1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. Андријана98

    Андријана98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво.Имам закажано за една недела кај д-р Софија Пејкова дали можеби некој ја познава да сподели искуство?.Благодарам однапред
     
  2. Kotseva

    Kotseva Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, заинтересирана сум за корекција на носот. Од пребарувањата, Игор Пеев изгледа многу добар доктор, ако може да ми помогнеш доколку имаш телефонски број од него или е-маил да го контактирам некако.
    Не живеам во Мк, затоа не сум во можност да идам да го побарам во болница.
    Благодарам однапред.
     
  3. jdred

    jdred Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Поздрав на сите, сакам да ве прашам за добар доктор кај кого можам да се обратам за операција на нос. Машко сум, но имам девијација и многу тешко дишам и ми е преголем товар сето тоа на секојдневните обврски...
    Вие кај кого имате правено операција, колку ве чинеше тоа итн. итн. ?
     
  4. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    Здраво драги членови на овој форум...прв пат пишувам па би сакала за малку помош.
    Сакам да го оперирам носот уште од кога знам за себеси. Она што најмногу ми смета е неговата големина, немам грпки, ниту пак кога ми се гледа ликот се приметува дека имам лош профил
    Но кога ќе се свртам , неможам да го поднесам она што го гледам.Конечно се одлучив за оваа постапка па би сакала да поставам неколку прашања.
    1.Кои се врвни доктори за ринопластика во државна болница ( искуства ваши или препорака од близок )
    2.Која е цената за операција на нос ?
    3.Како оди процедурата за закажување операција...некои совети и слично.

    днапред Ви благодарам доколку наидам на вистински и искрени одговори!!!!
     
  5. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    462
    И јас истото сакав да го прашам:)
     
  6. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Разгледајте наназад, има добри совети за доктори и од државни и од приватни болници. Има и слики од членки кои што се имаат оперирано, пишува и цени.
     
    На Zenski Svet и PaLaVa им се допаѓа ова.
  7. Carmela

    Carmela Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Во која приватна болница оперира Јане Нетковски ?
     
  8. Eshli123

    Eshli123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли да ми дадете малку информации за Јане Нетковски во која болница се наоѓа моментално и како да воспоставам контакт, телефонски број, маил било што.. Се прочитав од почеток во рок од еден ден и мислам дека умот ми се замати.Запишав еден број од него ама не се јавуваше да не постои некој друг нов број ? Нова сум на форумов и решителна да правам операција кај него бидејќи е нејвеќе фален. Ве молам ако некој знае нешто нека ми врати на поракава. Фала однапред
     
  9. Dari87

    Dari87 Нов член

    Се зачлени на:
    26 декември 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Гледам долго време не е активен форумов. Сакам да се оперирам или кај др Добри или кај др Јане. Дали некој знае колку кошта кај двајцата приватно? Немам здравствен проблем,чисто естетика. Благодарам
     
    На Zenski Svet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dc15

    dc15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    33
    Исто и мене ме интересира за др. Јане или некој друг од подобриве дали оперираат во приватниве болници, пошто битни ми се и условите.
     
  11. pane_ane

    pane_ane Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки ,
    Најпрвин благодарност до сите оние кои исцрпно го опишале своето искуство на самиот зафат како и искуство при преглед со докторите( appreciate it), . Ме интересира дали некој има искуство со др. Раде Филиповски од 8ми Септември ?. Самиот доктор е фантастичен во разговор , ама едно е теорија - друго е вештина во раце :) . Однапред благодарност :)
     
  12. Marijam7

    Marijam7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво ! Поздрав до сите членки и членови на форумот. Имам девијација на носот и плус сакам да правам и естетика.
    Веќе ја почнав постапката и ги бев направила сите потрени тестови.Останува на 26ти е закажано разговор, а потоа веројатно и операција кај Др. Фродита на кое се разбира сеуште сум во неодумица дали и ќе ја правам кај неа

    Ја прочитав цела тема 2 пати но искрено повеќето мислења ми се за неверување.
    Гледам дека има членки кои се регистрирале и фалат неколку доктори, но од тие ниту една слика не бев видела а да ми биде и посомнително уште имаат по 1-2 мислења.
    Точно е дека има и неколку слики кои искрено помогнаа доста на неколку членки.

    Па ме интересира секој што има искуство со Фродита, Јане, Добри или некој друг доктор тука или надвор да пишат како поминале. Многу ќе ми значи. Во недоумица сум дали Фродита ќе ме среди како што треба. Некако ми делува ептен несигурна кога бев била и првиот и вториот пат.


    Ако може некоја членка која правела исто така да пише искуство. Јас веќе на неколку пишав и ќе пишам па се надевам дека ќе добијам одговор.
    Фала многу. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред па во иднина ќе бидам и јас тука за искуство кое се надевам ќе биде позитивно.
     
  13. q1w2e3r4t5y6

    q1w2e3r4t5y6 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, имам комплекс уште од детството дека ми е голем носот и сакам да се направам операција. читав во дел од пораките како тоа нашите доктори тука во мк не се доволно стручни за ринопластика и слично што лично се сомневам во тоа :) дали некој има искуство со Бојан Ристески од Прилеп за операција на нос??? Прочитав исто на доста места дека Даскалов бил многу добар, може информација за цена и колку се чека за кај него?
    Благодарам!!!
     
  14. Inna9

    Inna9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0

    Андријана98 те молам ако не ти е проблем да споделиш како помина кај др. Пејкова, јас сакам да се оперирам кај неа
     
  15. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    219
    Здраво на сите.
    Неделава ги прочитав сите мислиња и за поголемиот дел се информирав.
    И јас сум кандидат за корекција на нос, искрено не ми е некој комплекс или да си го мразам толку носот, али стварно мислам дека ќе бидам многу поубава, имам нежен лик и носот воопшто не ми стои убаво и само ме огрубува. Инаку се работи за мала грпка и малце смалување на носот. Девијација не знам дали имам али можно е, ќе се проверам. Ептен ми е страв од операции и такви ствари, али ако е решен човек тогаш се оди до крај. Трпи бабо за убавина :D ќе се издржи првата недела некако.
    Највеќе ми е мене до тоа дали ќе ме погодат. Знам дека тоа е вечното прашање и секогаш има ризик али ќе бидам многу посмирена ако знам дека сум во добри раце.
    Од се што прочитав се двоумам меѓу Јане Нетковски и Добри. Најмногу позитивни коментари од тоа што јас приметив. Само ме збуни сега лошиот коментар на Rose, како била ептен разочарана од Добри и дека ја уништил.
    Исто не ги сфатив некои од коментарите дека Јане едноставно вратил некои пациенти и не сакал да ги оперира. :/ И дека после периодот со митото не бил истиот.
    Не знам навистина што да правам.
    Дадете ми совет, мислење, како да се одлучам, кој е подобар...
     
  16. Glorcheto

    Glorcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Девојки јас имам прочитано на нет дека можело и без операции но само ако ви е многу месест носот еве го линкот дали некој ако пробал знае какви резултати дава да ми каже во план ми е но се плашам да не биде нешто лошоо незнам https://makedonijadenes.com.mk/mask...i-toa-za-15-minuti-i-15-denari-video-retsept/ :)
     
  17. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    3.417
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Темава ја читав дооолго време и решив да се регистрирам дури откако направив операција на носот :) Имам еден совет: доколку сакате да правите естетска корекција појдете на пластичен хирург, а не на оториноларинголог бидејќи сите тие што ги споменувате: Јане, Фродита, Дубровска, Копачева...се на клиниката за уво нос и грло. Јас имав лошо искуство со Јане. Прво да нагласам имав и здравствен проблем (девијација) и естетски (грпка). Едвај преку врски од 100 места успеав да закажам кај Јане. Ме влечкаше по разни тестирања кои дополнително ги платив за да ми каже на крај дека ако сакам естетика треба да платам плус 500 евра од она што би чинело само за здравствениот дел и да чекам не знам колку време и тогаш се откажав од кај него и заминав на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и се решив ќе си платам приватно само да го средам носот како што треба. По препорака отидов кај др. Лазо Новевски (пребарував на форумов скоро и никој да не го споменал) за кој ми кажаа дека е еден од најдобрите пластични хирурзи кога е во прашање нос и не се покајав. Закажавме операција за една недела, појдов, се оперирав и можам да ви кажам дека носот ми е прекрасен. Пред некој ден ја извадив лонгетата и уште ми е отечен ама новата форма се гледа. Пред операцијата му однесов слика каков нос сакам и до милиметар ист како на сликата ми го направил а воедно и здравствениот проблем ми го решил и пресреќна сум! За повеќе инфо дополнително прашајте ако ве интересира.
     
  18. cheeeki

    cheeeki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2016
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Океј, се убаво што напиша, но поефективно ќе беше да ставиш пред и потоа :)
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    3.417
    Пол:
    Женски
    Како што пишав, лонгетата ја извадив пред некој ден и сеуште ми е отечен носот и делот околу него. За недела две кога ќе се тргне отокот и модрилото и кога ќе се гледа финалниот ефект ќе ставам.
     
  20. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    27
    И вкупни трошоци, ако може.