1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кучиња - сè што треба да се знае за нив

Дискусија во 'Дом' започната од Butterfly-Girl, 23 март 2013.

  1. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Здраво :hai:
    За 1-2 месеца ќе земам женка кутре. Не, нема да можам да земам Кејсхонд, се случи една непријатност, но да не зборуваме за тоа сега! ;) Ќе земам џек рассел териер баш како тоа на аватарот. :D Женско ќе биде. Ги знам основните работи за мало куче, но никако да го разберам бизнисот со парење мажјаци!!! :@
    Ај некој искусен да ми каже ова ми е првата женка што ќе ја земам... Дали мора да се плаќа за парење или да се дава кутре од леглото? Јас сакам бесплатно да поминам не ја сваќам фората. :?: Да не им се продаваат јајце клетките или што? :$
    Пратете ми ЛП или ај да не ве замарам тука :D ;)
     
  2. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Ве молам некој да не знае??? Прв пат ќе чувам женско куче. ^
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    И јас сакам за тоа да прашам.
    Имам мажјак,германски шпиц(бел) и незнам баш,дали треба да барам пари или кученце.
    Мислам незнам како оди тоа.А знам дека најчесто даваат едно малечко на таткото,наместо пари,и не дека чувам мажјак,и кога би чувала женка би го оправдувала ова значи,сепак и двајцата родители имаат улога.
    Тоа ти е како една жена,на мажот да му го одзема правото кон своите деца,да не ги гледа,како да нема деца воглавно.
    На крај краеви па,нели женката иде кај мажјакот на парење,што значи за некој месец кога ќе ми дојде женката дома,јас ќе имам две деца,што значи ќе треба да имам дупла грижа,трошок,време и се останато.
    А зошто јас да го правам тоа попусто?Можам да платам 1000 ден,за кастрација и грижа да си немам,м?
    А тогаш пак како ќе профитираат сопствениците на женските?Па макар и да не доаѓа женката на неколку дена кај мажјакот,зошто да го носам да се пари за да некој има профит од моето кутре?
    Ако мајката го родила,таткото го создал,и улогата е подеднаква.
    Друго,зарем ќе ти опадне бизнисот од едно подарено кутре?Кога имаш десет кучиња,ако дадеш едно ќе просиш за леб?
    Па зошто тогаш луѓето да чуваат мажјаци,да ги носат по изложби,да ги хранат со најскапа храна,ветеринарни услуги,лекови,вакцини,кога тие ништо не добиваат?
    Не,не чувам куче за профитирање,тоа е најпоследното нешто што ми паднало на памет,ама зошто пак да одделувам бре 50 евра месечно кога можам да си имам женка и со 50 ева месечно да се богатам двапати годишно со по 200 евра за едно куче од легло еве да речеме 5 кутриња,м?
    Глупав ми е бизнисот со животни,а најглупавото е што некој профитира без да си имам никаква грижа и да не вложил ништо во едно кутре,да живее во никакви услови,а човек да се богати на сиротото животно(ова воопшто не се однесуваше на тебе,јас не те знам,од скоро те забележав по ,, кучешкиве,, теми,само сакав да ти кажам дека сепак имаат подеднаква заслуга).
     
  4. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Јас мислам дека најдобро е да направиме како што направила Kissed. Таа си земала прво едно машко
    ши-цу потоа земала женско и си има сега мали од свои и сигурни кучиња.
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    А што толку ви е битно парењто ако не ви е битен бизнисот?
    Значи за надоместокот се договараш со сопственикот на мажјакот, што тој сака. Има такви кои бараат пари, други куче а и има и такви кои ништо не бараат.

    Не ми е јасно, јас кучињата ги чувам од љубов а не за да ги парам па на уште неземено куче да му мислам дали, што и како. Секој денар кој ќе го одвојоам го давам заради тоа што го сакам и сакам убав миленик, а не го гледам тоа како инвестиција, бизнис или потенцијално богатење во иднина.
    Еве Кикки ако го париш твојот не мораш да прифатиш кученце, побарај пари, а ти Милченце ако сакаш бесплатно да поминеш ќе си побараш сопственик кој не бара ништо за возврат.
     
    На rici.aaaaa, BlackMarket и imelda им се допаѓа ова.
  6. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Тука мноооогу погрешно си разбрала! :D Јас сакам да имам мали кутриња за повеќето луѓе бидат среќни, а не заради мое задоволство и пари! Пффт, јас би можела да ги подарувам, но има и некои будали кои само ги фрлаат кучињата на улица и ги забораваат! :doh: И да фала ти за информацијата дека има некои луѓе и не земаат пари за парење. Но, немораше да ме процениш дека сум била алчна или сакам да станам богаташка од моето куче... Јас мислам за понатаму за негово и мое добро, и баш денес со сестра ми разговарав за стелиризирање на идното куче! И речениците те молам немој да се толку груби... :( Ме натера да мислам спротивно и негативно... Јас сакам да помагам и да добивам помош, а не отежнувања...
    Би сакала да ме разбереш точно па пред да се изнервираш и издереш на мене прочитај го ова барем 2 пати? Би ти била многу благодарна за рабирањето! :hug:
    На нероден Петко капа не се крои, но тоа не значи дека Петко мора да биде и во улога на куче некогаш...
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    ^Види, незнам зошто си добила претстава дека се дерам или има ароганција во моето мислење, баш напротив ви објаснив како стојат работите, само не јасно ми беше размислувањето унапред 2 години. Во ред е да му кроиш капа на не роден Петко, ама ти не само капа цел костум си му скроила.
    Ми се чини дека рече дека ќе земеш Џек Расел териер, ќе ти кажам само една работа, расата е поретка кај нас, па ако толку сакаш да ја париш идната кучка ќе треба добро да се погрижиш да и најдеш асален дечко. А што за возврат сопственикот ќе бара кога ќе дојде време сами ќе си се договорите.
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    На темата парење.

    Јас имам некастриран мажјак, кој стигна до осум години и ниту еднаш не го спарив. Не е кастриран не само од помислата дали да го спарам, јас и онака сум против кастрирање на мое куче заради здравствени причини, а сум одговорна да не направи пакост. Ми го барале, ама не стигнало до фазата да се договориме за услугата. Да женката би ги носила, терет е на чуварот да ја породи, да ги догледа кутренцата додека дојде ред за вдомување, без разлика дали е за пари или подарок, ама дека е раса со шампиони родители, овие секогаш се за пари, и најверојатно или би се согласила за едно до две кутриња да се мои, или исто во парична вредност, не давам вакво педигре за лепи очи. Нејсе. Јас не го спарив моето оти не се согласив со етикетата на чуварите од женките. Прво, кога не ти ја дадат целата историја, а историјата од моето им е на мегдан. Друго, никогаш нема да се сложам да го спарам со кучка која лани добила кутриња, а помалку шанси ако е два пати во година. Идеално, од една кучка и едно куче барав само едно гнездо кутриња. Две во животот на една кучка максимум каде би го понудила фраеров. Ама очигледно папи фарминг бизнисот им е од голем интерес на некои луѓе. Јас не сакав да сум дел од тоа, и само вистински љубител на една раса знае што зборувам.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Ти самата ми кажа дека сакам да правам бизнис од моето куче. ;)
    И јас мислам да скројам такви илјада костуми само за да ми биде добра на кучето и на мене. :)
    Незнам за тебе, но јас се би направила за да имам женско куче и не затоа што сакам бизниси да си правам, него сакам да ја размножам расава повеќе во Македонија. А за барање мажјак, тоа е лесно, другарка ми има еден од Америка, а јас ќе земам од Сите Раси На Кучиња. Таму гледам дека добро се грижат за нив, а и ќе имаат легло допрва, како што разбрав. Така да, му скроив костуми во секакви бои. :D
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    ^Зошто не ме сфаќаш, значи не реков дека ќе правиш бизнис, туку не својствено ми е да размислуваш за парење кога кучето сеуште не ти е земено. Земи го првин кучето, згрижи го соодветно, израсни го и воспитај го, па кога ќе наполни година ипол почни да бараш мажјак и тогаш размислувај за парење.
    И да не те разочарувам, ама со едно легло не се размножува раса во Македонија, туку за да се размножи треба да со популаризира расата првин, да се увезуваат кучиња од странство, кои ќе можат да се парат па дури тек за 5-10 години ќе може да се рече дека одредена раса е застапена во држава. Незнам кој ти е планот можеби планираш да ја париш на секој циклус и да штанцаш кучиња, и се тоа за доброто на луѓето.

    Чисто за информација, чувам булмастив, значи до Мај 2013 во Македонија имаше вкупно 27 регистрирани кучиња од оваа раса, од кои 10 беа од леглото на мојата кучка, плус 2 родители и уште 10тина кучиња кои беа во сродство со нив. Сакав да ја парам, не за да усреќам други луѓе или да ја размножам расата, туку заради моја лична сатисфакција, за добробит на кучката и за да продолжам да си чувам нејзини потомци, добро се помачив додека најдов мажјак кој може да и парира, како во однос на педигре така и во изглед. Имав и јас двајца мажјаци „на лагер“, но со нив немаше теоретски шанси да дозволам да се пари од причина што ем беа 10-15 сантиметри пониски од неа, ем беа погрди. Па нејќев нејзините гентестки предиспозиции да ги уназадувам само колку да имам легло.
    За среќа, го најдов совршениот зетко туку во Македонија, зошто бев спремна да одам и до Србија, каде на пример фармите за кучиња се како „добро утро“ и од тие фарми не искача ништо добро. Кучките ги чуваат за приплод, ги парат така речи секој циклус, а со кого ги парат не би да дискутирам, само ќе ти кажам дека кучињата што воопшто не личат на булмастиви и оние со кои можев да ја парам мојата се донесени од таму. И таму, пред 10 години булмастив беше непозната раса, но сега ги има на секој чекор. Па дури и покрај толку кучиња во Србија неколку добри одгледувачници ги носат своите кучиња на парење во Италија, Украина, Англија само зашто се свесни дека тоа исилено размножување не произвело добри кучиња.

    Не би да зборам за продавање и не информираноста на луѓето кај нас, само ќе кажам дека кучињата денес полнат 4 месеци, а имам уште 4 за продавање/поклонување + 2 кои ќе ги задржам. Не дека нема купувачи, туку јас моите кучиња не ги продавам, давам и поклонувам секому, па спремна сум и да ги чувам и хранам и да сносам трошоци се додека не им најдам сопственици по мој терк.
    И мислиш ли ти дека после моето легло кое брои 10 кучиња ја размножив расата?

    Не мораш да се мачиш, ќе ти кажам НЕ, затоа што за две, три години кога тие кучиња ќе треба да се парат, ќе нема со кој освен нели меѓу себе да прават инцести или доколку нели не се донесат кучиња од страна, затоа што тие тука ќе им бидат „роднини“. Дури и јас да имам друго легло со друг мажјак, дури и таткото да се пари повторно, пак нема ништо да постигнеме.

    Мислев дека се разбираш во кучињата, па не сакав вака сликовито од старт да филозофирам, но кога видов дека одиме кон ќорсокак решив малце да ти едуцирам. И не се навредувај одма, едно е да читаш и мислиш дека нешто знаеш, сосема друго е да поминуваш и да се справуваш со се тоа.
     
    На BlackMarket и imelda им се допаѓа ова.
  11. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Јас се си испланирав за кучето од веднаш, нема што тука да ми се мешаш во моите планови и не сакам да се расправам за тоа веќе.
    Си најдов одговор и не ми е потребно одолжување.
    Јас не сум од оние кои гледаат веднаш да го парат кучето, имам соодветни работи, нема да купувам кревет за кучето може да се рециклира со перница и стар џемпер, ќе купувам од педигри храната, точно знам каде ќе спие кучето, знам каде ќе го чувам додека е мало, знам кога ќе го шетам, знам кога ќе му бидат оброците и
    колку пати дневно можам да го хранам со текот на годините, знам колку ќе кошта сето тоа, се обидував да бидам фина кон тебе но,
    видов дека тоа не помогна, па ете ти задоволна си? Ти го кажав планот.
    И јас незнам за кучиња!!! Немам никаков „талент“!!! Јас не сум родена сезнајка па да знам. А, и немам никаква врска со кучиња, сето тоа го научив од книги и интернет. Ме сметаш за неинформирана? Сметај ме, тоа и сум! :!:
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Све тоа фино, ама смири живци, бреј...
    Од старт ја вртиш на кавга, а јас се упорно се трудам убаво да ти објаснам.
    Твоите планови, кај ќе ти спие, моча, јаде и сл. кучето ама баш ич не ме ни интересираат, јас кажав 5 пати дека незнам што толку се заинтересира за парењето а кучето сеуште не ти е земено.

    Знаеш твоиве реплики како изгледаат?
    Како човек кога незнае како да врати со содржаен и издржан аргумент па најлесно е да вришти како е навреден, а јас сум груба лоша кучка.
    И верувај ако сакав да те навредам тоа ќе беше на многу поинаков начин, значи повторувам сакав да ти дадам совет и споделам искуство. Тоа што незнам да филувам постови и да се улизувам па и не треба толку при срце да го сфаќаш.

    Остани ми со здравје и да ти се живи и здрави кученцата.
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Jaс од веднаш ти кажав дека не ми беше сето тоа прво на листата од мојот план, па и ти не си ме разбрала. И јас ти кажав:
    Следен пат ќе знам итните работи да ги делам и да ги обележувам, дека очигледно е дека го сметаш за едно ѓубренце. Ти допрва смири живци, и сега мене ми кажуваш да смирам живци. Фала ти, многу мудро од твоја страна. ;)
    Јас ти кажав:
    [/quote][/quote]
    Но, ти си си упорна, знам дека упорноста е мајка на знаењето, но тоа не е за што зборувам сега.
    Си кажав, најдов тука одговор на моето прашање и сакам да ставам крај на ова. И не сум таа што вришти,
    никогаш не сум сакала да те наместам за груба кучка, баш напротив одсекогаш сум ја посакувала твојата помош и да ми помогна, уште еднаш ти кажувам Фала ти. И ако сум ја почнала оваа кавга се извинувам, и те молам да ја затвориме оваа кавга зошто има таму некои кои сакаат да прашаат нешто.
    Или ништо не кажувај или кажи дека и ти се сложуваш со тоа, немам време за вакви работи а, и веќе доволно ми се докажувања од твоја страна си признав и се извинив погоре. Ок? Ок.
    Се надевам дека не е пишувано како со нозе и неразбирливо. :D
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Милченце, јас не гледам дека Најубава ти се кара, те советува како искусен чувар. Убаво е што се интересираш, и ние поискусните некогаш бараме совети од други чувари, оти не знаеме се, па поделени искуства учат. Претходниот совет што најубава ти го пишува, најдобронамерно, дава многу добра слика како една раса може да стане популарна во една земја, и какви катастрофални грешки се прават од страна на чувари кои не се внимателни, што е многу важно да некој знае и земе во предвид кога сака да пари расно куче. И да не е од раса си има главоболки за наогање партнер, ама за расно е многу поголема внимателност потребна. А од земање до време за парење има бааги време, кога ќе се сретнеш со неколку прашања за чување и дресирање, дресирање на кутрето и на твоите живци за трпение и смиреност, па во таа смисла е тоа нероден петко ;) има неколку фурни леб за јадење додека дојде прашањето, каде да му барам партнер. Сепак, добро е што се интересираш уште сега, не ти се карам ни јас, сите се учиме едни од други.

    Онака на шала малку, знаеш како викаат, чуварите си личат по карактер со своите кутриња. Џак Расел Териер ако си најдеш, супер ќе си одговарате :D
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    :D Фала, знам и јас верувам во тоа дека чуварите личан на кучињата, но досега сум чувала машки кучиња и ги знам живците за тренирање, а и мислам дека доволно сум трпелива за да истренирам еден кокер. Не ми требаат објаснувања и претходно се извинив и сакам да ја затворам кавгава за да не настане уште поголема со некоја грешка. ;)
     
  16. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    И јас никогаш не наплатив кога имаше кученца РИЧИ таа е австриски пинчер кратковлакнест преубава е...но никако неможев да ги наплатам тадури плачевв кога ги давав мм да не инсистираше ниту едно немаше да дадам...Инаку да бидам искрена ричи е ретко куче,и тие кученца беа мелези со лабрадор изгледаа убаво но не беа чистокрвни...иако едното се уште е живо и бомбастично е т.е тој е мажјак и сега е голем нејзиното крзно го има и преубаво е граден како неа,а големината е на лабрадорот...го крстиле Арапче,само бев лута,а немав право да се мешам бидејки тие го чуваат,но ни од далеку како што моја ричиела е гледана,ама тоа е тоа...
    Инаку имам муштерија кои чува ротфајлер мажјак е сега тој наплатува кога го пари...нели тоа е негов проблем,а имам друг муштерија кои ги носи наа борби и од тоа заработува,најпрво ми беше несфатливо,но потоа видов дека секој човек си има свои размислувања....особено кога куче се носи на борби мислам лудило!!! за мене не сфатливо но има луге кои егзистираат на тој начин и велат ова е ок....нивни проблем,јас сум жртва за мојте ричи и хепи мислам на кучето и мачето,се случувало по цел нок,во буквална смисла да сум будна и да ги негувам...сепакк и тие се душички и тоа мои најмили срцинја.
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мил4енце смири си ги страстите и обуздуај ги демоните во себе, вдиши-издиши неколку пати, млада си, нервозата ужасно шкоди. И ај сега вака, размисли трезвено, подлабоко и врати се препрочитај ги моите мислења, па препрочитај ги своите. Јас тоа 5 пати го направив, и сфатив дека со тебе разбирачка нема, пишував едно, ти реплицирам и културно (без болдирања и х100 фонт) прашувам друго, а ти упорно ми одговараш нешто сосема трето, ме обвинуваш дека те напаѓам, сценираш кавги ред други работи.
    Девојче, девојко, жено калкукирај малку прости броеви т.е. конкренти реплики давај, канализирај ги своите проблеми и нервози на нешто друго а не тука на форумов поготово не во оваа тема.
    И со оваа експлозивнот не верувам дека умееш да дресираш, процесот на дресура бара трпение и смиреност, а ти ко што можам да увидам ни едното ни другото го немаш.

    Претходното мислење незнам како ти преживеало, го препрочитав едно 10 пати и верувај не успеав да те сфатам што сакаш да кажеш :?: . А што се тиче тоа во спојлерот:
    ОК?
    -НЕ!
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.460
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Девојки ако има некој искуство со демодикоза кај кученце, нека ми пише како се лечи.
     
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Немам искуство,ама најдов нешто што би можело да ти биде од корист.
    ТРЕТМАН

    За среќа на располагање се неколку лекови, со кои може да се лекува демодекоза. Тие се докажано високо ефективни и спасиле многу миленици од страдања и дури еутаназија. Во некои случаи најдобро на што можеме да се надеваме е да успееме да го контролираме проблемот со времето, а не да го излечиме. Времетраењето на терапијата зависи од површината оштетена кожа целосно, а не само од неколкуте флеки кои се гледаат. Кожа, која ни изгледа здрава може многу брзо да се покрие со дамки од демодекоза. Тоа важи во особено голема сила за возрасни кучиња, чиј нозе веќе се погодени од болеста.

    За жал, базирајќи се на фактот дека при имунолошкиот систем најважно е дали или не вашиот пес носи оваа зараза, нема гаранции дека даденото лек ќе делува. Без оглед на видот на демодекозата, од која страда животното треба да се обрне внимание и на некои дополнителни прашања.
    Кучето ви треба оптимална исхрана во овој период, да има потребните вакцини и да нема внатрешни паразити. Како кај секоја друга болест, треба да бидат удовлетвоерни психолошките потреби на животното од комуникација, која вклучува многу употреби, игри и пристап до свежа вода цело време. За време на болеста можат да се појават и некои кожни алергии, кои исто така треба да се лекуваат.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    64
    Може ли некој да ми каже кој е називот за овие кучиња кај нас? :^) Знам дека на англиски се познати како Pug dogs ...

    [​IMG]
    [​IMG]