1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЛШ - Лига на Шампиони

Дискусија во 'Спорт' започната од vendiii, 31 август 2012.

?

Сезона 2024-25

  1. PSG

    1 глас(а)
    11,1%
  2. Barcelona

    0 глас(а)
    0,0%
  3. Arsenal

    1 глас(а)
    11,1%
  4. Bayern

    1 глас(а)
    11,1%
  5. Real Madrid

    1 глас(а)
    11,1%
  6. Man City

    3 глас(а)
    33,3%
  7. Atlético Madrid

    2 глас(а)
    22,2%
  8. Dortmund

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Леле и мене ми е преантипачен Роналдо. Циган.
    Во мое опкрижување нема мој истомисленик и мислев само јас не го сакам ама ете.. ајде нема везе тоа. Се скапа од радување за голот а од пенал беше еј :fubar: Браво, гол си дал од пенал, јак ташак |(
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Хахаха коментарите ви се и повеќе од смешни :D
    Ја незнам дали вие го гледавте натпреварот или пратевте на резултати.ком, ама после ваков натпревар на апсолутна доминација на секое поле во сите 90 минути, да кажеш дека титулата е незаслужена е повеќе од смешно. Па побогу, Атлетико немаше една единствена шанса за гол, освен онаa за голот што и не беше некоја шанса, повеќе беше месечарење на Касиљас.
    Роналдо немал причина да се радува?!? Па човекот машина постигна 17 гола во ЛШ оваа година, постави рекорд кој уште долго време ќе нема кој да го стигне, му ја донесе на Реал 10 титула во ЛШ после 12 години и вие тука пишувате дека не му личело да се радува за гол постигнат од пенал.Алоооо дечки, титулата во ЛШ се одработува цела сезона, не само во финалето.
    И за крај, спорните 5 минути продолжение :D Жално и јадно е да се фаќате за 5 те минути продолжение кога голот беше даден во 93 та минута. A реално 5 минути беа баш реално продолжение, ако се земе по предвид колку играчите на Атлетико легаа на теренот после 70 минута, со цел да одземат од времето.
    Али ако ви е полесно вака да се тешите, слободно повелете, тешете се ;)

    Инаку за натпреварот, Анчелоти, секоја чест :bow: Измените сите до една на место.
    Анхел Ди Марија, Серхио Рамос и Лука Модрич :bow: За Серхио ми е посебно драго, после целото реметење пред две години, заслужи човекот да биде директен виновник за освојување на La Decima.
    Секоја чест и за Атлетико и за Симеоне, тоа што го направија оваа година е за респект.

    Хала Мадрид и догодина по единаесетата :D
     
    На Butterfly-Girl, BlackSwan5, Summerlover и 2 други им се допаѓа ова.
  3. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Жити се немој вакви аргументи со судии.. За кого си ти? Барселона така? признај ајде...само Барселона и Манчестер годинава не освоија ништо. Инаку... да ти разјаснам... 5 мин продолжение требаше да има пошто 5 измени по 30 секунди = 2 и пол минути. Другите 2 и пол се виткаа овие од Атлетико и никој неможе да ми каже дека не било така пошто и јас лично гледав... Што се спасија на среќа Реалци се спасија...во 93 мин гол...ама дека судиите се криви...далеку од тоа...
     
  4. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    :bow:
     
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Ако збориме за цела сезона Реал беа боље да, ама тоа дека имале апсулутна доминација во првите 90минути од финалето е далеку од точно. Никој не вика дека продолжението не беше реално, си беше и во ред е тоа. Но не треба да се затворат очи пред фактот дека баш во продолжението се активираа Реал и тоа ги спаси. Надополнувањата да, се извадија на кондициски подобра способност ама пак ке речам апсолутна доминација на секое поле во регуларните 90 минути немаше.
    Јас не мислам дека не им е заслужена титулата, само дека гзлачки ја добија. Толку.
    А за Серхио се согласувам, требаше да си обели образ и успеа. Мајсторски гол даде.

    И уште за ова, еве ќе го одвојам вака зашто секогаш ми боде очи величењто на Роналдо :wasntme: :
    Рекордот му беше поставен и без овој гол, немаше потреба од парадирања по терен како да го реши натпреварот (кој патем го реши Рамос, или еве нека е Рамос ја даде шансата да биде решен, па го реши Бејл или евентиално Марсело). Никаков фактор не беше Кристијано за натпреваров. Едвај и да го видовме во кадар. И не ја донесе тој титулата на Реал, не играше сам. Уште 10мина се во тимот.
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Да немаше Реал некоја посериозна шанса за гол, да не играше таков пресинг цело второ полувреме, да не спаси Куртоа 3 чисти топки на Роналдо, една на Ди Марија, да не промашеше Бејл 2 чисти шанси за гол, да имаше Атлетико барем една единствена изградена акција која ќе личеше на изгледна прилика за гол, да ќе се согласев дека е гзлачки освоена титиула во последна минута. Ама вака, ви паѓаат во вода сите муабети.
    По вашата логика Роналдо немал право да го прославува голот и освојувањето на ЛШ, затоа што не дал одлучувачки гол во финалето. Нема врска што дал 17 голови кои го донесоа Реал до тука. Нема врска што поставил нов рекорд во историјата на ЛШ, нема врска што освоил ЛШ. Не дал одлучувачки гол и нема право да слави. Од логикава глава боли |(

    ПС- :D
    https://v.cdn.vine.co/r/videos/A15A...p4?versionId=ux_3lGXM44pY3BBDYbzu96P3g2DjVI9T
    Сигурно и Чаби Алонсо наскоро ќе биде прогласен за сељак, што па има он да скока вака сељачки кога уствари не ни играше у финалето |(
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Специјално за ова се логирам само, за да пишам дека просто се чудам од овие неколку коментари. Јипмен знам дека секогаш трола и се тоа, ама дај веќе честитај кога веќе Реал освои. Знам дека не ги обожаваш, ама муабетите со 5000000 милиони ти се веќе смешни. Како да не го знаеш фудбалот денес, и не сакам веќе истите работи да ги повторувам што ги имам пишано. Малку провери кои и што се играчи на Реал, не само како папагал исти работи повторуваш. А за тоа колку ти е смешен коментарот за продолженото време само ќе се изнасмеам, само се надевам дека не беше сериозен. Како и за тоа што Реал беше АПСОЛУТНО ДОМИНАНТЕН не само овој натпревар, туку цела ЛШ. Големите Баерн со земја ги срамни, ама сега не може да се вадеме на тоа дека се паѓале лесни екипи.

    За коментарите за Роналдо само ќе кажам дека коментари од типот трансексуалец, педер итн ми се толку 2007, па ајде нека ви е среќна 2007 година. Човекот сто рекорди сруши, кога Меси тоа го прави се клањате ко бог да е. Невермајнд, има право да се радува за себе и за својот тим.

    Може ќе бидам малку груба ама suck it haters. Реал има десет ЛШ титули, јавете ми кога некој друг клуб тоа ќе го достигне. Ама дај изразете желба и нема тие старите од ВСВ да се рачунат, ама и така Реал има повеќе. то је шта чеш.

    Реал покажа дека има играчи кои до последен момент не се откажуваат, докажа дека има легенди кои ќе се паметат уште долго. Да, оваа генерација ќе се памети, се надевам дека уште најмалку 3 титули ќе имаат во ЛШ.
    Се смеевте на Рамос, за пеналот промашен, за орбити, вселени што ти знам. Кармата е бич, два гола им бапна на Баерн и го одржа Реал во живот во последна инута, еј последна минута :). Се смеевте на Бејл коштал 100 милиони, давал само против мали екипи, две титули му донесе на Реал. Каде е Нејмар, кој кошташе и дупло повеќе, немам поим што правеле со неговиот трансфер. Смејте се и на Роналдо, ма на кој сакате. Можете само да им се поклонете на кралевите и ништо друго!
    ПС И јас не знам зошто Роналдо се радуваше, требаше да биде скршен од болка :D :D :D , абе комедии сте мајке ми. Колку да се пишувало нешто :) . Да да, и јас не знам зошто и Пепе и Чаби и другите што не играа зошто се радуваа. Може оти им значи клубот, може оти десета освоија, може нешто од тоа ќе да е.
    Да, за ова Реал е најдобар клуб на светот. Честитики до сите мадридисти, јас сум превозбудена, одам и прославата на Бернабе да ја гледам.

    Champions of 2014 Да се множат уште многу. Хала Мадрид!!!
     

    Прикачени фајлови:

    На omg92, Butterfly-Girl, Summerlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Cheers darling! And once again, congrats to Real Madrid!
    [​IMG]
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки

    Абе годинава Нејмар го зедовме брат, незнам кај ќе се пикате... Вие само со Меси неможевте да се добраните па сега двајцата...абе пепели ќе прават. Ништо од Реал годинава... можи во Лига Европа ќе играте ако имате среќа...Кај беа Реал последниве 5 години, итн...Вакви коментари ми се слушани, слушани...ехеее... Посебно од овие новиве "навивачи" кои навиваат за тие што тепаат во моментот.

    90та мин, ми ѕвони телефонот како камења биле, незнаеле ништо, џабе и Бејл и сите, џабе толку пари, парите не купувале знаење... После голот некако телефонот мирен... Па после судиите криви, па ѕвездите на небото не му биле правилно распоредени и ред други работи.

    Зборувајте си што сакате, ќе треба уште 50 години за некој да стигни до 10 титули во ЛШ. Во случај Реал да не игра фудбал во тие 50 години... Easy Game...

    La Decima, Hala Madrid!
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Многу емоции собрани на едно место. Не можам луѓе. си заплакав од среќа ;( :).
    Прославата беше нешто неверојатно, толку луѓе собрани на едно место, толку љубов, радост, славење :), камо да бев таму во моментот . Ја гледав и вчера или сабајлето прославата на Сибелес ама ова беше врвот.
    Колку ми беа сладки со дечињата, па и она на Касиљас уште во бунило е, не знае каде се наоѓа :D.


    Инаку за оние што бамкаат за тоа кои играчи играат за Реал, милонски платени, што ти знам, да ги читаш ќе си помислиш за ПСЖ станува збор. Пребарајте на Википедија со колку млади играчи и деца на Реал, Реал Мадрид ја освои десетата.


    Фановите им порачаа на хероите од Decima: "Вчера бевте големи, денес сте вечни !!!"

    [​IMG]

    :x
    [​IMG]
     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Џабе е да се расправаш со фанови на Реал

    Никад во животот нема да признаат нешто дека Реал нешто направил лошо или слично

    Ако губат ќе се вадат на судии дека биле поткупени , ако тепаат и освојат некој трофеј на 12 год ќе се мислат универзумот го освоиле ако случајно не освојат трофеј тогаш ќе се вадат на тоа дека имале од праисториско време трофеи и тие се рачунаат ....

    Нема везе џабе е да им објаснуваш , еве честито победа , уживајте во 10 лш трофеј додека се може бидејќи следниот пак да на се чека за 12 год .....


    Тоа е тоа ...
     
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Срамота !!! Брука !!! Продолжение имаше од 2 минути. Го преместуваа часовникот, додадоа уште 3 минути за време на истекот на тие 2. Оваа титула припаѓаше на Атлетико. Местена беше утакмицата. ОД сателит се гледаше. Анчелоти мирен си седеше кога го дадоа голот зошто знаеше уште пред да почне утакмицата дека ќе тепаат. А Атлетико беа 10 пати појаки. Доминираа цела утакмица. Реал 2-3 акции добри имаше. Бензема не се виде. Бејл исто. Стварно срамота и греота. Али тоа е, мафија ради...
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не, туку со хејтери на Реал не можеш да се справиш, секогаш трн во око ви се. Напротив, вие барате изговор за секоја титула, кога е купот, ништо не значел, Ла Лига освојуваат ама не после три години било, ЛШ после 12 години била, не е битна :lol: . Свесни сте колку сте смешни?

    Реал направил нешто лошо? Човеку се читаш што пишуваш? Нонсенс се изначитав на темата, од каде вие стручњаци знаете колку судијата продолжил точно, па и во обични утакмици се игра повеќе од предвиденото, а ЛШ финале на Реал нема да му дадат да изведе корнер кој беше постигнат во регуларното време(иако по правило и 6 мин требаше да има, земајќи во обзир колку Атлетико одземаа време). Никаде не прочитав вакви коментари, дури и фанови на Барселона честитаат, ама тука се стручњаци се собрале, фудбалски експерти од калибарот на коментаторите на МТВ.
    Реал поведе херојски во последна регуларна минута, кога Атлетико веќе славеа а заборавија дека фудбал се игра до последна минута. Беше доминантен, голот на Атлетико беше подарок од Касиљас. ЧаоПријатно :) .

    Ќе уживаме во заслужената титула. донт вори. Да не ти се враќа, за кој и да навиваш. Уствари за никој не навиваш ти, откако си на темата само пишуваш, де против овој, де против оној. Уживај во фудбалот човек, не се напрегај поради некои си Реал Мадрид, не дозволувај да ти ги уништат овие убави сончеви денови.

    На Википедија стои:

    Current champions Spain Real Madrid (10th title)
    Most successful club(s) Spain Real Madrid (10 titles)[1]
     
    На Summerlover, BoaVista и Butterfly-Girl им се допаѓа ова.
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Честитки до новиот шампион.
    Греотка Атлетико на по втор пат вака губат финале во ЛШ :( Првото од Баерн во 119 мин од продолжението им изедначиле па следната утакмица ги победиле (немало тогаш пенали се играла уште една утакмица).
    За Роналдо ја не коментирам ништо за прославата на голот :D (има веќе слики ко за Балотрли) туку само ќе напоменам за една мизерна провокација на Арбелоа. Демек мораше баш со пехарот да се слика пред постерот од Баерн |( Седи молим те. Да не продолжувам.
    Туку време е мислам да се префрлиме на темата за светЦкото :dance:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    На 16/17. Септември стартува сезоната.

    ГРУПА А:
    1. Атлетико Мадрид
    2. Јувентус
    3. Олимпијакос
    4. Малме


    ГРУПА Б:
    1. Реал Мадрид
    2. Базел
    3. Ливерпул
    4. Лудогорец


    ГРУПА Ц:
    1. Бенфика
    2. Зенит
    3. Баер Леверкузен
    4. Монако


    ГРУПА Д:
    1. Арсенал
    2. Борусија Дортмунд
    3. Галатасарај
    4. Андерлехт


    ГРУПА E:
    1. Баерн Минхен
    2. Манчестер Сити
    3. ЦСКА (Москва)
    4. Рома


    ГРУПА Ф:
    1. Барселона
    2. Париз Сен Жермен
    3. Ајакс
    4. АПОЕЛ


    ГРУПА Г:
    1. Челзи
    2. Шалке 04
    3. Спортинг Лисабон
    4. Марибор


    ГРУПА Х:
    1. Порто
    2. Шахтјор Доњецк
    3. Атлетик Билбао
    4. БАТЕ Борисов
     
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Уфф одам да ги гледам Реал и Ливерпул. Иако не навивам за тие тимови.
     
  17. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Прво коло
    16/09
    Ливерпул - Лудогорец
    Монако - Баер Леверкузен
    Галатасарај - Андерлехт
    Борусија Дортмунд - Арсенал
    Реал Мадрид - Базел
    Бенфика - Зенит
    Јувентус - Малме
    Олимпијакос - Ат. Мадрид

    17/09
    Билбао - Шахтјор
    Рома - ЦСКА
    Марибор - Спортинг
    Баерн Минхен - Ман. Сити
    Порто - БАТЕ Борисов
    Ајакс - ПСЖ
    Челзи - Шалке
    Барселона - Апоел
     
  18. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    И повторно Лига на Шампиони :party:
    Радости сум, иако не сум оптимиста за натпреварот со Сити :( Па и другите во групата на Баерн не се за потценување баш :worried:
    Многу тешко ќе биде, тимот е расштиман оркестар моментално, многу нови, многу повредени, хаос :worried:
     
  19. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Мора некаде да се договориме да гледаме некаде, тие што сакаат
     
  20. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Имаше тема Фемина собиранки негде на форумот и така ти Бокче таму можеш да си бараш друштво за гледање телевизија. Овде за фудбал се дискутира.
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.