1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. Boka.A

    Boka.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    10
    Многу сакам колачи но ... сама неможам да ги направам
    ....
    Жена во куќата нема :(
     
  2. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    ако мемози сама да си направиш колчи купи си имат готови во продавници или слаткар а не морат да се мачиш сама ! :$
     
  3. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Мајка ми вчера правеше едни брзи колачи/бомбици.

    500мл хопла
    500гр ресани
    кокос

    Се мати хоплата и се додаваат ресаните кои претходно ќе ги исецкате. Ја оставате смесата да одстои половина час. Потоа правете топчиња и ги тркалате во кокос.

    Мора да ги пробате ептен се вкусни, се топат во уста. Ќе ги сликнев ама одма се изедоа. :lol:
     
    На shushu и N.A.T.A.S.A им се допаѓа ова.
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    е јас малку каснам,ама ако сепак се надевам ке ти се најде рецептот, и сигурно е испробан ;)
    http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A ... Y5hgRROrmg

    http://www.tortijada.mk/mk/kolacinja-i- ... janki.html
    на кое сакаш линке види, истото е :)
     
    На Sm.real му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.877
    Допаѓања:
    102.892
    Пол:
    Женски
    Витлери


    250 гр урми
    200 гр суви смокви
    200 гр чоколадо
    200 гр мелени ореви
    3 лажици мармалад ( било каков )
    лешници

    урмите и смоквите се сецкаат и заедно со мелените ореви се додаваат во растопеното чоколадо.Смесата се меша со рака и се формираат ваљачиња и од страните се става по еден лешник. Го имам пробано рецептов превкусно е :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kacuska

    kacuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Dali nekoj znae recept za polzavcina, kolacina popareni vo dve boi, so griz.
    [mod-kirilica:zplmxg89][/mod-kirilica:zplmxg89]
     
  7. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Домашно чоколадо

    Потребни состојки:

    300 гр. шеќер
    1 кесичка ванилин шеќер
    100 мл. вода
    200 гр. путер
    350 гр. млеко во прав
    100 гр. какао
    150 гр. крупно сецкани лешници или бадеми (може по ваш вкус да си додадете суво грозје, бисквити и сл)

    Подготовка:

    Шеќерот, ванилата и водата се варат на тивок оган додека шеќерот не се истопи. Се трга од оган и кога малку ќе се излади се додаваат путерот, млекото во прав и какаото и добро се меша со миксер.
    Потоа се додаваат крупно исецканите лешници/бадеми.
    Чоколадната мешавина ја ставате во плехче кое е обложено со хартија. Кога ќе се излади се сече на коцки.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Не знам колку спаѓа во колачи, ама превкусно изгледаат.
    http://www.youtube.com/watch?v=L5G9a2t8 ... e=featured

    Ќе го пробам ова нешто во калапчињата за коцки лед - ќе ми излезат чоколадни бонбони. ^_^
     
  9. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Убаво ти текна во такви калапчиња од лед,можеш здробени бисквити,лешници било што да ставиш.Или пак до пола бел чоколадо,другиот дел црно. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Сакам да го направам ова ама немам млеко во прав. Мора такво? :?: И колку пари е од прилика?
     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Да не пишувам туѓи рецепти како мои...
    http://sitnoseckano.blogspot.com/2011/10/brownies.html

    прееска ги направив овие, и еве официјално четворица дома смачкавме за 5 саати цело тавче. Превкусни се, се топат во уста буквално и те навлекуваат да земеш уште бре туу ненормална работа.

    Јас ги правев како што е напишано во блогот, но наместо путер ставив кристал маргарин, да бидеме реални изгор скап е путерот.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Morning.Sunshine

    Morning.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    18
    Англиски колачиња
    Потребно:
    - 250 г маргарин
    - 170 г шеќер
    - 100 г чоколадо сецкано на коцкички
    - 100 г мелени ореви (може и лешници)
    - 450 г брашно
    - 100 г суво грозје (или некое друго суво овошје)
    - 2 јајца
    - 1 пециво
    Подготовка:Сите состојки се замесуваат. Потоа тестото се плеска и се рассукува. На крај, со модли се сечат фигури и се печат.
    Едноставни а превкусни ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    КАПРИ КОЛАЧ
    [​IMG]

    Лист:
    10 белки
    24 лажици шеќер
    3 лажици оцет
    (се пече во тава обложена со хартија за печење околу 2 часа, на температура од 100 степени)

    Прв фил:
    350 гр шеќер
    200 мл вода
    250 гр замрзнато овошје (јагода,малина)
    1 пудинг од ванила
    ( шеќерот и водата зовриваат 5-10 мин., па потоа се додава овошјето и се вари уште 5 мин. Потоа се додава еден пудинг, претходно растворен со вода и смесата се враќа на оган уште 5 минути, да се згусне)

    Втор фил
    100 гр чоколада се топи на пареа

    Трет фил
    10 жолтки
    10 лажици шеќер
    1 маргарин
    ( жолтките се матат со шеќерот на пареа 5-10 мин.Кога кремот ќе се излади се спојува со 1 изматен маргарин)

    Врз листот се ставаат филовите по ред (прв, втор, трет) и најгоре се премачкува со шлаг.
    Колачот се става во замрзнувач и се служи ладен.[/quote]
    ] геа а какоц оцет вински или јаболков треба :^)
     
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    На храна и вино денес,гледав едни колачиња и се потрудив да измеморирам состојки и постапка,ама заборавив насловот да го запомнам :D Многу лесни,се подготвуваат за помалку од 70 минути,и се убави на лик за послужување со чај,какао,кафе,баш за овој период.
    *Потребно*
    -140 грама шеќер
    -250 грама маргарин
    -4 јајца
    -1 чоколадо
    -150-200 грама брашно
    -шербет од слатко од дуња(ама мислам ке може и од какво и да имате)
    *Постапка*
    Во сад се става шекерот и маргаринот и се матат.Откако ке се соединат,ги кршите јајцата и ги двоите белките од жолчките,и ги додавате само жолчките,и продолжувате со миксер.Го додавате брашното и замесувате.Месењето го продолжувате на маса,се додека недобиете меко цврсто тесто.
    Од тестото,кинете по малку и правите покрупни топчиња,(смеса ко за 2 бомбици) и ги редите во тепсија обложена со хартија.Ја ставате тепсијата да се пече во загреана релна,додека не заруменат.Ги вадите.
    Го рендате на ситната страна чоколадото.Земате едно топче и со горниот дел го мацкате во шербетот од слатко,и одма со истиот цел горен ден,во чоколадото.Постапката ја повторувате со сите колачиња-топчиња.
    Не сум го направила,ама планирам,многу е брзо а и вкусно изгледаа топчињата.
     
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    И јасги гледав а се викаат Чешки колачи ;)
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    колаче - зрно кафе


    Потребни состојки:

    - 250 грама шеќер
    - 1 кафена шолја вода (0,75 дл)
    - 125 грама маргарин или путер
    - 100 грама мелени ореви
    - 100 грама мелени бисквити
    - 80 грама чоколадо
    - 1-2 лажици мелено кафе

    [​IMG]

    За преливот:
    - 100 грама чоколадо
    - 3 лажици масло за готвење

    Подготовка:

    Најпрвин подгответе сируп, така што ќе го сварите шеќерот во малку вода. Варете околу три до четири минути. Тргнете го од ринглата, па во него додајте го маргаринот или путерот сè додека не се растопи. Потоа, додајте ги мелените ореви, бисквитите, чоколадото и кафето и мешајте така за сè да се изедначи. Кога смесата ќе се олади, обликувајте ја во мали топчиња, а секое од нив притиснете го со чепкалка за да добие облик и изглед на зрно кафе.
    Потоа, подгответе ја чоколадната глазура. Растопете го чоколадото со малку масло за јадење.
    Почекајте спремните топчиња да се изладат, па полека потопувајте ги во чоколадната глазура, вадете ги со лажица, повторно притиснете ги со чепкалката по средината и оставете ги на целофан додека глазурата не се стврдне. Доколку мислите дека нема да ви биде доволна глазурата за сите топчиња, растопете уште чоколадо на истиот начин.
     
  17. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Да нема некој рецепт за руски капи ама со ресани, не се пандишпан? :?:
     
  18. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Девојки би сакала да Ве прашам со каква глазура ги шарате колачите и на кој начин?

    Јас никако да направам добра шарка одозгора со лажичка, не знам дали е до чоколадото или до што е, ама се разлева и шарата скроз се развлекува. Ве молам брзо пишете. Поздрав :)
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас глазурата ја правам само со чоколадо за готвење и малку зејтин. Во ѓезве ја скршам чоколадата (користам Менаж или онаа на Соко Штарк) ставам 1-2 лаж зејтин и матам на тивок огин додека не се стопи целата чоколада.
    Шари со чоколада правам кога имам време и живци. На алуминиумска фолија која е подмачкана со зејтин правам по желба форми и потоа ставам во фрижидер или замрзивач за да побргу се стегне чоколадото.
    Со 1 л млеко се вари крем од 1 пудинг од ванила, 15 лаж шеќер, 4 лаж густин и 2 ванили. Во ладен крем се додава 1 изматен маргарин со 200 гр прах шеќер.
    Овој фил е доволен за 1 кг ресана а страните се ваљаат во кокос или мелени ореви
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    А пандишпанот на руските капи?