1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кучиња - сè што треба да се знае за нив

Дискусија во 'Дом' започната од Butterfly-Girl, 23 март 2013.

  1. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Ее здраво феминки :hai: Во оваа тема ќе можете да прашувате се во врска со кучињата :) Еве да почнам јас прва. Што значи кога кучето ја крева едната предна нога? :D
    Ако има ваква тема, канта
     
  2. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Вашето прекрасно мало пријателче не го знае јазикот кој вие го зборувате, но тој и понатаму се обидува да комуницира со вас. Како тој се обидува да ви го каже она што има да ви го соопшти?
    [​IMG]

    Мрдање со опашката
    Висината на којашто кучето ја држи опашката зависи од расата на која ѝ припаѓа, но нејзиното мрдање секогаш значи нешто.
    Со широкото и енергично мавтање лево-десно сака да ви каже дека е пријателски настроено и драго му е што ве гледа. Возбудено е и сака да си игра.
    Кога мавтањето го прави бавно, тогаш не се чувствува сигурно и ја испитува околината. Не знае дали оние околу него се пријателски настроени кон него, ниту знае што очекуваат тој да направи.
    Со високо исправената опашка кучето покажува дека доминира на својата територија.
    Доколку опашката ја држи исправено, круто и накострешено, тогаш очекува некаква опасност и покажува дека е спремно да реагира штом почувствува потреба за тоа.
    Опашката која е спуштена меѓу нозете кажува дека кучето се плаши.
    [​IMG]
    Покажување на забите
    Кога кучето ќе ги повлече усните назад и ќе ги покаже забите се обидува да каже дека има силна потреба да гризне нешто. Тоа не значи дека кучето е агресивно, затоа што не мора да значи дека сака да загризе човек или друго животно. Може да изреагира така и кога знае дека му следува коска или некоја друга храна.

    Сигнали со ушите
    Кучињата кои можат да ги држат ушите исправени можат и да испраќаат сигнали со нив. Исправените уши сигнализираат спремност за напад или за одбрана, а кога кучето е среќно тогаш ушите му се благо спуштени настрана. Тоа се нарекува „волчја насмевка“.
    [​IMG]
    Лижење
    Кога се оближува без присуство на храна, тогаш сигурно сака да биде оставено на мира.
    Кучињата го користат лижењето и за да се поздрават меѓу себе или да се поздрават со луѓето.
    Кога лижењето е бавно и долго, тогаш кучињата пренесуваат интимни сигнали.
    Ако го видите вашето милениче како се проѕева тоа може да значи дека му се спие и сака да се одмори, но може да значи и дека сака да биде оставено на мира.

    Сигнали со нозете
    Кога кучето ќе ги качи двете предни нозе врз својот сопственик јасно е дека го бара неговото внимание, најчесто за игра.
    Исто така, кучињата често застануваат во позиција во која со едната предна нога стојат цврсто на земја, а со другата предна нога се поставуваат како да сакаат да тргнат некаде. Со овој знак тие кажуваат дека се возбудени и сакаат нешто, особено вашето внимание.

    Комуникација со главата
    Со навалување на главата настрана кучето сигнализира дека не му е сосема јасно она што го гледа или слуша, но останува љубопитно.
    Со истакнувањето на главата нанапред бара внимание.
    [​IMG]
    Лаење и други вокални сигнали
    Вашето домашно милениче може да лае на многу различни начини, а секој од нив сигнализира различна емоција.
    Постојаното лаење на кучето не е добар сигнал. Гласното и често лаење значи дека се чувствува осамено и депресивно.
    Кога завива го искажува својот страв дека ќе биде напуштено, но можно е со тоа да сака и да избрка некого кој може да претставува опасност за неговите малечки или за сопствениците.
    ‘Ржењето може да сигнализира најразлични нешта, од агресивност, па сè до желба за играње. Затоа на ‘ржењето треба да обрнувате повеќе внимание ако сакате да го разберете кучето.
    Кучешкото цимолење никако не смеете да го игнорирате. Тоа секогаш значи дека на вашето пријателче нешто му недостасува. Можеби сака да јаде, може сака да излезе надвор или да биде пуштено од синџир, или пак му е потребно вашето внимание.
    Има и еден случај во кој цимолењето сигнализира позитивна емоција кај кучето. Кога тоа е оставено подолго време само, радоста од прекинот на самотијата го искажува со цимолење проследено со лижење.
    Кога кучето ќе се откаже од неговите барања кон вас кои вие упорно ги игнорирате, тоа ќе возврати со оддишка.
    Сепак, во најголем број случаи брзото дишење значи задоволство.
    [​IMG]
    :)
     
    На rici.aaaaa и Kaley им се допаѓа ова.
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Аии на првата слика ко да си го видов моето куче, често така ми ја става ногата кога сака да си игра
     
  4. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    е фала ти xoxo..gossip-girl стварно ми помогна :) Многу работи ме чудеа кај моето куче сега се е ок :D
     
    На xoxo..gossip-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не чувам куче, но знам колку-толку како да се чувам и спријателам со нив... Значи ако кучето е лошо најдобро е да не му привлекувате внимание, туку едноставно да се однесувате како да не постои, затоа што ќе мисли дека е главно, значи треба да му покажете дека вие сте главни..
    Или пак ако почне да ви се приближува, во никој случај не треба да се паничи, туку да се доближи до него и да му се подаде раката да ја помириса, така ќе го препознава вашиот мирис и нема да ве нападне... Кучињата не се агресиви, туку кога тие напаѓаат само кога мислат дека вие сакате да го нападнете и тоа само се брани себесе.. Најдобар начин да му покажете дека не сакате да го нападнете е едноставно да не му обрнувате внимание, така ќе го припотомите.
    Извинете ако го знаете ова, но го пишав за и други да дознаат. :)
    А, да не ставав смајлиња за да биде попрегледно, зашто се одделуваат редовите..
     
  6. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Супер мислење! ;) :) А,да има и друг начин како да му покажете на едно куче дека не сте сакале да го повредите.На пример кога сретнувате некое пуштено куче само треба да клекнете и да му се обратите со мил глас,тоа ќе дојде накај вас со мавтае на опаѓшката и наназад уши(зборувам за кучиња не кутриња)вие само ја подавате со средна брзина раката за да ви ја намириса.Кога ќе дознае дека не сакате да го повредите погалете го нежно по главата(НИ ПОД РАЗНО НЕМОЈТЕ ДА СЕ ПЛАШИТЕ! :!: ).Е од тогаш ќе ви стане најдобар пријател и ќе ва сака без да имате храна кај вас. ;) :)
     
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Незнам дали прашањево е баш на место,ама неможам да најдам посоодветна тема од оваа.Дали на младите кучиња,може да им се изваде педигре,само ако едниот родител има педигре?
     
  8. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Хмм...
    Мислам дека не е можно, зошто родителите на кучето во педигрето се потпишани таму како кучиња со педигре...
    Но, незнам, не се разбирам баш во педигреа и никогаш не сум продавала кучиња... само мачиња :$
    Феминки, плс помош...
     
  9. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека можи по што кога го зедов кучето , газдарицата ми кажа дека можело да му извадам педигре само се плајќа незнам точно ама околу 1000 ден.
     
  10. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    За да се извади педигре треба двата родители да имаат педигре и да бидат позитивно оценети на изложба.
    Доколку само едниот родител има педигре а другиот не, малите нема да имаат педигре.
     
  11. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    аии истото како да слушам за мојата кучка хаххах ... :lol:
     
  12. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Планирам да си купам/земам ново кутре.
    Незнаев каде да го ставам ова па еве тука, си реков можеби ќе годобијам одговорот :)
    Па, ја најдов мојата "совршена" раса, се вика Кејсхонд. :lol:
    Да, чудно име знам од Холандија е и многу личи на микс од чау чау и померанец но има и самоед, нешто и од акита... Па ако има некој такво куче, му ги знам карактеристиките на кучето се добро разбрав за него, но не е се така како што изгледа нели? :talk: Искусните знаат повеќе, па затоа пишете тука или во ЛП каде вие сакате. Иначе за да земам можам да нарачам од Холандија дека моите роднини се таму, па по авион ќе ни го пратат.
    Еве линк, души се, ги нарекуваат плишани мечиња со срца :inlove: :inlove: :inlove:

    http://animal.discovery.com/breed-selec ... shond.html
     
  13. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    Не знам колку би знаеле да ти одговорат. 99% сум сигурна дека нема примероци од оваа раса во Македонија. Во која ФЦИ група спаѓаат?
     
  14. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Па очигледно е дека во 5та зошто е шпиц, нели? А, за дали има или нема во Македонија не ми е важно. Од Холандија ќе купам па колку и да кошта ќе платам. :) Кој знае можеби ќе бидам прва во Македонија што ја донесла оваа раса :lol: ]:) :rofl:
     
  15. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Што од домашната храна е штетно за вашето куче?
    [​IMG]

    Користење на домашна храна за вашето куче може да биде безбедно и здраво, но под услов да внимавате што за него би можело да биде штетно и што би можело да го загрози неговото здравје.

    Краток водич за безбедно користење на домашна храна за вашето куче:

    Сирење

    Сирењето и други млечни производи не се отровни за кучињата, се разбира, освен оние кои се со изминат рок на трање. Она што е значајно кога се говори за млечните производи во исхраната на кучињата е да се напомене дека тие за нив се тешко варливи. Тоа се случува затоа што кучињата немаат голема количина на лактаза, која би им помогнала полесно да се сварат млечните производи (да се разградува млечниот шеќер). Токму поради ова, млечните производи не се забранети за кучето, но сепак треба да се користат умерено, со цел да не се предизвика дијареја и други дигестивни проблеми.

    Путер од кикирики

    Иако во нашата исхрана не често се користи овој продукт, добро е да се знае какви реакции може да предизвика во организмот на кучето. Многу анализи покажале дека кучињата често се алергични на путер од кикирики. Исто така, путерот од кирики е добар извор на протеини, но има доста високо количество на масти и калории.

    Јајца

    Привремено вметнување на тврдо варени јајца во исхраната на вашето куче може да биде во ред, но гледајте тоа да биде што поретко или пак сведено на минимално ниво. Внимавајте со јајцата, затоа што можат да бидат закана за салмонела. Доколку вашето куче покаже реакција на одредена храна која сте му ја дале, прверете дали во составот имало јајца и обратете се кај ветеринар.

    Зеленчук

    Многу зеленчук е сосема прифатливо за исхраната на кучето, но треба да се внимава кој тип на зеленчук може да предизвика проблеми. Малку поголеми количини на кромид и лук може да предизвикаат цревни заболувања кај кучето. Покрај ова, треба да се избегнуваат и печурките. Сосема прифатливи и препорачлливи зеленчуци за кучињата се боранија, моркови, тиквички и краставица.

    Овошје

    Сигурно ретко помислувате да му дадете овошје на кучето, но добро е да се знае што може да биде штетно за него. Грозје, суво грозје, рибизли и други овошки можат да бидат токсични за кучињата. Некои овошја се безбедни, на пример, како што е јаболката.

    Постојат и други продукти кои треба да се избегнуваат, па дури и да се забранат во исхраната на кучето. Како на пример, чоколадото кое може да предизвика многу здравствени проблеми и алергии или пак оревите кои исто така се сметаат за опасни.

    Недопечено лепче, поголема количина на квасец и сирово месо можат да предизвикаат стомачни проблеми кај кучето.
     
  16. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Како да го бањате вашето куче
    ?

    [​IMG]
    Зависно од расата, возраста и колку време поминува на отворено, се одредува колку често треба да го бањате кученцето. Со што почесто бањање, се гребе крзното на кучето, се отфрлаат неговите природни масла и неговата кожа станува сува.

    Токму поради ова, во просек, се препорачува кучето да се бања еднаш на секои 2-3 месеци, не вклучувајќи ги брзите итни бањи по потреба.

    Пред се, снабдете се со потребните алатки, како на пример: чешел, четка, шампон, пешкир и слично.

    Пред да започнете со бањање, од голема важност е да го исчешлате вашето куче. Со помош на чешлањето се отстрануваат оштетните влакна и се спречува митарење.

    Доколку го бањате во када, најдобро решение за да го спречите лизгањето е да поставите гумена основа. Користете млака вода (приближно пријатна за вашата кожа). За да бидете сигурни, пред да го ставите кученцето во вода, повеќе пати проверете ја топлината. Премногу топла вода може да му наштети.

    Бидете многу внимателни околу неговото лице, очите и ушите. Посветувајте внимание околу неговиот нос, посебно кај малечките кученца, бидејќи доколку им навлезе вода може да дојде до давење.
    Најдобар начин да бидете сигурни дека нема да му наштетите на кучето околу овие критични предели, е наместо директен контакт со тушот, вие со раката нежно да ги измите ушите, пределот околу носот и очите.

    Користете шампон кој е специјално наменет за кучиња, или пак, како замена можете да употребите бебешки шампон. Внимавајте да не употребувате јаки шампони. Откако ќе го нанесете шампонот започнете со масажа по целото тело се додека не направите сапуница.

    Доколку кучето е исплашено и сака да избега, пробајте да го смирите со тоа што ќе му разговарате, ќе ги кажувате зборовите со кои го наградувате за неговите добри постапки и пробајте да го занимавате со некои играчки за да остане на исто место.

    Бидете внимателни околу плакнењето, затоа што доколку остане сапуница може да ја иритира неговата кожа.

    Исушете го кучето со пешкир или крпи. Избегнувајте фен, од кој што и самото куче најверојатно ќе бега, поради топлината која за него е премногу силна. Доколку преферирате да користите фен, вклучете го на многу пониско ниво од она што вие го користите за вас.
     
  17. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    епа вака луѓе...денес во маало најдов кученце, оставено биле уште од сабајле..и пошо многу сакам кучиња решив да си го земам дома иако ми беше јасно дека моите нема да сакаат да го чуваме. И сеа мајка ми ми рече дека може да остане ама само ако е доле во двор, ниакако да го чувам дома. Го наранив и се ама моите не го прифатија онака баш..и сеа не знам што да правам. Многу ми е жал за кученцето да го оставам... а страв ми е да не ми избега од двор иако се е затворено. Некој совет што да направам? Свесна сум дека не можам да се грижам целосно за кучето сама бидејќи имам 15 години, а треба вакцинации..:(
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Побарај им на твоите или пак штеги го џепарлакот.
    Вакцините не се многу скапи,така да за брзо време ќе собереш доволно.
    Избањај го,направи му куќичка или бокс(би ти рекла бокс)ако си во можност,и редовно шетај го.Покажи им дека го сакаш кученцето и дека ќе се грижиш добро за него,ако е мало сепак би ти препорачала да го чуваш дома,ама ако не те пуштаат тогаш во бокс или куќичка.
    Несакам да те навредам,ама би требало родителите сами да бараат да го вакцинираат кучето,особено зошто е бездомник,не е прегледано од ветеринар,и не се грижел никој за него,а може да е преносител и на многу болести,особено ако доаѓа во допир со некој член од семејството.
     
  19. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    колку пари се отприлика вакцините за кучиња за крлежи,беснило итн ке ми каже ли некој,не е соодветна тема ама да си прашам јас
     
  20. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Вкацина за крлежи непостои,а вакцината за беснило е 300 денари,во државната ветеринарна амбуланта,и се става после шест месечна воздраст на кученцето.