на Афродита.
    Од летото навака се шишам long bob, па и те како се приметува кога ми се губи формата. Мене косата и онака ми расте многу брзо, но речиси сум сигурна дека и тој дополнително го стимулира растот.
    Презадоволна сум, сакав да го пробам оној со зелено јаболко зашто обожавам мирис на јаболко, ама пак му се вратив. Патем, мириса на пролет и заљубена сум во него. :lol:
     
    На Gea и emse им се допаѓа ова.
  8. emse

    emse Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Мене па, овој шампон воопшто не ми одговараше. Напротив, дури ми создаде и контра ефекти...Па и првут.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Да, навистина ја прави косата малку покрута, но јас тоа и не го приметувам зашто на скоро секое миење си правам маска со микс од масла, а за скалпот користам дополнително и друг шампон, зашто имам проблеми и со тоа.
    Многу сум комплицирана. :lol:
     
    На emse му/ѝ се допаѓа ова.
  10. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Да споделам како ја израснав мојава коса до половина и сеуште ја растам, советите ги добив од машка особа која случајно ја запознав со коса подолга од мојата и поздрава:lol:
    Прво што направив беше шишање на расцветаните врвови и потоа збогување со фризерите :D сега одам само еднаш годишно колку да ја "освежам" иако веќе не ми цвета косата.
    Обичната четка ја заменив со дрвена широка четка која што не ми ја кубе косата, не ја плетка и кине, ја чешлам насабајле и навечер по 5 мин во секој правец, дрвените запци прават масажа на скалпот.
    Ја мијам секој втор ден, еднаш неделно ставам рицинусово и чичково масло на скалпот а бадемово на врвовите и ги оставам на отстојат добри 4-5 саата :) пред миење правам масажа на скалпот со главата надоле 5-10 мин.
    Не користам жешка вода при миење коса, не ја чешлам додека е мокра, не користам фен (освен во итни случаеви на брзање или зимно време обично само коренот го сушам останатото не)
    Избегавам преси за коса, обично мокра косата ја плетам во внатрешна плетенка и кога ке се исуши си имам убава брановидна коса.
    Само од фарбите не се откажав :D
    Шампони секакви пробав ама не ми направија никаква разлика освен што некои само ја сушеа косата, нормално си користам маска и силиконски капки при секое миење.
    Косата сега ми е поздрава, посјајна и побрзо ми расте од порано.
    Можеби и порано растела брзо ама горејќи ја со фен и пегли, колку што ми растеше горе толку се кинеше доле и шишајќи ја секој втор месец неможев никако да ја пораснам.
     
    На LadyInLove, Водолија и Rama им се допаѓа ова.
  11. LiliMari

    LiliMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    18
    Знаете ли каде може да се најдат шампон и маска од германската марка Basler
     
  12. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    od kade go zema ceselot ako ne e tajna? :D
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Истото и мене ми го тупи фризерката на секое,да се скратат врвовите и потоа коста со ништо да не ја гибам ни со преса и со фигаро со ништо,јас имам мн танка коса и брзо ми пукат врвовите одозгора ми расти долу се кинат и пак ништо не сум направила,стигна до една должина и не мрднува повеќе а што не ставам на неа све,ама кој да издржи да не ја гибни воопшто :(...Не ја третирам многу ама мн ми е тенко влакното и ќе морам да издржам еднаш ако сакам да ја пораснам,а за дрвениот чешел и јас имам слушнато мн позитивни работи,ќе пробаме и со него...
     
  14. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Јас мојот си го нарачав од америка заедно со палети со шминки и др работи ми ги донесе другарка затоа што поефтино ми искочи така.
    Инаку ги гледам и тука ги има во поголемиве маркети, ДМ, Веро, Керфур, имаш и во продавници за фризерска опрема а сигурно и на пазар ги има. Ти препорачувам ако купуваш да ја земеш најголемата најширока четка за долга коса, малку се поскапи дрвениве од обичните ама вредат за секоја пара.
    Free-shipping-professional-font-b-hair-b-font-font-b-brush-b-font-wooden-font-b.jpg

    Инаку @mime87 и мене ми беше тешко на почетокот ама се навикнав, вака ми е поголемо задоволството кога ја гледам косата отколку порано :) ти викам најчесто ми е брановидна од плетенки или некогаш знам пена за коса да и ставам, а пегла, фен и фигаро еееептен у ретки случаеви :D Што знам....јас секогаш кога ке ме фатеше криза за пегла си викав подобро долга здрава коса на таласи, отколку пеглана расцветана :) и тоа мене ми е подебело влакното и појако па ај понекад може да ми прости едно пеглање:D:D
     
    Последна измена: 27 мај 2015
  15. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Јас го купив шампонот од лук на Афродита,маслиново масло и пантенол раствор,ќе видам дали ќе делува па ќе ви пишам.
     
  16. LadyInLove

    LadyInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    14
    За побрзо растење на коса користам шампон од лук на Афродита (не мириса на лук воопшто :D ) и во него ставам Б-комплекс апчиња. На 1 литар колку што е шампонот ставам 10 апчиња. Само што шампонот ми ги прави суви врвовите на косата, па затоа користам кокосово масло за коса и немам никаков проблем. Се надевам дека ова ќе му помогне на некој исто како што ми помага и на мене. :D
     
  17. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали во помалите градови го има овој шампон? Пример како Кочани и Виница?
     
  18. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    13.650
    Пол:
    Женски
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Оставете ја на мир и ќе порасне. После доста експерименти, најдобар резултат даде тоа.
    Ако сте во можност надрградба со клипсови. Мене тоа некако многу ми ја поштеди мојата коса. Еден вид готова фризура е, барем за мене. Не ја фенирам не ја ни пеглам веќе, само ја ставам надградбата и готово. Ги покрива сите несовршености и единствено мало внимание бара површинскиот слој кој успевам да го камуфлирам да се блендира со надградбата и без користење топлина.
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Ова чудово од шампон со лук морам да го пробам. Сум користела шампон од коприва на Афродита но многу ми ја сушеше косата и ми го иритираше скалпот. Се надевам дека нема истото да ми се случи со овај. Инаку без кокосово масло и без маска за коса не можам да си го замислам капењето.
    Си пијам веќе четврти месец по ред апчиња за косата ама не можам да видам некои ептен големи резултати. Порано ми беше до половина косата, сега добро ќе биде до под градите да ми порасне најдолгиот дел. Блиску сум ќе порасне и под нив :D
    Инаку да прашам, дрвен чешел и четка од кај да купам бре луѓе, се е пластика ?