Помина и крштевката, супер беше сѐ. Синко многу плачеше во црква, ама барем излезе нешто позитивно од тоа - цел секрет што го мачи неколку дена излезе, па после беше многу весел. Имаше и некои смешни сцени...кога попот тропаше со кандилото детево престана да плаче, а кога му го доближи крстот го зграпчи, му го зема. После не го пушташе оти таква играчка досега немал, многу интересна.
Мајки знаете ли дали свеќите од крштевка од кога ќе помине крштевката дали се носат во црква да догорат и ако се носат кој ден? Знам дека свеќите од венчавка се носат на Младенци во црква да догорат, ама не знам што се прави со свеќите од крштевката
Да, исто ми кажаа и мене во Св. Петка, недела или празник најкасно до 9:15 за да се причести детето. Свеќите се оставаат да догорат.
Може не е за во оваа тема ама кога спомна @irenna да прашам околу причестувањето. Порано кога јас бев дете, можеше до 7 год. мајката да пости за детето и детето да се причести, а после 7 год. детето за да се причести треба само да си пости. Дали е уште така?
Мислам дека е малку глупаво родителот да одлучува на која вера ќе припаѓа или во што ќе верува неговото дете кое еден ден ќе стане возрасен човек и можеби нема да се согласува со одлуката на неговите родители. Но ајде да го занемариме и тоа, другата работа што ме нервира е тоа помодарство спојување на првиот роденден со крштевката што е крајно неприфатливо според мене. Времето кога детето треба да се крштева треба да биде или после 40 дена пред да детето почне да шета по други куќи и да се соочува со разни предизвици да биде заштитено, или тоа да се остави по неговото полнолетство самиот да одлучи дали сака да припаѓа ваму или таму. Оправдувањето да се уштеди па затоа сеспојуват тие 2 работи според мене е неприфатливо бидејки тие 2 работи се сосема различни.
Не ми кажаа такво нешто, само да се причести детето. Еве ти бројче од црква Св. Петка прашај ги, јас 100 пати им се јавив околу крштевката, што како треба 02 3 238 066
Не треба да постиш ако одиш на причесна по крштевката. Јас ја причестив малава, а попот претходно ништо такво не ни кажа. Само ни рече во недела да го донесете детето на причесна. Свеќите можеш да ги однесеш во црква да догорат. Јас ги носев во Св. Петка каде што правевме крштевка.
Леле @Joy многу е убава тортата,и ќерка ми многу ги сака овие,каде ти ја прават? Ај па вие имате и роденден сега,помина цела година,ај да ни кажеш после како сте поминале. И ние овој месец сакаме да ја крстиме цуцка,само уште датумот да го одредиме
Ние поминавме на ред. Синко плачеше малку во црква но не страшно,во ресторан беше весел,дури и играше,заспа за мама малку да им обрне внимание на гостите. Декорацијата беше баш онака како што замислив,тортата оваа!
@LaDyDoLl честото крштевка и срекен ви роденден Туку да прашам за совет? Што ги дарувате кумовите? Се мислам пари да им дадам,дали е во ред така? Пошто за подарок ги прашав што сакаат ми велат незнам Епа и јас незнам.Се гледаме еднаш во 2 месеци така да не сум запознаена мн со тоа што имаат/што немаат.
Ние нa 19јули прaевме крштенкa.гo крстивме и дaвaв ручек дoмa.мaлa крштњнкa прaвивме.сaми кумoви и бaби и дедoвците.ги дaрувaв сите сo пo еден пoклoн.a нa кумoвите и дaдoв пaри.немaв идејa штoдa купaм.a и знaм декa имaaт пoсебен вкус зa oблекa и зaтo и дaдoв пaри.зa првaтa крштевкa пред 7гoд и купив микрoбрaнoвa.a нa децaтa.и купив трењaрки.сегa нa дететo т.е мaлaтa кумa бaш штo гo крсти и дaдoв 3000. А нa другите пo 1000ден.знaчи нa нив дaдoв 6000.мислaм декa и беше дoстa..зaвиси кoлку живееш сo кумoвите и кoлку ке ти дoнесaт тaкa ке се вoдеш штo дa и купеш
Јас на главните кумови пари им дадов. На старите постелнина за на спална а на децата исто детскии постелнини со апликации кои ги сакале, толку.