Дали има некој/а рецепт за тортата со еклери? И како можам да искомбинирам урми и филот од медени срциња? А сакам и еклери цц
Не знам кај да прашам па затоа овде, кој кори ги користите за баница? Ги купив тие од Кам ама не ми излезе баницата како што сакав и мислам дека е до корите. Предлог ?
Mene najubavi mi se strumickite kori,i za baklava ima i za soleni raboti.Gi ima vo marketite samo da se svezi.
Tefal тавата за палачинки добра е ? Колку пари е знае некој исто и Вок тавата. Ааа и пеглата за алишта
http://moirecepti.mk/post/бели-пуцанци Нема да зажалиш ако ги направи, лесни брзи, вкусни, се топат во уста. Тестото треба да биде како свила да имаш во раце, меко и нелепливо, а ептен податно за работа. Само следи го рецептот.
http://moirecepti.mk/post/манчмелоу Испρобан повеќе од 30 пати нема да погρешиш ептен е неодолив само садот за белκата да не ти биде моκаρ или белκите да κапнеш вода не тρеба во нив.Аκо не ти е јасно нешто пиши лп.
Вчера правев лебче интегрално, ама нешто не ми е донараснато во средината, како гумичка останало во еден помал дел. Што да му направам?
Не ти е допечено, интегралното лепче бара нешто повеќе печење на тивко, јас чиабатата ја правев со интегрално брашно пола, пола бело, и ја печев дополнителни 10 минути на 150, да зоврие внатре, така ми рече пријателка, еве ја топ е, втор ден уште е меко лепчето, а бидејќи ставив метално тањирче со вода во рерната има крцкава коричка.
Да знам дека му фалеа уште 10-15мин, прв пат вакво да ми излезе Сега се мислам како да го камуфлирам ( да ги- зошто се 2 )... Со некои зачини ќе го потпечам како за брускети... Ако имате идеа кажете
Ај идеја за солен ролат поточно за кората (не за мастравот) само да не е она идиотсконо-спојување белки со жолчки./...
2 рендани тиквици 3 рендани моркови 100 гр сирење или кашкавал 2 јајца 3-4 лажици зејтин пола лажиче сол 7 лажици брашно Се се меша и се прават паланчинки во тавче, излегауваат подебели ко америчките, после си ги редиш една врз друга со фил измеѓу (на пр. ајвар, сирење и свински врат). Значи ова е поише за солена торта измислен рецепт.
Женски како ги праите наједноставно шпагетите со туна без нешто посебно? Парчиња или сецкана туна користите и како ги подготвувате? Прв пат ќе правам да ги пробам и вака хаха Фала ви однапред