1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кефир

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Lilit, 18 септември 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.523
    Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ печурката на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет.Од таа причина, кефирот најдобро е да го подготвите во домашни услови.

    Kefirpilze

    “Кефир”, е пробиотски млечен производ, што од дамнешните времиња им е познат на жителите на Кавказ.

    Според преданијата зрнцата и упатствата за негова подготовка староседелците ги добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заповед за чување на тајната.Се смета како еликсир на младоста, животот и долговечноста.

    Историја

    Жителите на Кавказ, за кои се верува дека виталноста и долговечноста ја должат токму на секојдневното уживање на овој лековит напиток, со векови љубоморно ја чувале тајната за подготовката на кефир. Всушност, се до моментот кога во приказната се вплеткала љубовта.

    За жал, несреќната љубов – барем за едниот учесник во приказната, принцот Beg – Mirza Barchorov. Со почеток на 20-ти век преубавата Русинка Irina Sakharova одлучила да го посети во Кисловодск, град на север на Кавказ, со намисла да го заведе и да измами од него неколку скапоцени зрнца за подготовка на кефир. Првиот дел од планот во целост успеал, но не и вториот, бидејки вљубениот принц стравувајки од казна за кршење на верски закон, одбил да и ја исполни желбата на Ирина, после што разочараната убавица со незавршена работа се вратила назад.

    kefir1Но принцот немал намера да и дозволи да се оддалечи, па во склад со локалниот обичај, наредил киднапирање на невестата. Сепак, свадбата пропаднала откако придружбата на Ирина го известила царот за скандалозната намисла на принцот. Огорчен од постапката на принцот, царот му наредил навредата нанесена на Ирина да ја исправи така што ќе и подари филџан со зрнца за подготовка на кефир.

    И така почнало.

    Оттогаш па натаму, кефирот постепено се проширил по цел свет, а со тек на време многимина се увериле во неговите лековити својства.

    Лековити својства на кефирот

    Тој вкусен и освежителен киселкаст напиток се подготвува од таканаречените печурки на кефир, иако се работи всушност за симбиоза на корисни бактерии и габички. Искуството покажало дека кефирот поволно влијае на здравјето, лекува или помага при лекување на многу болести и тегоби.

    Кефирот не дебелее. Во 100 грама со масленост од 3,5 грама има 63 калории (што е исто како и кај јогуртот), а има и силно својство на регулирање на дигестивниот систем. Го користат луѓето кои имаат тегоби во дигестивниот систем, но и оние кои имаат проблеми со коските, затоа што бактериите кои ги има кефирот, помагаат во нивното зајакнување.

    kefir granes

    Исто така, постои и т.н воден кефир, познат како јапонски кристали. Тој е еден вид на кефирна габа. Има слични својства со комбухата, но е многу поедноставен за одржување (нешто како млечниот кефир). Многу помага за нормализирање на крвниот притисок, холестеролот, нивото на шеќер во крвта, го зголемува имунитетот, а ги намалува ризиците за канцерогени заболувања

    Редовно конзумирање на кефир…

    kefir4- го јакне имунитетот

    - го чисти организмот од токсини

    - помага во воспоставување на нормален крвен притисок

    - го намалува нивото на холестерол

    - помага при болести на желудник.

    kefir5

    - ја обновува флората и ги ублажува цревните болести

    - помага при болести на црниот дроб, бубрези и жолчка

    - лекува воспалителни процеси ( природен антибиотик )

    - помага при слабокрвност и слаба циркулација

    kefir-grains1- лекува респираторни заболувања

    - помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем

    - делува против габички и бактерии- го успорува ширењето на канцерогените клетки

    - помага кај астма и алергии

    Исто така содржи многу пробиотици или т.н добри бактерии кои се многу важни за дигестивниот тракт како на пример:

    Lactobacillus Caucasus,
    Leuconostoc,
    Streptococcus,
    Acetobacter,
    И неколку благотворни квасци како Saccharomyces и Torula kefir.

    Подготвување на кефир

    Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ печурката на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет. најдобро е да го подготвите во домашни услови.

    images

    Начинот на подготовка е многу едноставен. Потребно е само млеко и печурки, односно зрнца од кефир. Традиционално, за подготовка на кефир не се користат метални садови и лажици, бидејки може да го уништат лековитото дејство на напитокот.

    За пола литар на кефир е потребно две лажици од зрнца и било какво млеко ( кравјо, овчо, козјо ).Млекото може да биде варено или не, но не смее да биде врело. Се препорачува млекото да не содржи помалку од 2,8% маснотии – колку е содржината на маснотии во млекото поголема, кефирот е подобар.

    Постапка

    Млекото се става во стаклен или пластичен сад и се ставаат зрнцата. Се поклопува ( на пример со тањир ), и се остава на собна температура 24 часа. Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени. Во рок од 24 часа течноста ќе се згусне. Може повремено да се промеша поради проверка на густината.После тоа, треба да се процеди кефирот ( се препорачува да се користи пластична цедалка ), да се прелие во шише и да се чува во фрижидер.

    kefir 6Печурката на кефирот треба да се измие со ладна или млака вода и ден – два ( до следната употреба ) да се остави во фрижидер, во ладна вода или млеко. Зрнцата од кефир многу брзо ќе се намножат, што ќе овозможи добивање на поголема количина на напиток. Количината на млеко за подготвување на кефир се зголемува сразмерно на количината на зрнца.

    Напитокот за цел на одржување на здравјето и виталноста може да го пиете секојдневно.

    Се препорачува да се започне со 1 дцл и постепено да се зголемува количината. За тераписки цели пијте еден литар кефир дневно.

    Каде да ја набавите печурката на кефирот

    За жал печурката не можете да ја набавите во трговија. Може да ја набавите од некој кој веќе ја има. Таа брзо се размножува, па не е проблем да се подели со други.


    Јас сум заљубена во вкусот на кефирот и воедно ми е многу потребен од здравствени причини. Долго го купуваме оној на Виндија,ама нели, не е тоа тоа, иако вкусот е супер.
    Па би ми значело ако некој можеби знае каде можам да ја најдам габата?!
     
    На Beti baby, Firc, Lolo5 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Баба ми јаде кефир, па така и јас се навикнав. Ми се допаѓа многу. :)
    Домашен не сум пробала.
     
  3. Pencitita

    Pencitita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Zenski znaete li vo koj market mozam da nabavam kefir? Se ubiv od baranje nemozam da najdam? :/
     
  4. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    А јас пак среќна дека си имаме и тема на форумов за кефир,ама еве читам дека тешко може да се најде како габа! Па ајде феминки,ако има некоја нека каже како може да се дојде до неа! Ми треба за дигестивниот тракт најмногу,ама и за имунитет!
     
    На Beti baby и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Кефирот е одличен за лекување на псоријаза. но тешко се најдува габата.
     
  6. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Дали некоја феминка има искуство како се подготвува млечниот кефир?
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Се става кефирот (габата) во стаклена тегла и во однос на количината на габата се става млеко. Ако зборуваме за стандардна тегла, тогаш се остава да стои на собна температура 24 часа. Се покрива со газа, но никако не се затвора со капаче.
    Претежно јас ја оставам и по 48 часа и тогаш се прави екстра кисело млеко, да го сечеш со нож.
    Кога габата ја вадите од млекото се истура на пластична цедалка, никако на метална и со помош на пластична или дрвена лажичка се промешува убаво, се прецедува млекото (готовиот млечен кефир) во друг сад и потоа се мие габата под млаз вода. Потоа повторно се враќа во теглата и се дополнува со млеко, без разлика дали е ладно или не, но никако жешко.
    Ако секој ден или на два денови се прави ова, за еден месец ќе се добие двојно повеќе размножена габа. Ние ја имаме дома, но бидејќи се сега пости, така стои во тегла со вода.
    Знам дека е доста лековит млечниот кефир, најмногу за малигни заболувања. Сега брзо читав искуство на жена со хпв, која само со кефир се излечила.
    Да би имала можност и да би го правела кефирот секој ден, па кога повеќе би се размножил искрено и би ви дала на кој што сакате. :)
     
    На BossGirl123, eta, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  8. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Фала на инфо Serafima, јас ја набавив габата и се мислев што да правам сега дека постам, како да ја чувам, колку време може да стои во вода, во тегла во фрижидер?
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Се извинувам што доцнам со одговорот.
    Мила @macunka , габата може да стои неограничено во вода, само работата е што нема да се размножува. Јас не ја ставам во фрижидер, туку ја оставам на собна температура (само не ја затворај со капак од теглата, нека дише, прекриј ја со чиста газа). Зависи кога како, но најчето на 3-4 денови и ја менувам водата. Така може да стои многу долго, не само месец или два кога е време на пост.
    Ако има нешто нејасно, слободно прашај :).
     
    На eta и galapce им се допаѓа ова.
  10. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Фала @Serafima , еве конечно денес го пробав кефирот, со изблендирана аронија, лажица мед и овесни снегулки, ммм многу беше вкусно , овошно јогуртче .А за натака ќе го имам во предвид чувањето.
     
  11. Ivona12

    Ivona12 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zdravo feminki .. Pred nekoj den pocnav da go koristam KEFIROT bidejki iamam problem so cikrulacijata .. Citav deka se pie 21 den ,po malku sekoe sabajle ( slusnav deka od nego se kacuvalo nekoe kilce plus ) .. Pa me interesira vase mislenje dokolku nekoj/a od vas go ima koristeno ... Dali ste zadovolni ?? Fala odnapred
     
  12. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Дали слушнал некој за тоа дека ако не е убаво процеден кефирот од габата, односно ако остане малку габа во кефирот што го пиеме имало шанси да ни остане во стомак и таму да си растела габата ???? Сега ми го кажа ова другарка ми, затоа она не пиела кефир и било шубе, а јас баш почнав редовно да си го пијам и супер ми е
     
  13. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Сега си направив овошен кефир и се запрепастив од вкусот, мора да го споделам. Си изблендирав една рака аронија и замрзнато шумско овошје, една ипол банана, го додадов кефирот и ставив една лажичка мед. ммммммм мн вкусно, подобар вкус од купен овошен јогурт
     
  14. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Не сум слушнала за кефир :D
     
  15. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Јас пред некој испив и некои делчиња од габата,во цедењето нечто ситно ми излезе од цедалката,па читам тука дека можела да расте во натре во организмот,ај ваљда не е така хахаха
     
  16. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Од каде ја земавте кефирната габа ? Јас сакам да земам ама незнам од каде . Ако има некој информација ,ќе ве молам да споделите , или ако има некој размножено би сакала да купам .
     
  17. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Кај да го најдам бе чудовоо?? ;( дај понудете вие што имате ќе платам солидно :D :D сериозна сум! Би сакала да го применувам зашто да не, чим е толку здраво..8)
     
  18. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Мајками го пие кефирот скоро 3 - 4 години.Си ги прецедува со пресно млеко и габата сама си се разможува.Кефирот се продава во продавница но друго е и друг е вкусот дома што си го правиш.Ако некој сака нека ми пише :)
     
  19. QueenElizabeth

    QueenElizabeth Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Го има во рамстор,во тој рамстор кај државна болница што е...иначе не е скап,се надевам помогнав :);)
     
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Конкретно габа (не готов кефир за пиење) гледав едно време рекламираа Биокулт дека продаваат, и ако не се лажам цената беше 800-900ден.
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.