http://jedozovniduo.blogspot.com/search?q=krekeri http://fit-figura.blogspot.com/2013/09/kukuruzni-krekeri-u-kombinaciji-sa-zobi.html
Јадев скоро на посна слава интересна салата со грав и туна. Купив таков како шарен грав, туна ок ама не се сеќавам што друго се става во салатава. Да не ја знае некој, ми треба за петок.
Девојки дали некоја може да ми помогне за тоа како да направам гравче тавче со грав од конзерва? Благодарам однапред
Девојки ми треба малце помош . Најдов еден рецепт како солени мафини.Се става во него fresh cives..го гуглав но пак не сватив за каков зачин станува збор.И што да најдам како замена на chedar cheese.Валда може било каков кашкавал?
Најблиску до вкусот на chives e младото кромитче, но слободно можеш да го замениш и со ситно сецкан праз. А чедарот може да го замениш со било кој стар, одлежан и посув кашкавал. Порано во Тинекс имаше еден квалитетен, мешан кумановски кашкавал кој дури по вкус и потсетуваше на чедарот. Не знам дали уште го продаваат.
Koga bev vo Anglija ni se jadese grav na makedonski nacin a nemavme od kaj da kupime togas.Kupivme od konzerva,go izmivme od toa kecapot i mu napravivme makedonska zaprska.Ako ti e od korist ova nesto.
Chives е власец или власац. Како младо лукче изгледа. Ама со многу потенки ливчиња. Мислам дека имам неколку пати видено во Рамстор. Чедарот е посличен на едамерот отколку на нашите кашкавали. Имаш чедар во пакувања од оние што се во листови индивидуално запакувани за сендвичи и тостови.
Проја мафини со праз и сирење (вчера ги правев и ми беа многу убави) -4 јајца -половина шоља масло -1 шоља јогурт -половина шоља кисела вода (може и обична) -1 шоља (за млеко) бело брашно -2 шољи пченкарни брашни пола пециво пола квасец во прав 300 грама тврдо сирење 4 страка праз (малку пропржен) 1 лајче сол Се матат јајцата и им се додаваат течните состојки, па сувите, се додават издробеното сирење и пропржениот праз, се меша и се тура или во тепсија обложена со хартија, или во калапчиња за мафини (како во мојот случај. Се пече 30-тина минути на 200степени.
Ај пишете некој рецепт за брзо тортиче, испробано некое. Со основни намирници јајца, млеко, имам и ореви, лешници и бисквити. Се наоѓа и некој пудинг. Без многу филови
Рококо торта Матиш листови (3ком) од 4 јајца, 4 лаж шеќер, 4 лаж мељ.ореви, 2 лаж брашно и пола пециво (ова за округло тавче бр.32 или во четвртаст плех од шпорет па потоа листот го сечеш на 3 еднакви дела, целава доза пута 2, значи 8 јајца, 8 лаж шеќер,8 ореви, 4 брашно и 1 пециво). Фил. Во пола литар млеко вариш 2 пудинга од ванила со 1 лаж густин и 100гр шеќер. 300гр мељ ореви ги попаруваш со врело млеко и оставаш да се лади. Матиш пола путер со 100гр шеќер во прав. Во оладен крем од пудинг го додаваш матениот путер а потоа и оревите. По желба стави пола топено чоколадо или кора од пола лимон. Едноставно, брзо и вкусно.
@Mama25 Еве салата со хељда: Потребни состојки: марула црвена зелка моркови хељда (киснета или `ртена) маслиново масло јаболков оцет хималајска сол Хељдата треба темелно да се измие под млаз вода пред да се употребува. Може да се конзумира откако ќе отстои потопена во вода околу 30 минути, или пак да се `рти 1-2 дена. Количините се по желба. Сите состојки се сецкаат и се мешаат заедно со маслото, оцетот и солта. Или овака нешто:
Може ли да ми кажете како да подготвам мисирка. Сакам да направам за Божиќ и сакам да е убаво испечена да изгледа баш ко на филм кога си слават Тенксгивинг Американците. Дали да ја полнам со нешто, или од страните да ставам, немам никаква идеја па предложете нешто...
@mims-89 Еве еден рецепт за подготовка на мисирка Полнета печена мисирка Состојки 1 мисирка неколку парчиња тенко исецкана чадена сланина 1 главица кромид праз малку лук сол вегета кари 1 дл масло за јадење 2–3 дл бело вино чаша пиво 2 ловорови листови Приготвување: Мисирката се премачкува со вегета и кари. Се прават засеци по површината за подобро да се испече. Внатрешниот дел се полни со сланина, лук, исецкан праз и главица кромид и се посолува.Така подготвена, мисирката се става во огноотпорен сад, заедно со маслото, ловоровиот лист и белото вино. Се остава да отстои минимум 4 часа (пожелно е да отстои цела вечер, доколку има можност) со повремено превртување, за рамномерно да впие од виното од сите страни. Се пече во добро загреана рерна на 250℃. По 15-тина минути, температурата се намалува на 150℃ и се пече околу 4 часа. Откако ќе испари течноста се прелева со пиво и се пече додека не зарумени. Се послужува и се гарнира по желба. П.С. Рецептот го имам пробано кај пријателка. Но, јас не сум љубител на вакво месо и не го приготвувам.
Јас да прашам нешто топеново сирење мора да се печи само во земјен сад или може и во нешто друго ? И да,дали може наместо кашкавал да ставам зденки?
@Anna-Banana , можеш да ставиш и зденки, јас сум пробала и така ама сепак со кашкавал е многу повкусно, со зденка ми е како потпечен намаз, а пак е вкусно. Инаку, не знам дали и колку може ова да се изведе во друг сад, ама во земјено тавче е највкусно, докажано ми е и со многу други специјалитети.