1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку долго може да опстои една средношколска врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 5 јануари 2011.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    :lol: До матура. ПОсле веке не е средношколска растат децата. :rofl: :rofl:
     
    На danniela5, Trendafilka, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мојата сеуште опстојува и функционира одлично. Го поминавме средно заедно во клупа, а сега сме и колеги на факултет. Ги поминавме тие години кои се „кризни“ за врската и практично заедно пораснавме и созреавме.
    Е сега, некои парови тој премин кон новиот период од животот не можат да го поминат заедно, едноставно додека созреваат сфаќаат дека имаат различни размислувања и не можат да функционираат заедно. Токму тука врските стојат на стаклени нозе - кога се прават детски работи, кога причина за кавги се некои банални глупости, кога постои љубомора без причина... ако тоа го преживее врската, тогаш може да опстои многу години потоа.
    Ние го поминавме тој период, а нашата врска сеуште трае. Не може да се генерализира и да се каже точна формула колку може да опстои една средношколска врска, затоа што тоа е индивидуално. Ако се помине „кризниот“ период, тогаш може да заврши и со брак. Но, ако се раскине во текот на средношколските денови, може и да се обнови потоа, што не е редок случај.
     
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    зависи од врската,моја другарка се вери овој викенд што помина а со детево се во врска од 2 година средно,па цели 4 год факултет па и откако завшија и ете ги после 10 год и нешто конечно се зедоа...
     
  4. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    од моја 16-годишна перспектива не ми се свиѓаат амаааа ич тие врски, симпатии ,мувачи, свиѓачи, искачања, вечери поминати со другарки а не со дечко (постојан)...според мене нај очај ми е коа ке се фатат у 1ва или 2ра и тие си се самите се на светот никој друг не им треба, жалосно за изгубените пријателства кои би постоеле и после таа врска :*
    и морам само еден пример да кажам за една од моите најдобри другарки иде со дечко и од 8мо веќе 5 години, и се подржуваат и сакаат и секогаш имаат доволно време за себе и за своите пријатели.. таква врска подржувам, али не за мене.. зависи од карактерот http://www.youtube.com/watch?v=eoGp8ueYvcI
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Досега сум била со 2ца, и тоа двајцата беа во време кога сум средношколка. Едната беше со школски (ОМГ, која глупост сум ја направила :?: ) и бевме заедно четири месеци. Добро, дечиња бевме, 15 години. А пак со вториот, бев 2 години. Се убаво, но ми фалеа некои работи. Другарките, излегувања со нив, зафркавање... И ми се здосади некако. Не викам дека не ми било убаво, но.. нешто фалеше.
    Не викам дека не може да успее една средношколска врска, МОЖЕ, знам многу примери за такви врски. Но ете, јас не сум успеала :D
     
  6. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Можат да тераат до самиот крај според мене, но тешко е тоа...треба да се има взаема разбирливост на партнерите за еден спрема друг, и да се пружи доволно слобода и да се има доверба се разбира, а притоа тоа се да не се злоупотреби. :)
     
    На zizela111 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    зависи од децата ..може да биде и посериозно ..познавам многу што им опстанале врски што се сеуште заедно..се е можно и ништо не е чудно :)
     
  8. flowerdust

    flowerdust Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    19
    ЗАВИСИ од околностите и личностите. Има некои што цел живот останале со првата љубов, додека за некои првата љубов е само сладок спомен од детството и дел од минатото. Сепак, можно е да опстане, зошто да не?
     
  9. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Зависи од двајцата. Често се случува еден од нив да не го сфаќа другиот сериозно, еден да не биде доволно зрел, еден од нив да глуми како да е сам во врската и слично. Доколку и двајцата се доволно зрели, сакаат сериозна врска со многу доверба, без лаги и криење врската може да опстои неколку години. Најчесто средношколските врски се кратки, најмногу два месеци бидејќи тоа се најубавите години во кои треба да се ужива и средношколците не сакаат да се врзуваат многу :)
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    А што има врска ако се средношколци? Зарем средношколците се толку неспособни за да успеат во една врска ? :?: Еве пример, моите родители биле заедно уште од 2 година гимназија и сега се омажени и имаат две деца. :angel: Имам многу другарки што се во озбилни врска уште од сега, не знам до каде ќе одат и колку ќе им успее, но сепак се во врска(иако се средношколци). Мислам нема никаква врска тоа според мене, колку години си, дали си средношколец, дали си студент. Секако си по созреан после 18,19 години, но и сега си способен за врска. :!:
     
  11. aleksandra33

    aleksandra33 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    dolga vrska za vreme na sredno skolo e glupost! zosto da si go trosime vremeto so eden koga toa ke go pravime podocna ete vo brak :D treba da se iskoristi mladogsta poubavo :D
     
  12. maci95

    maci95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    јас имав врска од 4 месеци и ми се здосади бидејќи ми фалеа другарките и забавувањето со нив..не дека го поминував целото време со него, но не беше тоа-тоа.. и му раскинав! сега си кулирам и супер ми е..
    иначе се е до карактерот.. :) зошто да не би опстоила врската ако навистина има љубов? :)
     
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    3 месеци.
    Среќна сум што не сум имала долга врска во средно, бидејќи ситните врски што ќе ги имаш во средно се искуство за понатаму. Се разбира, средношколските врски се во помал размер од оние на факултет и после тоа...
     
  14. jessica24

    jessica24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Зависи, некои си се зимаат со средношколската љубов а за некои е пролазно, зависи , еве лично јас средно имав така две средношколски љубави, со првата љубов ептен си се сакавме па дури и планиравме заедничка подалечна иднина :lol: (сега се газам од смеење на тие фантазии), деца си бевме двајцата зелени али супер ни беше како и да е идевме година ипол бруто, нето да се каже накаде пет месеци :rofl:. Фудбалер беше и стално патуваше а од времето коа беше тука секоја караница дури и за најмала ситница јас му раскинував па после мирење, молење следуваше па еднаш и плачење, и така, смешки, се глеам чат пат со дечково и знаеме да си се пошегуваме на наша сметка колку сме биле деца, ама баш деца од денешна гледна точка. А со втората љубов сме сеуште заедно :inlove:
     
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски
    ех ама се луди тие средношколски врски,на тие години мислиш се ќе направиш за дечкоти и дека цел живот ќе останеш со него.фала му на Бога што не сум останала со ни еден од дечковците ми од средна школа,имав 2-3 врски ни една подолга од 3-4 месеци.јас мислам тие врски не траат долго(со исклучоци) имаше и такви што се омажија уште во средно,ама за жал 2 пара се разведија+со деца,а има и една другарка што седи дома и е домакинка а мажот и брка швалерки на сите страни.мене лично не ми одеше со врските, ама затоа ми одеше со шемачот :) 7 години од прва година средно па до даље 8)
     
  16. Ice-age

    Ice-age Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Јас сум од оние што " имаат врска од средно " :rock: одиме уште од пред почетокот на втора година па еве сега сум втора на факултет и супер ни е :$ ни во еден миг не сум се покајала :rofl: иако сметам дека е убаво со сериозна врска да се почне покасно али сепак јас си го живеам животот супер....што да правам рано пораснав од 7-мо одд почнав со излегување,журкање и тако даље па и време беше да бидам малку посериозна :inlove:
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    јас лично не сум имал долга средношколска врска а нит сум сакал. сум бегал од обавези уффффф колку ми е смешно коа ке ми текне дека за викенд дремев у инсомниа па згора на тоа најчесто иаше некоја џенцка шо ме држи за рака :lol: и што добиваше цунка од саат на саат :D нез како ме трпеле некои...

    а да ви кажам за еден од многуте парови кои започнале на 15-16 години

    таа беше 2 тој 3 година кога се фатија. идеа цели ебани 9 години за на крај да се раскурцаат безвезе како и мн други овакви парови па затоа секад сум бил против врските на млади години, нема нишо у нив освен губење време.
    чест на исклучоците кои успеале
     
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Индивидуално. Јас имав една таква што траеше речиси две години, ама не беше ништо посебно и ден денес ми е криво на потрошеното време со него. ]:)
    Најубаво е баш во тие години, да немаш дечко/женска и да си уживаш максимално. :rofl:
     
  19. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Јас се омажив со мојата средношколска љубов, се фативме во 3 година и по 9 години се земавме :) .Ни за секунда не сум се покајала што поминав 9 години со иста личност и сега сме во брак, заедно сме од 17 години. Ви посакувам на сите љубов како мојата :*
     
  20. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    И цел живот, доколку станува збор за искрена љубов, добро пријателство и зрело однесување. Можеби, на почетокот ќе биде тоа само една детска љубов, на која не треба да и' се посветува големо внимание, но доколку се присутни и останатите фактори (кои претходно ги кажав), со текот на годините може да премине во вистинска, зрела љубов за која веројатно знаат само возрасните луѓе.