1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумови и имињата

Дискусија во 'Бебе' започната од didush, 9 мај 2012.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    мислам дека е нај убаво родителите да си го кажат името за детето,нели се тие по цел ден со него и убаво е да си го викаат детето со тоа име што си го сакаат.многу се нервирам кога ќе слушнам,а па мора кумот да го даде името,па нели за тоа е и кум |( АУУ,навистина?!?! е како да не.мене кумата ме крстила пред 30 години и никогаш повеќе не ме ни видела,па ни викнала по мене со името што ми го дала и фала му на Бога што имам убаво име,и сите од дома се согласиле така да се викам,многу било модерно и популарно во тоа време :lol: па мислам би се прекрстила,ако кумот ми дал некое глупаво име,на пример Менка,митра итд..па нели е кум и има право да те крсти и иако на никој не му се допаѓа тоа име :fubar: исто и со керка ми јас и го одбрав името,ММ го бендиса името,и кумот не направи никаков проблем.исто и каде што сме ние кумови,оставивме на родителите да го изберат името,мислам така е нај фер
    и друго што ме вади од контакт е тоа што и ден денес има градови каде што се уште се практикува децата да се крстат со имињата од баба та и дедото,бивша колешка од Струмица жена во години,кажуваше дека снаата сакала да си го крсти детето Александра,ама таа бабава и кажува на снаата ако го крстиш така од болница право кај мајка ти дома да не ми идиш ако не го крстиш на мене :o и така бебето го крстиле Цветанка на баба и Цвета :x
    исто и друга колешка,мајката се вика Јасмина а керкава Душанка,и ја прашуваа добро не ти смета што имаш по убаво име од на детето,и таа одговара ами што да правам така сакаше кумот :x
     
  2. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    Ние со мм синоќа баш зборувавме за име и двајцата во исто време а да се вика Кристијан хххх ама сепак ке ја прашаме кумата па денес е модерно време кумот прашува дали мајката и таткото имаат некоја посебна желба и ке си кажеме :)))) дека сакаме да се вика Кристијан...само малку двоуменје имаме помегу Х и К дали да биде Христијан или Кристијан :)
     
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.209
    Пол:
    Женски
    Сите имиња се убави, мене на пример повеќе ми се допаѓа Душанка отколку Јасмина од конкретниот пример.
    Јас и мм уште кога дознав дека сум бремена почнавме да спремаме имиња :lol: он да се одлучи ако е машко а јас ако е девојче. Кумот ни е многу близок пријател но некако не ми беше природно он да одлучи за името а не ние. Кога ни кажаа дека е девојче маж ми ме замоли дали ќе може и он да предложи име и тоа името на неговата баба која му беше многу битна жена во животот. Искрено ми е чест што ќерка ми го носи нејзиното име, тоа е специфично име кое на пример го носела сестрата на царот Самоил :emo:
    Ми беше смешно кога госпоѓата во МВР на шалтерот за пријавување новороденчиња ме препраша дали сум сигурна дека така сакам да се вика детето и дека и било прво дете што го заведува со тоа име :D
    А во контекст на кумовите мене ми падна баш чудно додека лежев по породувањето во болница колку мајките се секираа околу тоа што ќе каже кумот дали ќе ја прифати нивната сугестија или ќе даде име поврзано со имињата на бабите/дедовците.
    Се на се името не го прави човекот а почитта кон кумот не се искажува само со тоа што ќе му се дадат одврзани раце да каже име за бебето, тој однос треба да се гради и да трае. Па да венчава кумот не само да крштева :lol: :angel:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Одлуката си е ваша ама Кристијан е поинтернационално.
     
  5. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас никогаш не би дозволила други да ми решаваат како ќе се вика моето дете.Моите родители не не крстиле по баби, ниту кај сопругот во фамилија некој носи име по традиција од старите.
    Не гледам ни кумот зошто би инсистирал на име по негов избор, он неговите веќе си ги крстил како што си сакал, кој вика дека мора да реши и за нашето.
    Имам другарка што требаше да добие кола доколку го крсти детето по дедото :o , и она сепак реши да не се продава за една кола. Колку примитивно, па зарем здраво,право дете што ќе го продолжи секако презимето и лозата од старите не е доволно за нив.
    Еден далечен роднина пред неколку години си го крсти синот Стојанчо, заради дедото, па зарем не е неправда кон своето дете, мало детенце да носи име што асоцира на старец? Кога ќе излезе надвор со други деца, сите се Лука,Марко, Тео,Виктор...само он е Стојан :@
    Јас си го сакам и почитувам татко ми, ама зошто морам таа љубов и почит да ги врзувам со името на син ми?!? или со свекор ми, па доволно е што ќе му го носи презимето, што повеќе од тоа?
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Здравје кога би имала деца, никогаш нема да ги крстам по мајка ми, татко ми, свекор, свекрва, мене искрено тоа подновување ми е глупаво
    Пример: ако свекорот се вика Јанко, и јас ли треба детето така да си го крстам :x нема шанси.

    А за кумовите јас мислам дека родителите си го избираат имието и само им го кажуваат одбраното име на кумовите.
    Иако порано било како што ќе каже кумот, така ќе се вика детето, сега не е така, ретко кој сеуште го прави тоа.

    Така да ако еден ден имам деца ние ќе си одбереме име.
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Родителите се тие кои треба да им дават имиња на децата, затоа што тоа се новни деца. Тие ги створиле, тие ги гледаат. Ни кум, ни свекор свекрва, никој не треба да се меша во името.
    На ќерка ми јас и го дадов името, не прашав никој дали му се свиѓа името, на мм само му кажав дека ако е женско ќе се вика така јас како што сакам, а ако е машко може тој да даде предлог. А и името кое го има ќерка ми мене уште од дете мис е допаѓа и секогаш сум викала дека ако имам ќерка така ќе се вика.
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    хахахах еве еден виц уствари вистина е ама сега како вц се прераскажува
    дедото сакал да се стави неговото име на внуцето машко било арно ама снаата и синот не го ставиле на дедото и го ставиле некое модерно мислмам христијан беше и дедото вишол не вишол отишол во полиција и си го сменил името во христијан :D :D :D :D :D
    за да не му се смееле оти не го подновиле вака бар сега имаат исто име цццццццццц :D :D :D :x
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ако бидам некогаш кума ќе ја почитувам одлуката на родителите, а исто и за свое дете сакам одлуката да биде помеѓу мене и таткото и тука ќе постапам без пардон макар и цел живот ме мразеле ако се против тоа ние да си го ставиме името на сопственото дете.
     
  10. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    и јас мислам дека родителите треба да му дадат име на бебето кумството е останато само како традиција 21 век сме...ама оној мојон вика ќе видиме што ќе кажи кумот :devil:
     
  11. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Хахахахаа да да! Го знам ова уште од пред неколку години! Вистина велат дека е! Ц ц ц ц ц ц ц :D
     
  12. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Nie resivme da ja ispocituvame zelbata na kumot,neli zatoa e kum.Ako sami si gi krstavavme decata,sto ke ni e kum,neli?! Neka e zivo i zdravo samo,se drugo e manje vise bitno.
     
  13. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91
    Името за нашата ќеркичка си го одбра мм. Он имаше голема желба да се вика Каја уште кога бев 6 месец бремена. А јас се двоумев помеѓу Каја или Јана, но сепак решивме да се вика Каја. Нормално и кумовите ги прашавме дали имаат некоја желба, но тие оставија ние да си решиме.
     
  14. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Имам другар кој е кум на 3 места. Тој секогаш се води по правилото дека тој е кум и дека МОРА :!: тој да го каже името на кумашинчето ако не ќе го откажел кумството :^) . НА две кумашинчиња не тој туку жена му ги кажа имињата и најдобар момент од се е кога му се роди второто детенце - женско, го прашувам јас како ќе се вика и кој го одбра името и одговорот е ____ па нормално жена ми, кој друг може да му даде име, она си ја раѓаше и си одбра име по нејзина желба :lol: Кога му го повторив неговиот став околу кумството ми рече дека неговиот кум не се навредил и тоа по него било во ред :D
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Мене кумата самата ми рече, Сноу како си сакаш така, одбери си и ќе ми кажете...а јас пак исто ќе си го крштевам со мерак и благослов.
     
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сериозно има родители кои дозволуваат некој друг да одлучи за името на нивното дете??? :o Кој век сме бре, 17-ти? Шо не дозволат и други да им одлучат сопруг кој ќе им биде... Џизс... :swear:
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    еве и моето мислење кусо да не е :D
    јас на пример би оставила кумот да стави име на моето дете,не за џабе се вика тој кум на свадба ,ако треба јас кум да изигравам и сама да си ставам имиња на деца,кумови нема да се потребни и сама ќе треба да си се венчам,или само трошокот на кумовите а за името на бебето кој го шиша :D,јас ова не го прифаќам,сега секој си има свое мислење али јас сум против за сама да си го изберам името на моето бебе |(
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Можеби имам старомодно мислење АМА кумот е тој кој треба да го даде името,па зошто е кум,само да го направи трошокот и кој те шиша..сега и кумот треба да е свесен да стави повеќе имиња плус некои помодерни не некои заостанати,тогаш со сигурност и кумот ке е задоволен и родителите :D
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Сакам јас да си го ставам името на своето дете. Кумот, не го ни прашувам. Зошто ако пример не ми се допадне ниедно име а ете сум рекла кумее ти ке дадеш име како да го одбијам. Ако каже како кум вие одберете, ке му дадам 3-4 имиња кои ги сакам па тој нека одлучи.
    Е сеа друго, една ситуација. Девојче од 4 годинки чека сестричка и и велам како ке се вика...и ми кажува така и така... и сите знаат така, викам кумовите сигурно ќе ја прашаат и ќе биде како таа сака. И мајкава вика да даа тоа сигурно. И сеа мекици се роди малава, доаѓаат кумовите со име напишано на хартија....Малава и шепкаат за да каже на глас, лелеее не знаете разочарување на лицето на девојчево кога виде дека не е тоа име што го сака, скисна целото и не се насмеа целааа вечер.
    Ете тоа е мое мислење, кој се лути(кумот) нека му биде ич не ми е гајле.
     
  20. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Само ќе го кажам моето мислење, не сакам да предизвикувам непотребни препукувања.....
    Некако не ми е природно и логично името на детето кое ти си го носела 9 месеци и кое сте го створиле со сопругот (на начин на кој само вие си знаете), да го даде кумот. Нели кумот како институција сама по себе и треба да се грижи за кумашинчето, НО дали е тоа случај кај повеќето семејства?!?!?!?! мојот одговор е НЕ.
    Значи почитувањето секогаш ќе го има како венчален и кум за крштевка, ама не може да одлучи како јас секој ден ќе си го викам детето.
     
    На Sweetheart87 и captivating им се допаѓа ова.