1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 16 март 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Можеш и пржени со јајца. Прво ќе ги попржиш малку тиквичките, па ќе ги додадеш разматените јајца.
     
  2. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Можеш да направиш тиквици во рерна.
    Ќе ги исечеш на кругчиња подебели, ќе ги посолиш убаво. Во друг сад ќе изматиш едно јајце(за две тиквици едно јајце), во друга чинија ќе ставиш презла. Тиквичките една по една ќе ги брцнеш прво во јајцето, па во презлата и скалесто ќе ги редиш во намрсена тепсија.

    Откако ќе ги наредиш, одозгора ќе им прснеш малце зејти. Можеш да им додадеш зачин по вкус. Ја ставаш тепсијата во загреана рерна и печеш додека да заруменат. Прво на потивко ги печеш(150.160), па потоа пола саат при крај зголемуваш на 180 Ц.

    Можеш пред крај да им изрендаш кашкавал. Превкусен и здрав начин за тиквица(а да не е пржена, нормално) ;)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Имам дома спанаќ, а со оглед на фактот дека јас не го јадам никогаш и не сум се интересирала како да го подготвувам. :tmi:
    Вереникот го обожава па решив да му направам некој пита, барав по нет и најдов неколку рецепти, но дали некоја од вас знае проверена рецепта за добра пита со спанаќ, м ? :$
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ние со мајка ми диетално
    малце зејтин, пржиш кромид, 2-3 патлиџани, пиперка сецкано и морков рендан малце соја трошки(или месо) и пола шака ориз!
    тиквичките ги сечеш на тркалца, ги обаруваш малце, колку да омекнат!
    редиш од тиквиците, додаваш од филот (овој што си го пржела) и се така
    ко мусака
    и најгоре додаваш магдонос, можеш и матено јајце, по желба
    ние без јајце го јадеме!
    јадењево е :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: диетално, мф мф мф, за мерак, 20 дена само ова би јадела :D
    едит- обожавам тиквички, ама пржени со зејтин ги избегавам зашто ко сунгер се, полни со зејтин :)
    инаку и така може да си ги направиш
     
    На shiningstar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Правам кофтиња од тиквички многу се вкусни:
    2 тиквички
    1-2 моркови
    200 грама
    шунка
    200 грама сирење
    се се ренда и се мешаат заедно
    се додаваат 3 јајца
    пециво
    магдонос
    зачин Вагета(по вкус)
    сенф
    12 лажици брашно
    се вади со лашица и се пржат во загран зејтин
    доколку ти се многу водени, се цедат
     
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Еве од мене рецепта за многу вкусни тиквички...
    Тиквичките се пржат или печат, по желба, на колца исечени, и само со сол посолени.
    10-тина чешниња лук се толчат со малку зејтин во нив, се мелат 150-200 гр. ореви и се додаваат во лукот, се меша се тоа убаво, се додава уште лажичка маслиново масло, ситно сецкан магдонос, 1-2 лажици оцет или балсамико, биберче малку и убаво се промешува. Тиквичките се додаваат во смесата и убаво се меша се заедно, се остава во фрижидер да се оладат и да впијат...
    Со лепче, сиренце и домат е перфектен, најубав летен оброк...
    Кој ќе направи нема да се покае...

    Некој бараше прелив за салати со јогурт, па еве еден од мене , секојдневно на мени кај мене :D со се и сешто :D
    100 мл. јогурт, 2 лажици големи павлака, половина мала лажичка сенф, 1/2 лажичка вегета, малку лук во прав, 1 лаж маслиново масло, повеќе бибер, и малку свеж копар, кој е љубител нормално, кој не без копар, и се ова го мешаш убаво, и имаш 5-ка прелив за секоја салата, а за салатите со марула во овој прелив додавам и две жолчки сварени, и убаво изгмечени, и многу е вкусен...
    Е сега во истиов прелив додајте само место 2 лажици, цела павлака, малку сецкана шунка, 1 ситно сецкана свежа краставица, малку дробено сирење и една рака сецкани ореви и имате прелив за ладни тестенини, шта да ти причам...за доручек, совршено... ;)
     
    На mims-89, Phyramide, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Е морам да ви дадам уште една толку брза, здрава, толку вкусна старинска рецепта за јајца на око, што прсти ќе излижете...верувајте ми на збор...
    За 2 јајца на око...
    Во тава ставаме неполн филџан за кафе вода, малку сол и маслиново масло 2-3 лажици, и го ставаме на оган да зоврие, додаваме сушено нане, буковска сол повеќе, и малку сув или свеж босилок (ова стрикно за љубители на аромата на босилок, на останатите им е гадно, им мириса на црква :lol: ), и ова си проврива минутка две, па ги ставаме јајцата, поклопуваме со капак, исклучуваме шпоретот и оставаме така 5 минути, тргаме од оган, и поубаво здравје...
    Ако имате печурки, свежи, ги сецкате на тенки листови и ги додавате во водата со масло, штом ќе почне да врие, па 5 минутки оставате да проварат, и продолжувате со постапката од погоре, јас и пред да го тргнам од оган одозгора додавам крупно исечен спаноќ, само измиен и посолен, поклопувам и оставам уште 2 минутки само да омекне, и веднаш откако ќе ги тргнам од оган ставам и по некоја лента кашкавал, па и сланинка...
    Инаку ова е потешката варијанта и посложената демек, ама изгледот и вкусот е....мхмхмх...се настрвив...
    А првата варијанта, 5 мин, и воала...оброк, вкусен, здрав ;) ... :D
     
    На ttrpovska, macence85, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Енца дедо ми ги ги правеше слично на вода, ама без никакви зачини, само сол и буковец.
    Најубави се, како е за мацкање, убајна ^_^

    Само малку поинаков е рецептот - на мааалку загреано масло се става пиперот и веднаш (за да не изгори) се става филџан вода, па потоа јајцата се кршат одозгора. И цело време додека се прават се полеваат со водичката.

    Е малку мириса кога ќе се прават, облеката после ми мириса на јадење, ама затоа го терам татко ми да ги прави :)
    Омилени ми се.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Да, старински рецепт е :lol: ама верувај за комбинацијата нането е пресудно, пробај вака и пиши :lol:
    Вака со водата воопшто не ни мириса, тоа најмногу ми се допаѓа, брзо, вкусно, здраво, и нема мирис на зејтин низ цела куќа, јас најмногу сакам јајца на око, ама многу избегнував ради пржењето, а сега вака, па посебно со спаноќот и кашкавалот, 2 пати неделно обавезно на мени ми се :lol:
    А на сите што ќе им направам мислат којзнае што филозофија е, па како сум успеала да направам за 5 мин, дека од печурките, спанаќот, па и сланината, богато многу и шарено изгледа, мислиш часови работа било во прашање :lol:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Фала многу на сите што се потрудија да ми пишат
    прекрасни се рецептиве, некои и пробав веќе :clap:
    ај сега кажете ми рецепт за сутлијаш
    тоа ми се пријаде,ама ако знаете како малку чоколаден да
    го направам, со какао или сл.
    се извинувам но, сама живеам,знаете како е и корисни ми се вашите совети.фала
     
  11. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    2 финџала ориз , шекер по вкус 3-4 супени лажици и вода да го прекрие оризот (2 прста над него)се вари но со постојано мешање , ако не се вари во тефлонски сад , кога ќе набабрат зрната се додава 2 финџала млекце и пошто сакаш чоколадно кога ке биде готов сутлиашот додека е врел можеш да искршиш ред два чоколадо , било за готвење било милка :) м м м ...
    јас така го правам се надевам дека ке ти се свиѓа не е ништо комплицирано ;) бон апетит
     
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Еве јас како го правам иако не го јадам
    1 л млеко
    1 шоља вода
    1 шоља од 150 мл ориз
    10-12 лажици шекер
    2 ванилин шекер
    Го ставам оризот со водата на тивко да врие.Кога ќе испари водата додавам млеко во повеќе наврати.Продолжуваме со варење на тивок оган.Мешаме често за да не загори.Кога ке го потрошиме цело млеко и кога ке почне да се згуснува го ставаме шекерот и ванилиниот шекер.
    Одозгора ставаш какао или цимет по желба
    Овој рецепт го најдов на нет и го правам редовно, маж ми во суклијач да го бркниш сув ќе испадни :lol:
     
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Некој праша за совет за искористување спанаќ?
    Еве ви многу здрава, вкусна, малку скапа, но прекрасна салата!
    Ви требаат два страка спанаќ, 100 гр. сечкани урми, 200 гр козјо сирење, кесичка сенф, 3 лажици мед, оцет балсамико, рака толчени ореви и маслиново масло.

    Спанаќот убаво измијте го, искинете го на парченца, со прсти (не со нож, за да не пушта сок) и ставете го во длабока чинија за салата. Урмите ситно исечкајте ги и оставете ги на страна. Козјото сирење исечете го на мали коцки и стопете го неколку минути во рерна, или микробранова, само да омекне. Во друг сад, измешајте го сенфот со медот, оцетот балсамико, маслиновото масло и оревите. Посолете по вкус и прелијте го спанаќот. На крај, додајте ги урмите, стопеното сирење и промешајте.

    Неверојатен вкус има, многу е хранлива и здрава, а оваа количина е супер за двајца и може да се јаде со двопек, како лесен ручек.
    Бон апетит!
     
    На Lilit, LivingGlam и moni24 им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Да не го ставам ова во СДП некако повеќе тука ми одговара.
    Знаете ли дали некаде по пазариве или маркетиве во Скопје има аспарагус??? Ама свеж, не ми треба од оној скиселен во конзерва што е.
    Еве вака изгледа чудово:
    [​IMG]
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Во веро да видиш, ама во новото таму има свашта.
    Или евентуално по пазариве :?:
     
  16. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    Јас купив пред месец дена од зелен пазар дури се зачудив што видов дека има.
     
  17. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    и јас сум видела на зелен пазар
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Или во Рамстор, во супермаркетот - таму исто имаат одличен избор. Провери.
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Сакам да прашам...?

    Пржам пипер со патлиџан дали да ставам јајца или не?Итнооооо :wasntme:
     
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да прашам...?

    Јас на ова не ставам јајца :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.