Темава нека биде за објавување на масовни крводарителски акции, и тоа дел и помош за некого. Ѕвездено небо и крводарителска акција во чест на Тоше Петтиот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ обожавателите на Тоше Проески ќе го организираат в недела, 6 октомври, од 19.30 часот на плоштадот „Македонија“. - Дојдете да ја исполниме неговата желба, секоја година да не има во што поголем број. Заедно да се сеќаваме, пееме и да го славиме животот на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески. Тагата никогаш нема да запре, но неговата големина секогаш ќе ги грее нашите срца, соопшти фан-клубот на Тоше. Ѕвезденото небо се одржува секоја година на 5 октомври во сеќавање на последниот концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, одржан на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје. Оваа година е поместен за ден подоцна зашто в сабота во центарот на Скопје ќе се одржува манифестацијата „Бела ноќ“. Во Домот на АРМ в сабота од 9 до 18 часот ќе биде организирана и крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?”, на која ќе има изложба на уметнички слики со ликот на Тоше од младиот уметник Александар Поповски. - Хуманоста не смее да биде наша обврска, хуманоста треба да стане наше задоволство и духовна храна. И овојпат да покажеме дека во Скопје и Македонија живеат граѓани кои на дело ја изразуваат својата хуманост следејќи го примерот на нашиот Тоше, апелираат обожавателите.
Утре има крводарителска акција во училиштето, мојата крв е 124, некои поискусни да ми кажат како е после тоа?!
Jas imam se rasprasav,mi rekoa nasle krv.. No utre pak ke se javam da prasam. I ve molam kontaktirajte me dokolku vidite deka se bara nulta negativ
Можеш било кој ден да донираш, секогаш има потреба од крв, секој ден се оперираат луѓе, се пораѓаат жени, на болни им треба крв... Не мора да се чека некој посебен повик или акција.
Луѓе јaс сaкaм a дoнирaм крв, нo не знaм кaј требa дa oдaм. Сегa не знaм дaли ќе мoже бидејќи имaм 16, нo кoгa јa прaшaв брaтучедкa ми, ми кaжa декa декa би мoжел сo oглед нa висинaтa и тежинaтa. Кoлку е тoчнo oвa не знaм. Некoј пoзaпoзнaен сo ситуaцијaвa дa ме упaти мaлку. ×D
Пред се годините ти се пречка, но можеш да отидеш во одделение за трансфузологија на клиниките секојдневно примаат заинтересирани странки за давање на крф најубаво ке ти кажат. Точно е дека се мериш според висина тежина притисок шеќер во крфта и ред дуги параметри. Јас лично прв пат дадов крв на 17 години самоволно.
Твитер повторно организира крводарителска акција, овојпат ќе биде на 26 Март (Сабота) од 11-17ч, во Кинотека
Пишува горе и Библиотека Браќа Миладиновци, Библиотека другарче, да не се збуниш, тоа е тоа. Јас се надевам ќе биде се во ред со мене деновиве, па ќе можам да дарувам крв. Многу ми е криво што за роденденот на Тоше се разболев. Најсимболична дата ми е таа. Инаку јас никогаш кога сум дарувала крв не сум ги исполнувала условите, имам 50 кила, и понизок притисок, но крвта ми е одлична, па тоа никогаш не било проблем.
Познавам човек кој е редовен дарител на крв,ама знам и дека има покачен холестерол....дозволено е тоа? Има 55 години и веќе 20 години е дарител.
Пред неколку дена прв пат дарував крв, прекрасно е чувството да знаеш дека ќе спасиш нечиј живот. Не застанувам тука.
Така е, се зема крв, се става во реагенс, спрема реакцијата во реагенсот се проценува дали може да биде донирана или не. Се потполнува прашалник, а те прегледува и доктор.