Ми требаат бадеми за рецепт, ама како листови, исецкани. Дали имате видено негде да се продаваат? проверив по продавниците за здрава храна и големите маркети, неможам да најдам....
Во продавниците за здрава храна Мар Вик, јас имам купувано и супер се, ги користам за Блу бери крамбл пај.
Да не ја знае некој рецептата на гурабии со бадеми од храна и вино беше ама од постарите броеви на списание пред 2години некаде. Кога ке ги направев одма ке ги снемаше многу беа убави али го изгубив списанието . Како колачиња со путер беа и бадеми . Многу ми е криво ни на интернет неможам да ја најдам па да ме посреќи некој со рецептата Еве и слика
Јадете ли месен нарезак? Брат ми купил нешто такво конзервесто па очи ми боде у фрижидер ќе морам некако да го приготвам да го снема Се мислев да го пропржам тој нарезакот со кромидче и да го ставам у тава за печење, а згора да му наросам мешавина од сирење и кашкавал (малце и соленко да е)....ова чисто ко идеа... А со јајце ? поима неам како се јаде ова нарезаков, нејадам јас вакви ствари .... дајте идеа некоја како да го приготвам
И јас нејадам ама по рецепт на мама ќе ти кажам Можеш да го исечкаш ситно и да го подготвиш со томатело или сос од домати за со макарони. Можеш да свариш ориз и со него да го промешаш... Некогаш го користат и како замена на мелено месо така да планирај си сеа
Не го јадам често, ги избегнувам ваквите месни производи, но најмногу ми се допаѓа незготвен, само исечкан на лентички и наросен со малку суб босилек и вегета. Со сиренце или лута павлака е фантазија!
Каде да најдам од оние лепенки или како се викаат ѕа торта...како на сликата -се ставаа врз шлаг мислам и се одлепуваа не ми текнува што и како беше ако ви текнува за што пишувам од каде да купам,колку се движат,како се лепат врз тортата ?
Можеш лепенквие секаде да ги најдеш по големиве маркети,а можеш и по слаткарниците да ги најдеш ( незнам од каде си,ама кај мене во гратчево си ги има) Инаку постапката со лепење незнам како оди зошто никогаш немаме правено дома вакава торта.Инаку цената им е 100-150 денари барем кај нас Исто мислам некаде дека се изработуваат слика да им однесеш твоја каква сакаш да е и ќе ти ја направат,ама незнам каде го прават тоа
Лепенките можеш да ги најдеш по големите маркети ги има секаде А како оди постапката за залепување , одлепување тоа незз . До сега не сум правела торти со лепенки Али сигурно има некое упатство на нив како се користат
Не се одлепуваат, тие се јадат, од шеќер се прават. А иначе може да се принта ама тоа само во слаткарниците кај што ќе ти направат торта и да им однесеш слика да ти залепат па да ти испринтаат, не сум слушнала за услуга принтање на такви “лепенки“ да ги наречам. А оваа торта стрикно ти е сликана со слаткарски бои на фондан, не е лепенка.
Ги имаш во Веро-Џамбо. На рафт кај што се ванила, пецива, рум...на најдолниот рафт таму има и готови кори за торта. Едно време ги имаше и во Тинекс ама не сум забележала во последно време
Девојки знаете ли каде да најдам рачен блендер како овој од делимано али да не биде толку скап има ли некоја сретнато