Кандидијаза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од malaaa, 22 декември 2009.

  1. Kompot

    Kompot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    9
    Здраво феминки!
    Од вчера почувствував чешање во пределот на вагината, а денес имам и мала болка кога ќе се допрам и усните ми се отечени. Немам бело прање воопшто на гаќичките, но кога одам во вц од дупчето ми тече нешто многу лигаво. Моментално сум во Охрид кај една другарка на гости и не можам да одам на гинеколог, а почнува многу да ме чеша. Дали да земам Канестен или некои други вагиналети, бидејќи и друг пат сум користела Канестен и инфекцијата по некое време повторно се враќала. Фала однапред
     
  2. dalika1

    dalika1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    6
    А дали ова воопшто се лечи и кои се последиците од оваа бактерија?
     
  3. MacaLove

    MacaLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    4.671
    Отечена ти е можеби од чешањето, а не знам зошто немаш бело прање како грутчиња. :?:
    Измиј се со раствор сода бикербона или со камилица, па види како ќе ти е.
     
  4. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    211
    Мене пак ми се појави, незнам веќе што може да биде... Или премногу цигари, благо, имунитетот паднат ми е многу, слабеам, нервози повеќе во периодов, најверојатно е тоа, не ми доаѓа на памет од што друго може да е. Односи немам, за да префатам од партнерот. Се одмивам со камилица, само ми смета што имам многу бело прање со грутчиња, морам да носам влошки.
    На гинеколог дури во вторник, до тогаш драпаници. Незнам дали пак вагиналети од кантарион да ставам, јас само тие ги користам за кандида кога ќе се појави, бидејќи се на природна база па си дозволувам да ги земам на своја рака.
    Што да направам за да не се појавува веќе???
     
  5. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    41
    veginaletite od kantarion ne pomagaat za kandidata.ne moj da koristis vloski zosto toa samo ja vlosuva situacijata.obidise navecer da spijas so spavaca(nokjnica)bez gajki isto i za vreme koga stavas vaginaleti.odi na lekar i neka ti dadat nekoi vaginaleti.i jas go imam istiot problem sega ne mi e do tolku kako porano no znam kako e....pij vo denot barem po 2 casi jogurt i izbegavaj blago i zacineta hrana,ne nosi farmerki i prilepeni alista sto ne i davaat na vaginata slodobno da dishe.
     
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    118
    И мене не ми делуваат вагиналетите од кантарион. Сум ги пробала неколку пати, ама баш никакво дејство ми немаат.
     
  7. MissBreezy

    MissBreezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    105
    И мене пак ми се појави (по 1 месец), ама многу чудно ми е што токму по менструација ми се случи и првиот и вториов пат. И сега повторно си земав Кансен и како и првиот пат, првото ставање на вагиналетата ми беше смрт! Неиздржливо е пецкањето! Како некој да те боцка со нож, ама не континуирано, туку ќе се смири, па пак. И тоа трае 10мин. а потоа комплетно се смирува. :worried: Навистина не знам веќе што да правам.
    Почнав да пијам многу јогурт (повеќе од 2 чаши дневно) и еднаш се измив со чај од кантарион.
    Секаде каде што читав некои дури и тампони ставале натопени во јогурт, а јас тампони не користам и страв ми е да пробам некако.. ама велат ефективно е.
    Внимавам на исхраната, ете не јадам веќе скоро воопшто благо, само природни шеќери и пијам витамини за да надополнам за се она што не го внесувам. Буквално како во стаклен сад се чувам, а ете пак се појави :'(
    И да ја регулираш pH вредноста, можноста за појавување секогаш е присутна. Ниту вака, ниту така си.
     
  8. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    10
    Мојата работа е поврзана со медицина дирекно и топло ви ги препорачувам капсулите ЛАКОТГИН за лекување на поголемиот број на гинеколошки проблеми. Ги има секаде во скоро сите аптеки, во Зегин се 390 денари незнам дали одат на рецепт. Јас користам секој ден по една , во една кутија има 15 таблетки (капсули) и месечно ќе ти требаат две кутијки. Докторот кајде што сум вработена на сите пациентки им ги препорачува особено за ХПВ и бело прање!!!
     
  9. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    41
    Mожеби се добри но за хпв би рекла дека и вагиналетите не се најдобро решение.јас цело време земам витамини и пазам на исхрана ,секаде каде што ке прочитам пишува здрава исхрана и јакнење на имунитетот.но можеби се ефикасни но сепак насвоја рака не се земаат никакви вагиналети.
     
  10. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    317
    Ги исчитав повеќето мислења и дефинитивно, сама си давам дијагноза, имам и јас Кандидијаза :( .
    Последниве неколку дена имам чешање, печење, пржење и како ли уште да кажам... :@ , во пределот на вагината. Зголемено лачење на вагиналниот исцедок (бело прање), Вгиналните усни ми беа вцрвенети, болни на допир, почнав да се одмивам со камилица и сода бикербона, и се потсмири, ама не е тоа тоа. Печење при уринирање, при што почнав да се одмивам со вода. И имав и болкаа при сексуален однос.

    Ке продолжам со камилица и сода бикербона викендов, а веќе во понеделник се одам под итно на гинеколог за посериозна терапија, бидејќи несакам да зема ништо на своја рака. Тоа ке ми биде воедно и прв гинеколошки преглед, непријатно ми е малку, па психофизички се припремам. Сеуште немам одбрано гиенколог, ке го направам тоа во пон. Дечко ми ке дојде со мене за да ми го "чува" стравот. :$ :sweat:

    Посакајте ми среќа Феминки!!! и ако познавате добар гинеколог во поликлиника ченто и околината, препрачајтеми!!!
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.560
    Е па тоа е тоа. И јас по примена терапија на некои си антибиотици, ја закачив досадава |( |(
    Си земав канестен крема и вагиналети, се надевам ќе ја снема лесно досадијава |( |(
    Ништо фајде немаше и кај мене од сода бикарбона и камилица, па решив со вагиналетите да го решам проблемов.
    Со среќа на тебе во понеделник. Нема ништо страшно од гинеколошки преглед ;)
     
  12. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    27
    кои се причини за појава на кандида ???
     
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    1.494
    Офф овој проблем ќе ме мачи цел живот.Подолго време ми се немаше појавено инфекцијата,но еве овој период ми се случија многу работи кои влијаеа на мене,па и поради тоа ми паднал имунитетот многу.И еве повторно се појави.Веќе станува неподносливо незнам како да се справам.Едноставно морам во најбрзо време да го поткренам имунитетот,инаку се мијам секој ден со камилица,и тоа помагало демек.
     
  14. baby-star

    baby-star Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    1.706
    Допаѓања:
    1.701
    Candida albicans е природна габичка која е населена на поедини делови во телото.Значи ја има во вагината како нормална габа,во слузокожата на цревата и на јазикот.
    При зголемен стрес или стресни ситуации,при зголемеа телесна температура,при подолга уоптреба на антибиотици,при намален имунитет е честа појава за да оваа габичка се намножи,односно да се зголеми повеќе одколку е природно населена.
    Таквата состојба најчесто доведува до КАНДИДИЈАЗА која претставува лесна инфекција на вагината-односно на нејзината внатрешност.
    Кандидијазата најчесто не е опасна ако се работи за причинител -Candida albicans.
    При оваа инфекција има појава на зголемен вагинален секрет,кој може да биде придружен со чешање,нелагодност,печење,тешкотии при мокрење и др симптоми.
    Оваа состојба се лечи најчесто со креми од групата наречени АНТИМИКОТИЦИ-ПРОТИВ ГАБИ или со вагиналети.Најчесто се употребуваат:Canesten,Cansen,Nystatin и др.
     
  15. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    27
    Гинекологот ми кажа дека имам кандида, треба да идам на преглед за да ми каже терапија...
    е сега веќе неколку месеци сум сексуално активна и некаде 3 пати имавме секс без кондом... како да дознам дали и на партнерот сум му ја пренела оваа инфекција, кои се симптомите кај машките???
     
  16. simona90

    simona90 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0

    КАЈ МАШКИТЕ МНОГУ РЕТКО СЕ ПОЈАВУВААТ СИМПТОМИ КОНСУЛТИРАЈ СЕ СО ГИНЕКОЛОГОТ И ТОЈ КЕ ТИ КАЖЕ КОЈ КРЕМ ДА ГО КОРИСТИ ТВОЈОТ ДЕЧКО, А НА МЕНЕ КОГА МИ СЕ ПОЈАВИ КАНДИДАТА КОЖАТА МИ БЕШЕ ОТЕЧЕНА ЦРВЕНА И БОЛНА И МНОГУ МИ ПОМОГНА КРЕМОТ КАНСЕН
     
  17. sunfemina

    sunfemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    813
    Ц ц ц жива напаст е ова..сакав да прашам за промивање соодносто сода бикарбона-вода колку треба да е?
     
  18. flowergarden

    flowergarden Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    325
    "За жените да ги искоренат хроничните проблеми и габичните инфекции, тие би требало секоја ден да се чистат со два три литра чиста превриена вода која треба да се излади на телесна температура и во неа да има две супени лажици сода бикарбона.Овој третман треба да се повторува во период на два месеца освен за време на менструалниот циклус.Candida е многу отпорна габичка и потребно е долго време за да се искорени."

    http://www.fakulteti.mk/news/12-02-21/c ... rakot.aspx

    Aко има некој ефект, ќе ве молам да пишете
     
  19. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    27
    Ај ако може некој побрзо да ми објасни како да ги употребам вагиналетите канестен ? :)
     
  20. flowergarden

    flowergarden Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    325
    Треба да ги вметнеш што подлабоко и да не стануваш потоа. Затоа се препорачува да се употребуваат пред спиење. Обавезно стави си една секојдневна за сабајлето
     

Сподели ја оваа страница