1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Не требало да дозволиш да ти стават анестезија додека не дојде докторот, штом си сакала уште еднаш да се консултираш со него.
    А како што кажа и членката погоре, зарем пред да одиш во сала кога те викнале за операција не те прегледа докторот и немавте разговор?

    Сега ти ги прочитав и претходните мислења, и не ми е јасно зошто кога веќе ти се јавил проблем не си закажала консултација пак кај истиот доктор, ете и да не правиш 2ра операција кај него- чисто да си поразговарате, да му кажеш за компликациите и да најдете решение?
    Сепак штом си го одбрала претходно си имала некоја доверба во него, те оперирал, знае што правел, може и да поправи доколку се јавила и грешка- не ретко кај некои има потреба од повеќе од една операција.

    А тоа што ти го рекол Нетковски е разбирливо, ако ја читаш темата ќе видиш колку луѓе се оперирале досега во 8ми Септември, ја изгуби тој клиентелата, плус нели беше фатен со мито, му се оцрни кариерата, па сите му се сега криви, му ја разбирам реакцијата и тоа што ти го кажал.
     
    На Salome и Dgirlll им се допаѓа ова.
  2. rose1111

    rose1111 Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Тие што имаат ревизија правено - по втор пат, може ли некој да пише колку пари го кошташе втората операција?
    Зборам за во државна болница.
     
  3. Indie

    Indie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Само да ви кажам дека во втоникот направив ринопластика (чисто од естетски причини) на хируршки во државна кај доктор Игор Пеев. Сè уште имам завои и дишам на уста, меѓутоа имаше многу работа, затоа што требаше да се работи на ширината на носот и мала грпка, плус да се подигне. Операцијата траеше 3 часа и била комплицирана, но докторот ја има завршено работата беспрекорно и имам најпофални зборови за него и тимот што се на пластична, кога станува збор за професионалност, пристап, итн.
    Јас живеам во странство и можев комотно таму да се оперирам, меѓутоа се одлучив за доктор Пеев, затоа што ми го препорачаа и навистина сум презадоволна.
    Ќе прикачам слики пред и потоа за недела, кога ќе ми спласнат скоз отоците и доколку не ви претставува проблем цената (кошта околу 1110е, затоа што е на приватно), слободно контактирајте ме ако имате некои прашања.
    Болки немав баш никакви, само отеков - што е и нормално, но еве после 3-ти ден отоците прилично потспласнаа.
     
    На Kotseva и Auroraaa им се допаѓа ова.
  4. dc15

    dc15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    33
    Во државна си правела на приватно? Не го разбрав делот со приватно, него едно прашање до тебе и останатите, дали може да се комбинира во некоја од приватниве болници со некој доктор од државниве? Пошто многу ми се битни условите кај што би лежел.
     
  5. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Во државна болница на оддел пластична хирургија, вакви услуги (естетика) спаѓаат под приватно, за разлика од аудиолошки (уво, нос и грло).. Те сместуваат во посебна соба со тв, операцијата ја правиш недела дена после закажување, значи немаш чекање и сл. Цената е 900е, доктори со добра препорака за таму се Пеев Игор и Ѓоргиевска Јасмина. Поздрав :)
     
    На dc15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rose1111

    rose1111 Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Има ли некој да препорача добар доктор за правење операција во странство?
     
  7. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Еден ден пред операција ме примија во болница. И јас не еднаш, два пати се видов со докторот, значи денот кога ме примија докторот ме прегледа и ме праша шо сакам да правиме, и денот на операцијата повторно докторот со пациентите се договара. Јас незнам како ти не се виде со докторот, а и сама не го побара.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anyeska

    Anyeska Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае од кога најрано може да се направи операција, дали мора да си полнолетен?? Фала однапред позз:D
     
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Не мора да си полнолетен, една другарка направи корекција на 16 години.
     
    На Anyeska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Auroraaa

    Auroraaa Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,
    по долго размислување, се решив да направам операција, но сè уште не сум одлучила каде.
    Ги прочитав вашите постови, но сè уште не ми е јасно кој доктор е најдобар.
    Имате ли информација кој е најдобар во Македонија? Btw, мојот нос нема грпка, не е страшен, но сакам малку да го центрирам бидејќи ми оди на лево.
    Се надевам дека тоа не е проблематичен зафат и дека шансите да ме утнат се помали, со оглед на тоа дека не сакам стеснувања, форми и сл. туку само прав нос.
    @Indie ќе ни прикачиш ли слика „пред“ и „потоа“?
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Извини што ќе те разочарам ама тие операции се потешки и со релативно послаб резултат отколку само грпка или голем нос. За тоа кој е најдобар доктор не би знаела да ти кажам.
     
  12. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    @Auroraaa Такви ситни промени може многу да скапо да те чинат. Ако не ти се приметува толку тоа минимално искривување, тогаш подобро и да не чепкаш. Големи се шансите да не испадне онака како што очекуваш, па дури и да ти го зезнат уште повеќе па да одиш на преправки.
    И нема најдобар доктор! Секој пациент е приказна за себе, и секој доктор колку и да е фален може да има неуспешна операција. Исходот зависи и од сработеното од страна на докторот но уште повеќе и од градбата на носот, а и од самиот организам и можноста за закрепнување (повлекување на отоци, правилно зараснување на коски и 'рскавици, дебелина на кожата и ред други работи).
    Но ако толку имаш желба, ете види од кој доктор се членовиве најзадоволни и оди на консултација па види што ќе ти каже.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Auroraaa

    Auroraaa Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Да, секако ќе отидам на консултација и ќе видам што ќе ми кажат и понудат. Приметив неколку имиња што се спомнуваат во позитивна конотација.
    Читајќи на нет (а имам доста читано), сфатив дека не е страшен зафатот, но секако е потребен добат и искусен хирург. Најдобар доктор/и секогаш има и се прочуени и истакнати и тоа вушност се однесува на секој професија - доброто лесно се препознава.
    Па баш затоа прашав дали имате информација за моментално најдобрите.
    Инаку, дала на одговор, се надевам дека имате искусено ваква операција и зборувате од лично искуство, затоа што малку ме уплашивте. :)
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    @Auroraaa Секако од искуство ти го пишуваме ова, и не ми беше целта да те исплашам туку напротив, да размислиш дали толку вреди таа минимална искривеност (која претпоставувам само ти ја забележуваш) за да поминуваш низ целиот тој процес кој трае поприлично долго, без разлика колкав бил зафатот.

    Јас имав поголема девијација на коската а и подолг и поголем нос. Кога се работи за смалување на нос и за подрастична промена на таква голема искривеност, тогаш секако дека пациентот ќе биде задоволен со самото тоа што веќе нема крив и голем нос. Е сега, после година ипол ако се загледам баш повнимателно и јас забележувам многу маани кои би сакала да ги исправам ама после тоа сфаќам дека не може се да биде симетрично и супер ми е носот и ваков каков што е сега. Па на крај краева неправилностите се дел од нашиот идентитет и не прават уникатни! :)
     
    На dc15 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Auroraaa

    Auroraaa Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Да, да, истото го размислував. Во однос на подрастична промена, резултатот секогаш е видлив и пациентот позадоволен. Од она што го гледав, мислев дека 2-3 недели по операцијата се доволни за да се вратиш на секојдневието (секако, луѓе што прошле низ процесот, најдобро знаат).
    Битно е носот да изгледа природно и да се постигне договорениот резултат (јас секако не очекувам којзнае што, имам пореални барања).
    Но, доколку и тоа не можам да го добијам тука во Македонија, секако дека нема да се нафатам на операција.
    Во моментов собирам информации и од вас и од стручни лица, па здравје.
    Сепак поздрав за храброста и одлучноста да отидеш „под нож!“ :) @PaLaVa
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Имам мало искривување на носот.Во последно време се размислувам за корекција.
    Е сега уште хирург да одберам .Се мислам измегу Нетковски и Игор Пеев ;/ Не можам да се одлучам .
     
  17. rose1111

    rose1111 Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Има ли некој правено било каква операција на нос во странство? Загреб? Да сподели искуство.
     
  18. Blonde angel

    Blonde angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
  19. dreamland

    dreamland Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    здр.може ли некој да ми даде предлог за некој доктор на приватно ама да знае што прави, не да ме згреши,,носот ми е малку комплекс па би сакала да направам операција,,и како оди процедурата дали е болно,колку време трае заздравувањето,,барем да е до 1000е,,имам и некој проблем не можам да дишам добро, па би сакала и тоа да го решам,благодарам поздрав :D:inlove::*
     
    На rose1111 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fitgirl

    fitgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ве молам да ми предложите доктор на државна. Планирам да одам за брзо да закажам за операција, ама незнам кај кој доктор..
     
    На dreamland му/ѝ се допаѓа ова.