1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    И јас одам за Грција во неа врасна за околу десет дена и сакам да прашам дали е точно дека цените биле поскап и дали некој е бил во Неа Врасна??? :) ^_^
     
  2. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Повеќето од македонците одат во Грција, џабе се силат политика ова она кога таму си уживаат на море..
    и јас до пред некоја година не сакав да одам таму, демек ги мразам грците а уствари луѓето се секаде исти ама политиката ни мачка очи. 8)
     
    На fast_and_curious и rajna-vojvoda им се допаѓа ова.
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Јас бев неколку пати до сега, а од кога знам за себе не можам да пребројам колку пати имаме отидено уште како деца... На еден чекор ни е :) Вистинскиот одмор ќе следи во август ама се двоумам кај ќе е...
    Што има врска политиката, зошто да не се искористи тоа што до нас имаме земја која е светски прочуена по туризмот, врвната услуга и професионалност, места каде можеш да уживаш во перфектна организираност и цени кои може секој да си ги дозволи, тука се и оние места како планинските села кои нудат потполна релаксација и мир заедно со неверојатни пејзажи .
    Сега ситуацијава и не им е баш сјајна ама се надевам ќе се подобри :)
     
  4. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Феминки, сакавме со друштво да отидеме во паралија....ке може ли некој што бил во лп да ми пише преку која агенција бил? Фала однапред :)
     
  5. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Најверојатно ќе одиме во Грција за еден месец. Воопшто не се замарам со политика и слични работи, најважно ми е убаво да си поминам и да си уживам :D
     
  6. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Дали некој бил во скоро време за Паралија или знае како се движат цените таму ?
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.982
    Цените се многу солидни, а апартманите се намалени дури и за 20 евра од соба мозеш да најдеш, супер маркетите се исти цени како во Мк, така да баш се исплаќа ако одиш на одмор таму ;)
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.689
    А како е за млади таму,се мислиме меѓу Паралија и Олимпик Бич :worried:
     
  9. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.982
    Па местото е само за млади, поготово паралија, олимпик бич е исто акко паралија само помало место со помалку продавници и мене лично не ми се допаѓа, а додека паралија има неколку дискотеки и супер ноќен зивот, нема да згрешите ако одите , верувај ми ;) Јас сум моментално во Паралија и можам да кажам толку многу туристи во живот не е имало, премногу луѓе има што значи тоа е супер :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    топ!!!!!!!!!!! јас и друштвото одиме за 10 дена :D
     
  11. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Јас идам за 10тина дена во Олимпик Бич и оваа информација со гужвите ме штрецна малце :o :D Се надевам барем има место на плажа, да не мора да идеме во 7 сабајле да фаќаме лежалки :x
     
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.689
    ^ Jojoba може ќе се сретнеме јас одам на 30-Олимпик Бич :lol: кога ќе се вратиш обавезно пиши ми импресии ;)
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Двете места се одалечени на 10 мин едно од друго така да можете или таму или таму убаво е и на двете места.Во Паралиа има 10тина дискотеки.Лудница.Во нив често има балкан најт со трубачи!Врие срби!Одлично е за млади.И Олимпик Бич е за млади но таму има клубови и кафичи нема толку многу журки колку во Паралиа.Но како што кажав не е проблем пешки можете да идете до Паралиа. :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.982
    Е сега па и ти баш 10 дискотеки од кај ги најде? :lol: Се на се 4 се големи дискотеки, а ако мислиш на останатите барови покрај плажа-тоа се кафичи и ги има богами доста, така да убаво е за одмор, проверено ;)
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    ЈААААААААААААААААААААААААААААААААСССССССССССССССССС! :$ :$
    Само се мислиме дали во паралија или олимпик бич. Не ни е проблем водата дека не е многу чиста бидејки ке одиме со сопствен превоз и ке може да одиме на една плажичка која е малку пооддалечена и таму водата е почиста. Инаку не е до толку опасно, не е чиста водата бидејки има многу гужва и се заматува од оние кремите за сончање, па и некое бранче да мавне и еве ти нечиста вода. Братучетка ми беше во Паралија пред 2 недели и отиде на плажа во 6 сабајле и вели тогаш водата е солза чиста. Не верувајте дека канализација се испуштала таму, не е ова Вардар. :)
     
  16. eki4k2

    eki4k2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    41
    Јас од кога сумм родена одам во Неа Пори значи 14 години одам таму и годинава ке одам.Местото е мирно.Прекрасно е има шеталиште местото е големо неможе да се дооди има и продавници,луна парк за мали деца и за повозрасни,има една црква и окулу неа мало паркче со клупи,могу ресторани,кафичи, неколку дискотеки и слаткарници.Гирото не е секаде убаво само на две три места(бар за мене оти ја сум манаџика).Плажата е прекрасна со песок и е многу широка и долга.Морето ептен е убаво нема многу тревки,водата не е матна и внатре во морето е со песок не е како на некој места со камења,кога влегуваш во водата е плитко и постепено се зголемува длабочината и после има место во морето каде што е до коленици е таму веќе е за играње одбојка и ред други работи.Интересно е местото и не е претерано скапо.Во Неа Пори нема многу македонци скоро ич повеќе се Срби и Грци,а нашиве македонци повеќето одат во Неа Врасна и таму имам отидено ама не е убаво според мене.Неа Пори скоро е поврзана со Петемона и таму е убаво за шетање навечер.Биску е и Лептокарија каде што е поразвиен ноќниот живот,поевтино е овошјето таму и има многу продавници,но имам јас една мана само плажата е со камчиња и е мн мала на првиот ред се хотелите ако одите преку туристичка агенција ама претпоставувам дека е многу скапо,а апартманите се тек над пругата и е малце подалеку од морето треба баѓи да се оди.Надвор од лептокарија има и Лидл маркет каде што е многу евтино :D.Кој ќе одат годинава во Неа Пори убаво да си поминат ние дома планираме да одиме овој петок,а тие што биле Наздравие одморот. :D :*
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Бев во Ханјоти супер беше :D
     
  18. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    ние идеме во неа пори август после 20ти. нешто првенствено заради што се одлучивме за таму е плажата која сите ја фалат..и с енадевам ке биде добро ;)
     
  19. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    На здравје нека ти е одморот.Би можела да ми пишеш кај беше сместена,какво е местото,водата,како се движат цените и итн.Јас планирам да одам таму,затоа ме интересира.
    Ти благодарам
     
  20. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Некој што има одено во Ставрос или Аспровалта :?: да ми каже какви се плажите, водата, дали има каде да се шета?