1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    Деновиве сакам да купам количка за моето бебенце. Најмногу ми се допаѓаат количките со три тркала и сега за сега ми се допадна најмногу Graco Trekko која чини 300 евра. Цената е ок , во Mothercare слична е 600 евра |(
    Ме интересира дали некоја од вас ја имала оваа количка и како сте задоволни?

    [​IMG]

    http://www.gracobaby.eu/en_EU/product/6T98/
     
  2. mili4kask

    mili4kask Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Ние ја имаме за нашата ќерка купено, и верувај нема да зажалиш...Од кај мене улицата катастрофа сме ја возеле и по парк и нема гајле ни да шкрипне ни ништо..Единствено бара поголем гепек во колата, ако немате таков проблем прекрасна е ...Бидејќи предното тркало се врти 360степени многу лесно се маневрира во простор а со друга количка со 4 тркала тоа не е можно..Топло ти ја препорачувам, и да знаеш дека нема да згрешиш не ја мисли воопшто но уште нешто..Кога се монтира предното тркалце се подмачкува тоа нема да ти го кажат еве еден совет од мене...И пиши за што се одлучи :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Внука ми ја има оваа количка од Graco. Презадоволни се родителите. Убава е за возење на „долги“ стази. Можеби е поголема, но сепак е супер стабилна и убава. ;)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    Фала многу за одговорите. Ме интересира дали заедно со оваа количка оди плус седиште за кола? Зашто гледав на страната на грацо дека е поставено такво седиште за да го гледаш бебето од напред :?:
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    А бе една количка 300 евра ?????? Лелееее мајко мила што ме чека пу пу пу ....
    И кај нас во Македонија се истите цени ??
    Инаку баш ми се допаѓаат ваквите колички, гледам наоколу само такви "се возат".
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски

    да блонд , јас сум моментално во мк и дојдов од овде количка да си земам. добро е што и толку ја најдов..во гр количка под 500 евра нема :x
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Бебешките колички се многу скапи, ама ајде мора да се купи - со една квалитетна ќе можеш и 2, па и 3 деца да поминеш ;)
    А седиштето за во кола се доплатува сигурно. За внука ми седиштето чинеше 100 евра. Навистина корисно е, бидејќи ако си сам не ќе можеш да употребуваш кола, а вака со седиштето - го седнуваш и возиш! 8)
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На ELENA*** и macence4 им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Има убави и квалитетни колички за пониски цени. 300 евра е премногу за количка, тоа е мое мислење. Има и до 100 евра колички во Chicco, може и постари модели да се, не мора најнова „технологија“. Важно е да е удобна, ергономична и лесна за маневрирање, и секако, квалитетна, а цената не е гаранција дека ќе го добиеш сето тоа. Како и да е, евентуално и да се плати поскапо, со повеќето колички одат торба за пелени, седиште за во автомобил за бебиња слични на релаксатор, потоа мислам дека имаше нешто како браник за дожд, и повеќето имаат опција за менување на страната на рачката, да си го гледаш бебето цело време, или пак тоа да гледа :)
    Со Gracco количките мислам дека не оди ништо плус, ја добиваш само количката. Брат ми и снаа ми купија за помалата ќерка количка од Gracco и не добија ништо со неа. А друга негативна работа е тоа што количката беше прекратка за девојчето, но сепак можат да ја користат за седење.
    За идните мамички, има еден Бебе Супермаркет, имаат страна на ФБ, со слики од нивниот асортиман. Слободно побарајте ги - имаат добри колички за ниски цени, од кои многу луѓе се задоволни.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    Да имаш право со количката од Грако не иде седиште за кола , само едно како навлака со патент , изгледа тоа е кога го поставуваш бебето за да го гледаш од напред и за да не му студи ( бар така ми покажа продавачката во рамстор ) а за Бебе Супермаркет ги имам за пријател ама како што гледам на сликите немаат такви колички со три тркала :?:
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Тоа што можам да ви го препорачам е да си купите колички што ќе ви ги собере во кола. Јас имав две колички, и не знам какви фирми беа, воопшто не се замарав со тоа. Првата всушност му ја купив на брат ми, они си ја озбраа, па после ја наследив кога отидоа во странство. Количката беше убава и стабилна, голема зимска количка, ама страшно се нервиравме секое ставање во кола. Инаку количкава мислам дека беше околу 8500 заедно со една мултифункционална торба, а самата торба беше сигурно 1500. Седиштето комплетно се вадеше и можеше да се користи како седиште за кола, а остануваше само конструкцијата.

    Другата ја купив со второто дете, баш поради нервозите секое ставање во кола. Таа се склопува како чадор, многу е полесна, и ја собира во кола :) Таа беше околу 6000.

    Е сега ако има човек поголема кола, друго би било :)

    Некако 300 евра за количка мислам дека се премногу. И многу поевтина ќе ја заврши истата работа. И во моите колички се извозеле по неколку деца, затоа што кога престанаа да ми требаат ги дадов на користење по пријатели. Ама секој си знае колку и како може и сака да потроши. Затоа и има различни модели по различни цени :)
     
  12. mili4kask

    mili4kask Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Еве сто мислам јас... Ние не сме некои кои имаат премногу средства за фрлање но кога стануваше збор за количка и креветче рековме дека на тоа нема да гледаме да заштедиме туку ке гледаме квалитет..Со трекото иде седиште но тогаш таа цена е околу 500 евра, а вака е поефтино..Ние земавме без седиште и да ти казам не жалам..Има позиција за лежење и така ја стававме а сега си седи количката е голема и ќерка ми е масала долга и нема проблеми со неа..Кажувам бидејќи ја имам и не нагаѓам...Инаце што се однесува до поефтините колички во бебе супер маркет...Не сакам да коментирам за квалитетот на нив бидејки треба 3 години а се бутка дете во тоа нешто да не се лажеме луге деца ке буткаме а не компири а тие се ефтина пластика на која на една комшика тука тркалцето си го брка, т.е и испаѓа...Сега зависи секој си има свои пресметки што му одговара не би сакала да навредам никого, за седиште би ти препорачала да си купиш посебно 0+ Тие се за и до поголемо да го користи, а вака ова што оди со количката повеќе од 3-4 месеци нема да го користиш...Поздрав
     
    На professoressa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    Остај вчера бев во бебесупермаркет и воопшто немаа избор , се беа со пластични тркала , или тешки , тоа не беше алуминиум , железни беа и претешки. Се гледаше дека се е неквалитетно. Инаку сакам да прашам за мегасторе интернет продавницата дали некоја од вас купувала нешто од таму и како сте задоволни? Јас видов многу убави колички и сакам да порачам ама ми е страв да не е измама. Дали можеби знаете кај им се наоѓа канцеларијата? :^)
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мислам дека марка на количка не е воопшто важно колку што треба да се гледа практичноста. Кога купував јас количка битно ми беше да може бебушот во неа да лега и да седи - значи да е со тој механизам количката,зашто честопати на долги прошетки, пикнинзи, одмори... спиеше во неа. Исто така да е лесна и не многу голема и да не е зимска-да не е со онаа подебело платно зашто летоска држи многу топло.
    И најбитен детал е дали бебушотке сака да се вози во количкаа :) . Знам неколку пријатели на кои им седат во визба затоа што децата не сакаат да се возат во нив. Чудно ама вистинито.
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Koritsaki, немој да си трошиш пари на марка, ние за братучеди ми пред 4 години купивме двојна од Чико, не беше скапа, дупла, ама цена речиси ко единечна, 10тина илјади чинам беше, ептен се покажа квалитетна, ја туркаа низ едни камења (местото кај што живеат на филм го нема), и кога пораснаа што уште не ставаа со нив да се вози, па ене ја, пак издржа, здрава е скрос. Количка е, не вреди да се дадат 300 евра за нешто што користи само неколку години, сега дури и со оние точачињата што ги купуваат кога ќе наполнат дечињата година, количките не се ни бараат. Квалитетот не мора да е со превисока цена ;) Гледај да е практично и корисно :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски


    Не ниту гледам да биде марка :) Мене ми се допаѓаат многу количките со поголеми тркала ( мислам дека се постабилни ) А и гледам цената да не е превисока. Разгледував колички на нет па ми се допадна од чиполино ( цените се супер а и количката е практична ) , но незнам каде во скопје можат да се најдат овие колички во скопје. Бев во неколку продавници и видов и некои двојни ( со седиште за кола итн) ама па не ми е толку важно , се што треба ке докупиме покасно :)
     
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Е па оваа е со големи гумени тркала, беше се сеќавам демек постар модел и беше преефтина во споредба со останатите фраерски колички за близнаци. Ама си го отслужи своето и повеќе од доволно :) Види си во Чико, мора да има продавница во СК, имаат избор. Така ем ќе имаш супер количка, ем ќе ти останат пари за сите пропратни работи :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    фала многу , мислам дека чико имаат продавница некаде на плоштад , утре ке одам да разгледам и таму колички. :)
     
    На eli25 и kate21 им се допаѓа ова.
  19. mili4kask

    mili4kask Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Мегасторе има колички на чиполино, да ти кажам тие ги имаш и во бебесупермаркет...
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски

    бев во бебесупермаркет а и на интернет ги имав гледано ама па кога бев во продавницава ги немаше. :^)
    инаку за мегасторе ке размислам на крај краева ако не најдам некаде во продавнициве ке порачам од таму.. :)