Грозоморната смрт го обелоденува мрачното срце на едно приморско скандинавско гратче. Кога Ерика Фалк се враќа во своето далечно родно место Фјелбака по смртта на своите родители, се соочува со уште една трагедија : самоубиството на нејзината најдобра пријателка од детството, Алекс. Самата Ерика го наоѓа нејзиното тело - потопено во када со смрзната вода и со пресечени вени. Ерика е потресена - зошто една прекрасна жена која има се' би си го одзела животот ? Во тим со полицискиот детектив Патрик Хедстром, нејзината стара љубов, Ерика почнува да ги разоткрива шокантните настани од детството на Алекс. Како што се обелоденуваат ужасните факти едноподруго, љубопитноста на Ерика и Патрик прераснува во опсесија - а нивниот флерт се претвора во нескротлива привлечност. Но набргу потоа нешто станува сосема јасно : во прашање е смртоносна тајна, а надвор има некој што ќе направи се' - па дури и ќе убие, за да ја скрие. Одличен пресврт на настаните. Книгава е прекрасна, си ја купив од неодамна и ја прочитав буквално во еден здив. Сите што сакаат да читаат крими романи верувам ќе ги воодушеви. Ја има ли некој читано ?
Јас ја имам читано Според мене е одличен крими роман со доза на неизвесност, интересни ликови, добро обработено дејство, не ми беше воопшто досадно додека ја читав,а најмногу што ми се допадна е пресвртот. Има толку неочекувам крај и расплет што дефинитивно остава без зборови