Што мислите за коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА предводена од Демократскиот Сојуз (лидер Павле Трајанов)? Коалицијата е составена од ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО - Работничка партија. Тие се третиот блок односно третата опција во Република Македонија која не е дел ни од ВМРО ДПМНЕ ни од СДСМ. Нивното мото е НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ РЕЖИМОТ ЌЕ ПАДНЕ. Нивни носители на изборни листи се: Павле Трајанов - носител на Изборна единица 1 Јове Кекеновски - носител на Изборна единица 2 Весна Стоименовска - носител на Изборна единица 3 Слободан Богоески - носител на Изборна единица 4 Александар Делов - носител на Изборна единица 5 Бранко Мајсторовски - носител на Изборна единица 6 Еве некои од нивните проекти и ветувања: http://www.demokratskisojuz.org.mk/...ta-za-promeni-i-pravda-ne-e-izguben-glas.nspx http://www.demokratskisojuz.org.mk/...promeni-i-pravda-vojna-protiv-kriminalot.nspx Јас искрено да ви кажам сум импресионирана од нив. Јас одамна изгубив надеж за избори и македонска политика, ама откако се појавија овие, некако повторно имам надеж. До сега сум била неопределена. Посебно ми се допаѓа тоа што ќе го спроведат проектот ДЕКРИ кој што Павле Трајанов одамна сакаше да го спроведе додека беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, ама немаше можност за тоа (не му дадоа можност како што сите видовме). Друга работа тоа што ќе направат минимална пензија 200 евра, минимална плата 300 евра. Весна Стоименовска во 3ката вели дека најголем проблем во Источна Македонија е иселувањето на младите. Слободан Богоески вели дека ќе ги вратат украдените пари но не во буџетот туку на граѓаните на Македонија. На секое семејство му доаѓа по 13,500 евра. http://fokus.mk/bogoeski-ke-gi-vratime-ukradenite-pari-a-sekoe-semejstvo-ke-dobie-po-13-500-evra/ Им ја прочитав програмата и има многу убави работи и можности за младите, ми се допаѓа тоа што им посветиле добар дел на младите. Павле Трајанов исто така вели дека ќе ги вратат позорникарите односно полицајците како порано кога тој беше министер за внатрешни работи. Тој вели дека после средбите со граѓаните, тие велат дека се чувствуваат несигурно и се за оваа идеја. Уште ми се допаѓа делот каде вели дека на референдум ќе можат граѓаните да одлучат дали да се промени работното време и да почнува од 7 часот наутро, се со цел да можат родителите да се посветат на децата. Што мислите вие за оваа трета опција што конечно се појави во Македонија?
Мене ми се супер. Павле Трајанов е докажан чесен политичар. Нема никаква дамка, никаков криминал не направил. Јас му верувам, а и на целиот негов тим. Верувам дека сака да ја подобри Македонија. Конечно трета опција.
Најголем впечаток од оваа коалиција ми остави Весна Стоименовска, да беше во мојата изборна единица ќе гласав за нејзе вака за левите
Цела Музичка Група.. На чело со Хармоникашон Кекеноски А Павле убаво е што нема да биде повеќе пратеник .Зашто он нема повеќе од 100 гласа во цела држава . Цело време се влечкаше со коалиција и користеше пратенички мандат.
Pavle do pred nekoj mesec bese so REZIMOT. Ne mu dadoa uste edno ministersko mesto pa se naluti. Negovava ke vide tresla se gora rodio se mish. Arno mu bese negovite u administracija site gi napikaa partija od 100 clena pa uste sakal. 10 godini u koalicija si bese.
100 гласови? Според реалната анкета, тие се трета политичка сила во државава со рејтинг од 11 и нешто проценти. Ај да ги гледаме реално работиве рекла-казала муабети не сакам да вртиме. Инаку, Павле цело време се обидуваше да го спроведе проектот ДЕКРИ и други проекти, али никој од ДПМНЕ не му дозволи.
Јас за овие планирам да гласам. Не за друго, нема подобро. Сигурно нема да Заев да гласам зашто човекот си ги уништи шансите. Да излезеше на кампања и ништо да речеше, да ќутеше, повеќе гласови ќе добиеше. Двојазичност сакал? Нека дојде во Западна МКД и нека воведе двојазичност за нас македонците што живееме тука. Се што е под буџет тука е полно албанци. Мене никој не ми збори македонски од институциите. Мене ми треба двојазичност за да имам чувство дека не живеам во Голема Албанија. Инаку ќе гласав за Левица, иако сум десничар по политичко убедување, ама нажалост немаат кандидат во 6ка.
Хахаха ова е единствена партија во Македонија која има повеќе членови отколку гласачи. Те молам, кој план декри, гледам уште му е тешко, па „не му давале“ ???