1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Канелони

Дискусија во 'Рецепти' започната од kallias, 10 февруари 2012.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Не сум правела до сега никогаш канелони, земав пред некој ден од супермаркет на Дивела па би сакала да ми споделите некој рецепт било каков.
    Фала ;)
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Sтави слика кAко изгледат??? Nезнам сто е тоа?! Mозе знам али со др име ;)
     
  3. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Немој да ги вариш претходно.Можеш да ги полниш со што сакаш.Со мелено месо на пример.Јас не јадам месо и ги полнам со спанаќ и урда.Тавата убаво намачкај ја со зејтин или уште поубаво путер.Нареди ги полнетите канелони,посипи ги со сос од домати,додади малку вино и кога ќе бидат скоро готови , извади ги и посипи ги со кашкавал или пармезан и повторно стави ги во рерна да се запечат.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Еве и слики како изгледаат
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipica, koritsaki, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Tоа на 2та слика изгледа е со башамел сос? :D
    Kај нас има ли вакви низ супермаркетите?
    убаво изгледаат би скувала некој ден :)
     
  6. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Има во сите поголеми маркети.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Канелоните ги полнам со мелено месо и спанаќ.
    Пржам една главица ситно сецкан кромид, додавам околу 350-400 гр мелено месо,(обично користам мешано свинско и телешко) кога убаво ќе се испржи му додавам сечкан спанаќ.
    Не ги варам канелоните, ги полнам со мала лажица внимателно да не се кршаат, редам во огноотпорен сад, мојата тава собира 16 канелони.
    Врз канелоните ставам една конзерва сецкани домати,разредено со малку вода и во самите домати додавам и малку шеќер да не биде многу кисел сосот и ги покривам со фолија и ставам да се печат околу пола саат, при крај ја вадам фолијата и ставам бешамел сос и моцарела, тоа се пече околу 5-10 мин да зарумени и готови се за јадење.
    Зачини по желба, јас ставам само нане и сол, бибер.
    Бон Апетит :lol:
     
    На joy1, kate21, Vetruska и 3 други им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    I ja bi da gi skuvam nekoj den ... Samo dali treba vo tavceto nesto vodicka ili tecnost malku za da omeknat?
     
  9. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Во упатството на кутијата обично пишува дали треба да се обарат малку или не. Јас ги ставам во вода која врие (но не премногу) 2-3 минути, па ги полнам.

    Убави се и полнети со исецкана шунка, кашкавал и печурки, помешано со бешамел за да се добие смеса за полнење. Наполнети ги прелевам само со бешамел и ги потпекувам. Одозгора ставам рендан кашкавал или пармезан.
     
    На joy1, lolyta777, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Канелони со пилешко ги имам правено неколку пати и прекрасни се:
    Потребни состојки :

    1 пиле 1 кг.
    1 главица кромид
    2 јајца
    200 мл млеко
    1 павлака
    кашкавал,сол бибер
    1 пакетче канелони

    Бешамел сос :
    50гр. маргарин
    50гр. брашно
    500мл. млеко

    Пилето се вари и одкога ке се свари се чисти од коските и се сецка ситно .
    Додека се вари пилето се подготвува бешамелот .На растопениот маргарин малку се запржува брашното и се додава малку по малку млекото постојано мешајки да се добие густ сос и се трга од оган.

    Настрана се пржи кромидот исецкан и кога ке готов се додава пилето се пропржува уште малку, се додава пола од бешамелот и се зачинува со сол и бибер .Со оваа смеса се полнат канелоните неварени но не многу полни и се ставаат во тава . Во преостанатиот бешамел се доваввт јајцата млекото и павлаката се меша убаво и се тура одозгора над канелоните , одозгора се ренда кашкавал и се пече додека поруменат убаво .Добар апетит
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Aј некој рецепт за канелони? Hешто прочитав на интернет со мелено месо, а има ли некои други варијанти?
    и дали има можеби рецепт за домашно приготвени канелони(значи за тестото, како да го наречам) :)
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Канелоните може да ги наполниш со што било. Со пилешко и кашкавал, со спанаќ, со болонезсе сос, имаш еден куп рецепти на интернет.

    А за дома да ги правиш сама не ти препорачувам, можеш да искористиш тесто како за правење равиоли, но нема шанси да го добиеш кружниот облик на канелони.
     
    На lolyta777 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам тестенини и не се сомневам дека и овие ќе ми станат едно од омилените јадења.
    Во план ми е да направам, па ќе ви кажам каков бил исходот. :D

    Еве некое рецептче тука-таму.

    Канелони со спанаќ и сирење
    [​IMG]
    Потребни состојки:

    200 гр. канелони

    500 гр. спанаќ

    2 чешниња лук

    50 гр. путер

    300 гр. рикота

    1 лажица вегета

    200 гр. моцарела

    4 лажици рендан пармезан

    300 гр. павлака

    Припрема:

    На загреаниот путер пропржете го ситно исецканиот лук, вегетата и обарениот спанаќ, па мешајте се додека спанаќот не се пропржи, а на крај додадете ја рикотата и промешајте.

    Во стаклен сад ставете ја павлаката, па канелоните кои претходно сте ги наполниле со фил, па прелијте ги со малку кечап, со моцарелата и пармезанот.

    Печете во загреана рерна на температура од 200 степени околу 40 минути. Добар апетит!

    Канелони со месо
    [​IMG]
    Канелони со месо
    СОСТОЈКИ
    1 јајце
    450 гр мешано мелено месо
    75 гр шунка или сланина (ситно исечкана)
    2 главици кромид (средна големина)
    120 мл супа (говедски бујон, од коцка))
    45 мл бело вино
    1 кафена лажичка суви зачини (по желба)
    150 гр пармезан (рендан)
    2 чешниња лук (ситно исечкан)
    50-80 гр лебни трошки
    1/2 морков (ситно исечкан или изрендан)
    400 гр црвени домати (ситно исечкани)
    неколку ливчиња свеж босилек
    1/2 кафена лажичка оригано
    малку масло за готвење
    50 гр путер
    50 гр брашно
    900 мл млеко
    малку сусам, ким, крупна сол
    малку црн пипер
    ПОДГОТОВКА
    1.Во загреано масло ставете ја едната главица кромид (ситно исечкан) да се пржи околу 5 минути.
    2.Кога кромидот ќе ја смени бојата, додадете едно чешне лук и меленото месо и пржете уште 10-тина минути.
    3.Кога ќе се запржи месото, додадете малку суви зачини п желба, малку сол и црн пипер и истурете една половина од супата, поклопете го тавчето со капак и оставете да се динста на умерена температура околу 25 минути.
    4.Повремено мешајте и додавајте го остатокот од течноста додека не ја потрошите супата и виното.
    5.Во меѓувреме, подгответе го доматниот сос. Исечканите морков и лук ставете ги да се пржат во загреано масло на умерена температура околу 5 минути, со често мешање, а потоа додадете ги ситно исечканите домати, босилекот, ориганото и малку сол и црн пипер.
    6.Залејте со малку вода (колку да се покрие смесата), поклопете и оставете да се вари околу 25 минути, повторно со повремено мешање.
    Забелешка: можете да искористите готов сос од домати, особено сос со парчиња домати во него (околу 500 мл)
    7.Кога сосот ќе се свари, поминете го со рачен блендер или миксер за да се испасираат состојките убаво.
    8.Во подлабок сад ставете го испрженото месо, шунката, лебните трошки, половина од пармезанот и јајцето и се убаво измешајте.
    9.Истурете еден слој од доматниот сос врз дното на тавчето, а потоа редете ги канелоните наполнети со смесата од месо (внимавајте да ги ставите во еден слој). На крајот полијте ги со остатокот од сосот.
    10.Направете го белиот сос (бешамелот) така што во тенџерче ќе го ставите путерот да се истопи, а потоа ќе го додадете брашното. Мешајте брзо со маталка за јајца додека не се добие густа смеса.
    11.Додадете малку млеко и мешајте брзо за да се растопи брашното и да не останат грутки, а потоа додавајте малку по малку додека не го потрошите целото млеко.
    12.Варете го сосот неколку минути додека млекото не почне да врие, а потоа тргнете го настрана и додадете малку сол или други зачини по желба.
    13.Истурете го бешамелот врз канелоните и одозгора испрскајте ги со преостанатиот пармезан.
    14.Печете ги канелоните во загреана рерна на 190 степени, околу 40-45 минути (канелоните треба да бидат меки кога ќе ги боцнете со вилушка). Оставете ги да се оладат околу 10 минути и послужете.

    Крем канелони со пилешко месо
    [​IMG]
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    175 грама Шунка
    220 грама Шампињони
    малку мала лажица Црн пипер
    100 милилитри Суво бело вино
    450 грама Спанаќ
    малку Сол
    175 грама Сирење
    80 грама Путер
    400 грама Пилешко
    40 грама Пармезан
    100 милилитри Масло
    малку Мајчина душица
    3 чешниња Лук
    1 Коцка за супа
    150 грама Кисела павлака
    3 Канелони
    50 грама Брашно
    малку Босилок

    Време за подготовка: 20 мин.
    Време за готвење: 60 мин.

    Подготовка: На пилешките копани им ја отстрануваме кожата и ги ставаме во тенџере со зовриена вода да се варат.

    Канелоните ги вариме во тенџере со зовриена и посолена вода, во која сме додале масло.

    Во тенџере со зовриена вода го ставаме претходно исчистениот спанаќ да се обари. Во друго тенџере со зовриена вода ја ставаме коцката супа да се вари.

    Шампињонте и лукот ситно ги сецкаме и ги пржиме во тава со загреано масло.

    Сварените канелони и обарениот спанаќ ги плакнеме со студена вода. Исцедениот спанаќ го сецкаме и го додаваме во тавата на оган. Во тавата додаваме путер, посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. Во тава со растопен путер и загреано масло на оган го додаваме брашното да се пржи.

    Мешаме за време на пржењето и ја додаваме исецканата мајчина душичка и босилокот. Сварените копани ги плакнеме со студена вода.

    Пилешкото месо го чистиме од коските, ситно го сецкаме и го додаваме во тавата со бешамел сосот. Во тавата ја додаваме исецканата шунка и го рендаме сирењето.

    Во намаснета тава за печење ги ставаме шампињоните со спанаќ. Смесата од пилешко и шунка ја полниме со готварски шприц и ги полниме канелоните. Потоа ги редиме во тава за печење.

    Ги додаваме пармезанот, една црпалка супа и промешуваме. Со овој прелив ги преливаме полнетите канелони. Во тавата за печење ја налеваме преостанатата супа. Ја затвораме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 35 минути на температура од 200 степени.

    Канелони со печурки
    [​IMG]
    Состојки
    1 пакување канелони(околу 15 парчиња)
    600 гр печурки
    0,250 л павлака
    0,100 л доматно пире
    100 гр кашкавал
    1 млад кромид
    0,50 гр црни маслинки
    Подготовка
    Канелоните се варат во голем сад додека не омекнат.Во меѓувреме,печурките се пржат на маслиново масло.После 15 мин пржење,се додава младиот кромид исецкан на ситни парчиња,се додава и вегетата,босилекот и на крај маслинките.Целата смеса се меша па се додава павлаката.Канелоните се полнат со смесата и се редат во тава премачкана со путер или масло.Се наросуваат рендан кашкавал,а врз кашкавалот се налива доматното пире.На крај се наросува пармезанот.Канелоните се печат на 200 С околу 25 мин.
     
    На lolyta777 и babymama им се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Го пробав рецептов, малку го изменив и топ излезе, прсти да излижеш. :mm: :mm:

    Јас вака го спремив.
    400гр. спанаќ го исецкав ситно и го обарив.
    400гр. мелено месо (мешано-телешко и свинско) го пржев во тавче со малку зејтин и путер. Потоа го префрлив во тенџерето со спанаќ и се` убаво пропржив, додадов само 1 лаж. вегета и малку бибер.
    Купив канелони на Барила.
    Ватросталната тава ја премачкав со путер и ги редев внатре канелоните полнети со филот од спанаќ и мелено месо претходно НЕ обарени, така директно ги полнев. Мојата тава ми собра 13 манелони, всушност толку фил имав. :D
    Потоа одозгора исурив 500мл. томатело и 250 мл. хопла. Покрив со ал. фолија и на 200 степени печев 40 мин.
    Ја извадив фолијата, наредив кашкавал и печев додека кашкавалот се растопи и зарумени, околу 5-10 мин. на истата температура.
    Како прилог употребивме павлака.
    Фала Битерсвит за рецептот, пре пре преубаво.

    Еве и сликички.
     

    Прикачени фајлови:

    • kaneloni.jpg
      kaneloni.jpg
      Големина на фајлот:
      157,9 KB
      Прегледи:
      511
    На mims-89, bittersweet, Vetruska и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Maja06

    Maja06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Канелони пица:
    Се става во сад секако во зависност од количината што ја правис се става сецкано се на многу ситни коцкички шунка, нешто по избор чадено сувомеснато, кашкавал или моцарела, кисели крставички и црни маслинки!! Сето тоа се меша со павлака и се додаваат сол и бибер.Со таа смеса се полнат канелоните. На намрсено тавче ги редам канелоните и ги преливам со доматно пире и малку вода и ги печам 20 минути и пред крај рендам кашкавал одозгора!!!
    Превкусни се :)
     
    На Mishela, lolyta777 и malecka91 им се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Канелони со мелено месо
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC09348.JPG
      DSC09348.JPG
      Големина на фајлот:
      258,6 KB
      Прегледи:
      294
    • DSC09353.JPG
      DSC09353.JPG
      Големина на фајлот:
      336,8 KB
      Прегледи:
      291
    На joy1 и koritsaki им се допаѓа ова.
  17. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    5.083
    Пол:
    Женски
    Колку пари се канелоните?
    Одамна се спремам да направам ама скапички се ако не се лажам...
     
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Во стокомак се најевтини. Околу шеесет денари се.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Во Тинекс имаш од 70-80 денари (за 4ца јас два пати правам ручек со едно пакетче 250гр), има и поскапи до кај 100 и нешто денари.
    Јас купив на Рискоса околу 80 денари беа.
     
  20. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Дивела се 50.Има околу 25 канелони.Имаше и поскапи имаше 80 и др.не знам колку беа.Важно многу слатки ми беа мене.Лазањи какви купувате?