1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЛШ - Лига на Шампиони

Дискусија во 'Спорт' започната од vendiii, 31 август 2012.

?

Сезона 2024-25

  1. PSG

    1 глас(а)
    11,1%
  2. Barcelona

    0 глас(а)
    0,0%
  3. Arsenal

    1 глас(а)
    11,1%
  4. Bayern

    1 глас(а)
    11,1%
  5. Real Madrid

    1 глас(а)
    11,1%
  6. Man City

    3 глас(а)
    33,3%
  7. Atlético Madrid

    2 глас(а)
    22,2%
  8. Dortmund

    0 глас(а)
    0,0%
  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    На повредиве во Баерн им нема крај, еден се опоравува друг се повредува и само во круг си се вртат :( Таман најавија при крајов на месецов Швајни ќе се враќал, сега Алаба се повреди. Е аман. Ќути барем обезбедија пласман во осмина финале навреме :) За понатаму здравје, видеќемо. Немам големи надежи сезонава :?:
     
  2. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Марибор-Челзи 1-1
    Нешто одвај Челзи го изигра натпреварот ја очекував нешто повеќе ама слабо..уште кога го примија првиот гол -.-
    Добро е барем кога заврши нерешно :)
     
  3. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ЦСКА почна на нерви да ми оди :yawn:
     
  4. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    АААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА

    Скокам од среќа, Меси го сруши рекордот, и во ЛШ е најдобар стрелец, цел ден стискав палци, дури не сакав ни да пишам на форумот за тоа да не избаксузирам :D И Суарез постигна гол, леле, радости, радостии
     
    На CirezD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека паднав на Баерн :x Па до каде стасавме бе Баерн да губи од Сити (facepalm)(facepalm)
    Ај барем Барса победи и Меси го сруши рекордот :)
     
  6. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски

    VISCA EL BARCA!
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ^
    MES QUE UN CLUB!

    Луѓе, уште и втор натпревар по ред хет трик, каков техничар... за три дена два срушени рекорди, Меси е врвот во фудбалот! Не еден од најдобрите, туку НАЈДОБРИОТ меѓу нив, легенда на ова време, не знам кој уште може тоа да го порекнува и со кои аргументи.
     
    На CirezD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Група Е до крај исплеткана... Жал ќе ми биде кои и да се двете екипи што ќе испаднат од овие три, а изгледа тоа ќе бидат Сити и ЦСКА. Не верувам Рома да кикснат дома со Сити, посамоуверени се од нив, Сити ќе испаничат или ќе се изгубат, ете последниов натпревар во 70 минути со играч повеќе примија два гола - доволно е кажано. ЦСКА да ги тепа Баерн во Минхен е скоро невозможно. Така што, најверојатно Рома оди понатаму.

    Тоти се уште им е најjакиот играч, пак даде преубав гол... eден е и Тоти, и за него немам зборови едноставно...

    Ми фати око и голот на Вилијан, вториот на Челзи против Шалке.

    А вчера нешто затераа рекордите, не беше само Меси. Кавани најефикасен Уругваец, Дрогба најдобар стрелец од африканско потекло, нек се угоде :D браво и за нив.

    ..........................................
    Сега што имаме вечер
    Група A e неизвесна.
    За Јуве и Атлетико да одат понатаму треба Јувентус да победи во Малме, Атлетико дома да го плесне Олимпијакос, и после наредното коло само Олимпијакос да не го победи Малмо. Хах, лесно е... вака да напишеш само...

    Тука во Б група испаѓа ќе се борат за второ место Базел и Лудогорец. Ливерпул... не знам ни колку ги интересира пласман во ЛШ, имаат други проблеми :|

    И така тоа, ште видиме.
     
  9. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Пола работа завршена :D, сега пак се зависи од Јуве, и нерешено да извадат со Атлетико во Торино врши работа, па Олимпијакос што сака нека праи со Малме.

    Ливерпул... најзаспана екипа тука :| ако сепак се протнат некако, уште осмина-финале во ЛШ им треба.
    Кики многу брзо, за еден натпревар ќе го стигнел Меси... мало сутра.
    А не знам зашо си мислев и каде прочитав дека Реал-Лудогорец и Ливерпул-Базел ќе играат денес, факензи. Да требаше да уплатам, кога ќе отворев билтенот ќе се ѕверев ко прв пат да го гледам светот.

    МТВ мора да се големи фанови на Арсенал штом ги пренесуваат неговите досадни и неважни натпревари секоја недела :smoke:. А тоа минатото коло со Андерлехт беше намештаљка.
     
    Последна измена: 26 ноември 2014
  10. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    hahaha 10847974_748705591880912_2556625483573303063_n.jpg
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Честитки за навивачите на Сити (непостоечки на форумов инаку), сепак играчите си го покажаа квалитетот и заслужено пројдоа... иако јас лично бев уверена дека пак ќе се изглупираат некако... Лично сакав двете италијански екипи да поминат, ама ете, Рома направи грешка што од почетокот не притисна и се залажуваа со 0-0 резултат, доволно првото полувреме за Пелегрини да ги прочита убаво. Овде буквално среќата беше на страна на похрабриот.
    Јувентус- Атлетико пријателска :D Супер што помина Јуве, сега само да имаат среќа некоја од полесните екипи да им се падне.
    Ливерпул... како што очекував... А мајсторски голот на Стиви, и тоа со девет играчи држеа контрола над играта при крај... тоа е...
    Иии Барса сепак повторно прва во група :o И допадлива игра понудија... Значи добро е бе... почна малку од малку да оди напред работата.

    Тоа гледав, тоа искоментирав.

    ***
    Една прогноза сега...
    Се ми оди на тоа дека германска екипа ќе освои - значи Баерн. Не ги следам многу, знам дека имаа проблем со повреди и пак рутински поминаа зезната група.
    Реал ќе биде конкурент, ама... некако никој не перцепира дека се падна во прелесна група... играта им е таква што немаат доволно алтернативи за европските натпревари... не верувам дека ќе ја земат единаесетта (и не сакам)... иако е можно :|.
    И Челзи може сериозно да помати сметки тука
    ....
    Барса иако раздрмана, ако продолжи вака, дури може и да се очекува нешто повеќе, но се уште немам големи надежи.
    ПСЖ имаат склопено добро тимче, ама како што се потврди и вчера, не ќе да е доволно.
    Сите германски екипи понатаму... На Борусија испаѓа дека групата и беше за никаде, затоа изгледаа убедливо. Тие како што тргнаа ќе мора да освојат за до година да бидат пак во ЛШ, па ќе се вложат тука максимално, дополнителен терет ќе им биде и да се одржат некако во домашната лига... Тешка сезона и претстои на Борусија.
    Арсенал максимум 1/4 финале... ако имаат среќа да им се погоди противникот во 1/8 финалето,
    Атлетико се уште е опасен, тешко е со тоа нивното (бункер и ќотек) да се излезе на крај. Интересно ќе биде што ќе биде со нив понатаму (иако им е досадна играта). Реприза од лани не верувам дека ќе има.
    Јуве... дај Боже да ги следи среќа

    За останатите не очекувам да се истакнат (а и кој очекува?)... ќе видиме во понеделник двојките.

    .....
     
    Последна измена: 12 декември 2014
  12. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Уште никој не постирал, пак јас да ја бришам прашината од темава...

    Еве ги двојките за осмина-финале

    ПСЖ – Челзи
    Манчестер Сити – Барселона
    Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид
    Јувентус – Борусија Дортмунд
    Шалке – Реал Мадрид
    Шахтјор – Баерн Минхен
    Арсенал – Монако
    Базел – Порто

    Многу предвидлив е исходот.
    Реал no comment ама не сум ни изненадена -.- ; и Арсенал помина добро; Барса ќе го пројде Сити (инаку пак истото -.- знаев); на Баерн му е отворен патот, ПСЖ отпишан веројатно, Атлетико би требало да помине лесно... единствено Јувентус-Борусија ми се понеизвесни само заради ситуацијата со Дортмунд моментално; Порто-Базел, Порто оди (мислам) ама не ги ни сметам нив.
     
    Последна измена: 15 декември 2014
  13. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Ќе пишев јас утрово, ама толку памет останал во мене.

    Со Шалке, мх мх.
    За другиве што знам.
    Јас мислам дека Челзи сигурно победува, исто и Баерн, Барса, и Атлетико, можеби.
     
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ќути даде Господ, аман веќе Арсенал, па Арсенал :) нека здивнат и тие малку де, не за друго хихихи
    И редно беше троа послаб тим за осмина финале, еднаш со полесно да се помине.
    Туку да не искобам, здравје ќе видиме :)
    Е сега за другиве: Јувентус и Борусија ми е најнеизвесна, инаку се знае ја ќе навивам за Борусија тука :)
    Исто кај Барса-Сити и Челзи-ПСЖ некако ми е 60-40%, можеби кај Челзи и 70-30%.
    Другите би требало нормално да поминат, како што се очекува.
     
  15. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Двете нерешени.

    Сакав ПСЖ да тепа овој пат, не знам зошто.
     
  16. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Само што ќе помисли човек дека на Гвардиола му иде по малку паметот, тој ќе извади некоја формација ни видена ниту пак чуена :^) Не знам веќе што да речам, тотално ги поремети играчите си експериметира само. Секоја утакмица нова формција, само нешто изводи а има еден куп играчи на сите позиции. Се поубедена сум дека дојде за да си освојува сигурни титули неколку години и во меѓувреме да си експериметира за во иднина |(
    И најискрено се надевам дека ќе испаднат во осмина финале и ќе го избркаат веќе. Ако сака и се' нека освои сезонава(а за тоа малку морген), САКАМ ДА СИ ОДИ!
     
  17. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски

    Кој, ако не Давид Луиз? :rofl:
     
  18. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Кажи, закон е :D
    Баш прееска сакав да го постирам, само ми закочи нешто и ме мрзеше.

    Јас мислам дека ќе победеше Баерн негде при крај да не останеа на 10 играчи.
    Не верувам да испаднат од Шахтјор на Алијанц Арена. Се случуваат неубедливи партии, инаку уште се претенденти за титула.
     
    Последна измена: 19 февруари 2015
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Епа можеби ако навреме го извадеше Алонсо, се гледаше од авион во кој правец оди. И на Милер не му беше денот а тој го чува до 70 мин, а Левандовски седи на клупа. Мислам дебилни некои одлуки, не знам.
    А има играчи колку сака, и тоа сите се квалитетни. Исто од авион се гледа која формација му лежи на тимот, а тој пак си игра играчки. Мислам, јас стварно не сфаќам што сака да постигне типот.
    Е сега од друга страна пак и целта на Шахтјор не беше да игра фудбал туку да се удира и провоцира па така да се уништи играта, ама тим што е претендент за европска титула не смее да си дозволи да му успее тоа на противникот.
    Ако не се сменат некои работи почнувајќи од инатот на Гвардиола, тоа претендент за титула ќе си биде само на хартија.
     
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    И јас сакав ПСЖ да тепа. Затоа што не ги сакам Челзи. Дај боже да испаднат.

    Следно Барса против Сити. Се надевам дека ќе тепаме. И ќе земеме нова титула оваа сезона.