1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ксамил (Албанија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од T-At, 2 јули 2011.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас лани бев во Саранда, градот до Ксамил, одалечен 10 км ми се чини беше отприлика, но секое сабајле со автобус идевме во Ксамил, пошто е ефтин и превозот, и на секој пола саат го има до доцна навечер од рано насабајле и не ни беше воопшто проблем. Некои си 50 денари наши е.

    Е сега годинава смештајот во Ксамил ќе ни е, Саранда ја знаеме како Оче наш, а и повеќе ми е за добра плажа отколку за гужва и добар град.

    Саранда е како Охрид, висок град со улички една надоре друга, па нагоре трета и тако даље.
    Саранда е преубава - навечер. Плажата е градска и не е нешто wow - како Ксамил, а у Ксамил си - а на Малдивите, или Бора Бора, дури и у Ксамил има плажа што се вика Бора Бора, бевме и таму, пошто има околу 30 плажи, како полуостров му иде, сите се една до друга, се оде пешки од една на друга без проблем и е преубаво, водата е иста како на Малдивите, најдобра споредба искрено, песокот е брашно бел, бел, водата приѕирна, бистра, светло плава дури и на 6 метри длабочина!
    Има две плажи кои се спојуваат со патче, со тој брашно песок... ^_^
    Од мерак лежев во тој песок кој нит се лепи на стапала што мене лично многу ме нервира нит се праве торта, абе брашно!
    Морето е прекрасно и мирно секогаш, Ксамил е рај.
    Ефтино е, поефтино од Грција каде каде, а за јадење поефтино и од кај нас.
    Смештајот е ефтин - за 20 евра цел апартман комотно за две фамилии со деца одма до плажата.
    Додека во Саранда смештајот е поскап од Ксамил, пошто во Саранда секако има и ноќен живот, добри кафиќи и луксузни ресторани во кои јадевме секоја вечер, пошто драги мои можеш да си дозволиш!
    Пица голема, со еден сок за еден човек - 350 денари. А ресторан со 5 ѕвезди.
    Јадењето е вкусно, и има грчко гиро( 60 денари :x а оригинал Грчко, го утепавме од јадење!), риба, пица, скара, маркетите работат до касно навечер, до 2 некаде, исто и бутиците и менувачниците.
    Но, како што наваливме сите, осеќам ќе рипнат цените, сеуште се е ново, допрва станува актуелно и познато, пошто е прекрасно и преефтино но тој што еднаш бил, баш како нас, верувајте пак ќе сака назад и назад. :)

    Единствена лоша замерка - патот.
    Долг и исцрпувачки, патувавме 12 часа, од Скопје до Саранда, пошто преку агенцииве никој не возе преку Грција, а таму е подобар патот и пократко, а агенцииве сите возат Директно, Македонија, Албанија, Драч, Валона, па од Валона до Саранда има само 5 часа пат, може и 6, пошто патот е катастрофа, се качуваш, симнуваш низ планина може 5 пати....
    Кога си идевме накај дома, горе низ планината возевме низ облаци буквално, мое прво искуство, и беше превозбудливо. :)

    Ви ја препорачувам агенцијата Мередита во Чаирчанка, 65 евра повратна карта, пошто луѓето се прељубезни и верувајте, доколку имате некаков проблем во Албанија, тие се тука за вас кога и да му се јавите, пошто два возачи возат, еден од Македонија до Драч, и после од Драч, Синан иде со кола комбе да ве земе, за да ви е удобно пошто патот од Валона до Саранда е лом.
     
    На Veki4kaa, Lella, Joci-lala и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    :^) Јас прехлани бев во Саранда,а лани во Ксамил..
    Во Саранда да преубаво е ама во Ксамил..сите го опишуваа вака ама кога отидовме беше она спротивното тие што се поубавите плажи беа како островчиња мали и само со тие чамчињата може да се отиде а беше прилично скапо од човек нз колку точно беше ама не се исплатеше зашто само неколку саати можеш да седиш таму ограничен си,друго беше местот..искрено како село беше никакво и плажите не беа нешто многу лоши ама сепак во саранда се каде каде поубави..смештајот ние бевме 8 души и држевме цел спрат во кука..имаше 3 соби,дневна,кујна,тераса една голема и во сите соби помали тераси имаше,вц и голем ходник..плативме 50 евра за 4-5 дена..исто така не ми се свиѓаше струјата..цело време снемуваше и неможеше ни тел. или апарат да си напуниш а ако сакаш нешто јадење да си напраиш...а вака за јадење надвор не е скапо многу многу..Искрено не би одела пак..таму некако ми е за фамилијарни луѓе со мали деца..не ми е за некои помлади нема ноќен живот..а баш имаше и едни др. македонци на плажа онака зазборевме и они кажаа дека неможе со кола да се иде на тие островите они биле со тие чамците и стварно било мн убаво..
     
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Глупости.
    Може имаше некои си 5 плажи се на се што се оде со чамец, ама останатите не се убави?!
    Од пишани 5 страни ти си првата, што да ти кажам, не гледаме сите исто. ;)
    На тие плажи што се оде со чамец одеа повеќе млади, изолирани од фамилијарните луѓе, и има таму гласна музика и слободно може пооопуштено однесување, пиење зафркавање, ама дека се нешто поубави од останатите - не се, сите се поврзани една до друга, пешки можиш сите да ги поминиш, овие тука само што се одделени.
    Па и ние не бевме на другите плажи со чамче, од таму секогаш идеше гласна музика, а и не верувам да е многу скапо, баш ќе видам годинава како се цените.
    У Ксамил се оде за убавите плажи и за прекрасната нежно сина боја на морето, за песокот кој е брашно, а не за градот.
    И да кажано е дека Саранда е градот - кој е преубав навечер, ама каде тоа на Саранда има убави плажи?!
    - Внатре во водата доле темно е не се ни гледа, а ако се гледа - има гуми милион што порано ги фрлале бродовите и отворено темно страшно море, градската плажа до 20 јули нема ни салам песок, после 21ви некаде носат песок со камиони, и тоа едар голем песок жуљ да ти испадне од него - а на Ксамил морето е сино и на 6 метра се е проѕирно.
    Ксамил навечер - нема ноќен живот освен ресторанчиња во кои исто е ефтино и вкусно, ако е за ноќен живот, седи си у Саранда - има кафиќи предобри над самото море со видеобимови и многу млади, ама немој молим ти се за плажите у Ксамил да ме цитираш, лани 10 дена окапував на нив сигурно нема да ги фалам да не се добри.
     
    На Peperutche7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    Не се возбудувај толку де...јас си кажав тоа што го видов..а во Саранда водата барем во делот каде јас бев беше преубава и се се гледаше немаше никакви гуми и такви работи.И плажите и водата беа чисти и убави. А додека во Ксамил да водата беше убава меѓутоа плажите не беа нешто нај нај.Зборам за таму кај што бев јас!Може има и такви плажи што се убави а може и пешки да се иде..ние ти викам со тие македонците што беа праевме муабет и они ни рекоа дека сите убави се далеку со чамци се иде.
    Ако може да се иде во ред..баш ми е криво што сум ги пропуштила.
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Не е возбуда, колоквиумска недела е! :D

    Инаку у Саранда има две плажи, таа едната градска - долгата низ цел град што е, и другата A la afrikana т.е Африканска, таа се наоѓа пред хотел еден, затворена плажа е, на почетокот скрос од Саранда.
    Ние одеме и на двете, африканската беше убава ама страшна, одма длабоко иде, по брановидна пошто сите бродови и јахти мина блиску до неа.
    А на градската плажа тие неколку дена шо беме, се местеме секој ден на различни места, оти секаде гуми имаше и додека да влезиш внатре до колена нозете ќе си ги сокршиш, па затоа мораше со влечки |(
    Саранда е преубав град штета шо плажите не се досредени, ама со оглед на тоа колку нови и ексклузивни хотелишта се градат, верувам дека и плажата кога тогаш ќе ја исчистат и средат.
    Има потенцијал местото, и Саранда, и Ксамил.
    Само шо Ксамил е порелаксирачко, стрикно ако си отиден за добри плажи,а не за ноќен живот.
    А тоа со струјата мене ми кажаа дека кратко траело и дека одма се поправало.

    И штета за плажите кои не си ги видела, ние 10 минути одевме низ сите додека не си најдеме совршено место и лежалки, и незнам дали си стигнала до две плажи кои се спојуваат со пат.
    Има, има убавини,
     
  6. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    Eпа ние бевме кај таа кај пристаништето и убава беше..се е убаво само патот што е лош..е сеа ние за у Ксамил идевме преку Грција али патот го утнавме па многу возевме али сепак се супер беше :)
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Девојки, ако не ви е тешко, ставете некоја слика, вака не знам на чие напишано да верувам.
    Прогуглав за Ксамил, ми излезе мислам таа плажата со патчето, [​IMG]ама од кај да знам околу неа што има, нели на промотивните слики секогаш се прикажува најдоброто, затоа сакам слики од “паталец“.

    Не дека имав желба да одам во Ксамил, ама постот на Анушка ме натера да пребарувам за местото и што знам, може ќе го земам и него во предвид за одмор, иако сум многу скептична за одмор во Албанија.

    Еве слики од нет...
    https://www.google.com/search?q=ksa...rI0QWW9YGgDg&ved=0CAoQ_AUoAQ&biw=1366&bih=677
     
    На Joci-lala му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сесилија баш такво е. :)
    Плажите и водата се чисти, беспрекорни.
    Верувај на почеток сите се скептични за Албанија, ама баш сите, па дури и јас бев.
    За Албанија, како држава и воопшто народот, ќе се изненадиш и самата ако некогаш одиш, колку се луѓето поразлични и колку пријатно е.
    Фини, насмеани, љубезни.
    Може да има некој проблем само со разбирањето, посебно ако седите кај некоја постара жена која незнае англиски, српски или македонски па да мора со мимики да се разбирате, јас лани кај таква бев, имаат преголема куќа, висока, пошто тука сите се градат во висина, спрат врз спрат, многу нетипично и симпатично изгледа. Абе комедии бев, рерната не знаев да а уклучам, една микробранова ми се расипа, па одам ја викам, па со мимики и објаснувам, и она грејната со рацете мава па се смееме, абе душа.
    Католиците у Албанија многу делат од Албанците во нашата држава.
    Имаше многу албанки кои топлес се сончаа без никаков проблем со нивните мажи до нив, дури ептен провокативни јас би рекла, опуштени, не се замараат, и неколку баби видов, баш дечко ми ме зафркаваше - она топлес со цицки до колена, ти не. :D
    Инаку да, тоа е слика од патчето.
    Јас не сликав лани многу, повеќе клипови имаме, па еве некои слики.

    Ова првата слика ни е од омилената плажа, баш оваа, од гугл ја симнав сликата, пошто е 100 % исто како на сликата, она што мене најмногу ми се допаѓаше е што лежалки и чадори се е добро организирано и сите си имаат доволно место и простор за себе, па можиш слободно да си ја вртиш лежалката како сакаш.
    Може да забележите по сликата како надоле има уште многу пажи, се оде преку една, така да можиш за 10 минути сите плажи да ги поминиш и да си ја одбериш најубавата.
    Речиси сите се исти само зависи колку се големи. :)
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Еве ги тие плажи накои се оде со чамче, малку се гледа отспроти.
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Joci-lala, Annath, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кој оди за плажа и вода местово е погодок, но ништо повеќе од тоа.
     
  10. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    во врска со климата, кој период сте биле у Ксамил, какво е времето и дали има комарци? имам фобија од нив! :D
     
  11. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    301
    Значи морав да го цитирам ова, така слатко сум се изнасмеала :rofl: секој си има различни критериуми и различна перцепција за исти работи, неможе сега да се натегаме кој е во право.. Ама ме потикна погоре цитираново да си кажам како јас го доживеав Ксамил..
    Ние бевме лани 2012 во Ксамил 10 дена од 20ти до 30ти Август. Одевме преку Грција, не фати околу 10 саати со неколку мали паузи. Ова според мене не е воопшто малку. Патот преку Грција е супер, додека не влезеш во Албанија. Е сега за Ксамил има две опции, може да кружиш околу 80км околу националниот парк (планина некоја е, незнам како се вика) или да одиш по shortcut преку Бутринт. Ако го фатите пократкиот пат, тука има еден дел кој е неасфалтиран и е многу лош, не дека е толку долг, ама се вози мнооогу бавно зошто е земја и дупки. Се стига до еден мал канал и тука се качуваш со колата на cable ferry кој кошта 2 евра и после него одма влегуваш во Ксамил. Ние најдовме по препорака од СК сместување по 25 евра. Тоа им беше цената за Август, за Јули беше 20. Инаку да напоменам дека ТОП сезона во Албанија воопшто е Август, бидејки во Италија Август им е колективен одмор, па нивните кои работат таму одат тогаш на летовање.. Да биде работата уште полоша, ние го фативме периодот одма по завршување на Рамазан или Бајрам беше, стварно не се секавам кој им беше празникот во Август кога постат, така да Ксамил беше доста полн.
    Газдиве наши не збореа англиски (што е честа појава таму, ама затоа сите зборат грчки и италијански) среќа што знам нешто албански, па кршев јазик, пантомими и се разбиравме..
    За самото гратче што да кажам, уште е во градба, изгледа онака просто, нема кај да се шета, а навечер немаше и осветлување на улиците, ни на таа едната главна улица, темна беше.. Значи нема буквално ништо што да се прави..
    За струјата, ние кога влеговме во собата газдарицата одма донесе нешто како генератор кој го приклучи во струја а во него го уклучи фрижидерот, рече дека не ладел добро без тоа.. Инаку да напоменам дека бевме блиску таа како гратска плажа што им е, не бевме по ридовите, за таму сум слушала дека им била катастрофа струјата.. Во собата имавме клима, која од слаб напон не дуваше ладно, па ни служеше само како вентилатор.. Ако треба нешто да свариш на шпорет му треба 3 саати да почне да врие водата, нас ни дадоа плинска боца што на неа може да ставиш тенџере па неа си ја користев кога ми требаше.. Инаку на неколку пати попладне знаеше да снема струја, ама не за многу долго. Од смештајот сум задоволна, таму претежно се е ново, беше чисто, газдите љубезни и пријателски, секое поминување само нешто ни даваа, за се ни помагаа, стварно бев презадоволна од нив.
    Неколку пати одевме приквечер до Саранда, градот не е којзнае што, и тој сеуште се гради, ама шеталиштето ептен ми се допадна. Беше стварно полно со луѓе, весело, патот до Саранда е џам нов направен и се стига за 15тина минути, мада нас не мрзеше секоја вечер да одиме.. За млади ми се чини дека е подобро да се сместени таму..
    Јадењето стварно беше ефтино, т.е. да речеме како кај нас, секој ден седнувавме или на ручек или на вечера, отприлика 5 евра по човек факаше..
    За плажите, ќе кажам дека се пристојни. Немојте само да одите на таа гратската плажа. Денот на пристигнувањето пошто немавме многу време отидовме на таа бидејки ни беше најблиску. Водата беше прљава, ама влеговме од кеиф, нели на море стигнавме, и на сред бањање со детево мое во плиткото здогледав како плива гомно, верувале или не! Само излеговме, и го заборавив моментот, да не го расипувам претстојниот одмор. Инаку останатите плажи беа стварно чисти, освен еден ден кога имаше бранови па цела вода беше прљава и заматена. Покрај оваа гратска плажа, има полно мали плажички една до друга, и на секоја плажа има ресторанче. Секоја година пред сезона ги средуваат, и песокот кој е таму не е природен туку е дробен камен, ова ми го кажа газдата кај што бевме сместени. Го фрлаат на плажата и до некаде во водата за да е згодно за влегување, на сликите погоре баш убаво се гледа границата до каде е фрлан. Песоков е далеку од брашно, ама ќе речам пристојно ситен. На тие островчињата не бевме пошто бевме со мало дете, па неможам да зборам за таму... Инаку водата стварно изгледа на почетокот така тиркизна, тоа е поради песокот нели.. Ни кажаа газдиве за една плажа со природен песок каде е многу плитка водата и дека е измислено за деца, се вика "Pema e Thatë" беше недвор од градот, не е далеку ама патот е земјен и екстремно лош, 100 пати се покајавме што тргнавме. И кога стигнавме таму се разочаравме, лежалките се како сардини наредени во еден ред, морето ништо посебно, па си се вративме рикверц назад..
    Е сега, најлошиот момент во цела работа и што најмногу ме изиритира е тоа што беше многу тешко да земеш лежалка за на плажа. А без лежалка неможе зошто се фул плажите наполнети со лежалки. Значи ние секој ден одевме во 9 саат на плажа, дали имаше по 1-2 лежалки зафатени, и типовите што ги менаџираат плаживе ти викаат дека се резервирани за гостите од ресторанот. Значи покрај што ќе им ја платиш лежалка т.е две лежалки и чадор, треба и да ручаш во ресторанот. Значи првиот ден кога стигнавме отидовме на таа плажата што е одма карши островчињата, и тој вика само за гости во ресторанот, јас му викам добро ке ручаме, и он ми вика неможе и тоа дрско. После мене едни други македонци исто првпат доагаат истото го прашуваат, му викаат дека ке ручаат и овој ги пушта на лежалка. Скроз ми зовре! Инаку буквално истото ти го кажуваат за ресторанот на секоја плажа. После тоа идевме 4 дена на една плажа блиску до оваа првава, од тие 4 дена, 3 дена ручавме во него, 5тиот ден доагаме и тој типот ни вика жалам имам голема група после, све ми е резервирано. А башка да кажам, дека кога ти даваат лежалка неможеш да си бираш која сакаш, пример тие од првите редови им беа резервирани за нивните што им џиткаа добар бакшиш после ручекот. И така секое сабајле на идење на плажа, бевме во неизвесност дали ке ни дадат лежалка или ке се шуткавме по плаживе ваму таму, што ми набиваше голема нервоза уште сабајлечки, затоа што типциве кај им плаќаш за лежалкиве уште и арогантни беа. Само да напоменам дека мој колега беше таму и си отиде неколку дена пред мене, рече дека првите денови кога бил ништо не споменувале за ручање, слободно можело да си седнеш кај сакаш, веќе последните 2-3 дена почнале финтава со ручециве.. И со газдиве баш зборев на темата, последните денови дојдоа неговите два сина на одмор, културни образувани момци, и сите они се нервираа што се случува со плаживе, дека не е добро за туризамот, па дури и они имаа некој братучед кој работи на една плажа па само таму одеа.. Значи ова со плаживе беше катастрофа! Буквално беше како уценување!
    Ете тое е моето искуство со Ксамил! Освен плажите и морето, местото за ништо не вреди, по мои критериуми гратчево е многу грдо! Ако некогаш пак отидам таму, прво НЕМА ДА ОДАМ ВО АВГУСТ и второ ќе биде само затоа што не сум при пари а сакам да терам одмор на море (и да јадам по ресторани) за некои нормални цени. За ништо друго!
    Е сега и таму до кога ќе е вака незнам. Една друга моја колешка оди таму 5 години по ред, уште кога не беше Ксамил толку познат, она вика дека секоја година цените се 10-15% повисоки. Па ајде да видиме до каде ќе стигнат...
    Се извинувам за долгиот пост, ама се надевам дека на некому му помогнав да се одлучи дали ќе летува таму..
     
    На Малечка Маша, acvamarin, Plavusa.17 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutche7

    Peperutche7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    23
    Јас со дечкоми патувам за Ксамил почетокот на ова лето, па ќе ги споделам моите впечатоци :)
     
  13. loveme-4ever

    loveme-4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Јас лани бев во Ксамил морето и плажите се многу убави ама смесувањето беше тапа имаше многу малку струја и беше многу топло
    не само кај што бев јас сместена во цел град
    Па кој сака да се одмори вистински без фб и фемина ќе си помине убаво :D
     
  14. Peperutche7

    Peperutche7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    23

    Во кој период беше? И храната во рестораните убава беше?
     
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Имам познаници што беа, многу го фалеа (читај, фалеа колку се изнајале за ич пари :D ). Јас сеуште сум за тоа дека Албанија не ми е за одмор во следниве години. Од впечатокот што го имав кога бев Драч и Валона, не ми се допадна ама ич.
    Ксамил изгледа убаво, излегува на Јонско, но е многу долг пат. За тој пат може и во Грција да се сместиме на некое убаво местенце што исто излегува на Јонско, па ако треба и сами да готвиме наместо да ручаме секој ден во ресторан.
    Да беше поблиску, зошто да не, релакс одмор со фино море, ама со тој пат...дефинитивно не.
     
  16. loveme-4ever

    loveme-4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Бевме крај на Јули почеток на Август,храната е евтина и ок беше зависи oд ресторанот :)
     
    На Peperutche7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    Значи морав да го цитирам ова, така слатко сум се изнасмеала :rofl: секој си има различни критериуми и различна перцепција за исти работи, неможе сега да се натегаме кој е во право.. Ама ме потикна погоре цитираново да си кажам како јас го доживеав Ксамил..
    Ние бевме лани 2012 во Ксамил 10 дена од 20ти до 30ти Август. Одевме преку Грција, не фати околу 10 саати со неколку мали паузи. Ова според мене не е воопшто малку. Патот преку Грција е супер, додека не влезеш во Албанија. Е сега за Ксамил има две опции, може да кружиш околу 80км околу националниот парк (планина некоја е, незнам како се вика) или да одиш по shortcut преку Бутринт. Ако го фатите пократкиот пат, тука има еден дел кој е неасфалтиран и е многу лош, не дека е толку долг, ама се вози мнооогу бавно зошто е земја и дупки. Се стига до еден мал канал и тука се качуваш со колата на cable ferry кој кошта 2 евра и после него одма влегуваш во Ксамил. Ние најдовме по препорака од СК сместување по 25 евра. Тоа им беше цената за Август, за Јули беше 20. Инаку да напоменам дека ТОП сезона во Албанија воопшто е Август, бидејки во Италија Август им е колективен одмор, па нивните кои работат таму одат тогаш на летовање.. Да биде работата уште полоша, ние го фативме периодот одма по завршување на Рамазан или Бајрам беше, стварно не се секавам кој им беше празникот во Август кога постат, така да Ксамил беше доста полн.
    Газдиве наши не збореа англиски (што е честа појава таму, ама затоа сите зборат грчки и италијански) среќа што знам нешто албански, па кршев јазик, пантомими и се разбиравме..
    За самото гратче што да кажам, уште е во градба, изгледа онака просто, нема кај да се шета, а навечер немаше и осветлување на улиците, ни на таа едната главна улица, темна беше.. Значи нема буквално ништо што да се прави..
    За струјата, ние кога влеговме во собата газдарицата одма донесе нешто како генератор кој го приклучи во струја а во него го уклучи фрижидерот, рече дека не ладел добро без тоа.. Инаку да напоменам дека бевме блиску таа како гратска плажа што им е, не бевме по ридовите, за таму сум слушала дека им била катастрофа струјата.. Во собата имавме клима, која од слаб напон не дуваше ладно, па ни служеше само како вентилатор.. Ако треба нешто да свариш на шпорет му треба 3 саати да почне да врие водата, нас ни дадоа плинска боца што на неа може да ставиш тенџере па неа си ја користев кога ми требаше.. Инаку на неколку пати попладне знаеше да снема струја, ама не за многу долго. Од смештајот сум задоволна, таму претежно се е ново, беше чисто, газдите љубезни и пријателски, секое поминување само нешто ни даваа, за се ни помагаа, стварно бев презадоволна од нив.
    Неколку пати одевме приквечер до Саранда, градот не е којзнае што, и тој сеуште се гради, ама шеталиштето ептен ми се допадна. Беше стварно полно со луѓе, весело, патот до Саранда е џам нов направен и се стига за 15тина минути, мада нас не мрзеше секоја вечер да одиме.. За млади ми се чини дека е подобро да се сместени таму..
    Јадењето стварно беше ефтино, т.е. да речеме како кај нас, секој ден седнувавме или на ручек или на вечера, отприлика 5 евра по човек факаше..
    За плажите, ќе кажам дека се пристојни. Немојте само да одите на таа гратската плажа. Денот на пристигнувањето пошто немавме многу време отидовме на таа бидејки ни беше најблиску. Водата беше прљава, ама влеговме од кеиф, нели на море стигнавме, и на сред бањање со детево мое во плиткото здогледав како плива гомно, верувале или не! Само излеговме, и го заборавив моментот, да не го расипувам претстојниот одмор. Инаку останатите плажи беа стварно чисти, освен еден ден кога имаше бранови па цела вода беше прљава и заматена. Покрај оваа гратска плажа, има полно мали плажички една до друга, и на секоја плажа има ресторанче. Секоја година пред сезона ги средуваат, и песокот кој е таму не е природен туку е дробен камен, ова ми го кажа газдата кај што бевме сместени. Го фрлаат на плажата и до некаде во водата за да е згодно за влегување, на сликите погоре баш убаво се гледа границата до каде е фрлан. Песоков е далеку од брашно, ама ќе речам пристојно ситен. На тие островчињата не бевме пошто бевме со мало дете, па неможам да зборам за таму... Инаку водата стварно изгледа на почетокот така тиркизна, тоа е поради песокот нели.. Ни кажаа газдиве за една плажа со природен песок каде е многу плитка водата и дека е измислено за деца, се вика "Pema e Thatë" беше недвор од градот, не е далеку ама патот е земјен и екстремно лош, 100 пати се покајавме што тргнавме. И кога стигнавме таму се разочаравме, лежалките се како сардини наредени во еден ред, морето ништо посебно, па си се вративме рикверц назад..
    Е сега, најлошиот момент во цела работа и што најмногу ме изиритира е тоа што беше многу тешко да земеш лежалка за на плажа. А без лежалка неможе зошто се фул плажите наполнети со лежалки. Значи ние секој ден одевме во 9 саат на плажа, дали имаше по 1-2 лежалки зафатени, и типовите што ги менаџираат плаживе ти викаат дека се резервирани за гостите од ресторанот. Значи покрај што ќе им ја платиш лежалка т.е две лежалки и чадор, треба и да ручаш во ресторанот. Значи првиот ден кога стигнавме отидовме на таа плажата што е одма карши островчињата, и тој вика само за гости во ресторанот, јас му викам добро ке ручаме, и он ми вика неможе и тоа дрско. После мене едни други македонци исто првпат доагаат истото го прашуваат, му викаат дека ке ручаат и овој ги пушта на лежалка. Скроз ми зовре! Инаку буквално истото ти го кажуваат за ресторанот на секоја плажа. После тоа идевме 4 дена на една плажа блиску до оваа првава, од тие 4 дена, 3 дена ручавме во него, 5тиот ден доагаме и тој типот ни вика жалам имам голема група после, све ми е резервирано. А башка да кажам, дека кога ти даваат лежалка неможеш да си бираш која сакаш, пример тие од првите редови им беа резервирани за нивните што им џиткаа добар бакшиш после ручекот. И така секое сабајле на идење на плажа, бевме во неизвесност дали ке ни дадат лежалка или ке се шуткавме по плаживе ваму таму, што ми набиваше голема нервоза уште сабајлечки, затоа што типциве кај им плаќаш за лежалкиве уште и арогантни беа. Само да напоменам дека мој колега беше таму и си отиде неколку дена пред мене, рече дека првите денови кога бил ништо не споменувале за ручање, слободно можело да си седнеш кај сакаш, веќе последните 2-3 дена почнале финтава со ручециве.. И со газдиве баш зборев на темата, последните денови дојдоа неговите два сина на одмор, културни образувани момци, и сите они се нервираа што се случува со плаживе, дека не е добро за туризамот, па дури и они имаа некој братучед кој работи на една плажа па само таму одеа.. Значи ова со плаживе беше катастрофа! Буквално беше како уценување!
    Ете тое е моето искуство со Ксамил! Освен плажите и морето, местото за ништо не вреди, по мои критериуми гратчево е многу грдо! Ако некогаш пак отидам таму, прво НЕМА ДА ОДАМ ВО АВГУСТ и второ ќе биде само затоа што не сум при пари а сакам да терам одмор на море (и да јадам по ресторани) за некои нормални цени. За ништо друго!
    Е сега и таму до кога ќе е вака незнам. Една друга моја колешка оди таму 5 години по ред, уште кога не беше Ксамил толку познат, она вика дека секоја година цените се 10-15% повисоки. Па ајде да видиме до каде ќе стигнат...
    Се извинувам за долгиот пост, ама се надевам дека на некому му помогнав да се одлучи дали ќе летува таму..[/quote]
    а јас мислев дека сум единствена што има негативни коментари за касмил..и нас пред да идеме ни го фалеа многу, убаво исто како бора бора..ама ние кога отидовме ни б од бора бора не видовме..едино сместувањето беше ок..водата до попладне беше чиста после бранови кога ке имаше катастрофа пуна со морски тревки неможеш да се бањаш.
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас за местово, од блиски луѓе, имам слушнато само убавини. И познавајќи ги критетиумите на овие луѓе, значи стварно е супер. И кога и гледав слики... се заљубив :inlove:
    Летово планираме со дечко ми да одиме, ноќен живот не ми е потребен да се заморувам таму, сакам само убава плажа и мир. Е сега, ако може да ми помогнете со овие агенциите, каде да барам понуди...?

    А неповолности секогаш ќе има. Ама не сум таква: нити сакам да уживам во некој луксуз, нити па некој толку да ми погодува. Ех, да имам пари за карта, ќе одам у Јужна Африка и боса ќе одам и на плажите ќе спијам.
     
    На anuskaNESTLE и Peperutche7 им се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Ние резервиравме соба со кујна за 22 евра од ноќ од 1 јули...вака по слики ми изгледа топ. А и многу луѓе ми го фалеле...Лани бевме драч и беше многу убаво...ама буквално се. А овде по слики ми делува уште поубаво од Драч.
    Не очекувам совршенство ама за 200 евра никаде нема да истерам одмор, со тој квалитет. Е сега за повеќе ќе треба да отидам и да видам како е.
     
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104

    Маригона агенцијата, во Чаирчанка. :)
    Верувај, подобра агенција нема.
    За се нешто што ви треба таму додека сте, тие секогаш ви се достапни.
    Лани ние бевме сместени во Саранда, а Ксамил е едно 10 15 минути одалечен, и пиевме кафе со тој едниот партнер на Маригона, пошто тој возе, и му кажувам, и човекот стана одма влагај во кола ми вика, дојде дечко ми, и не однеси во Ксамил одма. Ни кажа каде да бараме смештај одгодина, толку пријатен човек алал да му е. За се нешто, па дури и за пари вика, ако ви снема, или ако не дај Боже нешто се случи, не е битно времето, ѕвонете, пошто знаеш, многу се водат според тоа Албанија - и одма демек поинаку е, и јас бев скептик, ама не бре, оваа година без размислување пак одам. :)
    Синан се вика човекот што ќе ве вози, тој од Драч ќе ве земе со кола-комбе, а од Скопје до Драч со автобус нов Мерцедес се возе, удобно е, паузи има на секој саат буквално. :D
    Да не правеа толку шаузи ќе стигневме секако за многу побрзо, ама поарно така отколку па да му ја мислиш ако ти оди во вц или ти се лоши.

    Саншајн поубаво е од Драч, пошто тука водата и песокот се многу поинакви. Водата е небесно сина и прекрасна, види слики имам ставено некоја страна наназад.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.