Не мислам дека е одлично тоа што дете од година и пол има 16 кг - како ли се движи се прашувам? Еве, и мојата внука има 16кг, а има скоро две години. Педијатар препорачува диета - т.е исфрлање на благо, намалување на лебот и млекото во исхраната, повеќе салати. Значи исто како за возрасен - постои ризик за појава на болести уште од најрана возраст. Па дете прваче (7 години) има во просек 25-27 кг. еве ај нека бидат 30 (некогаш зависи и од висината).
Мислам дека има малку поголема тежина него што треба за нејзината возраст. Не е лошо да се консултираш со педијатар. Ќерка ми има 4 ипол год. и има околу 20 кг плус минус некое. Поздрав
Ќерка ми се роди 51см и 4 кила и 100 грама мислам дека родив израснато дете, да и ставиш ранче и право во школо