1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куглов

Дискусија во 'Рецепти' започната од Tikve, 31 јули 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Mногу убаво ми испадна,преубаво и превкусно! :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    КУГЛОВ КОЛАЧ


    4-ЈАЈЦА
    1-ШОЉА- ФУЛЏАН КАКО ЗА МЛЕКО ГОЛЕМ,ШЕКЕР
    1-ФУЛЏАН ЗЕЈТИН
    2-ФУЛЏУАН БРАШНО
    1-ПРАШОК ЗА ПЕЦИВО
    1-ФУЛЏАН РЕНДАНИ ЈАБОЛКИ (НА ЕДРО)
    1-КОРА ОД ЛИМОН РЕНДАНА

    Јајцата и шекерот се добро матат,а потоа едно по едно се додаваат останатите продукти.Сето тоа добро се мути и се истура во кугловото плехче предходно подмачкано со зејтин.Се пече на 200step-10мин,а потоа на 150step уште 25мин.
    Често го правам и многу е вкусно.
     
  3. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Има, знам, и едни готови како смеси се за кугловот што се купуваат, само единствено што треба да си додадеш на тоа се јајца, млеко и уште некои ситни работи. После тоа си го правиш со миксер и во калапот си го ставаш. Ги имам пробано таквите смеси, проверено, супер се :) Може и такви, доколку некој решил да не ја прави цела смеса сам :)
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.893
    Допаѓања:
    102.982
    Пол:
    Женски

    уште еднаш пофалба за рецептов ПРЕУБАВО е! Денес пак го правев и се изнајадов. Исто така да додадам дека можеби уште поубаво би било ако се стават малку кисели крставички.. ;)
     
  5. SANY4E

    SANY4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    Здр,срцко оди наhttp://www.coolinarika.com/ и ќе видиш,на алатката за пребарување пиши куглов имаш какви сакаш,дали солени.. благи.. :D :D побарај и ке ми бидиш благодарна..

    Не за друго и јас од таму имам мн рецепти.. :*
     
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Во куглав
    8 јајца
    100гр шекер во прав
    1 ванилин шекер
    1 пециво
    200 гр лешници печени
    200 гр семе
    200 мл млеко
    сок од ½ лимун
    8 лажици брашно
     
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Куглов со банани

    200гр путер
    3 јајца
    1 чаша шеќер
    2 чаши брашно
    2 банани
    1 голема чаша млеко
    1 пециво
    100гр чоколада за готвење
    може да се додаде и 1 ванилин шеќер

    Најпрво бананите убаво се гмечат и сите состојки заедно се матат убаво со миксер. Се става во подмачкан гуглов и се пече на 180 степени окулу 40 мин. Откако ќе се испече може да се премачка со чоколаден прелив. :)
     
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила да кажам дека чоколадата ситно се сецка и се додава во останатите состојки. :)
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Куглов од банани, кокос и чоколадо(благ куглав)
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    150 грама Шеќер
    100 грама Чоколадо
    150 грама Путер
    малку Прашак за пециво
    30 милилитри Млеко
    1 парче/чиња Лимон
    60 грама Кокосово брашно
    1 лажица/ци Какао
    150 грама Брашно
    300 грама Банана
    3 Јајца/це
    ПОДГОТОВКА:
    Одвојте ги жолчките од белките, па жолчките изматете ги пенесто со масло и две третини од шеќерот.
    Бананите излупете ги, исечете ги на апрчиња и испасирајте ги со сокот од лимон.
    Пирето од банани измешајте го со кокосовото брашно и млекото.
    Белките изматете ги цврсто со остатокот од шеќерот, па додајте ги на смесата од банани.
    На крај додајте го брашното во кое сте ставиле прашокот за пециво.
    Смесата поделете ја на два дела.
    Во едната половина додајте го какаото, па светлата смеса ставете ја во намсен калап за куглоф, потоа додајте ја темната смеса и на крај малку промешајте со вилушка.
    Печете на 175 степени околу 40 минути.
    Оставете да се излади, па прелијте со чоколадо и со остатокот од кокосовото брашно.
    ____________________________________________________________________________________________
    Куглов од моркови и спанаќ(солен куглав)
    Состојки
    4 јајца
    14 големи лажици брашно
    1 пециво
    125 мл зејтин
    350 мл кисело млеко
    4 големи моркови
    150 грама шунка
    750 гр спанаќ
    Подготовка
    Подготовка
    1. Морковите ги рендаме, а спанаќот го сецкаме ситно.
    2. Во длабок сад ги истураме сите состојки и мешаме со лажица.
    3. Смесата ја ставаме во калап намачкан со маргарин и печиме на 200 степени.
     
  10. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    3.788
    Пол:
    Женски
    ЈАс, хехех, мислам мајка ми кугловот вака го прави
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    30 грама Шеќер во прав
    220 грама Шеќер
    250 грама Маргарин
    1 лажица/ци Какао
    1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
    250 грама Брашно
    4 Јајца/це


    Време за подготовка: 30 мин.
    Време за готвење: 60 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Куглов
    ПОДГОТОВКА:
    Рерната вклучете ја на 180 степени. Омекнатиот маргаин изматете го пенасто со шеќерот и ванилниот шеќер. Продолжувајќи го матењето додавајте го ги јајцата едно по едно. Потоа ставете го какаото и сè убаво измешајте.

    Со лажица постепено додавајте го брашнотосо печивото. Добиената смеса истурете ја во калап за куглоф намачкан со маргарин.
    Префрлете го калапот со тесто во рерната и печете 50 до 60 минути.

    Испечениот куглоф извадете го од рерната, оставете неколку минутио да се лади во калапот, а потоа внимателно префрлете го на рамна чинија.

    Пред сервирањето наросете со шеќер во прав.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.893
    Допаѓања:
    102.982
    Пол:
    Женски
    Сочен чоколаден куглов


    Состојки

    400 гр. брашно
    1 прашак за пециво
    400 гр шекер во прав
    50 гр какао
    2 дцл свежо исцеден сок од портокал + рендана кора од портокал
    2 дцл кока кола или пепси
    2,5 дцл масло
    2 кесички ванилин шеќер
    6 јајца

    За премачкување на кугловот

    100 гр мармалад од кајсии

    Глазура

    200 гр чоколадо за готвење
    4-5 лажици масло
    5-6 л кока кола или пепси

    Јајцата се матат и се додава шекерот , ванилиниот шеќер, сокот од портокали , пепси и маслото
    на крај се додаваат брашното , прашокот за пециво и какаото
    Го премачкуваме садот во кој што ке се пече тестото со маргарин и одозгора се посипува брашно
    Се пече кугловот околу 45 минути на 180 степени
    Кугловот се премачкува со мармаладот. Ако се упие , тогаш се премачкува уште еднаш и кугловот ке стане многу сочен
    Во загреано лонче ос масло се додаваат чоколадото и кока колата и се прави глазурата.

    Сега јас го печам да видиме баш како ке излезе :inlove:
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    Јас сега само што го направив овој, со мали промени. Моите дома се многу по чоколадното(брат ми и татко ми) и место мармалад внатре ставив две лажици еурокрем и една полна какао за кафеава да ми дојде смесата. Го печев точно пола саат на 200 степени. Вкусен е, нешто као мафин да јадеш ама у куглов форма :lol: Нешто не ми се вадеше на почетокот кога го извадив од релна мек беше, ама некако го извадив и сега е стврднат и топ е :)
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Би сакала да прашам колкава чаша користиш? Или пак ако може пиши во грамажа, затоа што чаши има различни.
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Користев чаша за чај, значи од оние големките, мислам дека се околу 250 милилитри :)
     
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Значи шолја? Тие мислам дека се 200 мл. :) Сега и јас ќе го правам, па да те прашам смесата дали ти беше густа или потечна? Од прилика да имам визија како би изгледала смесата. Фалаа
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не, не мерев со филџан за кафе, туку со тие поголемите... И баба ми тврди дека 200 и нешто милилитри биле филџаните, ама јас тврдам спротивно :D
    Еве од овој тип чаши користев и не ги полнев скроз до горе, оставав по малку простор(може 1 сантиметар) :lol:
    [​IMG]

    Инаку смесата не беше ниту ептен густа ниту течна, средна беше, нешто како пудинг :lol:
    Се надевам ти бев малку од помош. :)

    Пс. Го смачкосаа, нема веќе дома, значи добар бил :D
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Така, така... шолја за чај. Некаде до рачката. Ајде јас ќе го правам сега. Инаку треба да го измачкаш кугловот со маргарин за полесно да излезе. Јас ќе му ставам и толчени лешници, можеби кокос малку и ванилин шеќер. И 1 рендана чоколада на крупната страна на рендето. :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pacient

    pacient Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    колку време се печи и на колку степени?
     
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Денес го испробав овој рецепт, само не го правеве во куглов затоа што ја зголемив дозата за пола, а немам толкав сад. Јајцата ги матев со миксер, ама не премногу, туку до оној момент кога ќе почнат малку да пенат, а потоа кога ги додавав останатите состојки продолжив да мешам со лажица.
    Кај брашното малку изменив, ставив 300 грама пченкарно и 150 бело, 5 помалечки јајца, 1,5 филџан зејтин, 3 филџани јогурт и едно пециво.
    Откако убаво измешав внатре додадов ситно исецкан кулен, исецкани кисели краставички, дробено вакумирано сирење, буковец, оригано, сол и бибер. Мерки точни немам, се ставав од око.
    Во намрсено тавче со маргарин и посипано брашно ја истурив смесата, а од горе наредив исецкани маслинки.
    Го печев на 180 степени, врска немам колку време, не се служам со саат туку со старата доба финта со чепкалка :D

    Премногу ми се допадна како излезе, а и домашниве ептен го пофалија. Обично не сакам вакви работи што се слични на проја затоа што се густи, тешки и суви, ама затоа ова не беше воопшто такво, туку напротив излезе меко и воздушесто. Јогуртот многу го освежува, никогаш повеќе не би ставила млеко во тесто од пченкарно брашно.


    Еве какво испадна
     

    Прикачени фајлови:

    • проја 2.jpg
      проја 2.jpg
      Големина на фајлот:
      59,9 KB
      Прегледи:
      406
    На eliesaab, koritsaki и Annath им се допаѓа ова.
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    куглов со слатко од сливи или чреши-

    2 јајца
    1 пециво
    2 филџана шекер-филџан од кафе мали
    4 филџана млеко-исто мал филџан
    2 филџана масло
    околу 8 до 10 лажици брашно

    се меша убаво сите и потоа се додава слаткото од сливи се промешува малце и се става да се пече,после печење може со шекер во прав од озгора :)

    често го правам бидејки е лесен и не кошта многу :)