Во ред е не негирав.. јас не верувам во други тешки обвинувања,во овие може,не викам не Аме ете,има во Скопје црква каде што и безплатно се крштева,пиша една членка погоре.Плус и јас ова се што пишав до сега...
Ма во ред е, јас да се доискажам Туку да ви кажам една анегдота. Бевме на голема молитва кога син ми беше 40дена. Дали се плаќа или не, незнам, не се сеќавам, не е битно. И пееше што пееше попот и му вика на мм земи го бебете, а мене ми рече да одам по него. И ме носеше по иконите да се прекрстам и да бацам икона. Ок, он кажува јас така правам. Фала фала и приетно си отидовме. И надвор мм ми вика остави пари на иконите, викам не, зошто? Епа зошто во мене не носам пари. Јас дека повеќе време дома седев, во новчаникот само картички ахаха. И мм се врати да остави пари. А пусти поп ме прошета по цела црка, ама џабе, кога немаш немаш. Ама што е право ништо не рече.
Не се џабе се вика оџе и попове највечи лопове. Колку се дрчни тие пусти попови, ти иде дома да ти пее за велигден и си ти бара пари да му дадеш. Па не вика кој колку има туку фиксна цена си има. После за куќни слави кога се оди во црква пак фиксна цена има по околу 200 денари или повеќе. Или во манастир кога се свети леб, 400 денари се бара. За крштевки да не правам муабет. Луѓе дрчни за пари. Земај, кради од народот. Ако постои поп што не вози џип јас еве главата ја сечам... Ако не е џип тогаш е лимузина и мерцедеси. божји чеда...
И таквите попови ќе ти проповедаат за морални вредности. Убаво си кажувам јас - поповите се најголеми лопови. Од каде им пари за џипови? Од народот. Да не може човек да си крсти дете.
Никаде низ библија не се спомнати дека постојат попови ама нели мора народот од повеќе страни да се ограбува. Порано како ги лажеле симомашните? Платете не знам колку пари за во рајот да одите. Тие немале за леб, па се зајмувале за на црквата да и дадат, за во рајот да одат. Епа додека има овци, ќе има и волна. И сега не дека нешто е изменето, истото и сега е. Таткото да плати, кумот да плати, свекорот да плати... Па како ќе купи џип и 3 станови?
Маж ми е градежен работник. Пред 3-4 години правеше фасада на една црква. Не ми текнува на името на црквата. Во тој период дошла и некоја шнајдерка за да му скрои мантија на попот. А тој и рекол - џебовите да бидат подебели. И нека каже некој дека поповите не се алчни за пари.
Пошто забегавте со темава и јас да ви кажам нешто. Јас ВООПШТО не сум верник, ама поп не се враќа. Кај мене и оџа да дојде да рече ќе пеам молитва јас ќе го пуштам, штом му се пее - нека пее. Од пеење никој не умрел. Кога ќе дојде попот за Велгден да пее вода јас му давам јајце/масло/шеќер што имам неотпакувано и тој никогаш не ми зема пари. Порано така се правело, кој што има тоа ќе даде... На темава јас немам деца ама стварно црквата треба да го дарува верникот дека ја множи верата а не верникот на попот што бил расположен за пеење...
Ех тебе може не ти побарал пари, кај нас си доаѓа за Велигден и кажува од 100 ден па нагоре не знам како не му е срам.
I crkvite i enterierot se DONACII od napaten narod. I darot sto lugje go ostavaat vo crkva se prodava troduplo. Da ne zboram za parite po ikonite. Gjakonite i iskusenicite rabotat na dobrovolna baza. E sto trosok ima crkvata???
И кај нас е така. Ама јас не примам поп дома. Како не им е срам да изнудуваат пари за таква убава работа како што е крштевката.
Еднаш татко ми бил сам дома и дошол попот да свети вода и човекот немал ситни пари му дал 500 денари и овој си кренал да си оди и не му вратил кусур и татко ми му рекол е дедо попе да ми вратиш кусур последние ми беа тие земи си колку треба и тк земал 100 денари 400 му вратил.Сите попови гледаат само да заработат повеќе да земат и на задушница кога доаѓаат да пеат само 1 минутка и ајде одма бегаат само ккао ред да помине.Не се бунете за џабе такви се сите попови и тоа сите го знаат.
`najvazniot cin vo zivotot na vasheto dete` da, da go indoktirnirame da veruva vo imaginaren prijatel e dosta vazno...not.
ne e sramota toa sto popot pobaral, sramota e sto vo 2016 godina ima lugje sto pisuvaat molbi do izmisleni likovi i uste plakjaat za toa zadovolstvo. btw, crkva nikoj ne ti branese vo komunizmot.niti bea paleni,niti ruseni. toa sto JNA bese brojna i nejzinite oficeri ne ja mirisaa mnogu, ne znaci deka bilo oficijalna politika.
Темава избега мелце, никој не наложува да се направи крштевка. Секако, избор е на родителите, зашто детето уште не разбира (ако сакаат родителите може да му остават избор и да се крсти на 18 години или кога и да посака). Па истите се жалат затоа што нивниот избор се наплаќа. Има и друг избор но не ни одговара, да појдеме во манастир, ама далекуни е, логистика е комплицирана, ресторанот не е доволно модерен, па слатка маса немало... а можеби и таму ќе ги оставиме истите пари. Лично, не сум обожувач на попови, ама ај ако можете па сами крстете го детето, е не може. Во однос на имагинарен пријател и слични лудиории, секој со своето, само не ме замарај, како што јас не те замарам. На крајот на денот, ако ни чини и ако сакаме да направиме крштевка, повеќе или помалку посветени на верата ќе ја направиме, без разлика на трошокот. А за тоа кој каква кола вози и зошто е друга тема на муабет...
@referentka лани колешка правеше во Бигорски, не и наплатија, Марков манастир исто.. Може да се сменило нешто. Муабетот ми е дека ако се 4000 за мантил што го носиш 2 недели ќе се дадат без проблем (па уште ако е на попуст), а за крштевка не. И секако дека се замараме со финансии и подароци наместо со духовен аспект на чинот.
@awl јас правев во Марков Манастир. Кога се договараш со нив кои се твоите обврски тие велат - НИКАКВИ ОБРСКИ НЕМАТЕ Арно ама одма после крштевката ,,отецот,, ги вика домакинот и кумот во канцеларија кај него (пред сите) Значи, некој друг да правел, па да прекажувам, ај....ама лично таму бев. И не споредувај купување мантили и гаќи со крштевка, оти немаат благе везе со црквата и верата. Ако е толку духовен тој чин, тоа значи дека не треба да се гледа од финансиски аспект...така ??...е зошто тогаш бараат поповите пари...нели е духовен чин...па ќе остави кој колку може ?
Работата е што тие што немаат за крштевка, сигурно нема да дадат 4000 за мантил. Како бе луѓе не разбирате дека некои семејства едноставно немаат? Едвај успеваат да обезбедат пелени и други потребни работи за бебето. Не, не купуваат мантили ни на попуст. А за крштевка, даваат. Од срам, од немајкаде, зашто си има тарифа и се чувствуваат должни да платат. Да, ако кажат дека немаат црквата ќе го крсти детето без пари, ама никој не кажува дека нема баш од вакви размислувања, дека е многу важно и дека еднаш се прави, па како смееле да се жалат за само 4000 денари. А тие 4000 и тоа како болат на месечен буџет од 200 евра.
Кај нас во Манастир не се плаќа. Во црквите да. 6000 или 4000. Не сум сигурна. Не е поентата што може да се купи со тие пари и за што после ќе ги потрошат родителите. Работата е дека верата не треба да има цена. А не поповите очите пет банки им се. Ако видат кај нас некој поимотен, се закажува ,,посебен,, термин со ,, посебни,, ритуали. Ама нека им стои на честа тоа.