1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. baby-by

    baby-by Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Одиме на 7ми Август на Тасос..кој ке оди убав помин и се гледаме :)))))
     
  2. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    jas sum momentalno na odmor vo grcija
     
  3. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    jaс бев за Грција на одмор на третиот крак во Ouranoupoli и си поминав убаво :)
    искрено убаво ми е таму и не се занимавам со политиката ;)
     
  4. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    111
    јас бев во Ставрос преубаво онака искулирано место една улица со продавници и паркче за шетање преубава плажа а уште преубаво море...сакам пааак ама со дечко мииии самииии хехе :D :D :D
     
  5. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Девојчиња била некоја од вас во Парга на одмор? Какво е местото? Дали сте задоволни? Сега се мислиме со дечко ми за тоа место.... Убава понуда имаат од Савана а и вака како што гледам од сликите за сместувањето и местенцето какво е, убаво ми стои. Ајде пишете :*
     
  6. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Јас најверојатно годинава нема ни до Охрид да одам на одмор, а не па Грција. :(
    Инаку, немам проблем со лошососедските ( :D ) односи, грчките плажи се прекрасни - имам финансиски проблем.
     
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Јас уште малку тргнувам на одмор во Грција.
    И не ми е гајле за политичките односи, јас одам на одмор. Грција си е убава земја, има убави места а и морето е убаво.
    Инаку оваа година па и не е баш скапо, симнати се цените.
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ако немам некои поголеми финансиски проблеми најверојатно ќе одам оваа година. Нема да ми биде првпат, а Грција е навистина преубава земја, оставете ги на страна политичките односи, ама според мене е една од најубавите земји за летен одмор.
     
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.635
    Кога веќе ќе одите до Парга продолжете до јонските острови. мене Парга ми личи на мало рибарско место...а и невидов некои плажи убави (на нет)

    моите денес стигнаа на Закинтос и првичните впечатоци се екстра позитивни
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.982
    Да те поправам, оваа година и тоа како се покачени цените во Грција, буквално на се!!!!! :!:
     
  11. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Точно, се е поскапено , јас бев на одмор на првиот крак , при крајот на мај ,и беше се изгор , на пример хигиенски влошки што кај нас се 80 ден , таму беа 3.00 еур.
     
  12. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Офф, извинете за грешката. Другарка ми беше, ми вика поефтиниле. Yeah, right. Фала што ме известивте. :)
     
  13. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Јас планирам да одам Грција на одмор..аа ако случајно не одам тоа ќе биди од друга причина..нема шанса политиката да ме запре..не ме интересира политика
     
  14. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Da ne bil nekoj na Krf na Kavos da mi kaze kako se dvizat cenite za iznajmuvanje motor, za hrana i sl? :)
     
  15. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Од 8 до 10 евра од ден, така ми кажа службеник од туристичка агенција :)
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Јас бев на Крф минатата година само во St.George.Изнајмивме скутер,ама имавме попуст зш газдата на апартманите кај што бевме сместени имаше скутери за рентање и плативме 12 евра за еден ден.
    Во St.George беше геријатрија, просек на плажа 68 години, јас имав комплекс да се соблечам во купаќи, ама кога ги видов бабите топлес, бев една од позгодните на плажа :rofl:
    А Кавооооссс, приказна за себе!!!
    Жив разврат!!! Вриеше од Англичани, не се трезнеа, а хомосексуалци имаше на сите страни. Дечки се шетаа во танга купаќи и оној пуфнат тул од костим на балерини- се продаваа во секој дуќан таму и ги имаше во сите бои.Малку се задржавме, има луд ноќен живот, а некои кажуваа дека забавата одела до тие граници што имале организирано и орален секс на плажа.
    Плажите се песочни иначе, за разлика од другите места каде се ситен камен.
    Сега не знам цените какви се, можеби е поскапо, меѓутоа уште тогаш споредувавме со некои другарки што беа на краците и на Крф беше поефтино за разлика од Халкидики.
    Најисплатливо за храна пазарење е во Лидл.
    Ипсос е најдобро место за млади на Крф,па не е лошо да ја разгледаш и таа варијанта.
    Инаку оваа година пак ќе одиме во Грција, само сега на краците.
    И ако изнајмуватге автомобил-обавезно извадете меѓународна дозвола.
     
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.635
    Ако имаат од новите возачки дозволи нема потреба да вадат меѓународна, па нели затоа ги менувавме :)
     
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Ние бевме прво кола да изнајмиме и кога гркот виде македонска возачка, абе запречи краци и не му беше битно што ќе испушти 40 евра, нејќеше да слушне да ни изнајми.Сопругот почна да се расправа, а мене инат ме фати, кажав се и сешто и револтирано го напуштив „местото на злосторството“, зависи на каков ќе налеташ!
     
  19. budal4e

    budal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    а знаете ли како се движат апратманите во грција ако некој знае нека пиши важно ми е поздрав
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.689
    Дали има некоја агенција што организира само превоз за грција?Без смештај значи.Лани бевем 10 дена со сместување,ама сега сакаме на 5 дена а ние да си бараме смесување,т.е. го имаме најдено преку пријатели ама ни фали превоз :( Незнам ни дали организираат на 5 дена само превоз,минимум да не е за 7 дена?