1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464

    Еми клаено е на интернет ... Или страните од децава шо ги спомна . :wasntme: .Инаку дека повеќето се малолетници не би се сложила .

    Инаки ти на 21 си малолетник ? :wasntme:
     
  2. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Најпрво би сакала да го пофалам форумов, навистина е прекрасен... Кога и да се уклучам на интернет веднаш фемина отварам...
    Но би сакала да ве прашам дали мора кога отвараме други профили на корисниците да се гледаат нивните мислења? Може тоа некако да се забрани, на пример кога ќе ми го отворат профилот да не ми ги гледаат мислењата? :)
     
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Предлози и идеи за сајтот

    Има некаква шанса да се воведе правило за отворање на теми со над 50 мислења БАРЕМ |( . Не знам по колку теми секојдневно се отвораат за да добијат совет, дали не знаат кај што треба , или тоа го прават за да привлечат внимание не знам ама ... |(

    Не да е потребно , прекупотребно е ! И за самите модератори би било полесно .Не би заклучувале и бришеле теми толку често , поубаво би било за сите . Не можам да сфатам како некој што одма се зачленил би имал потреба одма да отвара теми . Во овој случај сега -засега се злоупотребува опцијава . :!: Не сум единствена , многу се незадоволни од ова .

    Приемерот со Скриеното катче колку добро функционира , да не беше условот кој знае што ќе се дешаваше сега со тие теми ?! :^)

    Поздрав
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не мислите дека профилот ПромоСител е реклама? :^)
    Оставајте ги барем тогаш и другите што се рекламираат, повеќе корист би имале ако знаеме каде ставаат евтина надградба на нокти отколку што ќе даваат на Сител.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Дали модераторките можат да реагираат кога некој испраќа по буквално 60 мислења во минута, за различни теми? Неиздржани мислења, по едвај една реченица, колку да се каже нешто, и да се дојде до саканото цветче.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.806
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Модераторите реагираат во таков случај, иако за жал има се повеќе такви случаи.
    Последен е nake-mirce, кој по неколку предупредувања си продолжи по истото и е баниран на одредено време. Мислењата кои беа несоодветни беа избришани. :)
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Еве уште една забелешка, бидејќи денес сум така некако расположена. Имено, некои форумџики понекогаш се однесуваат нефер во смисла на тоа дека поставуваат некое прашање, бараат рецепт, мислење за книга или слично, и откако некој ќе се потруди да им одговори, првиве со ништо не покажуваат дека го испочитувале одговорот. Не станува збор за лајк, туку за било каква реплика на добиениот одговор и совет. И не зборувам лично јас за мене како нешто повредена, туку можеби и во име на други форумџики кои забележувам се трудат да помогнат, да посоветуваат...

    Мислам дека кога поставувам некое прашање (ако тоа не били само така ради реда), нормално е да следам дали некој ми одговорил и каков и да е одговорот на некој начин да ги испочитувам. Освен ако недај боже не исчезнам во меѓувреме од планетава :lol:
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Сметам дека не ти е на место забелешкава.
    Тука сите се трудиме колку можеме да се воздржиме од пишување мислења од типот Фала; Многу ми помогна.... Затоа е воведена опцијата Ми се допаѓа и сметам дека не е воопшто навредливо доколку некој, наместо да ни пише пост кој ќе се состои од еден збор, само ни стегне лајк.
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    ^^
    Хипица, јас колку што ја разбрав форумџиката токму за лајкот збореше, односно реакција од другата страна на која си и помогнал, само што не го кажа тоа директно.

    Нормално кога некој ти одговорил на прашање и ти разјаснил тоа што те интересирало дека нема потреба од натамошно реплицирање, доволно е лајк- како фала на одговорот, јасно ми е сега.

    Ја така го сфатив постот, ако не сум во право нека ме исправи.

    А пак мислењето некако не ми е за овде, бидејќи не е критика до форумот и начинот на функционирање туку е до самите форумџики.
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^
    :)
     
  12. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Па можеби се збалагодарила преку лп за да не ја полни темата со оф топици. Постојат лични пораки постои и чет можеби таму изреагирала на добиениот одговор.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Hipica, малку не се разбираме, ама нема везе може јас не се изразив доволно добро. Значи јас ги знам правилата на форумот, нели дека лајкот заменува фала, ми се допаѓа и слично, за да не се оптоварува форумот со вакви знаци на благодарност. Мислев на реплика поврзана со темата, на некој начин ставање до знаење дека е прочитан одговорот (може не му се допаѓа одговот за лајк нели), а не целосно игнорирање.
    А Sense е во право дека забелешката е за некои форумџики, а не за функционирањето на форумот, јес, не и тука место.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.806
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Дали сакаш да кажеш дека не добиваат фидбек? На пример одговориле на нешто, а нема одговор дали тоа послужило и што се случило?
     
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Па може и така да се каже.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.806
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Темава си е критики и забелешки за форумот, а форумот го прават формџиките :) Ако е тоа твое мислење тука е местото да се каже. Е сега, секој си размислува на посебен начин, не можеме да го промениме тоа, но ете можеби некој ќе се пронајде во твојата забелешка па ќе смени нешто.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Еве да си се цитирам самата себе и да дообјаснам бидејќи не бев доволно добро разбрана. Имено, ќе дадам конкретен пример иако незнам дали тоа е дозволено, но мора да ги појасниме работиве, а во име на подобро функционирање на форумов. Еве да ги оставиме на страна одговорите за оние минорни прашања во смисла -Каде да си купам вакви хулахопки? или Дајте рецепта за пита?
    Во јуни 2011 во се појави тема Малтретирање од страна на родителите од извесна Winterlover, инаку малолетна. Изнесе потресна приказна за тоа дека е малтретирана од родителите, тепана, затварана дома. Побара совет. Се разбира потече лавина од постови од форумџики со совети, поддршка и сл. Дури имаше и меѓусебни расправии во смисла на тоа како треба да постапи или колку сериозно треба да се земе она што го кажува. Девојчево освен неколку дополнителни податоци за себе и една тажна песна, со ништо не стави до знање дека ги прочитала советите, или дека и значи поддршката, туку се изгуби од форумов. Значи не се работи тука за лајк. Не верувам дека ниедна од оние што дале совет им бил важен лајкот. Абе, го мислев девојчево. Подолго време после тоа проверував дали пуштила некој абер ама јок.
    Значи јасно е дека овие работи на форумов неможат да се контролираат и дека останува на секој член да пишува на своја совест, без да си игра со емоциите на другите.
    Значи тоа е отприлика. Би замолила за посериозен пристап, особено од помладите форумџики.
    И сега претпоставувам ќе каже некој а што ако било вистина. Е тоа е најдискутабилното.
    Тоа е нешто како-Помагајте крварам!, на што сите нудат помош и совет за крварење, а човеков го снемува во меѓувреме. Жив ли е, здрав ли е....
    Ова е еден од примерите, но ги има повеќе.
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Имам една забелешка-имам изберено опција да не ми стигаат известувања на меил а пак ми стигаат :^)
    Друго,може ќе биде тешко изводливо,ама некако да ни стигаат известувања или штознам,кога некој ќе не цитира?И да одам точно на цитираното...А не да барам.
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Mислам дека имаат администраторите одговорено на ова прашање и мислам дека неможеше да се воведе таква опција, за стигнување на известување ако некој те цитирал. :)
    Ама затоа постои друга опција:
    Напиши го корисничкото име во горниот десен ќош, во пребарувачот и ќе излезе ако некој те цитирал... :)
    Јас така правам. А во врска со првото прашање, мене ми е подобро кога ми стигнуваат мејлови, веднаш одам до новото мислење.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Имам една забелешка и критика до сите членови на форумот, модератори и администратори.
    Пред неколку дена разгледував една стара тема и наидов на ужасни слики.
    Мислам дека истите тие треба да бидат ставани во спојлер а притоа да биде напоменато каква е содржината на истиот.
    Мислам дека треба членовите ова да го запазуваат а модераторите да реагираат ако не се почитува.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.