1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кокошја кожа (Keratosis pilaris)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од angel92, 5 декември 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.203
    Девојки, дали имате кокошја кожа? Дали сте имале некогаш, и ако сте имале - како сте ја "излекле"?
     
  2. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    Извини ама за каков тип на кожа станува збор?
     
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.203
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Мене ми е ваква кожата на надлактиците. Од раѓање ми е таква и сто пати сум била на дерматолог, ми давале секакви креми и никако не поминува.
    Едино во лето, најверојатно од сонцето, ми се губат бубуличките, ама еве сега пак си ги имам (и посебно ми се изразуваат кога е поладно) и кожата ми е зацрвенета.
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Мислам дека блогов ќе ти биде корисен и дека нема да ти пречи што е на хрватски, тука имаш објаснето за болеста и начини на секојдневно справување со истата од некој кој ја има истата.
    http://neseser.hr/blog/sugarplumfairy/pureca-koza-keratosis-pilaris/
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас имам ваква кожа, а како тоа малце да ми беше имам и алгерија на топло и на сонце, па ако летно време сум подолго од половина час директно изложена на сонце, изгледам буквално ко штотуку искубана кокошка :D .
    Ваква ми е кожата на рацете, повеќе на надлактиците и на нозете, на листовите и не ми е толку изразена колку на бутовите.

    Сега не ми е никаков проблем, едноставно си ја прифатив и ја сакам таква каква што е.
    Ме нервира што не е нежна и перфектно мазна како кај други девојки, но со редовен пилинг и добра хидратација има позитивни резултати.
    Јас кога бев во критичниот пубертетски период незнам мајка ми колку пари исподаде по дерматолози и креми. Мене ми беше срам да шетам по кратки, и упорно барав некакво решение.
    Нарачував разни креми, од Грција, од Белград од кај ти не, со цени :x .
    За да сфатам дека сите тие производи имаат само моментален ефект и дека само добро хидрираат.

    Јас еднаш неделно обавезно правам пилинг, оној со шеќерот од Лилит. Потоа мачкам бебешко масло, и седам некое време додека тоа да се впие, потоа мачкам и хидратантно млеко за тело.
    Другите денови кога се туширам, ако немам повеќе време за цела да се мачкам со млеко, гледам сега зимно време барем рацете да ги намачкам.

    Понекогаш мачкам и павловичева, што и да е, битно е ваквата кожа секогаш да е добро хидрирана и потхранувана.
    Да се избледат тие белите/црвените точки неможе во никој случај, единствено што може е да се израмни рапавата структура која ја има ваквата кожа и да се добие помазна и понежна кожа само со добра хидратација и редовен пилинг.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    јас имам МНОГУ мазна кожа, ама сега бидејќи почесто ги бричам нозете над колената ми се појави ваква кожа и незнам што да направам?!
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Немора да значи дека имаш таква кожа, црвените точки може да ти се од иритација од честото бричење.
    Пробај со депилација, и така тоа се прави поретко, ем нема да имаш обрска постојано да се бричиш и нема да ја иритираш кожата постојано па можеби црвенилото и точките ќе се повлечат.
     
  9. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам периодов,зошто тек сега почна да ми се прават видливи ваквите точки на кожата..а пред тоа кожава не ми знаеше што е бубуличе буквално(за нозете само).. :(

    Од кога почнав со депилацијата,после неколку месеци,мислам дека ...после 4 до 5 месеци ми се појавија овие :@ На бутовите немам многу,скоро ич,ама надоле после колената ептен се познаваат и многу ги има,незнам дали се поткожни или.. се нервирам страшно веќе.


    Се мачкам со лосиони,креми,вакви онакви чуда,ништо не помага.. а сепак ми иде помислата дека се поткожни зошто ептен ми станаа ретки влакната од кога почнав со восок.

    Почнав пилинг почесто да правам па ќе видам резултати ..дај боже да се позитивни.
     
  10. fotografija20

    fotografija20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    10
    и јас имам проблем со ваква кожа уште од малечка :( пробував разни креми,пилинзи...ништо не помага...се тоа е краткотрајно и потоа пак се појавува.дали може некој што го надминал овој проблем да помогне или да кажете кои пилинзи ги користите или какви креми...се е добредојдено затоа што зимата тек почна а кожата на нозете ми е катастрофа :(
     
  11. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    54
    Има некој што има ваква кожа да сподели како се справува, ако има најдено некакво решение.
     
  12. Rubinka

    Rubinka Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    И јас уште од кога знам за мене имам на надлактиците, наследство ми е од мајка ми која исто има цел живот исто и сестра ми :\ и во последно време почнав со козјиот сапун пилинг при секое бањање да се стругам директно со него и малку ми се како подсредени за разлика од предходно што ми беа, па може да проба кој сака ;)
     
  13. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    И јас го имам истиот проблем целиот грб и делот од рацете над надлактиците.Воопшто не ми изгледа убаво и никогаш не носам топче или фустан со отворен грб, освен ако не фатам убава боичка на одмор па да се покријат убаво.
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    прв пат слушнав за ова ако најдам некој лек ке ви кажам
     
  15. tpandevska

    tpandevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    помешајте зејтин и шеќер и тријте поминува веднаш
     
  16. vesna007

    vesna007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу блага форма на надлактиците. Последно што прочитав е дека ако се исфрли глутенот состојбата се подобрува. Проблем е што брашно има буквално во се, дури и во јогурт.
     
  17. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    5.603
    Пол:
    Женски
    Ќе те цитирам овде. :)

    Мислам дека нема нешто што е објавено за KP а да не сум прочитала. Буквално од дете го имам, и порано ми беше многу полошо, посебно зашто ако имам нешто на кожата прелесно пигментира, а флеките не ми поминуваат со месеци и месеци. Па уште имав навика да се чепкам, мераци. И на илјада дерматолози отидов, и многу работи пробав, и пак ништо. Ама пак ќе повторам, поткожни имам од депилација, КР имам од генетика, јбг.
    За КР мене лично премногу ми помогна Алепо сапун со 20%, буквално ми ја прероди кожата. И афричкиот сакам да го пробам, многу го сменив мислењето за сапуни во последниве години. Сега ми се незаменливи. За пилингот дефинитивно не мислам дека ќе одговара на било кој секој ден, и јас правам обично на преку еден, а ми одговара зашто имам дебела кожа, не знам како поинаку да објаснам. Ги користам и тие на Kneipp, маслени се а доволно груби. После мачкам или домашен whipped shea butter, масло или некои органски лосион полн масла, на малку влажна кожа. Ова е бар добитна комбинација за мојата кожа, после години и години барање чаре.

    Во однос на лосиони за тело со хемиска ексфолијација во МК, од дерматолог ми беше препорачан лосион за тело со млечна киселина, ама ич не ми текнува на име, само памтам дека беше од грчко производство. Го имаше во повеќе аптеки во Ск, може на некој ќе му помогне.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Девојки да бидам искрена, цел живот мака мачам со ова.
    Е во последните неколку месеци, исфрлив леб, значи скроз намалив со глутенот.
    Кожата ми е препородена. Плус и шеќер малку конзумирам.
    Значи јадам се, не внимавам, само не јадам леб, или да речеме многу ретко кога ќе ми се ептен присака, тестенини многу ретко конзумирам.
    И проблемот со надуен стомак и ова со кожата си го решив. Порано мислев дека глупости се ова со глутенов, а периодов од други причини не ги јадев намирниците и забележав многу позитивна промена и планирам вака да си терам.
    А ги исфрлив од причина што сум под стрес и многу малку конзумирам храна, па за да би јадела повеќе овошје, зеленчук, месо, јајца, здрави маснотии, ги исфрлив тестенините за од другото повеќе да конзумирам.
    И случајно си го имам решено проблемот и искрено баш сум среќна.
    А убаво се сеќавам порано, кога и да јадев многу тестенини во било каква форма, некое чудно чувство на надуеност осеќав и некоја внатрешна нервоза од што ми е тешко на стомакот. Сега ми е екстричка вака.
    А не дека сум на некои диети, едноставно од манџи, салати и такви некои работи конзумирам повеќе намесот храната што ја јадам, пола тестенини да ми биде процентуално земено.
    Секако дека конзумирам јаглехидрати, само не оние простите јаглехидрати и многу позитивна промена осетив кај мене.
    Пробајте може ќе ви помогне, две три недели, и ако и вам тоа ви го причинувало проблемот, ќе си осетите самите како ви иде.
     
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.270
    Допаѓања:
    37.879
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми, мажот ми и синчето имаат ваква кожа на надлактиците. Кај малиот се појавува и на бутовите некогаш. Имав читано дека се прави од нетолеранција на глутен, а еве кај нас и генетски е. Исто и атопичен дерматит имаше ко мал, и мажот ми имал, ама тоа се среди, а ова имам пробано разни кремови и си останува така кожата. Битно не боли, не го чеша, само естетски проблем е.
     
  20. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    @kristina.k , и јас сум со ваква кожа на надлактиците и на лицето. Нема кај не бев, последно во Грција (кога биваше да одиме ) кај докторка која ми рече дека ми е тоа од сува кожа (вистина е дека имам сува кожа,може оти имам хипотироидеа, а може и наследно од мајками незнам) а додека пак на интернет цело време читам дека е од нетолеранција на глутен.
    Кремовите што ми ги правеа во аптека во Грција, едно посебно за рацете, друго за лицето, тоа за рацете ми помогна, да не речам скроз исчезнаа, малку се познаваат ама далеку се од гребење и испакнатост. За лице не ми помогна ни најмалце, исто како да не сум ставала ништо.
    Последниве два месеци сум на безглутенска исхрана 90% (пазам најмногу што можам да не внесам глутен) и можам да кажам дека се повлекоа малце ама не скроз (за лицето зборувам). Може и има врска глутенот ама не е 100% причинител.
    Според мене, таква ни е кожата, склона на се нешто.
    Ако е надвор студено право и црвени ми стануваат овие на лице, ако се изнервирам исто... крај нема:D
    Да сме живи и здрави па сега... тоа е, може ќе пројдат сами од себе еден ден :muscle:
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.