Здодевна е Лила кога ги прашува натпреварувачите зошто го отвараш тој број и дали нешто ти значи, дали имаш амајлија... Наредниот број истото. И важно ја изрекламира Елена Лука
Емисијата чат - пат ја следам, мислам дека човек треба да е премногу интуитивен за да открие каква сума има во било која кутија.Прочитав во претходните коментари, дека било наместено и како демек Лила знаела која сума, каде е, мене не ми делува така, оти ќе приметев до сега.Според мене играчите, се плашат да ризикуваат, оти ако тргнале со цел да земат пари, гарант нема да добијат голема сума на пари, милиончето мислам дека до сега го нема никој земено, а и претпоставувам дека и понатаму нема да го земе никој, оти за милионче се работи, тешко дека така лесно ќе го земе некој.Сепак, тука повеќе човек треба да се ослони на интуицијата, оти од премногу размислување може скроз да утне.
Некој си Петре Пелицанов, има назад во темава. Почнале да се караат со жена му и ќерката Тие му се дереле бидејќи не земал повеќе пари Ама не можев да го најдам на Јутуб.
Мене таа Гордана или Бади од тие кловновите Биди и Бади ми е снашка од втор братучед.А иналу Лила ми е најодвратна од сите водители.Ми остава впечаток како злобноца да е.Сигурно таа ги изислува понудите и ако во последните рунди има останато високи суми или само високите да се останати тогаш ги наведува да прифатат сума која не е ни блислу до 250 000,а ако ја прифатат тогаш драстично ги зголемува сумите.А за банкарот,некој од екипата е сигурно.
Не е местено, буквално е чиста среќа. Една роднина учествуваше, па бев на снимање, зошто многу е глупаво што мора да носиш публика секој пат кога има снимање, а одиш на снимања многу пати пред да стигнеш на ред. (зошто не ги бираат по случајност, туку кој кога дошол, па чека да поминат сите пред него па да стигнеш на ред) Пред снимање секој учесник си зема кутија која тој ја сака и нема шанса да знаеш која сума каде е. Добро, нормално дека од продукција знаат која сума во кој број е, па на крај нудат смени на кутии и слично. И, вистински ѕвони телефонот, ама не знам кој се јавува
се пријавив преку мејл за емисијата и сега ме интересира сите ли ги бираат што се пријават и колку време се чека да добиеш одговор?
и што ако лила и банакрот знаат во која кутија која сума се наоѓа кога натпреварувачите се тие кои бираат која кутија да биде отворена....
Здраво.Ме избраа за учество во квизот,па ме интересира ако некој знае да ми одговори,колку дена ке трае кастингот и снимањето,т.е. колку дена ќе треба да престојувам во скопје,и како е целата процедура.Благодарам
Се иде четврток и петок на снимање се снима по 2-3 емисии тие денови. нормално си носиш публика мада ке играш коа ке завршат сите што биле одбрани во квизот пред тебе.си блечеш бројче за која кутија ке ја имаш.интересно а парите коа ги даваат и дали ги даваат незнам.и ја бев викната пошто се пријавив али работа не стигнав на кастингот .
Како се пријавувате на квизот? Јас сакам да го пријавам дечко ми јас немам многу среќа во игри на среќа ама тој има и тоа многу..
На страната на сител има емаил од квизот...ваљда преку емаил се врши пријавувањето...поздрав и пробајте си ја среќата
Квизов многу ми е глуп, нема концепт, барем да биде интересен нешто како квиз на знаење барем знаеш има натпревар некаков, ова бројки од памет лупаат а Лила лечи комплекси преку натпреварувачите, поглуп квиз мислам дека неможе да се измисли.
Добро а како баш сите роднини на секој натпреварувач седат бе на иста страна, е тоа никако не ми е јасно?