1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    јас изгледа ќе одам во грција.... :) а уште ли не го признаваат пасошот и ги даваат тие листовите како замена?? ;)
     
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Хахаха да, сеуште не го признаваат пасошот за жал и ги даваат листовите наместо виза |( :x
     
    На Smurfette.M му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pixyy

    Pixyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    јас че одам грција -паралиа :D
     
  4. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Дечки некој збор за Ставрос, кој бил?
    Плажата, водата, ноќниот живот, место за шетање, гужви има-нема :?:
     
  5. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Јас бев мината година за Неа Врасна и еден ден отидовме за Ставрос бидејки е само 10 минути оддалечен. Местото не е баш мало има разни продавници , ресторани.. Има малце гужва а плажите се добри :)
     
    На butterfly.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Јас сум била и мн е убаво.И морето,плазата,се .Има дискотеки,продавници,ресторан.А за гузва зависи кое време ке одиш. :) ;)
     
    На butterfly.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266

    Фурка е убаво помало местенце, каде има и млади, меѓутоа воглавном се тоа фамилијарни луѓе. Има само една јавна плажа, убава е ама премала, другото се се приватни, што на хотелите, што на тие што нудат приватен смештај. Има многу Срби гости (ко и сегде веќе :rofl: ), и многу Македонци што работат. Цените се ко во Солун отприлика, ништо поскапо. Има неколку кафичи-дискотеки кои што не се пунат баш full со луѓе. Сите објекти се интернет-кафиња и онакви ко флиперници. Е таму место фаќање тешко, врие од деца. :rofl: . Ja би го сместила во средна категорија, не е лошо, меѓутоа му фалат луксузни хотели, ресторани за да стане баш привлечно. Вака се вади само дека на море излегува. Ако сакате малку поchill одмор таман ви е.
     
  8. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Грлс.. некоја од вас ќе оди накај 10 јули за Грција, на вториот крак.. мармарис.. се вика местото мислам..?! :)
     
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Мармарис не е лошо ама плажата не е убава и е пристаниште колку што се сеќавам сум била таму и не знам колку е чиста водата, ама во околината има убави плажи блиску до Мармарис.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Мислиш Метаморфозис ili Неа Мармарис :?:
     
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас ќе одам на местото со најубави плажи Кефалонија :D по втор пат.
     
    На Ivana2509 и linija им се допаѓа ова.
  12. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    Kефалонија? преку која агенција? :$
     
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    не одам преку агенција имаме број од газдите на едни убави апартмани,кај што неколку години со ред одат наши пријатели иеве годинава по втор пат ќе ги дружиме :) . А како е преку агенција не знам. :(
     
  14. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    а како се движат цените отприлика?!
     
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Па цените се отприлика како на краците а за некои работи е и дури поевтино, ретко има макдеонци па е прав одмор без цели куќи со македонци и оговарање по цел ден на плажа, повеќето се скандинавци англичани, французи, германци, дури и срби има малку. ете на пример ние за простран голем апартман со две спални кујна дневна купатило и балкон голем , одалецени на 50 метра од плажата плаќавме 40 евра денот за 4ца.
     
    На linija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Јас пред една недела се вратив од Ханиоти,и сум презадоволна.Многу ми се допадна местото.Кафичи има,дискотеки не.Најблиска дискотека е 10км од Ханиоти.Е сега зависи каков одмор сакаш.Ако одиш за журкање...па и не е баш такво местото.Има и доста постари луѓе и баш бев зачудена колку ги имаше,а има и млади секако.Најмногу има срби,па македонци,руси...А плажите ми беа убави :)
    И најважно да кажам дека е скапо,прилично поскапо од кај нас :D
    Ако те интересира уште нешто,прашај ;)
    Позз!
     
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ако одиш на краците добар избор си направила со Ханиоти. Другите околни туристички места се доста помали. Во ханиоти има доста кафиќи и голем број на коктел барови. А дискотеките се да, како што кажа феминката погоре некои 10 км оддалечени од ханиоти. Сепак ако имаш прилика можеш да ги посетиш зошо стварно вреде да се посетат. Посети ја пеарл ор ејнџел. Има доста добри журки. Тие се пред калитеа. Иако навечер и во кафиќите во Ханиоти е сосем ок. Сум била во неколку кафиќи покрај плажа навечер и таму е мн интересно.или иди во хотели. Ке можиш да влезеш. Посебно таму кај шо е ол инклузив.(спријатели се со некој таму, и онака се му е платено) Е таму навечер, знаат да се направат многу добри журки. Посебно ако руси отседнале у хотелот ;) Јас летово ке бидам у полихроно ама нонстоп планирам да си го посетувам ханиоти и околните места :)
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски

    Мислиш на Неа Мармарас, така? Таму во гратчето нема некоја посебна плажа, тоа место ти е само за шетање. А пред гратчето и после него има хотелчиња и убави плажи. Јас лично ти ги препорачувам плажите Лагомандра и Елиас - до нив се доаѓа преку скалички од патот надолу. Во тој дел каде што се симнуваш има карпи, ама плажите се песочни, има и крупни камчиња. Водата е многу чиста и топла, само знае понекогаш да има многу морски треви исфрлени на брегот. И велат дека има ежови, ние не видовме ниеден. Има доста хотелски капацитети, ама Ситониа во глобала е помирен крак, односно, нема толку места како Касандра.
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    И Метаморфозис е мн убаво мало место со мн борови дрва , карпи песочна плажа и чиста вода. МНогу мирно мести инаку се сејќавам Неа МАрмарис е прежешко, едно од најжешките места кај шо сум била, нема воздух на вечер не се диши. Ситонија е најубав од краците и е за вистински одмор, бев кафичи журки мн и такв работи прекрасна природа и мир .
     
  20. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Mармарас е поексклузивно од Метаморфози, повисоки цени каде каде бидејќи таму повеќето што идат се со подлабок џеб, врие јахти, ексклузивни скапи аута и нормално е.