1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    @DigY Мудања е пуста навечер. Има делови од местото што не се ни осветлени како што треба , дури и морбидни. Го шеташ местото за 10 мин и толку е. Продавниците на една рака да ги избориш.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    64.726
    Пол:
    Женски
    Некоја да не била на Тасос да ми каже како е со цените?? Плажите какви се??
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NanaMia

    NanaMia Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.938
    Пол:
    Женски
    Афитос е супер романтичен, нема врска со ниедно место на Халкидики, како стар град, ептен кул. Плажата е на удолница, како Калитеа, ама дефинитивно вреди. Има и паркинг, за тие што нејкат да пешачат 7 8 мин, да идат со кола. Имате плажи кај шо се плаќа кафе за лежалки, плажи без лежалки...имате избор. Дефинитивно таму ќе идам секако пак
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Од краците е дупло поефтино. Има убави плажи на цел остров.
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Знае ли некој дали има онлајн резервација за траект до Кефалонија (а тргнувањето од кој град не знам кој е) и од кој град се поаѓа, која цена е и каде може да ги следам кога тргаат и кога се враќаат?
     
  6. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    Да дефинитивно вреди,едно од најубавите места.
    Можда е малку поскапо ама вреди за сите пари
     
    Последна измена: 10 мај 2016
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Не е лошо местото. Проблем е малку што веднаш кога ќе влезеш во вода, длабоко е.
    За шетање е онака просечно.
    Ако веќе планираш да одиш на вториот крак, би ти го препорачал Вурвуру. Ќе се заљубиш во местото и плажата.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Тука види си
    http://www.ferries-greece.com/travel-guide/ionian/kefalonia/

    директен мислам дека има само од Лефкада, останатите линии се преку островите. Тука секако можеш да си резервираш.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Ние се одлучивме годинава за Лептокарија (не сме многу по журки и такви ствари) во шпиц сезона во Јули. Во темата нема нешо многу информации, се надевам тука ќе најдам повеќе.
    Што можете да ми кажете во врска со плажите, водата,цените,јадењата, лежалки и сл. комарци има ли?

    Видов има Масутис во близина на вилата а има и Лидл на 10-15 мин од вилата така да во тој поглед сме задоволни. Вилата е на 50тина метри од плажата што е одлично, па ме интересира во врска со шеталишта и сл места. Ако има и ново инфо од лани со бил некој, одлично би било.

    @Marick14 гледам ти си изнашетан по Грција, ако имаш некое убаво детално инфо, ќе ти бидам благодарна :D
     
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    @srcence1607 Лептокарија е убава. Песочни плажи, убави. Водата не е многу прљава или со зелки. Шеталиштето е како во Паралиа ако си била.
    Куцни на Гугл Olimpiada. Ако сакаш мирен одмор и мирн место без многу бучава. Види го местото.
    Е сега ако одиш со кола, има 2-3 плажи во близина на тоа место што се како на Тасос. Кристално чисти.
    Поблиску ти е мислам дека од Лептокарија, а многу поубаво. А за шетање скоро и да нема.
     
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Одиме преку агенција. Инаку сакаме мирен одмор иако сме млади :D Онака да се прошетаме, да каснеме нешто и да уживаме, преку ден и онака цело време ќе бидеме на плажа. Се одлучивме за Лептокарија па за неа ме интересираа повеќе информации :) Фала Марик
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Guess-89

    Guess-89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Сега во Петок за Тасос на ласт мин 69ЕУР 8-|
     
    На kanella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Имате ли информации, навистина ли годинава се ќе биде позкапо во Грција? Како се движат цените на апартманите? Или пак само муабети, исти се како лани?
     
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Смештајот е навистина поскапен колку што разгледував и прашував цел месец по агенции. А таму цените како се не знам. Се надевам ќе пише кој знае
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Супер зделка. Убав помин па пиши импресии за местото :) Јас ги разгледувам островите во Грчка како дестинација летово но не можам да се одлучам за кој, па моментално само собирам информации :lol:
     
  16. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    637
    Добро бре луѓе, до агенциите ли е или до грците? Сакам да одам на одмор на крај на август, и гледам се е над 400 евра за двајца , кога ќе ставиш и пат и се (значи, КРАЈ на август, не почеток). Си правам математика, 400 евра трошок, уште по 200 минимум ти требаат за таму од човек, па да се спремаш.... Каде да им најдам бре 1000 евра за одмор, нормални ли се овие !
    Изгледа ова лето ќе се ладиме на тераса.
     
  17. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    Кога би барале таму смештај кога ќе отидете ќе ве фати поефтино (секако зависи на кое место ќе одите)
    Ама па и зависи во кое место ќе одите во август,зошто многу тешко може да се најде смештај (оваа зборувам за Лептокарија,Паралиа,)
     
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Што направи бе...:| :o
    Што ќе правиш со 600 евра ти во Грција???

    Јас лани со 300 евра поминав, и тоа на ОСТРОВ !!!
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    637
    @Marick14 Не 600 евра, по 200 евра од човек ти велам за таму , плус за спремање, групо околу 1000 евра кошта

    @Quuen, во право си за Паралија, но за жал не сме во можност да одиме со сопствен превоз...
     
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Nie uplativme za Polihrono 400 e. duplex apartman. Dve posebni spalni ( vo sekoja spalna TV i klima) zaednicka kujna i wc.Po 200 e po par ni dojde za 7 dena. Sakavme Hanioti no prijatelive veke bile, i se resivme za Polihrono.