Да, ама немам правено лиснати а посни. Со јогурт е тестото на лиснатите. Ќе видам можеби имам и за лиснати посни рецепт. Многу рецепти ама секогаш правам од испробаните
Обични кифли. 1литар млеко, 2 квасеци, 24лажици супени масло, 4 лажички кафени рамни сол, 8 лажички кафени шеќер и брашно по потреба ( со тоа што како што спомнав погоре, прво течните состојки писле брашното, влегува околу 2кг. Брашно). Тестото стасува 2 пати и се формираат кифли. Каква сакаш форма. Јас од ова тесто правам и мини пици, обично за роденден за децава. Квасецот го замесуван настрана со шеќер и брашно и чекам да стаса.
Лиснати кифли. 600гр брашно, 200мл. Млеко, 20 мл јогурт, 100мл масло, 1 квасец, 2 јајца, 1 лажица шеќер, малку сол и маргарин за премачкување. Во млако млеко ставете 1 лажица шеќер и квасецот да надојди и потоа стевете го во брашното и заедно со другите состојки направете меко тесто. Тестото веднаш се дели на 8 дела и се остава да отстои 10 мин. Потоа секое топче се сучи како мало кругче и се мачка со маргарин. Јас мачкам на две места по 4 корички. Последното не се мачка. Така ги оставам во фрижидер 1 час ама може и 30мин или подолго од час не е грешка. Потоа се расукува кора и се сечат кифлички. Не ги правете големи за да не дојдат како кроасани. Направените кифлички се оставаат 2 часа да нараснат пред да се печат. Пред печење се начкаат со јајце и сусам. Маргаринот за премачкување обавезно да е на собна температура за полесно мачкање.
ја така ја зезав сестра ми кога беше помлада и пробуваше да направи ориз....го имаше ко соѕидано цела вилица да ти отпадне со еден гриз ама сега го прави врв
Така се учи се, јас со кифли немам утки правено ама мајками е експерт за кифли и од дете со неа правев. Плус сега имам стручен дома за тесто само тестото за пица не ми го кажува кога сакаме дома тој го меси навечер скришум го премолив еднаш не бе не кажува...деловна тајна. Ама тестото е врв таква пица во пицерија тешко. Имам утки со ручеци правено.
Ќе го пробам рецептов за празнициве се надевам убави ќе бидат. Мераклика сум по кифлички ама меки да се и сочни а никогаш не сум погодила така.Се надевам сега ќе ги погодам.
епа убаво убавото го препознава и како со супер лепило се соединуваат, а вистински мајстор го зачувува тајниот рецепт секогаш и не го споделува..си се пренесува од генерација на генерација, чекајќи го вистинскиот наследник за да му го пренесе знаењето....а ако тестото е созреано и прави чуда со загревањето на пицата, тогаш нејзиното природно величие уште појако ќе дојде до вкусен и уникатен гастрономски израз и ќе настрви многу гладни
Да така е... незнам што му прави ама е нешто прекрасно. И не го ѓњавам веќе се помирив дека нема јас да го направам Само незнам како не му е мака навечер од кога јас ќе заспијам да стани да го меси за утредента да направи пица
Испаѓаат ли убаво меки? Никако да погодам обично ги замрзнувам па кога ќе ги одмрзнам некако ич не ми се меки... Ќе пробам баш по овој рецепт,ги мачкаш сигурно со јајце и маргарин пред печење така?
Еве еден испробан посен рецепт по кој правев кифли на св.Никола и нема кој не ги бендиса 2кг брашно 1кг вода 500мл зејтин 2 коцки квасец 20 мали лажички шеќер 10 мали лажички сол Меки се како памук и превкусни, а дозата ако ти е многу, можеш да ја скратиш секако