Можете ли да ми кажете рецепта за лахмаџун како да направам дома?Тоа тестото некаде се купува или има рецепта како да се направи? Има некој правено?
http://karmin.tocka.com.mk/56/106033/recept-za-lahmadzun-najvkusnata-turska-pica еве еден рецепт повели
http://karmin.tocka.com.mk/56/146477/sovrsen-praznicen-desert-gotov-za-samo-10-minuti Сакам да го направам рецептов. Го пробал ли некој, да каже пофалби, критики...? Лесно и вкусно изгледа.
имам дома купено замрзната мешавина од карфиол, брокула и морков. Обично ги јадам малце сварени па оладени и потоа како салата заедно со маслинки и јајце. Некоја идеја со што друго да ги комбинирам, или некој лесен рецепт да ги зготвам?
добар предлог ти дала @slavica999 уште можеш и со пилешко, или било кое печено месо, можеш и супа да направиш, стави ги во вода нека повријаат 5мин, додади малку зејтинче, вегетка, фидe и супер оброк, или пак можеш оваа смеса и да ја изблендираш и да додадеш павлака
Сакам денес да направам Цезар салата ама да ми каже некоја оној преливот како се прави. Ми спомна некој дека се продавале готови ама сакам домашен да направам ако е лесно.
И јас си го приготвувам сама, еднаш купивме ама воопшто не ни се допадна, домашниот мене ми е најубав. Преливот го правам од око, во зависност о количината - мајонез, ставам неколку чешниња ситно сецкан лук, можеш да додадеш малку сино изрендан пармезан но и не мора - јас не додавам. Најбитна состојка според мене е сенфот - на пример, на две лажици мајонез, додавам лажиче мало сенф и веднаш се чувствува разликата во вкусот. Ако сакаш поинтензивен вкус, зголеми ја количината на сенфот. Доколку сакаш поредок прелив, можеш да додадеш и малку вода.
Не знаев каде да го поставам прашањето... се сеќавам на едни солени колачи или не знам како да ги наречам што ги правеше баба ми. Мајка ми ја прашав, не се сеќава на рецептот. Мислам дека се мошне познати и ако се сети некој кои се ќе го замолам да ми го напише рецептот. Тие колачиња беа од замесено солено тесто и се ставаше сусамче внатре. Се ставаа во тостер и се држеа притиснати и тоа беше целата постапка. Јас ги обожавав и дури и ги правев заедно со баба ми, но бев многу мала и секако дека не се сеќавам на рецептот. Помош?
Веројатно се солени тостерки. Барем на тоа ми личи. Рецепт за жал, немам. Можеби овој може да послужи? http://moirecepti.mk/post/сир-солени-тостерки-3 Ај направи, па кажи дали се слични
Може ли да ми каже некој рецепт за пита или колач со јаболко.Но да не се мати со миксер Нешто поедноставно брзо лесно
Драги Феминки да ве прашам не ми е јасна рецеправа за каква кеса за печење се работи ,дали е обична или има некоја посебна http://sezahrana.tumblr.com/post/62327776578/pecen-pileski-stek-bez-maslo и како се става вода дали во кесата внатре или од надвор во тавата ?
Станува збор за кеси за печење кои одат во комплет со мала жичка за затворање. Мислам дека ги има во супермаркетите во делот каде се алуминиумските фолии и стреч фолиите. Ако не грешам има на FINO, 4 кеси во тенко картонско паковање. Откако месото и зеленчукот ќе ги ставиш во кесата, затвори ја со жичката. Внимавај да оставиш малку простор затоа што во текот на печењето кесата ќе се надуе. И на крај стави ја кесата во тавата во која претходно си турила вода. Водата нека биде врела. Иако не знам зошто е потребна водата во тавата. Мој предлог е да пробаш без водата. Самото месо и зеленчукот во текот на печењето во кесата ќе си пуштат сокови. Јас некаде при крај на печењето ја засекувам кесата и оставам малку да се запече мевцето и зеленчукот. Само внимавај да не ти истече сокот, убав е за макање
Сидурно за вакви станува збор. Јас најчесто овие ги користам. Инаку има секаде вакви кеси во секој маркет
Фино е ќесата за печење, ако не се лажам ги имаше со повеќе видови на зачини. Едно време ептен ги рекламираа по телевизија.
Јас не ставам вода, само ставам коковче или батаци во кесата со зачини и маслиново за да ми ги потенцира вкусовите, затварам со тоа жичлето, на максимум да се загрее, намалувам до 200 и пола саат, 45 минути имам мозок пилешко.
Тркалца од кромид (Onion rings) 1 1/4 сенаменско брашно1 лажиче пециво1 лажиче сол1 јајце1 шолја млеко2 главици кромид, исечени на круговилебни трошки1 шолја корнфлекс (по желба)масло за пржењеВо тенџере за пржење ставете поголемо количество масло да се загрее на средна температура. Во мал сад настрана, измешајте ги брашното, солта и пецивото. Во друг сад настрана помешајте ги јајцето и млекото и смесата претурете ја во брашното. Во просецор измешајте ги лебните трошки и корнфлексот. Тркалцата од кромид натопете ги прво подготвената смеса од брашно и јајцат, а потоа обложете ги во смесата од лебни трошки и корнфлекс. Пржете ги на многу добро загреано масло додека не поруменат од двете страни. Многу е важно тенџерето во кое ќе ги пржите тркалцата да не го натрупате со многу тркалца кромид, туку ставете онолку колку што собира тенџерето. Ако ставите многу тркалца кромид, температурата на маслото ќе опадне. За оние кои не сакаат да јадат пржено, на истиот начин можат тркалцата кромид да ги испечат. Во тава обложена со хартија за печење, наредете ги тркалцата кромид и печете ги на 200 целзиусови степени додека не поруменат. Оваа варијанта е полесна и подобра.
Сакам да прашам за пандишпан од 9 јајца 6 лажици шекер,6 лажици брашно и малку пециво и какао,Колкав плек треба.инаку кога ке се испече пандишпанот се дели на три дела.