1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кифли

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 6 септември 2010.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Нели покусо да не останам да го пофалам рецептот на Аnnath оној првиот, најпрвиот.

    Вчера решена јас кифлички ќе правам, за прв пат во мојот живот. Дозата ја преполовив и тоа буквално, нели вика 3 јајца, епа ја едно и пол ставив, едно цело а другото го разматив и пола ставив. Среќа цимерката не беше дома да ме гледа како се глупирам, ама успешно беше се. :)
    Искрено, бев изненадена колку просто се прават, а колку многу излегуваат. На мајка ми кога и кажав почна да ми се крсти и сега ме чекаат дома кифли да им правам. Само уште да сфатам како се виткаат убаво кифлите, јас импровизирав со моиве ама ќе одам на часови кај баба ми.

    Се на се, одличен рецепт, препорачувам. :!:
     
    На Sexy-Lady и Annath им се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ете и од мене едни кифлички кои што навистина се вкусни
    Солени перничиња
    Состојки
    тесто
    500 гр брашно
    3 варени компири
    2 жолчки
    1 кесичка сув квасец
    150 мл млеко
    1 лажица сол
    фил
    200 гр салама
    3 лажици павлака
    за премачкување
    2 белки
    Подготовка
    Во сад ги ставаме млекото, жолчките, квасецот, сол, компирите изрендани и брашното и замесуваме тесто. Се остава да стаса потоа се премесува и се остава малку да одмори. Се сука кора и се сече на коцки. На секоја коцка се става од филот и се витка како ролна. Се редат во подмачкана тепсија и се премачкуваат со белка и се поросуваат со сусам. Ги оставаме 5 минути и потоа ги печеме во загреана релна на 200 степени додека да поруменат. Кога ќе ги извадиме од релна ги премачкуваме со путер или маргарин.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Посни кифлички, ПРЕУБАВИ, кој не ми верува нека повели утре на слава кај мене да ги проба :P

    500гр. брашно
    1 квасец растопен во млака вода, со малце сол, шеќер и брашно
    1,5 лажичка сол
    3 лажици шеќер
    250-300гр варени и блендирани моркови
    150мл масло
    млака вода по потреба

    Се меси тесто (да не се лепи на раце ама да е меко ко за лепче) од се` погоре наведено, и се дели на 2 дела, па секој дел на уште 4. Се отвара мала кора од секое делче, се мачка со маргарин одозгора и така се редат сите 4 едно над друго, со маргарин измеѓу нив. Се отвара кора со дебелина од пола сантиметар, се сечат шеснаестинки и се вртат кифличките. Истово се повторува и со другата половина.

    Кога се готови, се редат во плех (скоро повеќе од 1 плех ќе фати) и одозгора се мачкаат со сенф помешан со вода, се наросуваат со сусам и се оставаат да надојдат 1 саат точно. Се печат во загреана рерна на 180-200 степени.
    Супер погодни за деца, а и ги обожаваат!

    Добар апетит :)
     
    На bittersweet, Annath, DeMelo и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Немав време да пишам кога ставив like на постов, ама слободно си можела две јајца да ставиш, што ќе ги делиш :D ;)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за пост врз пост, ама мислам дека нема тема за рецепти за бели пецива, па тука ќе го пишам овој рецепт. Како кифла му доаѓа, па може да се пише и тука.

    ПОЧА

    Две шолји брашно
    половина лажица сол
    лажица сув квасец или половина свеж квасец
    четвртина шолја маслиново масло
    четвртина шолја омекнат путер
    четвртина шолја јогурт
    белка од јајце
    половина шолја издробено фета сирење
    грст свежи зачини - магдонос, мајчина душица, копар - може и сушени.

    Во длабок сад се мешаат брашното, солта и квасецот. Се додава путерот, белката, јогуртот и маслото. Се меси меко тесто. Сирењето се дроби со вилушка и се меша со зачините и една лажица јогурт. Може да се додаде и црн пипер или лути пиперчиња по желба.
    Од тестото се прават топчиња. Едно топче се сука (да добие овална форма), со нож се прават два засеци на едната страна, се става сирење на другата страна и се преклопува така што засеците ќе дојдат од горната страна (се надевам ме разбравте :) ). Се мачкаат со јајце, се печат на 200 степени, околу 15-20 минути.
    Повкусни се после ден-два, проверено. Ако не јадете риба, не ставајте копар во сирењето :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC02554.JPG
      DSC02554.JPG
      Големина на фајлот:
      320,8 KB
      Прегледи:
      593
    На Giovanna, baby-star, karenin и 6 други им се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Стратешки тоа, со половината јајце се премачкуваат одозгора. :D
    А да ги дофалам, јас бидејќи направив доста повеќето ги замрзнав. Неделава цело време бев на предавање и сабајлечки ги одмрзнував во рерна, па со мене за ручек. Леле колку се убави, како тазе да се од печење извадени. Планирам деновив уште една доза да направам, од правата уште 3 има. :)
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Aј дајте некои лесни и интересни фори за правење кифлички, мислам на формата, рецептот на векот веќе Aнат го откри :D :D
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Аууу не ми се верува, имало некој што мисли на истите работи како мене :D:D
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На sementa и ludoto19 им се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Овие кифлички денеска прв пат ги направивме и се највкусните што до сега сум ги пробала :mm:
    2квасеци
    3 филџани масло
    3 лажици сол
    3 лажици шеќер
    3 белки од јајца,жолчките се делат за премачкување од озгора
    шоља и пол млеко
    1килограм брашно
    Маргарин
    Сето ова се меси убаво се додека не се добие убава смеса.Се дели на 8 дела ,секој дел се сука како кора и се сечат 8 малечки парчиња.Во секое парче по желба може да се става сиренце или нешто друго и се витка во форма на полжавче.Кифлињата се премачкуваат одозгора со жолчката и се ренда маргарин врз нив.Се печат на температура од 200 степени.
     
    На Ammy.Lee, SheBunny1 и Annath им се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Да си жива и здрава Аnnath за првиот рецепт за кифлички.Денеска ги направив и беа многу вкусни и меки,само од кога се изладија не беа толку меки.Не знам што би можело да биде,можеби се препечени:)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    За да ви бидат меки кифлиците тестото треба два пати да ви стаса. И после кифлиците уште малку така наредени во плехот да стасаат ... ќе бидат меки и после ден, два, три ...
     
    На ceca-1, Sexy-Lady, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Да, треба да се киснат, пожелно е. Ама некогаш и до квасецот е. Јас обично користам свеж квасец, го купував овој на Зико. Ама во последно време кога и да правам нешто со овој квасец, не ми киснат ко што треба, па си купив квасец на Ди-Го (свеж, коцка) и подобро е :) Со квасец во прав не сум правела, немам искуство.
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Од свежиот само, мајка ми го користи само тој. Ама стасувањето на овој начин ги прави да се меки.
     
  14. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    А дали млекото треба да биде топло или нема врска?Оти мајка ми вели дека кога ги раздробуваш квасците во млекото,тоа треба да биде топло и да месеш побрзо да не се излади тестото за да ти стаса.Дали е точно?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Пожелно е да е барем млако, да кисне квасецот побрзо. А тестото не мора да е топло, ќе го ставиш на топло, веднаш ќе нарасне :)
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    357
    Имате прекрасни рецепти за кифли. Јас немам некој посебен кој би го напишала. Само би ви повторила нешто кое го знаете.

    Но можам да ви дадам еден совет кој јас го практикувам : го оставам тестото да одстои 1 час и потоа го умесувам уште еднаш,го покривам со најлонска кеса и го оставам уште еден час. А размесените кифли ги покривам со најлонска фолија или неколку кеси зависно што имам при рака и пред печење ги оставам да одстојат 1 час. После ова секогаш имам премеки кифли.
    И имам слушнато дека ако во тестото се ставаат јајца кифлите побрзо ќе се стврднуваат. :hai:
     
  17. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Посни кифли
    За подготовка на овие посни кифлички потребно е околу 1 кгр брашно, пола литар топла вода(пола минерална, пола обична), една чаша од 2 дл масло, 2-3 лажичиња шеќер, 1 лажица сол, 1 коцка квасец (40 гр), 1 маргарин "кристал".
    Во пола чаша топла вода и 1 лажичка шеќер се става квасецот и 3-4 лажичиња брашно да надојде.Се промешува и пак се остава да надојде.
    Се замесува средно меко тесто од брашното,маслото, водата, останатите состојки и надојдениот квасец. Се остава на топло да одмара и при тоа неколку пати се премесува. Се дели на 4 дела. Секој дел се дели на по 8 топчиња, се сучат катмерчиња и се премачкуваат (7) со маргарин, осмото се става одозгора, се притиска малку и се става настрана, постапката се повторува со остнатите точиња. Се развлекува кора од осумте катмерчиња поголема и се дели на 16 дела. Се виткаат кифлички, се редат во плек за печење премачкан со малку маргарин. Се оставаат да надојдат убаво покриени со платнена салфета, но не на многу топло, за да не се стопи маргаринот. Бидејќи се посни не се премачкуваат со ништо,се ставаат во загреана рерна (250 степ.), а по некое време се намалува температурата и убаво се печат.Од оваа количина излегуваат два плека кифлички, кои по желба можат и да се смрзнат.

    Меки излегуваат :)
     
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Мајка ми го гледала на тв оној на канал 5 мислам беше што прави јадења, правел кифли и откако ја расукал кората ја премачкал со маргарин па после ги мотал кифлите. НИ СЛУЧАЈНО ДА НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ ВАКА ДА ГИ ПРАВИТЕ. Откако ќе се испечат, да, убави се и меки, ама утредента ептен се ронат и тврди се, башка тоа на мајка ми и испукаа одозгора. Ептен се изнервира жената.
     
  19. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Кифлииииии :geek: какви ги напраиш ги напраиш дајте ги кај мене нема мани да ви најдам штом се кифли :inlove:
     
  20. barbara-13

    barbara-13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Дали знаете рецепт за солени гурабии? Никако не можам да најдам, а многу се вкусни. :)