1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која книга не би ја читале по втор пат?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Magnolija, 20 декември 2011.

  1. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Искрено јас никогаш не би ја читала некоја книга два пати, па незнам колку да била интерсна за мена, може ќе ја запамтам подобро и подолго ќе ми остане во сеќавање отколку некоја книга која ми била досадна и глупава, нама логика и резон да читаат книгите по два пати се разбира доколку не е научна или ако ти е потебна да научиш за работата нешто, на пример медицинарите навистина им е поребно не два пати да читаат туку повеќе пати.
     
  2. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Јади,моли се и уживај.Ќерката на чуварот на спомените- многу убава содржина но премногу опширно раскажувано за некои не толку важни работи.
     
  3. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Без да размислувам, дефинитивно тоа би била „Петтото Дете“ од Дорис Лесинг.А баш се сеќавам дека пред да ја купам доста ми ја фалеа..
     
  4. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Алхемичарот од Пауло Коелјо. Многу фалена, ама со недела сум ја читала... не ме заинтересира, беше необична на начин кој што не ми се допаѓа.. Ааа, да, и сите тие од Александра Потер. Првите две беа интересни како за прв пат, а другите... !!
     
  5. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Би прочитала книга повторно, некоја која не сум ја сфатила добро, некоја на која не се сеќавам на содржината или некоја која ми оставила добар впечаток, па би се навратила пак на чувствата што ми ги предизвикала.

    Но, не би прочитала книга која ме убила од досада и која едвај сум чекала да ја завршам. На пример, „Процес“ од Франц Кафка и „Тврдоглави“ од Славко Јаневски.
    „Процес“ беше многу досадна, тој ликот само некаде одеше ни сам не знаеше каде, нешто бараше, кој знае што. Пукнав дури ја дочитав.

    Имав една професорка во средно која секогаш ја препрочитувала „Дервишот и смртта“ од Меша Селимовиќ. Велеше дека при секое ново читање откривала нови работи и старите ги сфаќала и доживувала поинаку.
     
  6. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Се сложувам,леле умрев од досада додека ја читав,ама ај си реков ќе и дочитам и .
    А и би ја додала Децата на капетанот Грант (Les Enfants du capitaine Grant)
    Романов е напишан во 3 книги со по 260 страни,и е заморувачко,го читав цел месец.Како капетанот мислеле дека е мртов па неговите деца го бараја низ цел свет,па кај оделе шо имало таму,па имиња на сите места (ни едно не запаметив) и бла бла бла :talk:
     
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Јас би ја читала пак "Прв за умирање" ептен добра книга, за сите што сакаат криминални трилери зачинети со малку љубов му ја препорачувам книгата, нема да згрешите, јас ја прочитав во еден здив. А исто така пак би ја читала и "Повикот на судбината" нешто слично на шпанска серија ама интересна ми беше така лесна книга.
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Не би ја читала Гарванот од Алан По.. многу досадно песимистичко нешто.. не ви ја препорачувам
     
  9. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    Горски венец - Његош
     
  10. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Ниедна книга не би читала по втор пат. До сега едниствена книга што умеела да ме допре до толку е „Сама“ од Г. Петрески. Таа книга ја имам читано 3 пати и никогаш нема да ми стане досадна.
    Сега кога на полицата стојат книги со по 700 страни, никако бре, што сум ви ја тука, машина?! Можеби кога ќе остарам ќе ми се појави некоја желба да ги препрочитам омилените книги. И до сега немам сретнато некоја досадна книга. И во најдосадното пронаоѓам интересен елемент.
     
  11. split96

    split96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Никако ама никако не би ја читала повторно "Собибор"(не се сеќавам кој е авторот)се работеше за евреите и холокаустот.Не најдов почеток и крај, нешто се раскажува,завршува,а после пак од ново (истото).
    И секако "Сребрените снегови" тие се топ 2, ама има и некои други како Робинзон Крусо, Белото циганче (мајка ми ги прочита за мене :lol: )
     
  12. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Осаменоста на простите броеви-Паоло Џордано. Ја купив по препорака на една од вработените во Матица демек ќе сум се воодушевела -.- . Мислам дека не сум сретнала книга со толку досадна содржина и никаков крај.
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biancaneve

    Biancaneve Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Последниот чај од Винка Саздова, очекував малку повеке од книгата ама ја завршив со мало разочарување, со тоа што до негде сака очигледно да го долови стилот на Пауло Коељо ама слабо. Интересна книга ама ..... одвај чекав да се врати од таа Индија ,,, бла бла блаааа
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Калуѓерот што го продаде своето ферари - Роберт Шарма и првиот пат едвај ја прочитав а не па да ја читам по два пати...
    Појадок кај Тифани - Труман Капати и оваа книга не би ја читала по втор пат бидејќи и првиот пат не ја сфатив како што треба :D
     
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Маски.Не ми текнува кој автор беше,но се сеќавам дека не ја дочитав што е нешто многу ретко кај мене :!:
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Иаку ја имам прочитано два пати, единствената книга што не сум ја разбарала и не ја сакам ич е Малиот принц. Незнам за таа воздраст толку ме збуни, ме искара наставничката и морав јас да си ја прочитам втор пат зашто се нервирав кога ќе ме искараат и јас да незнам нешто :$ , ама ја запамтив како книга што не сум ја сватила и не ми се допаѓа. Никогаш повеќе
    Друга нема стварно, сите би си ги читала втор пат.
    И чудна работа книги кога ги читам на српски, незнам ама ме боли глава и неможам да ги читам, на англиски што се вика со леснотија ги читам а со српскиов си имам проблем :?:
    Ретко читам книги на српски.
     
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Уфф ама е глупа книгаава.. :puke: Не е книга која ќе ме остави без зборови.Повторно читање?? Никако.
     
  18. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Калуѓерот што го продаде своето ферари - Роберт Шарма почнав еднашка да ја читам книгава и не ја дочитав. секако немам намера некогаш пак да почнам : )
    Исто и Моќта на потсвеста не би ја читала пак..
     
  19. crankyy

    crankyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    6
    Виновен е мојот мозок.хх
     
  20. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Никоја, искрено не сакам да читам едно исто по два пати.