1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.864
    Пол:
    Женски

    денес ке го направам па ке пишам дали е успешно :)
     
  3. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Некој рецепт за обланди, ама без мелени ореви ако може... Што и да најдов со ореви е :(
     
  4. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Мексикански топли колачиња
    Состојки

     2 1/4 чаша брашно
     1/2 чаша какао
     2 мали лажици тартар сос
     1 мала лажица сода
     1/2 мала лажица крупна сол
     130 гр. путер
     1 3/4 чаша шеќер
     2 јајца
     2 мали лажици цимет



    Загрејте ја рерната на 250 степени .
    и поставете ги полиците/решетките на горната и долната третина од рерната.
    Во средно голем сад просејте го брашното и додадете какао, тартар сос , сода бикарбона и сол.
    Во голем сад, со миксер на средна брзина, изматете го путерот со ¾ чаша шеќер. Матете околу 2 минути додека да се добие мека смеса. Изматете убаво за да се измеша и тоа што е на дното од садот. Додадете јајца и матете се дури не се добие хомогена смеса. Потоа, намалете го миксерот на најмала брзина и постепено додавајте ја смесата со брашно и промешајте за убаво да се соедини.
    Во мал сад измешајте ја преостанатата 1/4 шеќер со цимет и чили во прав (доколку сакате).
    Со мала лажичка земајте од тестото, така што лажичката да биде цела полна, и формирајте топчиња и валкајте ги во смеса од шеќер и цимет.
    Наредете ги во две силиконски подлоги за печење на оддалеченост од 2,5 cm едно од друго. Печете околу 10 минути, се додека колачињата не станат цврсти и почнат да потпукнуваат. Додека се печат, вртете ги подлогите одвреме-навреме.
    Oставете ги да се изладат околу 5 минути, a потоа извадете ги од подлогите за печење и наредете ги врз друг сад за да се изладат целосно. :)

    [​IMG]
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Масло свинско или зејтин???
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    ^ масло за јадење = зејтин
     
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    еве ви брзи и лесни колачи

    ставете едно куантиче крем или повеќе внатре ставете оревчиња сецкани или мусли со лажичка ставете во клапче оставете ги во фрижидер малку колку да се стегнат и готови се за јадење
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.691
    Пол:
    Женски
    Моите денешни Браунис колачиња. Признавам од блог за храна ми се ама многу сум горда на нив, и пошто го изгубив линкот со рецептот ќе ви го напишам.
    50 грама лешници или ореви, повкусно е со лешници, истостирани и исецкани покрупно.
    Рерната вклучена на 165степени. На пареа растопете 230 грама темно чоколадо 70% и 85 грама путер, тргнете од оган и додајте постепено 180 грама шеќер и една ќесичка ванилин шеќер, 2 јајца, кои ќе ги ставате едно по едно цело време мешајќи со дрвена лажица, 45 грама брашно и лешниците, откако убаво ќе соедините додајте една лажица ароматичен алкохол или обичен рум, јас додадов рум и не погрешив. Се пече, односно се суши, на долната половина од рерната 30 - 35 минути, во плех обложен со хартија за печење. Откако ќе се испече, односно на дрвено стапче-чачкалица, со кое ќе проверите нема да останат трошки од смесата туку само ќе биде влажно, го тргате на страна и го оставате малку да се олади. Исечете го на коцки и извадете го од плехот така што ќе го фатите за краевите на хартијата. Оставете го да се олади убаво и потоа одделете ги коцките, ако претходно додека е топло го делите ќе ви се распарчи и ќе ви се залепи, затоа не брзајте оставете го да се исцеди убаво. Колачот е сочен, прилично вкусен и за чудо големо не е многу калоричен, едно парче има калории колку и едно шери бомбонче, а повеќе од едно парче не ни можете да изедете бидејќи е прилично блачко.
     

    Прикачени фајлови:

    На Mrs.Bass и Ariel им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.864
    Пол:
    Женски
    Девојчиња сакам да ве прашам нешто :) Денес си купив еден шприц метален е за шлаг ама и со него можеш и колачиња да правиш еве ваков [​IMG]
    па кажете ми некој рецепт и ме интересира дали може да се направи и солена смеса за овие колачи да не се само благи?
     
  10. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Моја идеја...
    Макарони, ама солени.
     
  11. diana

    diana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    а може ли да ни кажеш од кај си го купи шприцот? :)
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.864
    Пол:
    Женски

    од супермаркетот Лидл во Грција :)
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ние дома имаме еден сличен ваков од свадбата на моите. Јас заклучив дека со него можеш да ги правиш апсолутно сите рецепти за колачиња како бисквити, не знам како поинаку да ги наречам, било солени или слатки. Бидејкќи не сум дома, ич не ми текнува на рецептот ама само побарај било каков рецепт за кекси/бисквити и терај со тоа. ;)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Се спремам да направам колачиња со крем банани, само никаде неможам да најдам убав рецепт.
    Сакам крем бананите да се на средина и кога ќе се пресече да е целло парче, да се чоколадни(без бел дел) и нормално испробани и вкусни. :$
    Помоооошш ! :wasntme:
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.691
    Пол:
    Женски
    Направи нормален шербет, во него додај мелени бисквити, маргарин и растопено чоколадо, по желба можеш да додадеш рум, ликер, некоја арома или пак сецкани лешници, оревчиња и слично, јас би идела исклучиво со чоколадото и некој ликер. На фолија стреч нароси исецкани лешници и дополнително тостирани, да бидат така покрцкави, нека има да се покрие цела фолија, на друга фолија расукај го тестото од бисквити и обиди се да го префрлиш на фолијата со лешници со делот кој не е покриен со фолија, ќе добиеш кора која од едната страна ќе има лешници а од другата страна ќе биде мазна помеѓу двете фолии се разбира, фолијата од кај мазната страна отстрани ја. На едниот крај нареди од бананките, по желба можеш да залиеш дополнително со чоколадо за да се пополнат празнините помеѓу бананките или да си оставиш претходно од смесата и убаво да ги покриеш сите бананки пред да ја свиткаш кората. Виткај како ролат, ќе имаш многу интересна шара кога ќе пресечеш, ќе ти се познаваат лешничињата и баш ќе дојде ко ролатче. Инаку за рецепт, хм па јас не преферирам да готвам по рецепт, вообичаено имам доста од се и ставам по потреба, тестото нека ти биде така покомпактно, да не се раскашавува, ама па и да не е суво, да не се рони. Се надевам ме разбра :lol:
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Абе разбрав јас, ама ти никаква мерка не ми даде, барем за ориентација. Вака колку шербет, колку бисквити.... :?: нема да се снајдам од прва :worried:
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.691
    Пол:
    Женски
    Па стави отприлика една чаша шеќер, вода си знаеш колку да се облие шеќерот, да не изврие многу шербетот за да не стане густ, додади секако сок од лимон и за вкус ќе биде плус тоа, ликерчето или аромата, колку половина маргарин коцка, и едно пакетче бисквити, мужето до тебе да ти меле бисквити и ставај, или пак сомели си поголема количина, тие што ќе ти останат ќе ги ставиш во замрзнивач, чоколадото, 100 грама, можеш да го додадеш и зедно со маргаринот, ќе се растопи тоа. Мислам дека едно пакетче бисквити од 450 грама ќе ти стигне, ама ти земи си дополнително. Бананки мислам дека колку и да земеш нема да бидат на одмет :lol: ама околу 10-15 ќе ти стигнат.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  18. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137

    Уфф ми се пријадее. Мора да го пробам ова.
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Jас направив, ама не по овој рецепт, туку следниот:
    100мл вода ,со 300гр шеќер, и 200гр маргарин ги растопив на тивок оган. Потоа додадов 3лажици какао, и 450гр бисквити. Се тоа измешав да се соедини, растегнав на фолија и наредив бананчиња, па свиткав како ролат.
    Смесата е многу вкусна, ми доаѓаше така да си ја јадам :$
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.864
    Пол:
    Женски
    Ќе напишам рецепт од моите омилени колачиња :)

    Колачи од темно чоколадо и лешници

    Состојки

    400 гр. брашно
    2 лажички прашок за пециво
    1/2 лажичка сол
    100 гр. мед
    2 лажички ванила екстракт
    100 мл. масло
    50 гр. кокос
    100 гр. темно чоколадо
    150 гр. сецкани лешници

    Рерната се загрева на 180 степени
    Брашното , пецивото , солта и кокосот се мешаат во еден сад , а во друг сад медот , ванилата и маслото. Медот , ванилата и маслото се додаваат во другиот сад со брашното и добро се промешува. На крај се додаваат сечканите лешнаци и сечканото чоколадо
    Со помош на лажица се прават форми се печат околу 20 минути се додека не заруменат
    Премногу се вкусни и здрави :)