1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кумови и имињата

Дискусија во 'Бебе' започната од didush, 9 мај 2012.

  1. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Јас само ќе кажам дека мило ми е што има кума која е разбрана...таа заедно со мм уште пред да останам бремена решила какво име ќе има моето дете :) мило ми е што се согласуваме околу вкусот на имињата така да и за во иднина нема да имам проблем....најголемата желба на мм е остварена со името :D а и јас не се бунам...многу ми се допаѓа името на моето сонце кое едвај си го чекам :inlove:
     
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    30.378
    Пол:
    Женски
    И јас стојам со ставот дека, мајката и таткото се оние кои цел живот го одгледале детето, кумот(не секаде, но најчесто) го гледа детето два-три пати во годината, за роденден или именден, и секогаш кажувам дека родителите се тие кои БИ требало да си одберат име за своето дете...
    И уште нешто, што ако кумот каже име кое е од 14 век, или име кое родителите не сакаат ни да го споменат? Само за кумова чест,детето цел живот ќе си го мрази името...
    Можеби не е во ред, нели како е изреката Господ еден на небо, Кумот на земја, ама јас сум за бескрајно почитување и се по ред на кумот, додека пак за името на детето мое мислење е да си го изберат родителите.
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    На мајка ми и на нејзините браќа и сестра некој човек им дал имиња.
    Мајка ми многу убаво име има и ден денес го даваат на деца, ама другиве сите кукаат.

    Јас со дечко ми се имам погодено, никој друг нема да дава имиња освен мене и него.

    Јас ќе го носам 9 месеци во стомак, и ќе се вика како јас сакам.
    Никој не би дозволила да му дава име на мое дете.

    Евентуално ако неможам да изберам помеѓу 2-3 имиња ама другачие не.
    Јас сум си замислила имиња и за машки и за женски и со дечкото баш уз муабет, ни се допаѓаат истите.
     
  4. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    фала богу од таа страна со кумот немав проблем... родителите се тие кои треба да си го изберат името, а кумот е тука да го кристи... па нема тој да му вика секој ден на моето дете, јас ќе сум таа... син ми го кристивме по татко ми, само помодерно, татко ми е Ристо, а тој Кристијан, среќа и родителите не се бунеа, ни рекоа како сакате така си го ставете, ако сакате по нас, ако не, немора, тоа е ваше дете, така и треба да биде...
     
  5. Happy.Mama

    Happy.Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    120
    Сигурно кумовите нема да инсистираат бебето да ни се вика Петко кога ние сакаме да ни се вика пр.Трајко ;) Ни предложија неколку имиња ама ниедно не ни се допадна, така да тоа што си го одбравме со мерак го прифатија ;) И да инсистираат, наше е детето, ние ќе го растеме, ќе се смееме и плачеме со него, и како сакаме ќе се вика ;)
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ние немавме проблем со кумата околу изборот на името за син ми. Таа рече дека е наш избор како ќе се вика детето.

    Мислам дека родителите треба да одлучат за име на детето, бидејќи тие се оние кои што ќе живеат со него. Е сега, има кумови кои што сакаат да биде по нивно. Додека лежев во болница откако се породив, една девојка сакаше син и да се вика по нејзиниот починат татко. Маж и немаше ништо против. По телефон разговараше со него и му рече да ги праша кумовите дали се согласуваат детето да се вика така. По неколку минути и се јавува маж и и и вели дека не се согласуваат и дека сакаат детето да се вика поинаку. Девојката многу се растажи. Не знам што се случи понатаму.
     
  7. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да го поставам прашањево....

    Да не биде дека сум скрос оф топик :) Каде и да е кумашинката треба да се породи, за името договоривме дека мајка/ тато ќе ни го шепне па ќе го кажеме официјално. И тоа ми е скрос ОК, зашто родителот има секакво право да го крсти детето како што сака, а кумот е тука за да се согласи и почитува, како што тие не почитуваат нас.

    Но, мојот проблем е што не знам каков е редот за подарок за мајката кога ќе се породи. На таткото му се носи благо на денот кога се прават мекици, ама мајка не присуствува на мекици, а сакам да и купам нешто симболично. На пример ноќница / пожами за доење, накит (или друга идеја која ќе ја добијам од вас), ама па некој ми спомна до 40 дена да не купувам ништо за никого освен благо... Ај искуство/мислење - од голема полза ќе ми е.
     
  8. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Јас не се водам по тие бабини дека до 40 дена не се дава ништо.Така да купи и нешто што ке и е од корист како мала пажња а подоцна подарокот за бебушот.Јас не доев ама ако дои онаа перницата за доење е многу практична.Спаваќа ипак нема да е цел ден по дома во неа :)
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Па да 21 век сме,но ако веќе родителите го бираат името која ке е тука улогата на кумот ? Основната улога на кумот во крстењето на детето е тој да го избере името и да го изврши чинот во црквата(или каде веќе и да е) но изгледа дека 21-век му додаде улога само да дојде колку да го изврши чинот а тоа родителите го викаат колку да ја извршат христијанската,долгогодишната традиција.Инаку верувам доколку би можеле не би викнале ни кум ни кума ! Јас кога ке имам деца дајбоже со сигурност би го испочитувала кумот! :)
     
  10. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Здравје боже да имаш.Ама кога ќе ти запука некое име ќе видам колку ќе го испоштуваш :lol:
     
  11. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Според старите обичаи кумот треба да го избере името, без никакви сугестии од родителите. Но јас нема да му го дадам тоа задоволство на кумот да ми го „осакати“ детето за цел живот и да цел живот се срами да си го изговори името. Името ќе го бираме јас и сопругот и ќе настојувам тоа да биде модерно име, со домашни корени. Да звучи доволно наше, а во исто време да биде и доволно светско, за да нема проблеми со името каде и да оди. Јас моите деца ги гледам како деца чии дом е светот кои многу ќе патуваат и сходно на тоа треба да имаат име кое лесно се изговара и памети барем во Европа и во Америка.
     
  12. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Ги прочитав неколкуте мислења пред мене и сите гледам сте во мислење дека кумот ке тропне некое глупо,демоде име.Но што ако си имате некој супер-модерен кул кум кој ке избере модерно име ? За мене тоа е во ред,ама добро,сметам дека сега у 21 век е подобро родителите да си го изберат името,според нивните планови,вкусови и сл. :)
     
    На nene88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    60
    a zosto smetas deka imeto of kumot ke go "osakati" deteto?? Poznavam mn slucaevi kade roditelite odbrale ime pa decata koga ke porasnat ne si go sakaat imeto. Ne znaci deka ako roditelot go odbral - toa e najubavoto. Fakt e deka, kakvo takvo, site so vreme si se naviknuvame na iminjata...i ko ke vidis pobitno e kako ke go vospitas a ne kako ke go krstis. :) (izvinete za lat od mob sum)
     
  14. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Јас мислам дека конечно дојде време на освестување, алелуја на рационализмот. Не викам и дека традициите на треба да се почитуваат, сепак тоа е уникатност на една нација но нашиот народ и покрај модерноста и ден денес е затупен и заглавен во примитивизмот. Не знам колку сте читале историја на македонскиот народ, верувања и обичаи но претерано сме биле неписмени а со лек ум лесно може да се манипулира. Крстењето на детето по свекор/свекрва не е толку лоша работа, но се зависи од односот на мажот ви кон нив, вашиот однос. Немам ништо против да се испочитува тоа, ако во фамилијата владее ред и хармонија има можност за договор. Но против сум давање на име од кумот, но тоа не значи и дека не си го почитувам. Во ред е родителите да си го изберат името, или кумот да ги праша како сакате да ви се вика малото и така сите среќни и задоволни. Како што реков погоре, се е ствар на договор. Да ви го кажам мојот случај со името, ќе ме разберете зошто сум против овие паганизми. Мојот кум напишал три имиња, сите три кое од кое позабегано оти од село биле, моите за среќа го одбрале најубавото од тие, ама овие заминале во Германија на печалба и јас од мало бебе ги немам видено, нити пак имаме контакт со нив. Е тоа е така баш заради тие обичаи, овој се перчел дека сака да биде кум, истерал само обичајот кога сум се родила да ме крсти и толку. Затоа сум многу ќефна што нашиот кум е еден модерен шизик и си се почитуваме максимално и се дружиме оти е другар на маж ми и одлично се согласуваме и сме сигурни дека тука ќе биде покрај нас и во добро и во лошо.
     
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Како бе кумот да му даде име на МОЕ дете? Ова ни у сну. Ако кумот ми има такви претензии го мењам со брзина на светлината. За мене лично кумството е формалност и нема што тука да се даваат којзнае какви чести на кумот за тоа што го бања бебчето во црква. Ако веќе тргнувам од себе, преголемо драматизирање ми е и тоа со крштевките во црква, ама добро, тоа веќе друга тема.

    Во врска со мислењето кое ја отворило темата:
    :tmi:
    Јас мислењево го напишав зошто ме револтираат вакви затуцани размислувања и давање слобода на секој да се меша кај што не му е место.
    Сосем е фер губењето на смислата на кумството. Не мислете дека некои традиции со право се избледени? И фала богу што е така инаку ќе тапкавме во место..
    Името на децата треба да го избираат мајката и таткото.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^Fast forward 75 години во времето и моето мислење од 04.06. 2089 година.

    Со право се избледени некои традиции, зошто родителите да бираат за детето, па детето си е своја личност, само треба да си го одбере името. :o Како ќе го стори тоа, не сум сигурен, можеби треба да му биде понуден список од имиња коа ќе се роди, па за кое име прво ќе се фати со рачето при породување, тоа да му биде. :P

    Не, озбилно, мој личен став и во денешно време е дека децата треба сами да си го бираат името. Еднаш една гром девојка, се запознаваме, се претставува и ми вика „здраво, ја сум Пепи“. Како бе Пепи? Параскева се викам. :o Da fuq?

    Така се викала баба и`, што да се прави, традиција, не може поинаку. :lol: Затоа, мислам дека децата треба на 12,13, 14 години, максимум, сами да си одлучат како ќе се викаат во животот и да си го менуваат името. И презимето исто така. Ни родителот ќе се резили за мене при запознавања, уште помалце кумот. :emo:
     
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    ^ Капетане не претерувај сега и ти :D
    Ајде ако не, слобода на говор, па кој како сака да го вика :lol:

    :?: Ама пак добро, за по 75 години може и соодветно ќе ти биде..
     
  18. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.583
    Пол:
    Женски

    смешки :D :D
    ова ко вицот-што ви се роди машко или женско.не знам ке чекаме да порасни па само ке кажи.
     
    На nene88 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    За помалиов син кумата одлучи за името, Јас и маж ми не можевме да се договориме, па неа ја прашавме за име. Таа ни предложи едно име кое што ни се допадна.
     
  20. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Имињата, и на син ми и на ќерка ми, ги одбравме јас и маж ми.
    Иако имаме стари кумови, тие што го крстиле маж ми, во ниеден момент не дојде до несогласување во врска со имињата.
    Не сме многу блиски, се гледаме за Божиќ и Велигден, така да немаа претстава кои имиња ние би ги сакале, па да ги пишуваст на ливче.
    Дента кога се породив маж ми отишол кај нив по име, така е адетот овде и се договориле.