1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЛШ - Лига на Шампиони

Дискусија во 'Спорт' започната од vendiii, 31 август 2012.

?

Сезона 2024-25

  1. PSG

    1 глас(а)
    11,1%
  2. Barcelona

    0 глас(а)
    0,0%
  3. Arsenal

    1 глас(а)
    11,1%
  4. Bayern

    1 глас(а)
    11,1%
  5. Real Madrid

    1 глас(а)
    11,1%
  6. Man City

    3 глас(а)
    33,3%
  7. Atlético Madrid

    2 глас(а)
    22,2%
  8. Dortmund

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Леле јас тек сега ја гледам темава дека постои [​IMG] Па ајде да си кажам.. :)

    Жустро беше денес :lol: Баш ми е мило што ги нема Барса веќе. Да се приземјат малку 8)
    Моја прогноза: Баерн тепаат! :wasntme:
     
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Ако збориме реално, Атлетико треба да земе Лига на Шампиони. Најаки се.
    Баерн не се како формата што беа лани, исто и реал мадрид. реал мадрид како распашана команда се.
    Едино Челзи се добри малку, па мое мислење доколку во ждрепката не се паднат со Атлетико, би оделе во финале.
     
  3. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Честитки меститки до сите полуфиналисти :)
    Челзи ако не даде во последна мин гол, нема кој друг :)
    Манчестер малкуцка не заплаши, ама убаво рекле не дирај лава док спава, контра-реплика за минута :)
    Може не играме атрактивно годинава ама не значи тоа дека не си газиме 8)

    Ако се паднат Атлетико-Реал, Челзи-Баерн ич нема да има јаки утакмици :D Челзи ќе го паркира Галеб и овие ќе си фатат некое оро на шеснаесетник и да ти се плукнам во утакмицата. А и Атлетико нешто слично ќе изведе. Плус веќе видено |(
    Ја мислам јака утакмица би била Реал-Баерн, е тука ќе има трчање,напаѓање, шанси, контри што ти не 8) Па кој преживее ќе раскажува :D
    Туку што како утре ќе видиме па тогаш ќе муабетиме :wasntme:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Па и да се паднат со атлетико во финале со другиве ќе играат и пак исто би било како и да се паднат со некој од нив сега. Ако мислиш дека се така добри треба да не е битно со кој паѓаат зашо реално добриот треба да може кој било да сплеска, а ако јас убаво читам си пишал ако се паднат со Атлетико ќе одат во финале (што ваљда значи дека во спротивно нема). Таков став се нема за тим што е најдобар.. Ако се најдобри нека им се паднат Баерн па ќе ги видам. ( :!: Жива среќа им беше пред две години финалето..)
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Е добро де, како и да е, Атлетико шампион. Другиве слаби се.

    Челзи нема добар напаѓач моментално. Торес не е во форма, а и пред излезни врати е. Ќе оди во Интер. Тоа е сигурно веќе.
    Баерн Минхен паднати се со формата. Изгубија 1:0 последнава утакмица во домашно првенство. А Манчестер ги победија зошто па Манчестер се уште ептен послаби.
    реал мадрид уште од сега ги отпишувам. Роналдо едино им е добар и Ди Мариа чат-пат. Бејл скоро и да не се гледа на повеќето од утакмиците. Кад игра, кад не игра. Одбраната ослабена. Марсело мислам дека е повреден, а тој им е стуб во одбраната. Рамос ќе пие црвен, така да исто ко да не игра тој.
     
  6. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    ^ А дали ја гледавте утакмицата со Аугсбург ме интересира?
    Баерн играше без Рибери, Лам, Робен, Данте и плус со тројца дебитанти, децата прв пат влагаат во утакмица. Само на пријателски неколку пати играа. Плус тоа за неколку дена следеше најважната утакмица во ЛШ а тие ќе ризикуваат да се повредат со Аугсбург кога всушност Бундеслигата е веќе претходно освоена. Мислам дека тој пораз и фактот што стилот на игра им е сменет ве тера да мислите дека не се во форма. Лани да, беа импресивни(годинава не на таков начин) ама тоа да ми извините не може да трае секоја сезона :) Годинава досадни ама уште сме топ 8)
    А што се однесува до Атлетико, нема да ми биде мака ако освои ама јас искрено не верувам. Мислам дека за оваа фаза од натпреварувањево голема улога игра и искуството. И среќата секако :D
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Ги спакува Барса куферите :swear: :swear:
     
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Реал Мадрид нека биде шампион, дај више нека ја освојат таа јубилејна 10-та титула и да се израдуваат како мали деца. :) Атлетико е топ тим, стварно ги освојува сите симпатии. :) Првпат во шпанското првенство освен Реал и Барса некој тим да се замеша во борба за титулата и се во топ позиција да ја освојат. Тоа е исто како кај нас да се замеша трета партија која ќе се бори за власт. :D
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Kолку ми се интересни овие Баерн (леле ама ги хејтам сезонава, до Пеп ќе да е :D ). Па одозгоре и ги потценувате другите тимови во полуфинале, демек во стил да се паднат со Баерн да ги видам.
    Јасно ви е кое место е тимот што до 60 минута практично имаше влез во финале против вас нели? Да, седмо место и ја игра најслабата сезона во последните години. Ете тој тим ви даде два гола, и еден на гости, и тоа од Евра :!:.
    Не, бе ќеф ќе ми е со Баерн да се паднеме, па да им вратиме за педерската победа на пенали.

    Челзи среќа го спасила со гол во последните минути, како па да не, ај да се забрани гол во последните минути да се дава :) . А пред тоа сто пречки погодија, заслужено си се таму, знам дека швабите ги хејтаат ама тоа е.

    И најдоброто Атлетико и Барса. Атлетико презаслужено во полуфинале, како само храбро играа против излитената и никаква Барса. Докажаа дека во Шпанија не се само два екипи и дека и други играат одлиќно, за тие што не прата Примера да им е појасно. Незнам колку шанси имат понтаму, ама мислам дека сите четири тима се некаде еднакви.
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    ^ Ја појма немам кај прочита потценувачки збор за другите полуфиналисти :^)
    А незнам дали ги знаеш правилата во вакви утакмици ама до 60 мин Баерн беше во полуфинале пошто со 0-0 Баерн одеше понатаму, а после беше изедначено десетина мин и толку ;)
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    ^ Како што знам Манчестер го постигна голот пред Баерн нели? Значи Манчестер имаше 2-1 севкупно , значи така. И нема потреба ти да ме подучуваш за правила.

    Имаше горе коментар да им се паднат Баерн па ќе видат, и дај не си фаќајте се здраво за готово, генерално зборам, затоа што читам навивачи на Баерн што пишуваат по интернет месеци наназад. А и ти приметив не ги сакаш Челзи океј, ама стално пишеш како Челзи на среќа минувал, ептен јака среќа ќе да е таа. Ако ги гледаше против ПСЖ, тоа беше се само не среќа. А и општо мразам кога се употребуваат коментари за среќа, знаеш дека фудбалот е и 80 посто среќа нели? Сте запнале со таа среќа, ве боли уште финалето во Минхен.

    Ајде утре ќе видеме кој со кого ќе се падне во ждрепката.
     
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Јас пишав тоа да се паднат со Баерн па ќе видиме. И стојам зад тоа. :)
    Да се надоврзам сега..Да, манчестер постигнаа први гол. дури 2минути порано и цели тие 2мин беа во подобра позиција. wow! Не знам како дојде до споредбава ама ајде ќе си кажам како јас гледам на утакмицата додека беше 0:0 , немаа потреба да се замараат, си имаа посед на топка и си ја шетаа. Во истиот момент кога беа загрозени се дадоа во напад, а богами за брзо и си загарантираа пласман.
    И да боли финалето во минхен. Реално боље беа Челзи на таа утакмица, ама само на таа. Цело време Баерн развалуваа ама ете во ред, таа беше одлучувачка и затоа поштено си победија Челзи. Тука ми е мене непреболот, а не дека као овие многу јаки па затоа тепаа..
    Нема везе, џабе си праиме комбинации сеа шта би кад би. Утре е моментот :lol:
     
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ја пак ќе кажам никаде не реков дека Челзи помина на среќа, туку дека дадоа гол во последна минута како што често знаат(пр и лани во финалето за Лига на Европа), значи го потенцирав нештото како да речеме факт што јас сум го приметила, а ти го ваѓаш муабетот од контекст. Тоа дека не ги сакам Челзи е друга приказна и нема врска со оваа ЛШ. Заслужи да помине затоа што очигледно беа подобри.
    А за водството на Манчестер ако го сметаш водство од една минута за практично во полуфинале, ок, твое мислење.
    Туку, едно нешто што ме нервира е кога некоја од јаките екипи ќе изгуби утакмица или тешко ќе се снајде со некоја послаба одма се коментира готово толку слаби се незнам што. Незнам ја што се очекува од Баерн на пример, 4 години да не изгуби утакмица? Па колку и да е јак еден тим едноставно тоа е невозможно. Баерн имаше 53 утакмици по ред без пораз, никој за тоа не вели браво туку се чека одма да кикснат еднаш и одма да се критикува. И за сите други од јаките е секогаш така. Мислам глупости.
    И не, Баерн не си се ладеше во Минхен бидејќи со 0-0 одеа тие, туку зашто им е секогаш тешко со екипи кои се бранат цело време и чекаат на контра да дадат гол. Ама тоа не го прави слаб тим во никој случај.
    А за полуфинале гледам Реал :)
    Кој ќе се тепа со брат ми, тој е за нив :lol:
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    И анкетата се постави. :rock:

    Па па па, какви дуели. Реал-Баерн и Атлетико-Челзи.

    Реал и те како треба да се стегне, дали конечно ќе видиме една асално поставена тактика од Карло, инаку против онаков Дортмунд за малце со прст во уста ќе останевме, среќа па ја знаеме играта на Пеп такозвана PASS TILL DEATH и знаеме што да очекуваме.

    Мислам дека Челзи може да му парира на Атлетико и да се одмаздиме за последниот дуел кога буквално не дотолчија, не отепаа. Таква брука Мурињо нема да си дозволи.
    Be very scared Simeone. :devil:
     
  16. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Ајде Реал, ајде да тепаме :rock: :rock: :rock:
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Што бе Барса не влезе во полуфинале?
     
  18. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Не влегоа, изгубија.
     
  19. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Досега како што ми гледа Реал имаат постегната одбрана,поорганизирано ми делуваат. Се утепаа Баерн од напаѓање и на крај ништо, а пак Реал неколку посериозни шанси и една ете во гол ја претворија :| не казнија за тие неискористени шанси.. :| :!:
    Сепак крајот го краси делото. ;)
    Има време.. сега и второ ќе видиме што ќе напраат :)
    Сепак има уште една утакмица.. 8) :D
     
  20. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Битно во посед ги растуривме 8) Браво за Гварди, изгледа не му бегаат клоците на лето и нему и на поседот :?:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.