Немам прележано никаква сипаница.. Пред 10тина дена а можеби и повеќе бевме заедно со внуками кога почна да вади сипаници па еве ме немат фатено мене.. Ама како и да е утре другиден со децата мој заедно ќе си прележиме
Ако ја имаш прележано, нема потреба од плашење, имаш антитела доживотно во телото, а со тоа и плодот е заштитен.
пред извесно време и јас слушнав дека бремени треба да избегнуваат контакт со заразени од сипаници, дури и да прележале
Оние што имаат прележано не би требало, зошто се стекнува траен имунитет. Едното дете во два наврати беше во присуство на деца точно во период на инкубација. Првиот пат не се зарази, но вториот пат да. Не знам која е разликата зошто тогаш не се зарази?
Мислам дека најдобро е да се советуваш со доктор...несакам да те плашам,и јас сум слушнала исто...ти си прележала но плодот е тој кој може да е во опасност....имам не добри примери,ама немора да значи.Само посети доктор..
Значи прво прецизирате за која сипаница се работи. Претпоставувам зборувате за Варичела... Прележана Варичела би требало да даде траен имунитет на тој што ја прележал. Во тек на бременост ризична по плодот е Рубеолата и мора трудницата да се пази.
Антителата што се јавуваат при прележување како и демек оние што се јавуваат од вакцината би требало да дадат траен имунитет. Но Рубеола ретко кој прележал, повеќето сме вакцинирани, а вакцините можат да "потфрлат". Затоа верувам е мерката за превенција. Не од прележана Варичела, туку од непрележана Рубеола.
@Kaetana точно и јас сега пребарував по медицински страни, да ја смирам трудницата, и прочитав дека дури и да не е прележана Варичела нема голем ризик, а од друга страна Рубеола е таа што прави компликации кај фетус. Инаку деновиве има голем број деца со варичела, мислам дека за таа се работи. @Duomna За посигурно можеш да направиш Торч испитување за инфективни болести.
Јас имам прележано два пати сипаница. Еднаш многу мала и втор пат од нигде никаде без никаков контакт со такво лице втор пат кога бев поголема. Одговор зошто два пати немам. И мене ми е чудно и ден денес.
@vitamina Варичела? Јас ги имам двете сипаници прележано како мала, едната бебе, другата прво одделение.
znaci uste pred da dojde vakcinata na red za primanje..i maz mi so brat mu i sestra mu site ja prelezale sitnata , pa eve gi site zdravi pravi, a denes sme preplaseni od morbilite pa ajde odma vakcini
@alisijad не знам искрено за која се работи, само знам дека многу лесно сум поминала. Можно е да сум прележала рубеола и варичела. Ќе побарам баш да видам дали е евидентирано негде во книшка, макар што не верувам. А за заплашувањето во право си, има голем број од постарите генерации особено што прележале од болестиве за кои вакцинираме, без последици.
Морбили се многу опасни ако бремена жена (посебно невакцинирана) дојде во контакт со нив. Во таа ситуација првата работа што доктор ја кажува е абортус, така што не би ги сметала за наивна работа. Инаку да, и јас како мала ги имам прележано, ама сум за вакцинирање против истите.