1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Козметика Мелем: Подароци и рецензии

Дискусија во 'Тело' започната од Femina, 23 мај 2016.

  1. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    1.712
    Со идејата да ни ја олесни потрагата по идеалната козметика за нега на кожата, хрватскиот бренд Мелем подарува сет-производи за најактивните форумџики во темите за нега на лице и тело, кои потоа ќе го споделат своето искуство преку рецензии.

    Сет-подароците вклучуваат:
    • Мелем крем 35ml
    • Мелем крем 10ml
    • Мелем стик за усни

    [​IMG]

    Секоја недела во текот на два месеца ќе подаруваме по два сета, а добитничките по тестирањето на производите ќе ги споделат впечатоците.

    Сетови добија:
    @Mishela и @Rose96
    @Artemission и @Veki4kaa
    @Dijana и @izi_1986
    @Elence93 и @Summerlover
    @duffi, @AnaKarenina и @Nausicaa
    Со нетрпение ги очекуваме првите рецензии. :)

    Накратко за Мелем

    Мелем е природен крем за нега на кожата на целото тело. Не содржи конзерванси, силикони и кортикостероиди.

    Во составот на Мелем влегуваат висококвалитетни, природни состојки – ланолин, пчелин восок и рицинусово масло. Ланолинот ја прави кожата мека, мазна и заштитена. Брзо и нежно ја смирува надразнетата кожа и помага при брзото заздравување. Пчелниот восок има анти-воспалително дејство и ја навлажува и храни кожата. Во комбинација со рицинусовото масло, помага за побрзо заздравување, правејќи ја кожата мека и нежна.

    [​IMG]

    Мелем создава заштитна бариера на кожата, штитејќи ја од негативни надворешни влијанија, а во исто време ѝ помага сама да се хидратизира. Со своето благотворно дејство, рацете, ноктите, нозете, лактите, бебешката кожа, па дури и врвовите на вашата коса, ќе бидат негувани и меки во секое време. Мелем ефикасно ја негува и ја штити кожата на усните, лицето и целото тело и ги спречува негативните влијанија врз кожата во текот на целата година.
     
    Последна измена од модератор: 1 август 2016
    На EMoonlight, SnowWhite8, Aleksandar1212 и 34 други им се допаѓа ова.
  2. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Им благодарам на Фемина што ми ги доделија овие производи и имав чест да ги пробам.
    Ги користам скоро 2-3 недели и решив да напишам рецензија.

    Добив Мелем во стик , Мелем крем од 35 мл и Мелем крем од 10мл

    [​IMG]

    Кај мене дома од секогаш се користело мелем па од прилика знаев за што се работи. Мелемот од 35 мл го користев секојдневно на сувите делови од телото. Има цврста текстура, па со допир со телото се топи и лесно се нанесува. Потребна е многу мала количина, па затоа секогаш почнувајте со помала количина па по потреба земајте повеќе за полесно за се впие во кожата, ако се претера остава лепливо и непријатно чуство на кожата.

    Мене многу ми помогна за сувите стапала и за кутикулите околу ноктите што ми се најголем проблем. Исто така помага и при заздравување на надрзанета кожа, делува многу брзо што многу ми се допадна. Имав проблем со внатрешни влакна на нозете и имав буквално рани по нозете и со мелемот тие флеки се помалку видливи.

    Исто така за сите девојки со суви усни или што секојдневно користат мат кармнини мелемот е спас за суви и испукани усни.

    [​IMG]

    Иако повеќе ми се допаѓа мелемот во тегличка поради меката текстура, мелемот во стик е одличен за носење во чанта кога сте надвор од дома поради хигиенски причини и исто така е многу по практичен и по едноставен за употеба.

    Јас ви ги препорачувам да си ги пробате и верувам дека ќе бидете многу задоволни. Мене ми се веќе дел од секојдневната рутина за нега на кожата. До сега немав никакви несакани ефекти од мелемот.
     

    Прикачени фајлови:

    • 1111.jpg
      1111.jpg
      Големина на фајлот:
      154,8 KB
      Прегледи:
      97
    • 2222.jpg
      2222.jpg
      Големина на фајлот:
      229,7 KB
      Прегледи:
      95
    На Salome, sugarlips, Artemission и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Мојот несесер „плачеше“ за новитети, па морам да признам дека козметиката на Мелем беше повеќе од добредојдена кај мене. :)

    Тестирам: Мелем крем од 35ml, Мелем крем од 10ml и Мелем стик за усни.

    [​IMG]

    Исчитав многу позитивни коментари за козметиката Мелем, а сега увидувам дека биле заслужени. Кремот го дава она што го ветува: ја навлажнува, омекнува и смирува кожата. (y)

    Многу лесно се разнесува (топлото време дополнително го олеснува изедначувањето по кожата), а по мачкањето веднаш чувствувате мекост. Уште една од позитивните страни е што има нежен, пријатен мирис.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Бидејќи се препорачува за сува и чувствителна кожа, кремот решив да го испробам на два лишаи на кожата кои ми се појавија во последно време (еден на надлактицата и еден на бутот). Само по 3-4 мачкања забележав дека црвенилото ми е многу намалено, а кожата започна да омекнува.

    [​IMG]

    Сувите усни отсекогаш ми биле проблем, особено зашто ги преферирам кармините со мат финиш. Кога и да ставев кармин, веднаш ми се јавуваа непријатни вертикални брчки (насобраната кожа никако не е секси). Лабелото навистина ја измазнува кожата на усните, полесно го нанесувам карминот, :* а потоа изгледа и дупло подобро.

    [​IMG]

    Конечно ми се ближи долгопланираниот одмор на море. Прочитав дека мелем ептен е полезен крем за црвенилото од сонце. Јас како што сум си бела, секоја година колку и да се пазам, секогаш се случува да „изгорам“ по малку, така што верувам дека ќе ми се најде. :sun:

    Со нови впечатоци, ќе се огласам откако ќе го потестирам малку подолго време. :o:
     
    На My Make Up Bag M, duffi, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  4. izi_1986

    izi_1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Козметиката Мелем веќе неколку месеци е присутна во мојот дом. Верувале или не не ја испробав прва јас, туку му ја препорачаа на маж ми за сувата кожа. Прво почнав да му крадам :D па си купив мое кутивче за в чанта...
    [​IMG]

    Кожата на лицето ми е нормална кон сува. Некои области на образите во близина на бакенбардите ми се многу суви, како и кожата на ноздрите, посебно откако ќе ставам пудра. Кремата е фантастична, лесно се впива во кожата и ти остава пријатно чувство. За мене е одлична како подлога пред пудра, посебно кога ставам и камена пудра и руменило.

    Маж ми ја користи за рацете и за петите и е презадоволен, а јас сум изненадена што дисциплинирано редовно ја употребува.
    [​IMG]
    Советче: Имајте во предвид дека со мало количество од кремата можете да направите голема разлика. Земете само малку и започнете да размачкувате внимателно. Не избрзувајте да се „шлакате“ со многу. Нанесувајте тенок слој, барем 2 пати на ден.

    Кога прочитав од Rose97 дека е добра кремата за кутикулите, ја намачкав пред маникир и пријатно се изненадив од ефектот. :)
    [​IMG]
    Околу 10-12 часа дневно поминувам на биро пред лаптоп и секогаш си ја потпирам главата со левата рака, па кожата на левиот лакт ми е оштетена (потемнета и испукана). Деновиве редовно ставам од кремата и забележувам подобрување.

    Стикот е супер (ова е производ кој најмногу се доближува до оние американските лабела – кој пробал, знае за што зборувам ;)). Другите лабела ја сушат кожата наместо да ја навлажнуваат, ама овде не е тоа случај. Пред спиење ставам малку подебел слој и не се имам разбудено со сува уста иако спиеме со клима и е прилично сув воздухот.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Трикче: Кремот е многу нежен и нема проблем да се користи на очните капаци. Го ставам на трепките кога не се шминкам. Ги виткам и ставам од кремот – изгледаат како да сум си ставила кафеава маскара. ;)

    Комшивката моја го користи за брадавиците по доење и е многу задоволна.

    Ако имате нормална/сува/комбинирана кожа, топло го препорачувам Мелем кремот.
    [​IMG]
     
    На duffi, cresa-jagoda, Jordanovska-K и 5 други им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Мелемчето во тегличка е супер за лакти, па и на раце го мачкам навечер, потоа ставам памучни ракавици и така спијам, па рацете се меки и нежни.

    Стикот за усни воопшто не ми се допаѓаше. Мирисот му е прејак како за стик за усни, и има многу чуден, неубав вкус. Дури и ми се подслошуваше откако ќе го нанесев.

    Туку, oд каде @izi_1986 најактивна во лице и тело? :D Се шалам, знам дека се работи за реклама, ама па може и да не биде толку очигледна.
     
    Последна измена: 24 јуни 2016
    На iloveyou29, koritsaki, Salome и 13 други им се допаѓа ова.
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Разбирам дека сакате да го изрекламирате производот ама немало потреба да ставате член, кој веќе рекламира нешто на форумот, за кој до вчера немавме ни слушнато. Нели и беше доволно ласерот, па сега мора и овде? Со тоа наместо позитивна кампања, во старт потврдивте дека е маркетиншки трик. А имавте еден куп нови мамички кои ќе ви беа навистина благодарни и кои ќе беа вистинската опција затоашто кремчето е баш мрсно и погодно за нивото слатко, растечко стомаче :inlove:
    Жално е што кремчето е добро, како и останатите четири девојки.
     
    Последна измена: 24 јуни 2016
    На koritsaki, Salome, rose60 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733

    Какво е тоа во тегличка? Јас купувам од овие во кутивче. Не сум сретнала тегличе.
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    На тоа мислев, кутивчето. Од Фемина натпреварот само тегли ми се вртат во памет.
     
    На cresa-jagoda, eutixismena и kukla21 им се допаѓа ова.
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Јас поминав само да кажам дека ужасно ме нервира рекламата на сајтот.

    И кога сме веќе кај Мелем, исто така да кажам дека супер ми се покажале.

    Го користев Мелемот во кутивче за некои иритации по телото - одличен е. А балзамот за усни ме спасија зимава.

    Ете толку.
     
    На Salome, rose60, Antebellum и 7 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Исто. За после депилација најдобар ми е! А за муцето мераци :)
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Кај можам да најдам од стикчето за устата? Во обична проданица, во аптека, во специфичен маркет?
    (рекламата е поставена за луѓе ко мене кои гледаат реклама и одма паѓаат на неа :rofl:)
     
  12. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Да дополнам нели имав рани на нозете од внатрешни влакна, сега скоро ми се заздравени и флеките се избледени, шетета што немам слика пред и потоа. На горниот дел од рацете имав сува кожа и на допир се чувствуваа како мали бели точки, сигурно знаете за што зборувам, сега по 1 месец употреба на чудово веќе ги нема. :)
     
    На rose60, Salome, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    За Мелем козметиката прв пат случајно дознав тарашкајќи низ одделот за лабела во локален маркет.
    Морам да признаам дека ме освои едоставниот дизајн и го ставив во корпа, па веќе две изминати зими, усните ги негувам со ова лабело.
    Не паметам дали порано сум ги приметила двете креми во слободна продажба, но верувам дека ако не низ маркети, секако ги има во подобро снабдените аптеки низ земјава.

    Воедно, големо благодарам до одговорните за овој случаен избор - задоволство ми е да напишам нешто повеќе за продуктите кои изминатиов период ги користев зачестено и им најдов мал милион намени. :)
    [​IMG]
    Добив Мелем креми од 35 и 10мл и Мелем во стик, спакувани во кесичка.

    Кремите ми беа најпримамливи - секогаш „паѓам“ на едноставен, а впечатлив дизајн и одвај чекав да видам каков ефект се постигнува со нив на кожа, па ги испробав во неколку најразлични варијанти кои ќе ви ги наведам подоле во текстот како предлог-решенија за употреба.
    [​IMG]

    Нешто подетално за оваа козметика можете да најдете тука.

    I: Мелем стик, за нега на усни
    [​IMG]

    Мене пак сите продукти ми го имаат оној карактеристичен мирис на бебешко во кој уживам да се „давам“. :lol:
    Не се работи за реклама, навистина ми е многу нежен и смирувачки и се „фаќав“ во неколку наврати како го отварам лабелото само за да го мирисам. :D

    Многу пати сум спомнала дека имам осетливи усни, па лабелото е задолжителен продукт во мојот козметички несесер.
    Без разлика кое годишно време е, мојата потреба за хидрирани усни е константна, па Мелем навистина се однесува како „мелем“ на моите напатени усни. :)
    Го нанесувам како подлога не само за мат, туку и за било каков кармин - не можам да ставам кармин ако претходно не обезбедам добра подлога на која тој ќе „лизга“.
    Задолжително е и нанесувањето на дебел слој од лабелото после добар пилинг со шеќер и мед, па усните по овој третман се мазни и негувани.

    II: Заштитна крема за осетлива кожа (35ml/10ml)
    [​IMG]

    Како што спомнав претходно, оваа крема ми беше најинтересна за тестирање затоа што ја немам користено претходно, па затоа и си дадов подолг тест-период за да споредам впечатоци и да најдам ситуации во кои истата би ми била неопходна.

    Станува збор за универзална крема во цврста конзистенција, која може да се користи на сите делови од телото.
    Лесно се топи под дејство на природната температура на кожата, па нанесувањето не е воопшто тешко.
    Од старт заклучив дека би ми била премногу мрсна за мојата масна кожа, а немам лице склоно кон лишаи, па кожата на лицето ја елиминирав прва.

    Меѓутоа, на кремата ѝ најдов доста намени, па во прилог можете да ги прочитате моите препораки за употреба. :)

    1. Балсам за суви стапала: имам многу суви стапала и секогаш најголемо внимание им обрнувам на петиците, кои и покрај темелната рутинска нега, секогаш ми пукаат. Посебно после долго носење високи потпетици - страв и трепет.
    Со години користам детски креми, па ме интересираше како Мелем би се покажала во оваа област.
    Сметам дека периодот на тестирање од 5 недели е сосема доволен за да споделам веродостојни импресии.
    По пенливата купка, пилингот за стапала и турпирањето, целите стапала (особено внимание посветувам на табаните на ножните прстиња и петиците) ги мачкам со подебел слој од Мелем кремата, па ги „пакувам“ стапалата во памучни чорапчиња и најчесто така легнувам да спијам.
    Резултатот е свиленкаста кожа и меки петици, а за одржување на таквиот ефект, нормално дека оваа постапка треба редовно да се практикува. Лично, приметив дека два до три третмани во текот на неделата ми се сосема доволни за да избегнам тортура со сува и оштетена кожа по стапалата. :)

    2. Балсам за нежна и осетлива кожа по депилирање: без разлика дали се депилирам со машинка, восок или шеќерна паста, кожата по целото тело ми е многу светла и многу нежна, па задолжителен чекор после депилација ми е соодветна нега за да не добијам црвенила и пликови или минијатурни акни.
    Кремата најефикасна се покажа на кожата по рацете и интимата.
    Сите кои имаат осетлива кожа и воедно им е преку глава од иритации - топло им ја препорачувам оваа крема.
    Сосема е безбедна да се користи на сите деликатни делови од телото и ги задоволи моите очекувања и покрај фактот што не ми беше баш веродостојно дека би можела да ја употребувам и како средство за заштита по депилација.

    3. Балсам против сува кожа и лишаи: немам проблем со сува кожа по телото, но бидејќи мојата работа вклучува постојана дружба со компјутер и поголемиот дел од денот го минувам со раце потрпени на биро, кожата кај лактите ми е многу сува и често се перути.
    Искрено, тоа го немав приметено додека не се покачија температурите и не почнав да носам маички по кратки ракави.
    Повеќе од еден месец, секое утро и секоја вечер пред легнување си створив рутина и нанесувам од кремата на лактите.
    Навистина сум задоволна од ефектот, зашто одамна немам почувствувано болка или затегање на кожата од тој предел и разликата во квалитетот на кожата е очигледна.
    Кожата е помека и посвежа, не е собрана и исперутена, а верувам дека со понатамошно користење, ефектот би бил сè подобар и подобар и навистина, немам намера да престанам со ваквата нега зашто повеќе од очигледно е дека добро ми делува.

    4. Препарат за ублажување на новонастанати стрии: не сум некој репер во однос на ова прашање, затоа што и не сум некој што може да се „пофали“ со проблем од овој тип, но бидејќи често варирам со килажа, ми се појавуваат мали стрии во областа на задникот и бутовите, па периодов сум насочена кон тестирање на кремата, за да видам дали некако би им делувала на новонастанатите стрии.
    Знаеме дека старите избледени стрии не би можело да ги среди ништо освен хируршки зафат, но мене лично ме интересира дали и како оваа крема би се справила со овој проблем.
    Засега, од неколкунеделното користење можам да кажам дека малите зацрвенети региони се неутрализирани, а дали стриите успешо ќе избледат, ќе објавам дополнително. (fingers)

    5. Маст за омекнување на кутикули: обожавам средени нокти, а маникирот ми е одлична релаксација во слободното време; не можев да одолеам и си правев третмани за кутикулитe, па морам да кажам дека сум навистина задоволна од крајниот ефект.
    Чувствителната кожичка околу ноктите на прстите добива одлична нега и станува ултра-мека и нежна, само за галкање. :lol:

    Сигурна сум дека кремата може да најде многу, многу намени и сметам дека секоја девојка и жена треба да има една во својата колекција.
    Не заради она „ќе се најде“, туку баш поради тоа што излегува во пресрет низ мал милион секојдневни потребштини во врска со негата на лицето и телото.
    [​IMG]
    Мене ми беше многу интересно изминатиот период додека си смислував и тестирав варијанти на употреба, а верувам дека на рапорт ќе се јават сите останати кои се увериле во позитивните ефекти од оваа препаративна козметика.
    Одвај чекам проширување на дијапазонот достапни продукти кај нас, без сомнеж би пробала сè што ќе понуди овој бренд на нашиот пазар.
     
    На Salome, Artemission, duffi и 12 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    И во маркет и во аптека.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    А јас офтопик извинете:lol: кремата каде да ја најдам? Ја немам приметено да се продава посебно само стикот го имам видено
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Ја има во Зегин и Еурофарм. :)
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    А дали може да се користи за испукана кожа проследена со чешање? И која е цената?
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.565
    Пол:
    Женски
    Јас Мелем го користам со години наназад. Прекрасни производи. За сува кожа како мојава е нешто измислено!
     
    На Salome, Nausicaa и kukla21 им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас само да кажам дека е одличен за иритација на препони.
    Повторно би го купила без размислување.
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Од каде ги набавувате производиве?