1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Мене пошто многу ме бива за колачи еден период само вакви правев ... ама ставав ореви, бадеми и лешници во претходно истопен еурокрем и 2 чоколади за готвење. Стварно се многу убави, ама што вика мајка ми - па се тоа и така да го јадеш е убаво :lol:
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Ако сте заинтересирани за карамел бајадера,испробан рецепт и одличен мора да признаам.
    300 гр.шеќер
    250 мл.млеко
    100 гр. чоколада
    1 маргарин
    500 гр.мелени бисквити
    Шеќерот се карамелизира ,се додава млекото,кога целиот шеќер ќе се стопи,се трга на страна се додава маргаринот , чоколадата и мелените бисквити.
    Се расплескува ,кога ќе се олади се чоколадира со глазура од 100 гр.чоколада и 3 лажици зејтин.
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Се откажав од корнетите, многу работа ми се виде :tmi: :D
    Во секој случај, еве еден лесен рецепт за браунис (од џојофбејкинг, наједноставни им се)
    150гр чоколадо (темно, горко, може и за готвење)
    пола филџан путер (110гр) исецкан на парчиња
    2 лаж. какао
    200гр шеќер
    3 јајца
    100гр брашно
    малце сол
    плус додатоци по желба
    Чоколадото и путерот се топат заедно на пареа (може да ставите 100-120 гр. чоколадо овде, а остатокот да го додадете отпосле). Откако ќе се стопат се тргнуваат од оган. Во растопеното чоколадо додадете ги какаото и шеќерот и добро измешајте.(овде може да додадете и ванила екстракт, ама мене не ми направи некоја разлика) Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, мешајќи континуирано (најдобро со маталка). На крај додадете ги брашното, малку сол и додатоците (ореви, бадеми, лешници) и остатокот од чоколадото, сецкано на помали парчиња (ако сте оставиле). Се добро измешано се става во тава подмачкана со путер и брашно (смесава што ќе ви излезе е полутечна, да не се збуните не треба да е тесто :D ) во загреана рерна од 170степени. Се пече околу 30тина мин. Ќе знаете дека е печено, одзгора треба да фати светло кафеава коричка. Вака нешто
    [​IMG]
    Откако ќе се испечат се сечат на коцки. Најубави се оладени, мене лично повкусни ми се дури откако се стоени еден ден :$
    Истиов рецепт во помала доза ако сакате идете со 80гр чоколадо, 30гр брашно и 2 јајца (останатото се исто). Брзо и лесно :) Следниот пат имам желба да ги пробам во комбинација со вишни, чоколадо и вишни бест тинг евр :D
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Дајте некој рецепт за чоколадни колачи или едноставни за правење?Може и чоколадна торта
     
  5. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Cлатки колачиња:
    Cостојки:
    3а тесто:
    -200 гр. маргарин
    -100 гр шеќер
    -1 јајце
    -1 жолчка од јајце
    -прашок за печиво
    -400 гр брашно
    3а глазура:
    -1 белка од јајце
    -200 гр. шеќер во прав
    -една лажичка сок од лимон
    -половина лажичка густин

    подготовка: :)
    3амесете тесто и не морате да чекате да отстои.Pасукајте кора о од тесто со модли вадете колачиња. печете ги околу 15 минути.
    глазурата пачно матете ја се додека не стане густа и мазна. Tогаш додадете боја за готвење по желба и почнете да украсувате по жеба! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture 013.jpg
      Picture 013.jpg
      Големина на фајлот:
      29,9 KB
      Прегледи:
      385
    • Picture 014.jpg
      Picture 014.jpg
      Големина на фајлот:
      45,5 KB
      Прегледи:
      385
    • Picture 017.jpg
      Picture 017.jpg
      Големина на фајлот:
      43,3 KB
      Прегледи:
      385
    На Ammy.Lee и Peppermint им се допаѓа ова.
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Девојки, јадев на именден едни мнооооогу убави бомбици, едните беа бели со кокос и внатре многу меки, ако некој знае рецепт за нив нека напиша :)
     
  8. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Сакам да прашам, дали некоја знае кај може да се најде екстракт од пеперминт? Нигде неможам да го најдам а уште оддамна му се мерачам на еден рецепт :D Еве пример и за овој http://allrecipes.com/recipe/layered-mi ... ate-fudge/ ..Можеби некоја замена? :?: Извинете ако сум офф ама стварно не најдов некоја соодветна тема
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.706
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има во Веро, ама не ме фаќај за збор, обично во Веро и во Рамстор наоѓам се што ми треба. Си мислев во Керфур ќе има повеќе избор ама некако ко разочарана сум, нема нешто посебно избор. Инаку најдобрите екстракти според мене се на др.Еткер, оние во мали шишенца, не во сталени како што се парфемите за проба, туку баш мало шишенце пластично.
    Ех се утепав од објаснување, ете вакво
    [​IMG]

    Ај ќе редактирам за да не пишувам пост под пост, тукушто најдов идеален рецепт за колачи, го изгубив линкот па ќе ви го пишам рецептот ;)

    Пудинг бомбици

    2 пудинга од ванила
    1 жолчка
    2 лаж рум
    2 лаж вода
    50 гр. шеќер во прав
    50 гр. маргарин
    за валкање кокос, лешници, бадеми, чоколадо, по желба се разбира


    Жолчката и шеќерот во прав прво убаво се матат со жица за матење, се додаваат румот и водата и се варат на оган додека не започне да се одделува од дното. Кога ќе биде готово се трга на страна и се додаваат маргаринот и прашакот за пудинг, значи неподготвен пудинг само прашакот, се меша да се растопи маргаринот и се остава да се оладат. Се оформуваат топчиња и се валкаат во она што сте одбрале за валкање, кокос, лешници, бадеми... Може да се спуштаат исто така и во растопено чоколадо па да се здрват, вкусот е преубав велат тетките од Мои рецепти, а исто така може да се прави и со други вкусови на пудинг, со чоколадо било фантазија, а можам да замислам какво е со карамел пудинг :inlove:
     
  10. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    да не мислиш на рафаело бомбици со лешник внатре? :)
    [​IMG]
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Или биле Рафаело бомбици, внатре имаат и лешник цел ... или биле Ресана бомбиците, овие вториве се меки. Каков вкус имаа?
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ќе ви кажам и јас едни, не знам дали досега некоја од вас ги пишала, ама како и да е, јас првпат ги правев и преубави ми се :)
    Требаат 50-60 корпиња хартиени, е сега не знам дали има и помали од оние што ги користев јас, ама беа сосем таман како за едно колаче, мене ми излегоа точно 57 :)
    Значи, потребни ви се:
    200 гр мелени ореви
    100 гр ситно сечкани смокви
    100 гр ситно сечкани суви сливи(може и урми)
    180 мл млеко и 100 гр шеќер

    300 гр чоколада за готвење
    100 гр путер

    Го вриете млекото со шеќерот, и со него ги попарувате оревите, сечканите смокви и сливи, ќе ви дојде густа смеса која треба да ја оставите да се излади малце.
    Во друг сад го ставате путерот, да зоврие и да се распени, го тргате од оган и го кршите чоколадото во него, мешате додека скорс не се растопи.
    Откако малце ќе подолади, во секое корпе турате една лажичка од чоколадата, врз неа исто со лажица ставате од смесата фил, со големина колку еден орев, и повторно врз цело ова турате една лажичка стопена чоколада, со лажичето малце подзамазнувајќи одозгора. Значи гледајте да не ви се преполни корпето, ставајте онолку колку што треба за да биде таман. Оставете да се здрват, оладат, и имате преубави пралине колачи, со прекрасно изненадување внатре, кој е љубител на орев, ова е измислено за него :)
     
  13. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Знам на кои мислиш, барав сегде, Веро, Рамстор, Карфур (изборот им е ко трафика у маало |( ) ама освен јагода,ванила и рум други немаат. Фала во секој случај
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.706
    Пол:
    Женски
    Ги правев овие моиве колачи со пудинг што ги имам постирано, не се баш едноставни, малку ме заматкаа, малку јас ги зезнав. Да ви дадам еден совет ако сте брзоплети како мене, секогаш до крај читате ги рецептите, а не како мене површно и да ја уткате навелико после, па така ако се изедат колачињава, т.е. бомбициве со утнат рецепт можам да замислам што ќе биде со погоден рецепт :lol: За секој случај јас си направив помалку од што планирав, а планирав да направам тродупла доза, и не е толку страшно, ми се погодија за денешниов ЈХ ден ;)
     
  15. temjanuskaaa

    temjanuskaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    773
    Земав рецепт од другарка за бомбици со ресани ги направив за Божиќ и се погодија многу се лесни и брзи за правење нема шанси да не се погодат а и вкусни се...за да се направат се потребни само следниве намирници:пола кило хопла,пола кило ресани,4 пакетчиња чоколадни мрвици и 2/3 лажици шеќер по вкус.Хоплата заедно се шеќерот убаво се мати со миксер,во друг сад се сечкаат ресаните на мали коцкички и се додаваат во садот со убаво изматената хопла и сето тоа се брка со лажица за да се соедини.Оваа смеса се става во замрзнувач околу 1час за да се стегне убаво,откако ќе се стегне смесата се вади од замрзнувач се формираат бомбиците и се валкаат во чоколадни мрвици.Мене од оваа доза ми излегоа околу 60тина(ги правев со средна големина).Инаку може наместо во мрвици да се валкаат бомбиците и во кокос тоа е по индивидуален избор.Битно се брзи лесни меки и вкусни.
     
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Бидејќи не најдов тема за обланди па се решив овде да го напишам рецептот.Вкусот е прекрасен/
    Седмо небо
    Се состои од два дела
    Потребни состојки
    10 јајца
    550 грама шеќер
    200 грама ореви
    200 грама кокос
    200 грама чоколадо
    Еден маргарин
    Прв дел
    5 белки се матат со 150 грама шеќер,па се додава 200 грама мелени ореви ,смесата се мачка на една обланда и се печи на опачина од плехот.Се печи на 200 степени 15 минути.
    Втор дел
    5 белки се матат со 200 грама шеќер,200 грама кокос и исто како претходно се мачка на обланда и се печи на 200 степени 15 минути.
    Фил
    10-те останати жолчки кои што претходно се одделени од белките се бијат со 200 грама шеќер и се додава 200 грама чоколадо.Откако сето ова ќе се олади се додава претходно изматениот маргарин.Со филот се мачкат на средина двете обланди и се редат една врз друга.Одозгора се потурва со топло чоколадо,а откако ќе е готово се става во замрзнувач.Се сечи замрзнато и така се служи.а откако ќе се опушти вкусот е феноменален ^_^ :mm:
     
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Еве ги моите омилени, евтини се и брзо се прават :)

    Бакнежите на Грета Гарбо
    Потребно:
    *Маргарин (коцка)
    *Чоколадо за готвење
    *Кикиритки, ораи, суво грозје (по ваш вкус)
    *хартиени кошнички

    Подготовка:
    Маргаринот и чоколадото се топат на пареа, откако ќе се растопат убаво во смесата се додаваат ситните додатоци (Кикиритки, ораи, суво грозје), Јас најчесто ставам кикиритки и преубави се,
    откако смесата убаво ќе се соедини со лажичка се полнат хартиените кошнички.
    Така наполнетите кошнички се ставаат во фрижидер и кога убаво ќе се стегнат се послужуваат
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 12masima им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    Го прочитав рецептов од Моирецепти страната, многу ефтини и лесни за правење ми се видоа, па деновиве ќе ги пробам. Базата им е на пудинг, што значи, лесни се и за јадење и готвење :)

    Пудинг бомбици:
    2 ванила пудинг
    1 жолчка
    2 лажици рум
    2 лажици вода
    50 гр. шеќер во прав
    50 гр. маргарин
    за посипување кокос, мелени ореви или мелени лешници

    Во сад на пареа, се мати жолчката со шеќерот во прав, се додава румот и водата. Треба да се меша постојано за да добие кремаста маса. Кога веќе е сварено, уште додека е топло, му се додава маргариност и кесичките пудинг (значи нема варење, само го додавате прашокот) и мешате. Оставете да се излади. Од смесата подоладена правете бомбици во големина на орев и можете да ги валкате во мелени ореви, чоколада, стопена чоколада, кокос...
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Еве ви рецепт за едноставни, вкусни и брзоподготвувачки колачиња. :)
    Чоколадизирани урми
    Потребни ви се урми, исчистени од семката (ги има низ сите маркети) и чоколади за готвење, во зависност од тоа колку урми планирате да „потопите“ во чоколада. :lol:
    Ќе си го растопите чоколадото на оган, додадете масло, млеко или што уште ставате обично кога растопувате чоколада за преливање слатки/торти (јас ставам само масло), кога ќе биде готово оставете го малку да се олади за да можете да работите со него.
    Урмите едноставно брцкајте ги во садот со чоколадо (најпрактично - да ги боцнете на чепкалка), така да целосно бидат потопени, прелиени со чоколадо и редете ги во плех или на чинија претходно обложена со хартија.
    Пикнете ги во фрижидер да се зацврсти чоколадото, откако ќе се оладат ставете ги во хартиени корпички и потоа уживајте во блачково. :mm:
    П.С. Убаво изгледаат и декорирани, а изборот е голем - кокосови трошки, шеќер во прав, чоколадни трошки, трошки во боја, па дури и ситни бонбонки од типот на Бонитоп. :wasntme:
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970

    Предлог плус - пикнете и по едно оревче внатре да видите што се убавини. :inlove:

    Урмите и само така со оревче, без да се потопени во чоколадо ми се ПРЕУБАВИ.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.