Девојки,знае некој како да направам каша од домати,поточно од доматен сос(Томатело)? Мајка ми знам става лук и брашно,ама ни знам колку време го пржи,ни дали треба вода Не можам да и се јавам,а сакам да направам за ручек.
Јас така само томатело не сум правела, обично го правам со мелено месо како сос за шпагети.. Инаку знам дека во тавчето капнуваш капка-две масло и го пржиш лукот, потоа го додаваш томателото и некои 10 -15 мин. се крчка. за да биде уште по густо, во зависност од количината на сосост, во мало филџанче ставам 1 мала лажица брашно и многу малку вода, потоа убаво го мешам да нема грутчиња и го додавам во сосот, мешам убаво и оставам уште 2-3 мин да се крчка така.. така јас го правам и ептен ми е вкусно.
Касно е за да редактирам. Денес ми стасаа наградите од ДМ. Ме интересира соја сосот како се користи, некои рецепт со соја сос до сега соја ниту имам јадено, ниту пак сос сум користела а баш сакам да пробам.
Правеше? Ако не, еве предлог: пилешко со 4 вида сирење(кесичка од Маги мислам беше),а може да ставиш и малку кари сос. Исто според упатството на кесичката се става и павлака за готвење, така нешто беше Мене ова ми го прави дечко ми и многу е вкусно.
Cela riba e ili fileti? Ne pisuva na paketceto dali e cistena? Jas bi ja odmrznala I togas ubavo ke vidis, no I da e cistena bi ja izmila uste ednas a potoa zavisi Kako sakas da ja gotvis. Jas obicno posoluvam, ako e cela ja polnam so malku lukce I magdanis, malku sok od limon, maslinovo maslo I vo furna pod folija nekoi 20 min.
Замрзнатите риби обично се исчистени но најубаво е да почекаш да се одмрзне убаво да ја провериш и пак да ја исчистиш ,шо си е сигурно сигурно си е А за рецепт членката пред мене ти кажа пример
Рецепт за фетучини алфредо? Поточно сосот како се први, читам на интернет најдов три различни и сум сосема збунета... Благодарам
@Hipster, свекор ми е италјанец и ги прави со путер, double cream, пармезан и додава малку вода од тестенините што се вареле, му давал посебен шмек на сосот. Путерот се топи, додава хопла и пармезанот, додека се стопи, за да се разреди сосот се додава малку од водата што се вареле тестенините и се додаваат фетучините и на здравје јадење.
Јас на сите тестенини со сос им додавам од водата во која се вареле, а во последно време пред да пржам ориз го варам малце и потоа во готвењето ја додавам водата во која се варел, лудница се добива од вкус.
Види го линков, колачов е одличен. Пробан многу пати - само преполови ја дозата ако ти се гледа многу http://moirecepti.mk/post/колач-со-афион-2
Се матат со миксер 4 јајца,сол и шекер во прсти,се додава пола литар кисела вода и на крај 10 големи лажици брашно.Откако ќе се стави брашното се мати многу кратко време 10 секунди отприлика. Се премачкува тавче(оние од рерната на шпорет поголемите) со зејтин и се става во рерна да се загрее(додека да почне да дими).Откога се загрее се сипува смесата во него и се става да се пече.За време на печењето знае да се направи на набори немојте да се плашите.Откако ќе се испече извадете ја полека од тавата,премачкајте ја со крем,распоредете низ неа 2-3ситно сецкани банани и ако имате многу убав вкус дава мелен лешник.Замотајте ја во ролат и исечете го на парчиња(како тркалца).Преубаво е а и не е мачно како обичните палачинки кога мора да дремеш до шпорет 2 сата.
Ваљда за тука е прашањево.. Правев крем супа со печурки и морков,и сега на крајот кисела ми испадна.На печурките не им беше поминат рокот,ама изгледа од нив е киселоста. Може да се јаде чудово и ако да,како да ја намалам киселоста?
@Hipster, јас знам дека авокадото горчи ако се обработува термички. Незрело авокадо не сум пробала, ама веројатно горчи. Си чекам убаво да омекне, да не мора во блендер да го ставам. @Marossa, во супата ставаше кисела павлака? Не верувам дека ти е од печурките. Нареден пат стави лажиче-две шеќер, ќе ја наутрализира киселоста. Јас тоа со шеќерот го практикувам кога правам нешто со домати, сос од домати и слично. Одлично неутрализира (совет од Бади Валастро е ова, не го бива само за торти )