1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку долго може да опстои една средношколска врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 5 јануари 2011.

  1. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    А што мора па секоја врска на сериозно да искочи.. Ако идат долго сигурно се сакаат нема сега драскинат за најубавите денови да не ги пропуштат. А сигурна сум дека нема да си поминуват убаво ако се разделени двајцата. :)
     
  2. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Со дечко ми сме заедно 4 години (за некои 2-3 недели)од 1 година средно... Се поминавме заедно, учевме во исто средно дури и во исти клас.. Заедно одевме на журки, забави, заедно учевме... Никогаш не ми забранил нешто, ни сум му забранила јас.. Еве не и сега, двајцата сме на различен факултет, кога излегува со неговите другари јас излегувам со моите, но многу често и се мешаме излегуваме заедно по дискотеки, кафичи и секогаш одвојуваме време самички да се видиме, да излеземе, да споделиме нежности... Сега за сега среќни сме и двајцата, никогаш не сум се покајала што сум се врзала толку рано.. убаво ми е... :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
    Па ако некогаш се случи да раскинеме, и се да се фрли во вода... тоа е... животот иде понатаму, никогаш не е доцна за младост и забава :)
     
  3. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    24
    Зависи од тоа колку се зрели и колку се сакаат...Имам другарка која иде со дечко и од шесто одделение и се уште идат тој е постар од неа 2 години нема врска што се средношколци :)
     
  4. ivanapinki

    ivanapinki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски





    истото важи и за мене потполно се согласувам и јас имам врска од 3 год средно сто до ден денс трае и мислам дека ништо не сум пропустила се заедно сме поминале и за ништо не се каам најубаво ми еее :inlove:
     
  5. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Јас со мојов одам од 17 годишна возраст. И не се каам. Пред да се фатам со него, правев лудости, се мував, се опивав, одев на луди журки...Впрочем, со него се фатив баш заради тоа што тој беше многу откачен, толку беше спонтан и секогаш знаеше да ме насмее од срце. Ех, кога ќе се сетам што се не правевме...Сме лежеле во трева, и тоа не во парк, туку на тревници пред згради :D Возење, подобро кажано урлање со ролери по цел град, во петок навечер, па падови, изгребани колена, смеа...заеднички пијанства, собиранки на журки во паркови со гитара...Такво му беше друштвото, собрани рокери, металци, хипици, наркомани...И сите така облечени, а јас со кратко сукњиче и штиклички со нив :D И премногу ми беше убаво и бев прифатена од нив таква каква што сум, без промени во мојот стил или сфаќања за животот. Подоцна созреавме и престанавме да ги правиме овие работи со толкав интензитет, но сепак одвреме навреме знаеме да направиме некоја лудост. Со тоа друштво веќе не сме, чисто заради тоа што дојдовме во Скопје на факултет, па некако се одалечивме, сега сме само на здраво со нив. А тие не му се другари од детството, туку онака му беа друштво за провод. Има другари од детството, со кои со двајца-тројца од нив сеуште е во контакт. А јас од моите другарки не се одалечив, барем не во таа мера како некои што прават. Нормално дека не се дружевме исто како порано, но сепак се дружевме. Родендените ги чекавме без дечковци, имавме таканаречени “женски вечери“, одевме на на село кај една другарка во викендицата по неколку дена сами. Не ми фалеше ништо. Некогаш беше љубоморен, ама јас никогаш не се помирував со тоа. Секогаш кога ќе станеше љубоморен, имавме жестоки кавги и на крај тој секогаш попушташе :) И сега чат пат знае да стане љубоморен, но само ќе го погледнам еднаш така остро и веднаш се свестува :D Тоа не дека се плаши од мене, нормално, туку заради тоа што знае дека нема причина за љубомора. Се на се, мислам дека младоста не можеше поубаво да ја поминам. Благодарение на тоа што бев со него, научив да се дружам со најразлични луѓе, едни од северен, други од јужен пол...И толку ми беше интересно, што некогаш ме фаќа носталгија за тие луди години...
    Ах, младост-лудост...
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Мојата средношколска врска траеше скоро 11 години :) . И ништо, ама баш ништо не пропуштив затоа што бев во врска. Никогаш ги немав тие проблеми со бркање типови, ни со „ме сака-не ме сака, ме лаже- не ме лаже, не ми се јавил, го видов со друга...“ и сл. Имав стабилна врска, искрена, полна со доверба од двете страни (и тоа ме зае :swear: , после мислев дека сите машки се такви :P ). Инаку, мои блиски пријатели кои сега се во брак заедно се од средно, исто како и некои други кои ги знам. И не се согласувам со она „Леле што ќе ти е од сега сериозна врска, уживај, бркај... “ Демек, има норма колку треба да те поминат (или ти да поминеш) пред да имаш сериозна врска? Јас навистина уживав иако бев во т.н. сериозна врска, дечкото ми беше врсник, имавме исти интереси за многу работи, заедно созревавме и ден-денес многу мои другари и другарки не може да прежалат што веќе не сум со него :)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Нема правила. Ама јас лично, не сум за сериозни врски во средно. Едноставно, не сметам дека човек доволно добро се познава за да знае што сака. Факт е дека со годините се менуваме, и дека различно размислуваме на 16 и на 26 години (добро, има и исклучоци, што секогаш размислуваат како да имаат 16).

    Јас не сакав врски во средно, не сум имала сериозни намери тогаш. Сакав да уживам, иако мајка ми ми трубеше дека требало да си фатам дечко, за да не му ја мислам после, оти тешко ќе ми било да си најдам некој саглам за да се омажам, бла бла бла (имајте предвид дека моите се заедно од нивни 14 години, од прва година средно, се' до ден денес, тоа му доаѓа некаде 50 години заедно, од кои 36 години во брак - јасно е зошто жената така размислува). Не ја послушав мајка ми, и не се каам, напротив, баш ми е мило што имав шанса да искусам повеќе работи и конечно да сфатам што навистина сакам.

    Не е дека не може да се ужива и во сериозна врска на млади години, само што ретки се оние што навистина успеале да издржат цел живот заедно (тука не зборам за оние постарите генерации, други времиња биле тогаш). Не мислам дека се работи за љубов на таа возраст, повеќе е љубопитство, и желба да се проба нешто ново. Ама секогаш со некои преголеми очекувања и идеализирање како што тоа знаат да го прават толку млади деца, поточно девојчиња. Пред се' затоа што сме пораснати со бајките како Пепелашка, Трнорушка, Снежана итн. во кои што принцот на бел коњ доаѓа и тие си живеат среќно засекогаш.
     
  8. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    21
    Темава ми се виде многу интересна па морав да искоментирам хаха :D
    Значи, јас уште неможам да кажам дали средношколските врски можат да траат и после завршување на средно школо или не, ама еве пример брат ми со девојката идеше од 3та година средно, она беше втора, сега двајцата завршија факултет и сега раскинаа, иако мислам дека се во фаза на смирување, да даде господ да се смират зошто толку долга всра беше тоа што сите си ја засакавме снашката :D
    Инаку од моја гледна точка, на 17 години јас сметам дека сега доколку се фатам со тој што го сакам и навистина постои двострана љубов, тоа би можело да потрае, а пак на момети си викам, е како не, тој на факултет, јас на факултет, нови познанства, се ќе се изгуби..
    Незнам, и навистина добро ми дојде да ги причитам коментарите на поискусните и од прилика сфатив дека овие врски во најголем број од случаите и не прераснуваат во нешто сериозно.
    Но сепак, мене сега на 17 години колку што се замарам со љубов толку и сакам да излегувам со другарки, начукувања, мувања,, работи кои во врска неможеш толку да си ги дозволиш :D :D
     
  9. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Јас искрено мислам се зависи од карактерот на човекот.
    Некои луѓе можат да бидат во долга врска без разлика дали имаат 16 или пак 20 години, а некои пак и на 30 години неможат да издржат да бидат во врска...
    На овие години според мене мислам дека НЕ ТРЕБА да се влага во многу сериозна врска бидејќи некако си ја скратуваме младоста со самото тоа..
    Јас од лично искуство ќе кажам пример. Имав врска една година и тотално ми се смени животот, не велам дека не ми било убаво но јас заборавив што значи тоа дискотека, кафич, другарки.. некако се осеќав ко да се гушам во врската :puke:
    Многу гадно чувство, не велам дека во секоја врска е така но знам многу млади парови што го поминуваат и го трпат тоа што јас сум го трпела цела година.
    Дечкото навистина многу ме сакаше, се грижеше за мене итн.. што е навистина реткост за машките на наши години, но секое добро има и нешто лошо(БОЛНО ЉУБОМОРЕН) :lol: !
    Така да доколку се одлучи некој на долга врска нека биди спремен на многу промени, и секако никој неможе да каже точно колку може да опстане СРЕДНОШКОЛСКА ВРСКА затоа што тоа е индивидуално се завиди од карактерот на луѓето и од чувствата! :)
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    па...

    се секавам дека кога бев 1ва година средно-15 години (учев во друг град) и ми се допадна едно моче многу и му предложив да се фатиме а тој ме одби :sweat: поглупаво не можеше да биде.

    а кога бев 2 година средно, случајно така испадна што поминував во ходник(на училиште) и му се допаднав на едно момче, ама немаше храброст да признае па постојано ме посетуваше на часовите по Македонски јазик па дури и розичка ми подари, и така да чекаше 1 година и нешто за да ме бакне-требаше да одиме во Охрид на екскурзија и прашал дали ке одам и јас, а јас веке знаев дека планира да дојде и тој. Не можев да сокријам ништо дозна буквално цело школо, ама екскурзијата ми помина супер, а и после толку години го гледам понекогаш-работи во близина каде што живеам јас, само сега многу се срами од мене, незнам зошто :sweat:
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    ^И што од сето ова има врска со темава? Ако немаш што да пишеш подобро не пишувај.
    Инаку, убаво е вака да се слушнат и убави приказни, за успешни врски, да се докаже дека не е се црно или бело.
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Реинбоу не се лути веднаш, само сакав да споделам искуство со вас

    тоа беше навидум позитивно искуство-средношколско во врска со темава
    со шанса да прерасне и малку повеке, ама не се случија работите така како што замислував
     
  13. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Виножитке, мислам дека срцекршачка сакаше да укаже дека ете, сите средношколски врски не се така како бајки како погоре раскажаните :)
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Веројатноста е мала,ама не е исклучена да опстои средношколска врска, јас познавам пар кои од основно се заедно, сега се во брак со детенце.
    Од мое искуство,и двете врски кои ги имав во овој период кога-тогаш ќе пропаднеа,јас ги надраснав тие дечковци иако ова звучи нескромно,ама јас интелектуално се доизградив од тогаш до сега(не само затоа што завршив факултет, ако некој помисли на тоа),а тие малку мрднаа од место,прашање беше на време кога ќе ги снема од мојот зивот,ама во тој период ми беа забавни и си ја одиграа улогата не се каам баш имам убави спомени,иако сега да би ги бирала ни под точка разно не ги редам. Времиња...
    Колку и долго да трае врска со некој дечко јас не залам и не гледам на тоа како потрошено време и ако во меѓувреме не се нашол некој да го истисне,подолг рок на траење имал :D .Јас сум против паралелни врски да не бидам погрешно разбрана,значи прво културно си расчистувам чао-пријатно,па после нов дечко.Барем така беше пред да стапам во долгорочна врска која неславно ми завршува периодов.
    Длабоко во себе кога ќе буричнам си признавам дека сакам да го сретнев вистинскиот рано,па да останев со него до крајот на зивотот,отколку вака да трупам искуства базирани повеќе на разочарување и изневерени очекувања.
     
  15. rob19

    rob19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Значи мн е мала веројатноста некои од средно да останат заедно и понатаму меѓутоа никогаш не се знае еве на пример јас средното го поминав низ лудување,излегување,пиење,мување итн.итн никогаш не сум се решил да се приврзам за некоја посебно т.е. да влезам во врска дури и сега со 19 години немам женска немам време да посветам доволно внимание покрај факултетов :P
     
  16. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Па морам да се пофалам дека мене ми се случи ваква врска...дечко ми учеше со мене се фативме во 3 та и 2 год сме заедно...мислам дека многу зависи од карактерите на луѓето и од возраста.можеби нас ни помогна тоа што пред тоа не се дружевме...не знам но како и да е јас сум најсреќна со него и верувам дека може да опстои ваква врска само доколку постои искреност инаку не се впуштајте во вакви врски ако не сакате да дожитеете непријатности :D
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Има многу средношколски врски кои траеле со години па прекинале, но има и такви кои завршиле со брак. Не мора секогаш средношколската врска да биде осудена на пропаст.
     
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Момент, момент, не си ми јасна сега... Значи доколку средношколец и средношколка се фатат, средношколката е таа која губи на слобода, додека машкото ужива и плива, прави што сака? Хммм, па не би рекол... Како што се потребни двајца за танго, така може и кој било од двајцата да не го „игра“. Но сепак се работи за тоа дали е само некоја силна затресканост, или можеби нешто повеќе. Познавам 3 парови кои почнаа со „авантури“ во средно, но еве ги, врската ја одржуваат и во својот универзитетски живот, а ни дечкото, а особено девојката (според тоа што ти го болдирав) не се осеќа како неизживеана, со скратена слобода или не знам што... Напротив, во едната од врските, дечкото не може бел ден да види без детално исповедање за неговите движења, настани и дешавки во текот на денот. :D
    Затоа, можам само да кажам дека должината на врската не зависи од добата во која се случува... Зависи од зрелоста и подготвеноста на партнерите да се впуштат во нешто посериозно на тие години. А тие 2 особини се различни кај секого, и не може да се генерализираат.
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Најтвокер мислам дека Трендафилка тука мислеше на девојчиња кои одат со постари дечковци (ако грешам нека ме поправи). Обично во таквите врски се случува болдираното, иако не е реткост и во врските меѓу врсници.

    Верувам дека има примери кога дечкото дава извештај, но обично е обратно - гледаме на форумов безброј такви примери. Има некои жени кои всушност сакаат да бидат потчинети и свесно влегуваат во такви диктаторски врски.
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Дали ќе опстане средношколската врска или не зависи од дечкото и девојката. Јас со мојот дечко кој ми е генерација одам уште од втора година средно и до ден денес сме заедно и воопшто не се чувствувам дека нешто имам испуштено. Цело време излегуваме, си имам другарки си излегувам и со нив си одиме на кафе и супер ми е. И уште нешто јас и дечко ми студиравме во различни градови и пак опстанвме и сме непобедливи :)
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.