1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми со заштитен фактор (SPF)

Дискусија во 'Тело' започната од Scarlet88, 2 мај 2010.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Барајќи нешто низ форумов ја најдов темава :)
    како да се поцрне по природен пат, разгледај ја можеби ќе најдиш нешто, мене ме мрзи да читам :D
     
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Јa има некој користено кремава за сончање?
    [​IMG]
     
  3. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Ги има некој користено?


    [​IMG]
     
  4. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Другарка имаше купено од 50 фактор таа е многу бела и кога оди на одмор секогаш гори но овој пат ја купила оваа крема одморот го поминала без да изгори и малку боја има фатено значи кремева ем што е евтина ем е квалитетна :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DoktorkaOz

    DoktorkaOz Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Убедливо најдобри препарати за сончање се Avene колекцијата за сончање. Доколку сакате да се уверите само прочитајте го составот на Avene и на било кој друг препарат за сончање што го има на нашиот пазар. Станува збор за медицински препарати за сончање, без несакани ефекти после летото како што се мозолчиња, акни и сл. Прогласени се за најдобри препарати за сончање во европа за 2013 година.

    [​IMG]
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    Потврдувам, рака сечам за кремиве на авен :)
    Ја земав онаа со 50-ка фактор, и ја ставам нон - стоп кога планирам да излезам од дома.
    Имам мрсна кожа а кремава е ептен погодена, ем не дозволува да ми засвети лицето ем ми го измазнува. Јас обично неа ја ставам а потоа ставам пудра, и забележувам дека ми го неутрализира црвенилото. И како подлога за под шминка е ептен добра.
    Плус има пумпица, па не можеш да претераш со неа, т.е. да истиснеш голема количина која ќе не можеш да ја вратиш. Со едно стискање на пумпицата имам доволно да нанесам на цело лице и врат.

    Е сеа можеби и цената е малку солена, 1000че речиси ја земав, 990 или така нешто, ама па вреди за парите.
    Јас ја земав таа за мрсна кожа, ама има за различни типови. Е сеа сакам да ја пробам истата со 50ка фактор за мрсна кожа ама таа што е како тонирана крема. Таман ке ми дојде како ББ крема со заштитен фактор, а цената е тука некаде.

    Инаку доста често производиве може да се начекаат на промоции, па плаќаш еден производ и добиваш пус уште еден подарок, обично ја даваат термалната вода или гелчето за миење лице.
    Ако знаете пред време каде ќе има промоции обавезно известете :)
     
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, со оглед на тоа што се ближи сезоната на летните одмори и секако повеќето од нас уживаат да се сончаат си реков да ви дадам неколку совети за правилна заштита од сонцето и секако да ви предложам два препарати за сончање исклучиво со физички фактори.

    Еве најнапред статијата на што треба да се внимава кога се бира една крема за сончање

    Kреми за сончање...дали се сите исти?

    Под влијание на изминативе прекрасни сончеви денови (се надевам дека ќе ги има се повеќе и повеќе) решив да проговорам за препаратите за заштита од сонцето. Можеби ќе ви се чини рано да се говори на оваа тема, меѓутоа со оглед на тоа што се ближи месец мај и деновите се сè потопли и посончеви (а токму на вакви денови може лесно да изгореме доколку не внимаваме), не е на одмет уште од сега да почнам да информирам како правилно да ги избереме кремите за сончање, што е она на кое треба да внимаваме и кои состојки апсолутно да ги избегнуваме во еден производ за сончање. Важно е да се напомене дека кожата треба да се штити и преку ден доколку сме постојано во движење, не само на плажа. Со оглед на тоа што ќе пробам и некои производи за сончање со цел да ви напишам рецензија, уште од одма се фатив за работа и почнав да шетам по сите аптеки и продавници со надеж дека ќе најдам нешто прекрасно...и за среќа најдов.
    Ајде најнапред да проговорам малку за кремите и маслата за сончање, факторите кои овие креми ги содржат и секако кои состојки се добри за кожата, а кои апсолутно треба да ги избегнуваме.
    За жал многу често при изборот на една крема за сончање, обрнуваме големо внимание само на две работи и тоа: бројот на SPF (факторот за заштита против сонцето) и дали производот е отпорен на вода, а потполно ги занемаруваме состојките во самата крема.
    Кремите за заштита од сонцето, за да може да ја извршуваат својата функција и навистина да не штитат од сонцето, односно од UVA и UVB зраците, во својот состав мора да содржат сончеви филтри. Епа токму тука започнуваат сите проблеми затоа што не сите филтри се исти и сигурни за здравјето на нашата кожа.
    Постојат два основни вида на филтри или блокатори за заштита од сончевите зраци и тоа: физички (или минерални), кои ги одбиваат сончевите зраци и не дозволуваат да истите навлезат во кожата, и хемиски, кои всушност претставуваат хемиски состојки и ги апсорбираат сончевите зраци. Ајде да ги разгледаме подобро.

    [​IMG]

    Физички филтри

    Во органските креми за заштита од сонцето присутни се само физички филтри и тоа: цинк оксид (Zinc Oxide) и титаниум диоксид (Titanium Dioxide) и во декларацијата најчесто се наоѓаат под следниве латински имиња: Titanium Dioxide, Zinc Oxide и Trimethoxycaprylylsilane.
    Кремите во кои се користат само физички филтри бараат доста работа и труд од страна на производителот, затоа што, со оглед на тоа што станува збор за минерали во прав, производителот треба добро да ги усогласи во една формула, како за заштита од сончевите зраци, така и за лесно нанесување односно размачкување на кожата.
    Во 2009 год. Европската Унија донесе нов закон според кој во сите козметички производи цинк оксидот не може да биде присутен повеќе од 25%, а со оглед на тоа што во Европа кремите за сончање се дефинирани како козметички производи ова правило важи и за нив. Затоа во голем број на креми од органско потекло може да забележите само титаниум диоксид.
    Физичките филтри како што веќе напоменав имаат улога на огледало кое ги одбива зраците и не им дозволува да навлезат во кожата.
    [​IMG]

    Хемиски филтри
    Хемиските филтри претставуваат сложен вид на молекули кои предизвикуваат хемиски реакции, кои ги асорбираат зраците и им дозволуваат да пенетрираат во кожата. Некои од хемиските филтри се навистина штетни за кожата и имаат влијание врз хормоните во човековиот организам. Особено на овие филтри треба да внимаваат бремените жени и мајките кои ги дојат бебчињата, затоа што докажано е дека со навлегувањето во кожата на некои од овие филтри истите се пренесуваат во млекото, а преку цицањето и кај доенчето. Има два вида на хемиски филтри и тоа: фотостабилни и оние кои не се фотостабилни. Е сега со оглед на тоа што некои филтри кои не се фотостабилни, може да се стабилизираат доколку се вметнат во добра формула со други стабилни филтри (се зависи од формулата на производот), не би сакала да ви ги пишувам сите филтри и формули, меѓутоа дефинитивно ќе ги наведам имињата на оние најопасните кои никако не би требало да ги мачкаме на кожата со оглед на тоа што се сметаат за токсични и што поголем број од нив се смета дека имаат влијание врз естрогените. Тоа се следниве:

    1. 4-Methylbenzyliden Camphor (4-MBC) : UVB и делумно UVA филтер, фотостабилен, меѓутоа сеуште е под испитување од страна на европската комисија поради евентуална моќна токсичност на истиот. Дозволена е негова употреба само до 4% исклучиво во производи кои се мачкаат на кожата како на пример креми или млека, додека не е воопшто дозволено во производи кои се испрскуваат (спреј призводи) затоа што може да навлезе во организмот преку дишењето.
    2. Octyldimethyl-PABA (OD-PABA)
    3. Benzophenone-3(Bp-3)
    4. Homosalate (HMS)
    5. Octyl-Methoxycinnamate (OMC)

    Откако ги разгледавме филтрите ајде да разјасниме што е всушност SPF


    SPF (Sun Protection Factor или фактор за заштита од сонцето)всушност пртставува фактор за продолжување на времетраењето на изложување на кожата на сончевите зраци пред истата да почне да реагира. Со прости зборови: ако јас не ставам никаков заштитен фактор мојата кожа по 15 мин. ќе поцрвене од сонцето. Ако пред изложувањето на сонце ставам крема со заштитен фактор 10, мојата кожа ќе почне да црвенее после 150 мин (односно 15х10),ако ставам фактор 20 времетраењето се дуплира на 300 мин. и така натаму. Секако ова зависи и од бојата на кожата, типот на кожата, и е различно и индивидуално за сите, меѓутоа горе доле во глобала вака би било објаснето.


    [​IMG]

    Па тогаш што да избереме?

    Постојат многубројни полемики дека физичките филтри не штитат добро како хемиските и дека хемијата во некој случај е подобра, меѓутоа од искуство ви кажувам дека не е така. Во последниве 5 год. користам исклучиво креми за сончање со физички филтри и сум премногу задоволна затоа што успевам да добијам убава боја на кожата со максимална заштита. Мој совет ви е да бирате органски креми за заштита од сонцето кои содржат исклучиво физички филтри и се посигурни за кожата, меѓутоа доколку сакате некоја крема која е микс од физички и хемиски филтри, во тој случај бирајте крема која како хемиски филтри ги има следиве: Tinosorb S и Tinosorb M, како и Mexoryl XL и Mexoryl SX.

    Исто така од огромна корист при изборот на креми за заштита од сонцето нека ви бидат филтрите за заштита од зраците UVA, кои треба да бидат повисоки, но како да ги препознаеме? Европската комисија во септември месец 2006 година, донесе еден правилник според кој производителите треба да внесуваат филтри за заштита од UVA зраците кои треба да бидат еднакви или поголеми од 1/3 од SPF назначен на самиот производ. На пример, доколку една крема има SPF 30 во тој случај заштитниот филтер од UVA зраците е минимум 10 или повеќе, доколку кремата има SPF 50 во тој случај заштитниот филтер од UVA зраците е минимум 15, а може и повеќе. Ова е причина повеќе зошто да бираме креми за заштита од сонцето со повисок заштитен фактор. Би сакала само да напоменам дека не постои тотална заштита од сончевите зраци (ниту со физички, ниту со хемиски филтри), така да не верувајте на производите кои на својата опаковка имаат напишано total block, затоа што такво нешто не е возможно. Научно е докажано дека најефикасните филтри и комбинации на филтри стигнуваат максимум до 95%.
    За на крај еве неколку важни совети за заштита од сонцето:
    1. Секогаш нанесувајте заштита од сонцето и тоа повеќе пати во текот на сончањето, особено после капењето во морето или езерото или доколку многу се потите;
    2. Не се изложувајте на сончевите зраци во периодот од 10 до 16 часот;
    3. Не е вистина дека сонцето е непријател доколку правилно се изложуваме. Сонцето е една од најважните работи за нашето тело, помага при производство на витаминот Д во организмот (ги штити коските, а со самото тоа е корисно и против остеопорозата) и видно го подобрува расположението. Сончевата светлина е апсолутно фондаментална за живот, а како и сите убави работи, доколку се претера се добива спротивен ефект;
    4. После изложување на сончевите зраци СЕКОГАШ темелно измијте ја кремата за заштита од сонцето. Никако не ја оставајте на лицето и во никој случај не легнувајте да спиете со кремата на лицето или телото;
    5. По туширањето обавезно користете убава богата крема за после сончање или пак наједноставно чисто бадемово или кокосово масло кое додатно ќе ја навлажни и омекне вашата кожа;
    6. Пијте многу вода за хидратација на организмот и секако кожата;
    7. Како последно (меѓутоа не и помалку важно) јадете многу зеленчук и овошје кое содржи витамин Ц и бетакаротен, кои се од основно значење за убав тен и здрава кожа како на пример: дињи, кајсии, моркови, портокал и др.
     
    На NESKAFE25, male, ElenaRbd и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Еве ги и моите предлози за кремите за сончање

    Thursday, June 4, 2015
    Пробав за вас: млеко за сончање фактор 30 од Alverde

    [​IMG]

    По барање на некои читатели и по недела дена одмор еве ме со рецензијата на млекото за сончање на Alverde.
    Еве ја листата на состојки во овој производ:
    Aqua, Cocoglycerides, Titanium Dioxide (nano), Helianthus Annuus Seed Oil*, Isoamyl Laurate, Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, Glycerin, Polyglyceryl-3 Polyricinoleate, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Helianthus Annuus Seed Cera, Magnesium Sulfate, Olea Europaea Fruit Oil, Alumina, Stearic Acid, Glyceryl Caprylate, Levulinic Acid, Tocopherol, p-Anisic Acid, Sodium Levulinate

    *ingredients from certified organic agriculture
    Можеби фактор 30 ќе ви изгледа малку, меѓутоа верувајте ми доста штити. Формулата на овој производ е богата со глицерин, масло од сончоглед и јојоба кои одлично ја навлажнуваат кожата и ја оддржуваат нејзината еластичност што е многу важно особено кога се изложуваме на сонце. Витаминот Е ја негува кожата, додека минералните филтри одлично ја штитат кожата одбивајки ги сончевите зраци.
    Мене ми се допаѓа како е формулиран овој производ (инаку не би го ни рецензирала), има малку состојки меѓутоа внимателно одбрани и меѓусебно добро избалансирани, кои според мене одлично ја штитат кожата од предвремено стареење и од појавата на флеки од сонцето, кое верувајте ми не е за потценување. Наменет е за многу осетлива кожа, склона кон пеги и флеки, но и за оние кои посветуваат огромно внимение на својата кожа и сакаат адекватно да ја заштитат од сончевите зраци.
    [​IMG]



    Структурата на овој производ е навистина доста густа, потешко се размачкува на кожата и остава блага бела трага. Најнапред ми беше чудно зошто е тоа така со оглед на тоа што од декларацијата се гледа дека филтрите се обложени и во формулата е присутен и Isoamyl Laurate кој има за цел да ја олесни структурата на еден производ и да направи истиот полесно да се размачкува на кожата. Претставува одлична замена за лошите силикони во производите и е погоден за масна кожа, па дури и за детската кожа. Меѓутоа еве морам да напоменам дека остава нежна бела трага на кожата.
    [​IMG]
    Мене лично не ми пречеше иако се познаваше малку на плажа, меѓутоа фер е да го напоменам и овој факт во случај да ви пречи вам, со цел да ви олеснам при изборот на вистинската крема.
    Морам да напоменам дека многу ми се допаѓа мирисот на овој производ кој е доста нежен и типичен за Alverde, многу урамнотежен и според мене идеален дури и за оние на кои им пречат тешки мириси.
    Од оваа линија имаше многу креми и лосиони, па ќе се обидам да пробам и уште некој со цел да направам споредба во структурата, текстурата и функционалноста. Можеби не се сите исти.
    Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист.
    До скоро читање.
    Вики
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    И онаа која мене лично најмногу ми се допадна

    Пробав за вас: флуид за заштита од сонцето SPF 50 на Gamarde



    [​IMG]


    Здраво на сите

    пред околу месец дена објавив една интересна статија во која пишував за производите за заштита од сонцето. Во неа објаснив на што треба да внимаваме при изборот на овие производи, зошто е важно да бираме креми само со физички филтри и како правилно да се изложуваме на сончевите зраци. Еве ви линк од статијата доколку сте пропуштиле да ја прочитате http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/k.html
    Во самата статија предложив два производи за заштита од сонцето и реков дека ќе се обидам да пробам некој од нив со цел да ви напаравам детална рецензија и еве ме како што ветив така и исполнувам.
    Денешната статија ќе биде посветена на флуидот за заштита од сонце со фактор 50 на Gamarde.

    [​IMG]

    Во овие навистина топли и сончеви денови и тоа како имав можност убаво да го истестирам овој прекрасен производ за заштита од сонцето. Го нанесував во деновите кога по работа или приватно одев низ град како заштита од сонцето, а и во деновите кога се качував на Водно. Морам да кажам дека моето мислење е повеќе од позитивно, а заедно ќе утврдиме зошто.

    Како и за сите производи, така и за овој, ајде најнапред заедно да ги разгледаме состојките во самата декларација.

    [​IMG]



    Caprylic/capric triglyceride, zinc oxide [nano], dicaprylyl carbonate, Sesamum indicum (Sesame) seed oil*, cocoglycerides, Simmondsia chinensis (Jojoba) seed oil*, titanium dioxide [nano], sorbitan olivate, glyceryl isostearate, cetearyl alcohol, polyhydroxystearic acid, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, glyceryl undecylenate, Argania spinosa (Argan) kernel oil*, Lavandula latifolia (Lavender) herb oil*, Cananga odorata (Ylang Ylang) flower oil*, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, tocopherol, alumina, cetearyl glucoside, stearic acid, hydrogenated castor oil, parfum (Fragrance), benzyl benzoate, benzyl salicylate, eugenol, farnesol, geraniol, limonene, linalool.
    *ingrédient d’origine Biologique





    Какоштоможедазабележимеодсаматадекларација, воовојпроизводимасамофизичкифилтри итоа zinc oxide и titanium dioxide, коиимаатфункцијанаогледало, односногиодбиваатсончевитезрациинеимдозволуваатнаиститеданавлезатвосаматакожа. Обичноцинкоксидслужикакозаштитаод UVA зраците, атитаниумдиоксидкакозаштитаод UVB зраците. Како што веќе имам напишано, европската комисија во септември месец 2006 година, донесе еден правилник според кој производителите треба да внесуваат филтри за заштита од UVA зраците кои треба да бидат еднакви или поголеми од 1/3 од SPF назначен на самиот производ. На пример, доколку една крема има SPF 30 во тој случај заштитниот филтер од UVA зраците е минимум 10 или повеќе, доколку кремата има SPF 50 во тој случај заштитниот филтер од UVA зраците е минимум 15, а може и повеќе. Ова е причина повеќе зошто да бираме креми за заштита од сонцето со повисок заштитен фактор како на пример 30 или 50 и токму затоа оваа рецензија е на флуидот со заштитен фактор 50.
    [​IMG]

    Понатаму во самата декларација може да забележиме дека освен физичките филтри, во овој флуид се присутни навистина многу убави масла кои ја збогатуваат формулата на овој производ и одлично ја негуваат кожата. На прво место е секако органското масло од арган кое на некој начин е заштитен знак на целата колекција на Gamarde. Ова масло во комбинација со маслото од сусам и јојоба, ја хранат и навлажнуваат кожата, и го спречуваат сушењето на кожата кога истата е подложена на сончевите зраци. Освен тоа овие масла, вака комбинирани, имаат огромно регенеративно дејство врз кожата.
    Присуството на шеа путерот е само доказ плус за високо хидратантната моќ на овој флуид. Знаеме дека шеа путерот е богат со витамините А и Е како и омега 6 масни киселини кои перфектно ја омекнуваат кожата, го спречуваат дејството на слободните радикали, и помагаат кожата да остане нахранета и хидрирана подолго време.

    Од голема важност е и изборот на етеричните масла, особено кога станува збор за производ за заштита од сонцето, затоа што не сите етерични масла може да се користат на кожата кога се изложуваме на сончевите зраци. Постојат одредени етерични масла кои се фотонестабилни, односно во контакт со сончевата светлина имаат спротивен ефект од она за кое се наменети. Еве ви еден пример лимонот одлично ја избелува кожата и флеките на самата кожа, меѓутоа во контакт со сонцето има спротивен ефект затоа што создава уште повеќе флеки.
    Од самата декларација може да забележиме дека во овој производ како етерични масла присутни се лаванда и Ylang Ylang, кои се сигурни и доста ја омекнуваат кожата.
    [​IMG]

    Откако го разгледавме составот и се уверивме во квалитетните состојки присутни во овој флуид, предлагам сега да ја разгледаме структурата и на еден начин да го ставиме на тест со цел да утврдиме дали лесно се размачкува и дали остава евентуални траги на кожата.

    [​IMG]

    Точно е дека физичките фактори се најсигурни, меѓутоа бараат доста вештина од страна на производителот при нивното вметнување во една формула. Односно, доколку истите не се обложат или убаво избалансираат со вистинските состојки, овие филтри може да остават бела трага на кожата или потешко да се размачкуваат. Затоа потребна е вистинска умешност во нивната комбинација со останатите елементи. Како што може да забележите од сликата, овој флуид има навистина лесна текстура која, верувајте ми, одлично се размачкува на кожата. Не е потребно да се инсистира за да се размачка производот и што е најважно, овој флуид воопшто не остава бели траги. Без разлика на тоа што во самиот производ се присутни високо квалитетни масла, текстурата не е вопшто масна и кожата навистина брзо ја впива.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Друга прекрасна работа кај овој флуид е неговиот мирис. Просто го обожавам, ме потсетува на плажа и море. Мириса навистина убаво, чисто и летно.

    Според мене производот успешно ги помина сите тестови и затоа има чиста 10-ка.
     
    На Esmeralda-MD, Veki4kaa, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka каде ја купи последната крема, и колку пари беше? Извини ако си спомнала во постот, имав малку време и само површно го прочитав.
     
    На Esmeralda-MD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.654
    Пол:
    Женски
    Gamarde сигурно има во Зегин, таму ја гледав. За други места не сум сигурна, можно е во Еурофарм. Во ДМ не сум видела, што не значи дека не може да ја има во други парфимерии.
     
    На Esmeralda-MD и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka ми се допаѓаат твоите постови ама многу покорисно ќе биде ако ја пишуваш и цената на производите.
     
    На mira.mira и Esmeralda-MD им се допаѓа ова.
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво драга нема проблем затоа сум тука, ја има во аптеките на еурофарм и во зегин цената е 1375 денари за фактор 50. Поздрав
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, секако во право си, веќе почнав да ги пишувам цените затоа што имав барање и од други девојки. Ова беше стара статија па ја немав напишано цената а во поновите на барање на читателите секако почнав да ја вметнувам со цел да ви дадам слика колку чинат производите. Ти благодарам на забелешката, понекогаш може да ми се случи да заборавам ама еве веднаш се поправам :).
    Цената на млекото на Алверде беше ако не се лажам околу 400 денари, а она на гамард е 1375.
    Поздрав
     
    Последна измена: 5 јуни 2015
    На Esmeralda-MD, Veki4kaa и marama им се допаѓа ова.
  15. maggy95

    maggy95 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.316
    Пол:
    Женски
    Definitvo avene dokazano najdobri im se proizvodite za sonce,momentalno ja imam toniranata kreme so 50 ka faktor. Edinstvena zamerka e toa shto mava male na portokalevo ama so dobro blendiranje e sosema okej. Definitivno ja preporacuvam :)
     
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Го имате ли користено, задоволни? И ме интересира цената?
     
  17. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.138
    Пол:
    Женски
    11407088_1040402229318214_4312960763830560975_n.jpg

    Понудава е во Космо Тинекс и важи до 30.06

    Јас сум многу задоволна од кремите Ambre Soler на Garnier, поточно од кремата за деца со SPF50.
    Сега планирам спрејот да го пробам, интересна ми е понудава.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    Каде ги има производитее на каротен во велес со највеќе избор? Конкретно овие ми требаат -
    Car15-SENSICARE-MilkSpray-SPF50.png carroten_dry_oil_spf_6__285b698453a2457e8c09012fc05e64b5.jpg carroten_magic_tan.png
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Ги видовте ли новите креми во Кам маркет?
    Јас сум ги користела порано и таа со 50 и со 30 фактор и тоа како масло со 10 фактор и ок ми беа, си ја вршеа работата, а цената беше ептен поволна.
    Сега немам видено дали овие се во нова амбалажа, или станува збор за производи од друга фирма, а не La ligne.
    Како и да е, веќе му удрив мерак на лосионот за после сончање, 500мл за 149 денари, има да си направам добри залихи:lol:.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 2 јули 2015
    На simoncelicius и cooll им се допаѓа ова.
  20. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    девојки нека ми каже некоја добар и квалитетен крем за лице со спф